Ај некој нека ми предложи подарок за татко ми роденден му е,44 полни стварно немам никаква идеја. Парфем нема да му го погодам а за облека па уште помалку, книги не чита.. Ве молам итно ми е
Можеш каиш, паричник, убаво спакувано пенкало или сет за бричење, ... не ми текнува и мене сега нешто др. Ако се сетам ќе пишам...
Јас на брат ми му земав црн дуксер со испишани бели букви напред, со капа и џебови.. уште едно чоколадо и доста му е
Братучедка ми прави 21 година во Јануари И многу сака да чита книги, па планирам да и купам некоја книга, само што ако и е дупла Или пак, некој друг и ја подари истата книга Пошто јас не читам такви книги, само тие лектири што ни се за училиште, сакам да ве прашам вас Некој предлог за добра книга ? Која ви е вас омилена ?
Предлог за подарок на не толку блиска пријателка, до 200 денари? Накит, гардероба, козметика - НЕ! Меѓутоа нешто како украс, предмет може да се земе во превид... само предлог некој поинтересен? Ништо не ми паѓа на памет.
^^ Свеќник како украс, во зависност на која боја и е дома (ако знаеш нели). Тие не се скапи, можеш да најдеш солиден за тие пари. Или некој новогодишен украс, празници се ближат.
Па за 200 денари и да сакаш -тешко дека ќе најдеш накит,гардероба или козметика... На твое место за тие пари,+ за не толку блиска пријателка јас би подарила една Атлантис бонбоњерка иза кусурот кесенце украсно.
Ова не е за роденден, ама нема каде да прашам на друго место За нова година на мајка ми планирам да и купам некој дезодоранс, лосион за тело и кремиве Спојлер во една како украсна кеса но горе со ластици, како пакетче да дојди. Што велите,м? А на татко ми планирам некој сет за бричење Дали се добри идеиве? Ако не се , дајте некој предлог и да не знае некој колку од прилика се кремите од нивеа ку10? Или пак подобра идеја е нараквици, капа и шал или долна облека?(за мама )
Општи прашања За една недела му е роденден на брат ми, полни 9 години. Што да му купам врска немам да ја прашам мајками знам што ке каже некоја блуза или фармерки, ама знам дека со тоа нема да се израдува. Сакам да му купам нешто што ке се израдува..? Некој предлог, тој сака нешто од Џамбо некои глупости, но кај нас во Џамбо нема баш голем избор како Ск.
Може ли да ми помогнете во врска со посвета за во книга, за 20ти роденден на другарка? Благодарам однапред
Не е за роденден, него чисто онака да се одбележи пријателството. Поклон за машко пријателче, нешто ситно, уникатно, не е битна цена
Општи прашања Што е подобро да и направам на другарка ми за роденден: -Балон и внатре сликички со нас двете и некој текст на мали ливчиња, или -Да и купам лакови,турпија и разни препарати за нега на нокти, и некој текст -Или и двете ? Ве молам побрзо )
Ако може некој предлог за роденден на другарка,ни многу блиска,ни многу далека. Групен поклон(4 девојчиња) ке купуваме. Па..?
Некој убав комплет на парфеми? 500+ е мислам BU парфем и дезодоранс, таман за наша возраст тоа е ОК. Видете колку е и по 120-130 секоја од вас нека даде и ќе соберете. Мене тој подарок многу би ми се допаднал.
На сестра ми и се ближи роденденот, а јас поима немам што да и купам. 17 ќе има уште две недели значи. Таа ми кажа веќе дека сака торта да и купам, дури и смисливме како да изгледа тортата, но ќе треба и уште нешто. да и купам кошула (која таа ќе ја одбере секако) и милка чоколада, или пак заедно да излеземе и таа да си одбере некое ланче и/или обетки?
А можеш и двете, доколку имаш пари, поубаво би било така... Доколку не мислам кошулата, накит сигурно има, па не би и сменило многу тоа.