Ми треба мислење за тие кои имате конетикс, @Tiny Love мислам дека имавте ако може совет. 3 ќе полни. Се мислам дали да и земам мега пак со 212 парчиња или сет со 102 парчиња + сетот од 92 парчиња со тунелите за топчиња. Ако го земам првиот понатака може би го зела и тој со топчињата. Мн пари ми се ама мислам дека ќе ги игра и сакам повеќе елементи да има баш заради тоа.
Јас лани го земав тој од 102 парчиња, а сега за подарок добивме со топчиња. Мислам дека таа комбинација ти е подобра, отколку само мега пакувањето. Или земи мега, па во следна прилика и со топчиња. Зависи колку пари ти се даваат.
за 9 годишно девојче, сакам да земам парфем, каков за таа возраст? Зара детските не знам какви се, дајте идеи
Мајки ве поздравувам. Навистина ми треба совет што да купам за 7миот роденден за детето на кумовите. Апсолутно немам идеја, секоја сугестија е добредојдена…
Скоро купував за поклон, имаш во Литература убави сложувалки. 1000 парчиња околу 1000 денари (на Eurographics). Имаш и онлајн да ѕирнеш на страната.
https://topolino.mk/product/set-kocki-peperutka-dede/ Некоја енциклопедија има големи џиновски книги, сигурно ќе му се допадне.
Нешо за шо покажува интетес. Коли, мотори има сигурно добри книги на тие теми. Некој спорт или омилен клуб/играч па негова биографија.
За која возраст ги земате connetix @Tiny Love @Mucika? Ми требаа поклон за втор роденден а и моето е скоро 16 месеци и за нејзе сакам, ама претпоставувам се мали за ова? Не знам дали е подобро лего дупло, магнетни обични коцки или ова. И овие ги најдов сслични за поефтино, некој ако има искуство
Мало е за ова, јас би од тие коцките лего на нив со бројки или букви или па магнети. Ние имаме дома и големата игра, а малово не знае како.
Јас кога ги земав беа 2 и 3 години. Поголемото повеќе ги играше тогаш, помалото само ги растураше направените кули. За 2годишна возраст мислам дека е подобро лего дупло.