Роденденски подарок за најблиските За мене вистинскиот подарок не е ништо материјално Ќе се изеде,ќе се искрши,ќе се заборави. Важно ми е да е поклонето,ама со душа.Па и моливче да е!
Роденденски подарок за најблиските За мене, најубав подарок е една искрена честитка... Цела страна да биде испишана од искрени и убави зборови, и тоа е доволно. Ќе ме израдува а и може и некоја солза да падне=)
Роденденски подарок за најблиските На мама за роденденот и купив чанта кафена,на тетин ми уште малку му е и му порачав од Авон комплет за бричење,а после него иде тета...е за неа уште немам смислено...
Роденденски подарок за најблиските На сестра ми за роденден и дадов вакво. Инаку сакам да ми подарат мене нешто од накит.
Роденденски подарок за најблиските Уште неколку дена на најдобра другарка и е роденден, сакам да и подарам нешто но незнам што ... некоја идеја! инаце скорпија е во хороскоп
Роденденски подарок за најблиските На свеки и е во понеделник роденден и и земав ваучер за масажа со вулкански камења. ваучери се секогаш супер подарок,ако знаеш што сака славеникот секогаш ќе погодиш, не мора да биде предмет
Роденденски подарок за најблиските ^браво, баш уникатно. Денеска барем постојат тие страници со попусти и сенаоѓаат убави работи.
Роденденски подарок за најблиските Предлог за подарок на идната ми свекрва? Нешто онака едно стварче. Се мислев меѓу марама или пак цвеќе некое, но не сакам тоа. Мислев нешто корисно како шоља или нешто во тој стил.. предлози???
Роденденски подарок за најблиските Сакав да и подарам ташна - плик но ја нема бојата што ја сакам ... па помислив на рачен часовник... мислење?
Роденденски подарок за најблиските Според мене ако другарка ти е тинејџерка може да и подариш книга за мене е тоа најубавиот подарок.Има по книжарниците убави тинејџерски книги
Роденденски подарок за најблиските Најубав подарок кој сакам секогаш да го добивам и си го добив е книга, т.е добив две книги, па така за 2 месеца јас си имам скоро 11-12 книги купено со се тие добиените. На татко ми за роденден му купив колекција STR8 мислам дека е од 50мл тоалетна вода и спреј. Не знаев што друго, мислам дека ќе му биде од корист, сепак е знак на внимание, па што и да беше, од мене ќе му значеше.
Роденденски подарок за најблиските Кремасто барем имашна секаде. Јас викендов какви кремасти видов во шутка лудниаца беа.
Роденденски подарок за најблиските Не е за роденден, туку ми треба идеја за подарок по повод земање возачка дозвола, за машко. Се мислам за некаков привезок за клучеви или некоја ситница за во кола со попристапна цена (300-400) денари ама немам идеја ни што точно, ни од каде. Па ако некој купувал нешто слично за подарок или за себе ве молам споделете. Благодарам!
Роденденски подарок за најблиските Едино нешто што ме асоцира за во кола е комплет за миење коли или некој убав привезок да го закачи во колата или пак од оние што се за седишта прекривачи како се викаа точно не знам, друга идеја немам, ама немора да биде за во кола, можеш што било да му однесеш.
Роденденски подарок за најблиските ^ и јас слично барам- роденденски подарок за другар да е женско знам што би купила, но за машко како да нема баш голем избор, никогаш незнам што да им купам на другарите.