се тоа и имам подарено за родендени и имендени и за матура итн ама немам некоја понова идеа нешто поинтересно
мојата најдобра другарка обожава штикли црвени и планира она да си купи..бидејќи моментално не може да си ги купи си помислив јас да и ги купам што мислите и да изработаам некоја честитка за нејзиниот 18ти роденден ???
би ти предложила да купиш една роденденска картичка наместо тоа и да напишеш внатре нешто кратко ама убаво
само картичка?? а поклон ако не штикли нешто друго помош???исто така обожава долна облека,големи ташни...
Купи и ги штиклите што и се допаѓаат, и некоја мала роденденска честитка, внатре напиши некој текст за среќен роденден.
Што да и подарам на мајка ми за роденден? Планирам крем за лице (бидејќи и се потроши и знам дека ќе го користи ) , ... друго ?? Некои идеи да ми дадете ? Денес и е роденден !!!!
Девојки помош, на другарка денес и е роденден, и купив кошула за на плажа, е сега не знам уште што да и купам. Помош?
Бидејќи си и купила кошула за на плажа, можеш да и земеш и ташна за на плажа некоја (ако нема). А ако има, можеш да искомбинираш некој шешир за на плажа со кошулата, и да не бидат 2 работи + можеш некои обетки да и земеш.
подарок за 18ти роденден Епа вака мојата сестра во октомври полни 18 години , конечно полнолетна и сакам да и подарам нешто значајно сакав да и подарам ланче златно но веке носи ланче помислив на прстен веке има два , вага е сака изненадувања и навистина незнам што да и подарам доколку имате некоја идеја за поклон навистина би ми помогнале ..
Вагите се под влијание на Венера, па ги привлекува сè што е убаво и артистично. Имаат специјален афинитет кон музиката и секогаш ценат добро CD кое ќе го додадат во нивната огромна колекција. Ако сакате да направите нешто навистина специјално за вага, купете 2 билети за на концерт – тие не сакаат да одат никаде сами. Не се ограничувајте на само еден подарок. За вагите е многу поважно времето кое сте го истрошиле на нив, отколку вашите пари. Сакаат кога им се обрнува внимание. Нив не ги интересира дали подарокот е скап или не, важно е да изберете нешто добро издизајнирано и убаво. Како и биковите и тие ги ценат релаксирачките и сензуални работи, па ако им платите третман масажа ќе ви бидат благодарни. Исто така сакаат подароци кои можат да ги поделат со своите пријатели или со вас како вино, билети за на концерт или некој друг настан. Жените ваги сакаат секогаш да изгледаат убаво и затоа добра идеа е да им купите убав сет шминки или рачно огледало. Мажите ваги ја сакаат естетиката исто колку и жените. Треба да се потрудите подарокот да биде најелегантен што може. Опаковката е исто толку важна колку и самиот подарок. Сакаат подароци кои ќе ги потсетуваат на нивните најмили личности. Во нивниот подарок треба да ја внесете својата душа за вашиот подарок да има некаква важност. Управуваат со куќата на соработката. Па подарете им нешто што ќе ги потсетува на вашата врска или пријателството. Албум со ваши слики, рамка со слика, визитник или телефонски бележник се одлична идеја. Многу често сакаат сами да си избираат подароците, не поради тоа што не им веруваат на пријателите, а затоа што секогаш точно знаат што им треба. Тоа најчесто е поврзано со работата. Можете и да им купете и некаква игра, која ќе ги релаксира после напорната работа. Нивна боја е бледа сина и розова. И мажите и жените изгледаат привлечно во оваа боја. Предлози: Чоколада, масажа или спа третман, паричник, уметничка слика, прибор за бричење, рамка за слика, облека со вкус, албум со слики од пријателите и фамилијата, лесна игра за после напорната работа, накит, слика од нивниот омилен актер или пејач, козметика, парфем.
доколку има ланче и прстен значи можеш некоја интересна белегзија која би ја носела, или пак некој албум за слики, можеш и мобилен на пример јас продадов телефон LG-T385 Spoiler беше наменет за подарок.
Ако сте другарки од мали нозе можеш да и земаш албум за слики и во него ставај сликии од ко сте мали до сега. Мислам дека подобро нешто нема
На сестрата направи и фино изненадување,нешто артистично,на платно нацртај нешто,немора да е перфекто и ако незнаеш да црташ,нешто смешно,но од срце.Нешто што ќе ве потсеќа на детството.Можеш да смислиш на некој начин да го земеш отпечатокот од нејзината рака и да го нанесеш на платното а врз нејзината рака и твојата,како да се држите за раце.Нешто такво.Или незнам,нешто за што живее,пример јас го сакам театарот и би била пресреќна кога би ми го подариле за роденден Лилиќот.Хахаха,се шалам,кога би ме запознале онака скроз лично со него.
Уште малку (уште доста) ќе и биде роденденот на другарка ми...сега размислував да купам вакво нешто http://www.claires.co.uk/pws/client/ima ... /45188.jpg една за нејзе и една за мене..но и само тоа да го купам не иде нели...што мислите???
Не можев да најдам соодветна тема, а па уште поглупаво ми беше да го поставам прашањево во ’’Врски“ На моите утре им е осумнаесетата годишнина од бракот, а мене тек денес ми текна Наутро морам да им купам некој подарок а немам скоро никаква идеа што Не сакам некој заеднички поклон да им купам, што на пример би стоел во соба (мислам на вазни, табакери, калапи за колачи и сл) Сакав на двајцата да им купам по нешто убаво што лично тие би го користеле Добре дојдени се секакви идеи, само ве молам побрзо, итно ми е
Вака кога читав ми текнаа неколку предлози : - ако личноста чита книги и има омилен писател , можете да земете комплет негови книги , на пример ми текна на Дневникот на принцезата од Meг КАбот и на Игрите на гладните , тие можат да се купат така . - албум со слики кои претсавуваат ваши незаборавни моменти -рачно изработена кутија , може за накит - нешто како закачалки за на ѕид , и на него да си закачува накит , ланчиња се надевам некому помогнав Инаку на мојата најдобра другарка и е роденден за 2 дена , полни 16 , ако имате некој предлог кажете . Лав е во хороскоп и сака фудбал , слуша метал
Предлог за подароци на блиски пријатели, еден за мажот, еден за жената? Некаде 26-27 годишна возраст се, и сакам да им дадам подароци одделно. Зе женското имам од прилика смислено, проблем ми е за машкото. Предлог??