Колку си во можност. Мислам нормално е до 3 илјади, може и повеќе секако колку сакаш, може гардероба, тротинет, играчки итн.
Било што можеш. Имаш карти за меморија, сончев систем како монопол нешто е тоа во офис плус ги имаш и не се скапи 200 или 300 денари се. Едно нешто што ми се свиѓа е што има тетратки со пенкало на вода па така може да бои додека не се оштетат листовите 160 ден беше.
На 8/9 може баш убави енциклопедии да се купат. Има во Просветно Дело избор од неколку (има и од тие 1000 прашања). Има и во Младинска книга ама поскапа и комплет енциклопедии во Литература за најскапа опција.
Што да земам за прв роденден, а да не е облека и да не е точаче, тротинет и слично, тие ми се повеќе ко за 2 годишни? Сакам нешто што летниов период ќе си го користат, можда нешто за во двор, зш живеат во куќа?
Зависи до која цена бараш. Имаш опции да купиш базенче детстко за во двор. Различни реквизити за во двор од лулашки и лизгалки со куќички за во двор. А можеш и некоја интерактивна логичка играчка да купиш. Или да купиш проодувалка некоја (не од тие што се гураат туку тие што на нив се седнува и детето се бутка само).
Види во тополино вакви некои масички, на година е мало, ама за 3-4 месеци ќе му биде интересно, а ќе може и догодина да си игра. Чим се со двор ќе им се најде.
А океј ли е пари да се дадат? За во штедна книшка ако имаат отворено, ако не, да си купат што сакаат.
Здраво може прашањево не е за тука но да ве прашам каде да најдам балон форма слон ми треба за роденден фала ви