Роденденски подарок за најблиските Се што подарувам,подарувам со душа. И сакам кога нешто ми подаруваат,со душа.
Роденденски подарок за најблиските Ај помош убав подарок за машко што ќе му остане, да не биде џемпер, шал, новчаник, саат? 19 години полни.
Роденденски подарок за најблиските За ладново време убав подарок би бил џемпер некој , или можеш новчаник , каиш и уште една ситница да вклопиш
Општи прашања Ама се тоа веќе му имам купено. Не сакам парфем да биде, тоа никако. Идеиииииииииииииииииииии?
Роденденски подарок за најблиските Можеш да му купиш марама или шал или рачен часовник, новчаник или некој дуксер или блуза
Роденденски подарок за најблиските Летово си купи кога бевме на одмор иначе тоа прво ми падна на ум. Па едно време сакав оригинал топка од фудбалскиот тим, ама некако само ќе му дреме дома и безвезе ми е
Роденденски подарок за најблиските Не знам колку пари имаш планирано ама ако немаш идеја што да му купиш барем изненади го. Со некоја убава вечера, или ако си во можност соба само за вас двајцата. Една вечер ќе се изнауживате и барем тоа нема да го заборави и ќе знаеш дека нема прашина дома да собира
Роденденски подарок за најблиските Не бе какви пари не сум му тетка или баба ќе купам нешто, ќе видам што... нешто што ќе остане.
Роденденски подарок за најблиските Девојки дај помогнете во петок на мајка ми е роденден (34 години полни) а јас поим немам што да и купам..Ве молам дајте некој предлог
Роденденски подарок за најблиските Можеш да и купиш некое укравче да дома, нешто што кога ќе го погледне ќе ја потсети на тебе , или можеш некое ЦД од песни кои ги слуша, некој парфем.....
Роденденски подарок за најблиските Јас еднаш кога и беше роденден на мајка ми и напишав писмо на MOVIE MARKER,можеш и ти да напишеш,нешто што си сакала да и кажеш а и патем ќе и го честиташ роденденот
Роденденски подарок за најблиските Што и да и купиш ке и значи зошто е подарено од тебе. Сепак ти ја знаеш најубаво што сака седни и размисли малце сигурно ке ти текне нешто. Може да биде некоја убава свеќа или украс, торта, парфем или некоја козметика што ја користи...
Роденденски подарок за најблиските Здраво пред се!!! Сакам да ми дадете совет ако може што би можела да купам за мало детенце од 1 година(роденденски поклон)...Сакам да е нешто што би му останало..Многу сме блиски ...Размислував несто од Дормео програмата ама во дилема сум...Некоја идеа???
Роденденски подарок за најблиските Mало детенце би се радувало најмногу на играчка,искрено . Kолку што разбрав се работи за момче,нека биде некое коњче за јавање,или некое плашано мече поголемко,сет автомобили,камиончиња,може и некоја сликовница или боенка со боички.се надевам ти помогнав поздрав