Ако сакаш играчки: херои, табла за цртање имаш голема и убава, двострана, minecraft коцки или играчки, магнетни коцки се добра занимација за таа возраст. Ако сакаш облека најдобро е тренерки, најискористени се.
Зависи до колку пари, мојата сега направи 6. Она нарача лего и има до кај 20евра со фрозен со ариел. Се радува на креативни работи, има сетови за правење накит, правење пенкалца со светки, кутија за накит/лабелца и некој сет купка за деца има во Дм.
Колку пари носите на роденден кај дете на кое сте кумови?? Не знам што да купам, па најверојатно пари ќе биде...
Колку што сакаш и мислиш да дадеш помеѓу 1000 денари и 100 евра. Ако е прв роденден или некој јубилеен тогаш повеќе, ако е обичен роденден тогаш помалку. Јас обично кај што сме кумови се движам од 1500 до кај 2500. Сумата зависи од тоа дали и тие на кои што им давам ми враќаат соодветно (не пари туку внимание и почит).
Нема правило, но ние со нашите блиски се движиме околу 3000. Ние на нивното за таа сума и обратно. Но, си ја имаме дружбата и близината. Како што кажа JoyJoy, од 1000 денари до 100 евра е прифатливо. Е сега треба да се земе во предвид и колку деца имаат и имате. Ако вие имате три деца, и тие за секое дете даваат по 1500, не е океј вие да отидете со само 1500, а сте во можност да дадете повеќе. За подарок јас најчесто купувам тренерки, патики или јакна. Играчки исто. Поголем број, кнап никогаш. Од искуство, син ми во јули, од подароци, најмалку носи кошули со кратки ракави, шорцеви итн. Веќе летото на половина, јас се имам купено, па тоа што ке добие може и само еднаш да го облече. За патики единствено може да е зезнато, затоа што син ми доби 23, а веќе носеше 25-26.
Хај Не ми треба подарок за роденден туку за деца од прва братучетка,кои се дојдени во мкд Едното е 8години женско,другото годинка машко И двете ги немам видено до сега,живеат во странство Што би можела да им земам,воопшто не ми текнува
За женското дете од осум години можеш било што, сликовници, боенки,или облека ,а за машкото играчки за деца од 1 година ,лулашка,кола на далечинско, инструменти за музика играчка .
Идеја за подарок за 7ми роденден за девојче? Да не е облека само. Може ли некаде да се најде некоја детски сет козметика, 'кармин', парфем или слично нешто? Што книги читаат (разбираат толкави деца) ?
Некој ранец Бањарка Во Просветно дело има детска козметика За книги јас би одела со лектири. Веројатно е прво/второ одделение, може за 3то да речеме што би ги немале купено досега. Секако ќе се најдат од следно одделение.
Детски сет козметика можеш да најдеш во ДМ на пример. За таа возраст можеш да купиш сет за правење накит (имаме милион опции со различни цени). Можеш да земеш кесе за моливи интересно и да го наполниш со интересни работи (пример во Карес има Легами кесиња кои се интересни а кога се на попуст се ОК цена). На 7 години сеуште можеш да купиш нешто со омилен лик од цртани (пример ранче мало, ташничка, шише за вода и слично). На таа возраст од книги ги читаат Исидора Мун книгите.
Дајте идеа за што да земам, месецов имам куп родендени. Девојче 2г, ајде имам и јас девојка па ќе размислам шо би можела. Момче 2г. Момче 4г. И дечко 8г ќе прави. Од искуство што сте зеле за деца што се имаат веќе.