На фб го видов ова, не знам дали беше лотус или пики. Ама они му го купија од атлантик во скопјанка, таму нашле.
Ама едно се лего коцки, а друго се овие дрвениве што ги постираше членката. Лего коцките се наменети за деца над 7 години (зависно кои сетови) додека овие дрвениве се за помали дечиња. И ќерка ми уште си игра со лего, па и јас знам да се заиграм
Ама и вакви древни има и за поголеми деца. Има и тие Магнетикс за поголеми деца. Битно коцки како коцки сеуште се интересни на таа возраст.
Девојки освен сторибох каде можам да најдам убава дрвена кујна за поклон ми е, или тезга маркет или некои со шминки такви за девојчиња 2/3
Моето од градинка доби дуксер,блузон,пижами, пижами+ комплет долна облека,куферче со прибор ,ранче,панталони+маичка. Јас сум купувала книга+блуза,книга/играчка+пижами, друштвена игра. Ставаме картичка со потпис.
Се ближи нова година, а јас сум тапа со идеи 1.Предложете ми играчка за туркање (освен проодувалка, количка за кукли, количка за пазарење и туркало шо сите деца го имаат, не ни знам како се вика точно). Не постои таква, така? Ми треба играчка за едногодишно детенце кое ги сака ваквите играчки, а нема воопшто интерес за играчки што се играат со седење. Буџет до 1500. Можеби @Tea SK има идеја. Извини мам шо те повикувам, знам дека твојата беше здрндана и не седнуваше ни 5 минути на едно место. 2. Играчка за скоро 4 годишно дете, кое освен коли, со ништо друго не си игра. Буџет до 2000. 3. Играчка за 10 месечно бебе. Буџет 1000 ден. 4. Играчка за 4 годишно девојче, буџет 700-800 ден.
Малечко пластично како скаличка за да може да се поткачи да се измие само. @IRBBB од овие што ги наброја се имаме и се и беше хит, најмногу количката за бебиња и уште и е. Искрено мислам дека се си набројала за туркање што е, не ми текнува друго нешто . Доволно ли е поклон за детенце од градинка пижамки и киндер чоколадо или да убацам и играчка?
1. Да видиш колички или вовчиња на влечење со кратка врвка. На вакво нешто мислам. https://m.facebook.com/story.php?st...9v5opep7Al&id=433696006774558&mibextid=Nif5oz На буткање тие се работите што ги имаш набројано, сите ги имаме како реквизити. Овие на врвка се само план б за пак да трча ваму таму и интересни му се. 2. Патека за коли или гаража за колите. Евентуално подлога за возење на колите. https://nama.mk/proizvod/set-za-vozenje-pateka-so-avtomobil-blaze/ 3. Сортер, големи коцки, меки книги, сет за јадење. 4. Персоналозиран лампион
1. Куферче со тркалца или ранче тоа ваљда повеќе ќе ти влезе во буџет, може и да го влече и да го турка и да си пика внатре играчки.
може е офф топик но се ближи роденденот на керка ми која сега е прволак и сакаме да почастиме во одделението појадок но да не биде крофна. Дали може некоја идеја за поздрав појадок да ми дадете..