За до толку пари имаш тротинети детски да им земеш, баланс точачиња или некои убави едукативни играчки (има дрвени на Story box toys and books, Почетна - Topolino.mk) или пластични ама квалитетни (- Енци Менци - Добродојдовте (encimenci.com.mk), ЗАЗУ - Онлајн продавница за детски производи (zazu.mk), КРШ – You Know? For Kids! (krs.mk)). Можеш и убави јакнички да им купиш за тие пари. Или убави ранчиња како за надвор/градинка.
Воопшто немам идеа за подарок за другарче од училиште, за машко дете, помислив за глобус цената е околу 700ден па некако си велам дали е ок или треба нешто по симболично и што, деца се повеке и се канат цел клас... Ќе ми биде од помош ако споделите околу која сума се ориентирате... фала
Јас за во градинка сум купувала подароци до кај 300-4000 денари. Сега во школо само еден подарок сум купила и тој исто беше во тој ранг. Некогаш купувам маичка/блузичка, некогап сум купувала пузли, книги и такви слични работи.
Предложете новогодишен подарок за дечиња 5 и 2 год, да не е повеќе од 1 000ден. Не ми се купува пакетче со чоколади, сакам нешто што може да им служи, дали за цртање, дали за играње.
Пиши бриши,табла со креди,сет со пластелин,Тримакс едукативни пакетчиња,боенки со боици,сликовнци со бајки,сет за готвење,магнетна табла,друштвена игра.
Предлог за 10 годишно девојче. Нешто за дотерување или не знам шо би сакале....нешто накит или ташнички каде има? Може околу 1000 мкд.
За било кој буџет коцки за редење (има со различна цена), облека со омилените ликов на детето, сликовници, колички, ранче мало за во градинка. За поголем буџет тротинет, точаче.
Парфемче, сјај за усни, крема за раце, лице. Нешто за у школо, маркери, оние ноутест (незнам како се викаат ливчиња што се лепат). Блуза, дуксер. Ваучер од дм.
Може некој предлог да ми дадете за Велигденски подарок (покрај корпичка со јајце) за теткиното дете, неполни две години има. Да не биде гардероба, не знам некоја музичка бебешка играчка или.. ?