Роденденски подароци за деца

Дискусија во 'Дете' започната од Luna♡, 4 декември 2017.

  1. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    10.056
    Пол:
    Женски
    Добро не сум погледнала убаво која возраст е детето ,може детска козметика тогаш во тој случај, шампон за капење,млеко за тело итн
     
  2. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    2.341
    Детски микрофон. Има такви пластични со функција и да снимаат зборување, пеење, со раллични звуци и светла. Би требало и во мк да ги има ако не сигурно ги има на тему. Книги со приказни, играчки за со вода пример садопер. Тука има и комплет далински управувач, телефон и клучеви за кола со светла и звуци. Тоа исто би бил интересен поклон. Овошје и зеленчук од дрво што се залепени половините и може да ги сече. Ранче за во градинка. Можеш персонализирано да го направиш.
    Од облека можеш палтенце за дожд со гумени чизми за есента да купиш.
    Ако се работи за блиски и е поголем буџетот можеш Balance bike или дрвена кујна да земеш.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LadyD

    LadyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    343
    Пол:
    Женски
    Колку ви е вообичаен буџет за роденденски подарок за другарчиња од градинка?
     
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.647
    Допаѓања:
    14.833
    Пол:
    Женски
    Минимум 500 ден. ништо не можеш асалнп да најдеш под таа сума, секако. :(
     
    На dromka, SunnyGirl2, Снегулк@23 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LadyD

    LadyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    343
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Неодамна почнаа да нѐ канат дечињата од група на ќерка ми и не бев сигурна што обично се носи, по колку се одвојува.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.374
    Допаѓања:
    20.010
    Пол:
    Женски
    Обично 500/600 ден макс се наоѓа интересни работи.
     
    На Снегулк@23 и LadyD им се допаѓа ова.
  7. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    6.376
    докај 500 ден гледам да не е повеќе
     
    На dromka и LadyD им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.060
    Допаѓања:
    8.424
    Пол:
    Женски
    На 2-3 родендени сме биле ама сме блиски и со родителите така да сум давала околу 500-600 денари.
    Инаку во разговор со колеги кои одат често викаат дека некои и во склоп на групата се договарале да не е подарокот повеќе од 250-300 денари.
    Пример
    - 250 денари во плик и чоколадо
    - сет маичка и гаќички
    - блузичка ( Синсеј, локални продавници кај мене во градот се наоѓаат поевтини работи)
    - сложувалка
    - сликовница, боенка, боички
    - мала играчка
     
    На SummerGirl, Cherry333 и LadyD им се допаѓа ова.
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.106
    Допаѓања:
    4.994
  10. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.807
    Допаѓања:
    6.980
    Пол:
    Женски
    Идеја за подарок за девојче за10ти роденден?
     
  11. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.647
    Допаѓања:
    14.833
    Пол:
    Женски
    Креативен сет за правење накит, детски слушалки, смарт часовник, ранче или ташничка, детски шминки..
     
    На anngelique му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.501
    Допаѓања:
    36.965
    Пол:
    Женски
    @Mucika јас мислам интересно е. Имам внука на таа возраст и сака еднорози. Така што ова неа интересно би и било.
    @anngelique шише за вода, блуза со омилен лик (сеуште поминува), ранче/ташничка, сет за накит, ако сака енциклопедии и тоа може, книга ако сака да чита.
     
    На dromka и anngelique им се допаѓа ова.
  13. Jana87

    Jana87 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2016
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    6.407
    Пол:
    Женски
    Предлог за подарок за школско другарче, девојче? Поканети се со родител и до кој цена ориентационо ?
     
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.501
    Допаѓања:
    36.965
    Пол:
    Женски
    Ние носиме поклон од околу 500-600 денари. За таа цена има блузички, хеланки, сукњи, книги, сетови за правење накит и слично. Зависи и од возраста. За над 10 години има и парфемчиња, несесери и слично.
     
    На dromka и Jana87 им се допаѓа ова.
  15. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    2.341
    @Jana87 сенки за очи, лабело, лакчиња за нокти, дневник со клуч, мала ташничка, украси за коса : венчиња, интересни стегачи,траки, детски накит, легами пенкала со футрола за нив, квалитетно шише за вода, ранче за спорт, интересни домашни папучи, детски маски за лице и трака за коса(спа сет), интересен филџан, касичка за штедење пари.
     
    На Jana87 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.287
    Допаѓања:
    4.946
    Пол:
    Женски
    предлог за подарок за 9 роденден за девојче, 1000-1300 ден макс.
     
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.501
    Допаѓања:
    36.965
    Пол:
    Женски
    Сетови за правење накит (има различни цени и големини), мало ташнице, пижами или маичка и хеланки со омилени ликови, убава книга или сет книги на тема што ја сака (или на пример Исидора Мун или Дневникот на едно смотано девојче).
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.807
    Допаѓања:
    6.980
    Пол:
    Женски
    Јас на мојата внука за 10ти роденден и купив интересен несесер од Синсеј и го наполнив со шноло, стегачиња, лабело, парфемчиња и слични ситници од Дм.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.