Епа вака со дечко ми на мајка му и` спремаме изненадување по повод нејзиниот роденден Се договоривме да и купиме торта и да и ги поканиме поблиски пријателки и сестра е` и да направиме мала забава. Сакаме да и купиме подарок ама немаме никаква идеја Има 40 години
Јас мислам дека најдобро ќе биде да и купете нешто лично за неа. Некое парче накит ако носи, убава марама, рачен часовник, нешто такво. Мислам да не и купувате некои работи за во домаќинство што се Едит: видов на kupinapopust.mk (така мислам беше страната) имаше понуда комплет алка и обетки од полудраги камења, мислам дека беа тиркиз и тигрово око, за 399 денари. Спакувани се во торбичка, а со нив оди и опис на својствата на камењата
Луѓе стварно појма немам и ми треба предлог.На 46 годишен маж што за роденден да му купам? Мислам на татко ми Веќе со денови мислам и појма немам.Секој предлог би ми бил од помош ...
Јас на татко ми му купив за роденден паричник и часовник за рака Тоа некако ми беше нај за повозрасен човек
А за 41-годишна жена? Конкретно за тетка ми ај предложете нешто, ама да не е нешто за домаќинство. Бижутерија не носи, и тоа не. Нешто интересно?
Што да и купам на другарка ми за роденден?Ќе полни 15 год.Ама да не е нешто блуза,накит...Сакам нешто што ќе и остане..иначе најдобра другарка ми е Ако може побрзо да ми одговорите.Благодарам
А имате ли некоја идеа што да и купам на мајка ми за 8ми март?Или некои сликички ако може од честитка нешто?!
Еве вака сега... На мојот детко му е роденден крајот на март. Сам си е, бапка веќе ја нема, осамен ми е некако Е сега јас си планирам да му направам една минијатурна торта за роденденот и заедно јас и тој да си го прославиме, па ако дојде и дотка супер ќе биде! Ви се допаѓа идејата? Така да се избацам преку врата со капа на глава ( тоа и немора) и торта в рака и да му го честитам роденденот, или пак да влезам внатре и да го чекам да дојде со тортата на маса, а? Што викате вие? Дајте некој предлог. В петок му се фаќа роденденот. А претходниот ден ми е мене роденден, и кажете ми некоја лесна торта, сакам јас да ја направам! И брзо да се прави. Ајде чекам и други предлози!
Xepp, баш имаш убава замисла! Можеш да купиш и неколку балончиња и од оние хартиени роденденски капчиња
Роденден Не успеав да пронајдам вакво прашање, па затоа барам да ми дадете некои идеи за изненадување за роденден на најдобра другарка но да не чини премногу :/
Епа феминки еве ви неколку предлози: -книга(ако сака да чита) -накит -парфем -облека -долен веш -рамка со слика од тој/таа со вас или сама( ваков подарок,мн ѝ се допадна на другарка ми) -некое милениче(не да е скапо,хрчак,риба,папагалче..) епа јас се изнабројав,се надевам дека ви дадов некаква идеја. позз
Може ли да ми дадете некој совет во врска со тоа што да и купам на сестра ми за роденден(полни 23 години..)