Мами немам веќе идеја за подарок за роденден за 6 годишно детенце. А и немам време да бирам. Кума сум на детенцето, има се, па ќе и дадам пари, ама веќе незнам ни колку да дадам ориентационо. А секако ќе треба и на братчето да дадам. Нему не му е роденден, непријатно ми е за него да нема ништо. Братчето не го крштевав јас, ама сепак. По колку да има дадам? Веќе вредноста на парите се изгуби колку и да дадеш малку е.
Девојки ве молам за идеја за подарок за 5ти роденден за момче? Многу сака фудбал и Соник го сака. Многу ми е близок… околу 2-3000 подарок би ми бил ок.
Идеа за подарок за 7годишно девојче? Ама да не е облека ниту обувки. Се мислам нешто од оние креативни сетови за изработка на накит, шминки,експерименти...до кај 1500-1600ден.
Можеш такви ко што пиша или некоја енциклопедија, ранец за школо, глобус или пак ташна некоја со плус козметика/акцесоари за коса зависи што преферира детето.
Ако има подолга коса има едни што се како апаратчиња за плетење плетенки и се додаваат и циркончиња, има такво во Џамбо и Локо кроко. Интересно е за девојчиња баш за таа возрас.
За 7 годишен дечко идеја за некоја играчка? Војничиња обожава онакви мали, има негде некои што им се менуваат оружја, униформи, а да не се големи фигури?
Има едни сетови во Сторибокс, за правење накит, изработки, магнетни сложувалки и обични. Има едни преубави големи 1 метар со крупни делови што светат во темница.
За детето од 4 години можеш да земеш сет со пластелин. Син ми обожава пластелин и сам бира со алатки секакви. Последно избра сет за поправање заби.
Машки или женски? И зависи колку сакаш да потрошиш. Секако и за машки и за женски дуксери се прифатлива опција. Сега се многу модерни и за машки и за женски.