Мајки на 8 годишни девојчиња, што е им е актуелно во друштво, во школо или идеја за таа возраст. Околу 2000 буџет. Ова ми е на мисла па може да ме поправите што е подобро а што не: - Наочари за сонце (може и предлог ако има некаде некои кул а квалитетни) - Некоја кутија или ранче да наполнам со дрангалашки, школски аксесоари и прибор, светкави пенкала, боици, фломастери, стикери, нотес, споменар, детска пошта и сл. - Енциклопедии или книги(ако имате предлог за добри детски енциклопедии, тие од мое време ги нема веќе) - Микрофон за кароке (вакво нешто видов ама не знам дали се добри, пошто еднаш земав нешто слично и имаше ехо па го вратив) - Или ако знаете во буџетов добра копија на FUJIFILM mini Облека не, со лего не игра, од креативни сетови нема што не сум купила, за барбики и кукли ми личи голема (а јас сум играла на нејзина возраст) и не знам кои играчки се соодветни денес за 8 годишни.
Hello hello не знаев каде да го поставам прашањево. Дали би било пристојно на дете од 7 години за роденден да му се однесе дрвена масичка со столчиња? Или е веќе прекасно за ваков подарок?
@Mucika единатвено што ми паѓа на памег друго е друштвена игра (пример квалитетен Монопол или слично https://ikona.mk/shop/monopoly/) или од SmartGames (https://goblingames.mk/product-category/smartgames/8godini/). Јас сум носела и мали ранчиња (од Габол) на девојчиња на таа возраст или обетки ако има дупнати уши. Енциклопедии да видиш во Литература имаа сетови или Младинска книга. Исто можеш и сет книги од нешто што и е омилено (мојов на пример се радува на книги). @goldenjanuary на 7 годинк се веќе големи за такви сетови (физички се големи не ги собираат столчињата).
Не знам баш дали е за во оваа тема ама можеби некој би ми помогнал На роденден сме поканети кај другарче од школо со аутизам, цело време вртам и мислам и не знам, што би било идеално да се подари за роденден?
Не мора да значи дека треба нешто специфично да земеш. Јас имам земено бои, некој таков сет за боење, креирање. Ама има разлика, она сака да бои пример, другарчево ваше може нема да сака. Прашај го твоето да ти даде некој предлог пошто они најдобро се знаат.
Предлог подарок за 6 годишно девојче? Има милион сложувалки, некои DIY сетови со ситни делчиња не се препорачливи јер имаат и мало бебе, книги исто така има. Некоја outdoor опрема би било фино ама не можам да најдам. До кај 2000 буџет.
Зависи од интересите. Една од подобрите инвестиции ми е оваа https://goblingames.mk/en/product/colour-code/ Или лего, кај мојот секогаш поминува. Ама пак ќе кажам зависи од детето.
Тоа што детето сака тоа купете. Твоето дете би требало да знае со што се занимава или што го интересира. Ако ептен немаш идеја пижами или долен веш се секогаш добра идеја.
Лани на ќерка ми и донесаја споменар мн интересен и мислам дека на тој подарок најмногу се израдува Друго ми се свиѓа да наполниш кутија со шнолки и такви работи Во таа возвраст се радуваат на такви работи
Ќе сакаш ли слика да ми пратиш од споменарот ако го имате уште, да видам на какви се радуваат. милион има и мене сите ми се убави и сите би сакала да ги имам.
Секако ваков и уште еден потемен розев ама никако не можев дс го најдам кој знае каде го ставиле помеѓу книгите
Бевме скоро на роденден кај девојче кое полни 4 години, облека и играчки не ми беа опција оти родителите работат во Jumbo и имаат продавница за детска гардероба. И после долго мислење случајно поминав од оптика каде имаше попуст на детски наочари за сонце, полароид, со УВ итн. Ставивме внатре карта да си ги смени ако не и се допаѓа бојата и сл. Наредниот ден мајката ми се јавува , вика, најубавиот и единствен подарок што го сега некој и го подарил, малата е многу восхитена од наочарите и одма си ги носи ми вели Еве една идеја плус , за вас што не знаете што да купите за роденден и за девојче и за момче е супер подарок.
Внук ми полни 9 год. За играчки е голем, игра за на плејстејшн не знам да погодам, а и да знам не му купувам тоа. Повеќе поддржувам играње на улица. Минатиот роденден купив сложувалка со 500дела и ја редеше. Сега му зедов постелнина со спајдермен. Тоа беше преправен на маскембал па си мислам дека ќе му се допадне. За внуката ќе земам детски шминки.(3 год.)
Женчиња, што и до која сума би носеле подарок како кумови за мали дечиња (посебно слават)? Дали е подобро само пари и до која сума? Ако прашам што сакаат, нема шанси да ми кажат, ептен се скромни.