Јас сум купувала убав сет Lego Duplo коцки на две годишни деца. И нас такви ни „вратија“ за втор роденден. Можеш и убаво детско ранче или куферче зависи колку сакаш да потрошиш.
Каква играчка за подарок да земам за 2 годишно момче? Може идеја и за нешто друго, само да не е гардероба...
Купи плазма од Веро за 1000 денари , со неа оди тротинет Ти дома плазмата ќе ја јадеш, а тротинетот ке го дадеш на поклон. Многу биле убави, рачката се ,,штелувала,, па може и за поголеми и за помали деца. Убав поклон е
Девојки и мамички, девојчето на мојата најдобра другарка полни 1 година. Се мислам што да купам затоа што сме премногу блиски, како сестри... Размислував за проодувалка сега ги има секакви: коли, со некои животинчиња со тропалки, играчки ама се мислам да не е многу доцна... девојчето почнува да стои со придржување, сама се исправува си лази... Ве молам за совет или идеа за некој друг подарок!
Не е доцна за проодувалките што се како коли. Моето има скоро три години и имам внука од 2 и пол и уште ги возат колите по дома. Гледај да може лесно да се буткаат со нозете и да има нешто плус играчки на неа и да се отвора седиштето (тука се ставаат милион мали играчки на „прошетка“). Имаме и обична проодувалка која не ја користевме нешто многу (таа што е како за буткање само).
Драги дами, внуката другава недела слави прв роденден, сакам да и земам маичка или боди со принт по сопствен избор. Ама не ми текнува ништо по интересно. Па би ве замолила ако имате идеја да споделите би ви била многу благодарна. Нејзиното име е Калина.
Јас на сопругот сеа скоро за род му нарачав од Мала пажња, боди за беба со порака принтана .. најубав поклон испадна
Ако си тетка, овој текст јас го испринтав на навлака за перница за името на внук ми. Изгледаше фантастично, а тој( бидејќи е 9год.разбира англиски) беше воодушевен.
Друштвени игри има во локо кроко, мозгалки, сложувалки, загатки, забавни..... лего коцки... шал, капа, ракавички.
https://m.facebook.com/officiallococroco/photos/a.433722023438623/1571677296309751/?type=3&source=48 Вакво нешто? Баш ми се виде интересно.
Зависи колку пари сакаш да потрошиш ама има едукативни играчки во КРШ каде на пример може да откопуваат диносауруси, да прават различни предмети и слично. Овие се околу 1000 денари. Или друштвена игра како што ти спомнаа може да купиш.
Следниот месец сме на 1ви роденден кај детето на сестрата на маж ми.Сакам да подариме нешто убаво,што ќе може подолго да го користи.Барам идеја,добредојдени се секакви предлози. Буџетот не е никаков проблем,само да е нешто квалитетно и убаво,а да не е клише.
Ти си вујната ако убаво сфатив. Сепак сте ептен блиски па најдобро би било да ги прашате што им е потребно за дете. Што сакале да му купат па ете вие купете го тоа. Верувам дека нешто имаат замислено што би сакале. Не потенцира дали е за машко или женско поклон. Можете убави сандалки или патичиња летни. Трицикл со рачка ( оној на кој после рачка се вади па си е самостоен за возење ) ете тоа нас ни е најфункционално. Кола на акумулатор ( мада е многу мало сеуште за тоа ). Сега за 2риов роденден на синко ептен ми направи мерак поклонот апарат за вафли со фигури Ако се со двор, можете од оние базени со лизгалки и додатоци на самиот базен ( имаш на фб на странине за базени секакви ). За гардероба најубаво да ги прашате ако сакаат. Јас лично секогаш викав да не му купуваат гардероба зашто немам веќе кај да ставам. Затоа најубаво прашајте ги, сепак сте ептен блиски.