@eli.karameli постои опција онлајн, а во Скопје нивни продавници има во ГТЦ и во Аеродром, во близина на Веро, пред Н.Лисиче. Нивни производи има и во подобро снабдени локални книжарници. Најубаво, ѕирни на нивниот официјален сајт.
Верувам ќе бендиса детето, тргам од мојов и негови врсници. Башка книгите, пишуванките и слично се со ептен квалитетн печат, хартија, дизајн...
Во зградата на Доминос, Афродита, пред паркот со коњот, не гледа кон булевар, туку накај паркингот.После Веро де.Ама објаснив
Хелп На 2ри роденден сме на ептен блиски пријатели. Не сум мајка уште, и појма немам што да земам. Имаат цел возен парк само да напоменам, и за девојчето и за куклите нејзини И знам дека има еден тон пластика дома, и крши се лесно Па не сакам да биде нешто што ќе го земе само и никогаш нема да го користи бидејќи ќе го скрши за брзо. Инаку во зграда живеат, и реквизити како за во двор отпаѓаат. П.с. И со коронава воопшто не излегуваат надвор на играње. И не сака цртани воопшто, само едно девојче на YouTube го гледа што отпакува играчки и си игра со нив.
Во џамбо има многу избор за 2 годишно дете. Моево најмногу си игра со пластелините. Прави форми, стиска низ алатките. Купуваме само од најголемите пластелини, по 12 кутивчиња. Друга опција е некоја добра кукла. Голема. Има платнени кукли повисоки од нив и се воодушевуваат маливе. Табла за цртање со маркер и креди. Ранец од Просветно дело за секојднневно шетање или градинка. Имаш и чадори, гумени чизми, часовници таму. Добар комплет за јадење.... Облека ако сакаш сега има попусти во рамстор и сити мол.
Дајте предлог за 13 годишно дете машко за роденден блиско ми е ептен немам идеја некако годините се ниту голем ниту мал
Зависи до колку пари. Ако чита книги купи комплет некои за тинејџери, Хари Потер или слично.. пикадо, скејтборд, блутот слушалки можеш. Ако е занесен по игрите можеш некој додаток за компјутер.
Пари! Сите среќни и задоволни. Јас од 12+ бев најсреќна кога ми даваа пари, ем бев комплицирана за избор, ем па и меракот е голем сам да бираш на тие години
Внука ми, 9 години, а и децата на другарките, 6-10 години се лутат кога ќе им дадат пари Затоа не сум се осудила пари да дадам...барем во моето опкружување ова. И алишта кога ќе купам почнаа да пребираат, друго нешто сум требала, за занимација / играње деца...
Предлог за роденденски подарок, за дете машко, 10 години? Детето не ми е толку блиско и појма немам што да му земам...
Ако игра на компјутер можеш некој гејмерски додаток нешто или ако има плејстејшн некоја игра, кошаркарска/фудбалска топка.
Многу ми се симпатични оние бувчинана од топ шоп како за подарок искрено, можиш да им земеш такви баш се интересни едно розово едно сино..
Ние баравме за прв роденден баланс точаче за да си го вози на пролет. Имаш во енци 2000 денари се. Не мора да биде подарокот стрикно за овој период можеш да земеш нешто и за понатака да го искористат.