Роденденски подароци за деца

Дискусија во 'Дете' започната од Luna♡, 4 декември 2017.

  1. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.701
    Допаѓања:
    20.066
    Пол:
    Женски
    Ние ги имаме од Зара, баш убаво мирисаат. Не се трајни, ама се на исти принцип правени.
     
  2. mekotel92

    mekotel92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2023
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    46
    Od klku godini ponavte da im stavate po malku ?
     
  3. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.701
    Допаѓања:
    20.066
    Пол:
    Женски
    Од 5 год.
     
    На mekotel92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.933
    Допаѓања:
    40.365
    Пол:
    Женски
    Мојот до 10 години (односно до пред месец/два) не сакаше да му ставаме парфеми. Одбиваше и бегаше кога пробувавме. Сега почна сам да става понекогаш. На пример сега си спакува парфем во куфер за на екскурзија.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.131
    Не е баш за роденден, ама ми треба совет да одберам подарок за машко детенце од 8 месеци, до кај 2-3000 денари. Има и братче 3 и пол години, и сестричка 5. Другаркава живее во друг град и не пратив ништо за мекици, сега ќе се видиме па сакам нешто поубаво да купам, ама немам идеја дека има се од поголемите 2 деца. И за поголемиве би земала нешто, и за тоа се добредојдени идеи.
     
  6. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    772
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Ваква масичка со активности, обично е 2-3000 и повеќе, ми искочи во стокомак дека ја има неделава. Ќерка ми и внука ми ептен си играат со ваква, од кај 11-12 месеци. Инаку знам дека има вакви во Story Box во сити мол исто така
    upload_2026-6-3_21-58-34.jpeg
     
    На Katie90 и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.933
    Допаѓања:
    40.365
    Пол:
    Женски
    Ако 3 со братчето родено во разлучна сезона тогаш нема многу облека. Тенко јакниче што може да се носи во есен (и ако нешто залади во лето) е убав поклон. Ако се во иста сезона тогаш коцка со активности за над година дена или масичка со активности или некоја логичка играчка. Исто корисем поклон може да е детско ранче (за во градинка или за шетање ќе им треба).

    За братчето можеш Лего или магнетни коцки. За девојчето има во Story Box магнетни книги (на сите што сум им однела презадоволни беа).
     
    На dromka и kozuf им се допаѓа ова.
  8. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    3.080
    @kozuf дрвени коцки со активности се супер за таа возраст. И масичката е супер идеја. Или дрвени коцки каде што се протнуваат различни фигури:срце, коцка, триаголник. Дрвени играчки и книги со звуци општо ми се супер поклон за таа возраст.
    За братчето и сестричката нешто во стилот lunchbox /шише за вода, боенки со дрвени боици, стикери, тетоважи што светат во темно. Зависно од буџетот.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  9. unicorne

    unicorne Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    каде да купам синтисајзер за дете од полни 2 години? Baby Centar немаа избор, кои други продавници би имале?
     
  10. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.716
    Допаѓања:
    27.177
    Пол:
    Женски
    Ние од Локо Кроко го имаме
     
  11. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.840
    Допаѓања:
    9.232
    Пол:
    Женски
    За дете од градинка колкав износ на пари би однеле?
    Поканети сме наредна недела прв пат.
     
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.825
    Допаѓања:
    9.840
    Пол:
    Женски
    Мене до максимум 500 денари ми е буџетот.
    Дали некоја маичка и сликовница
    Долен веш (маичка и гаќички)
    Пар пижами
    Сликовница едукативна или некоја со приказни со дебели корици
    Играчка до таа сума
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  13. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.343
    Допаѓања:
    18.423
    Пол:
    Женски
    Другарчињата од градинка обично имаат лимит и бар до сега не сум чула некој пари да носи. До 200-300 ден. поклон си носеа кај внука ми, најчесто облека. Па и во школо имаат од-до колку е прифатливо.
     
    На SummerGirl и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  14. Tea SK

    Tea SK Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.412
    Допаѓања:
    11.118
    Пол:
    Женски
    Пари не носам, поклон максимум до 800 денари.
     
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.933
    Допаѓања:
    40.365
    Пол:
    Женски
    Пари нити сме носеле нити сме добивале од деца од градинка. Обично сме носеле и добивале: пижами, маички или долни делови од облека, играчки, сликовници и енциклопедии.
    Истиот принцип ни е и сега во школо. Буџетот сега ми е до максимум 700 денари од дете. Обично се движам околу 500/600.
     
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.434
    Допаѓања:
    33.822
    Пол:
    Женски
    Идеја за подарок за 4 годишно девојче, буџет ~2000ден?
     
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.825
    Допаѓања:
    9.840
    Пол:
    Женски
    Ако имаат простор во Стокомак бар во градов кај мене гледав останати и дрвени како продавници и скара.

    Ќерка ми многу со коцки игра, би ти рекла магнетни дека може да земеш.

    Пак зависи од интересот на детето. Од другарка на таа возраст, обожава шминки, така да шминкерница и е најискористена.
     
    На Снегулк@23 и IRBBB им се допаѓа ова.
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.434
    Допаѓања:
    33.822
    Пол:
    Женски
    со шминки и кукли не игра, баш повеќе дрвени играчки, игри со улоги.
    Баш ќе ѕирнам во стокомак дали можам да најдам нешто. Фала ти ❤️

    ps: да не имаш сличе како изгледаат?
     
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.825
    Допаѓања:
    9.840
    Пол:
    Женски
    images (4).jpeg

    images (5).jpeg

    images (6).jpeg

    Некои од овие имаше во маркетот во Прилеп. Може да им пишеш на страната и за други градови да ти проверат. Одговараат брзо.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    7.144
    Пол:
    Женски
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.