Можеш нешто креативно и комбинација од повеќе работи. На пример, можеш проодувалка, тубуретка со интересни дезени, кош за играње, лулашка за надвор ако има двор, лизгалка исто за двор, не дека знаат многу на таа возраст, но со придружба од родител е одлична забава.
Мојата е три и пол години, за подарок на кој особено се израдува беше куќичка за кукли, играше и беше радосна некој период, иако сега веќе ја подзаборави, сепак до детето е. Исто можеш играчка кујна, од вториот роденден и' е и нема и' здосадено... Можеш тротинет, интересно килимче за во детска соба или шкаф за редење кукли/играчки. Ранец, ташна, табла за пишување со креди... Ако сакаш нешто поинакво можеш и прибор чинија со вилушка и лажица од оние персонализираните со нејзино име и интересен дезен, ги има на фб страници
Предлог подарок за двегодишно машко дете кое буквално има се' од играчки и поголеми работи од типот на автомобил со акумулатор, трицикл, тротинет и сл? Поради тоа главниот подарок ќе биде пари, ама сепак сакам да му земам и некоја играчка. Со што најмногу си играа вашите деца на таа возраст?
Секое дете е различно ама машките на таа возраст играат често со багери/булдожери или трактори. Можеш и нешто едукативно од типот Лего Дупло или Клементони коцки да му купиш или дрвени сложувалки или коцки. Или убава интересна книга. Мојов на таа возраст ја обожавање Вонземјанинот Оли (Просветно Дело издание) или било која што е како со активности за пипкање, отворање прозорчиња и слично.
Предлог за роденденски подарок за тригодишно и двегодишно дете . Не сакам да купувам некакви играчки бидејќи имаат премногу . Би ве замолила за помош . Може и слики да ми праќате од ваши предлози
Nekoja slikovnica, nekoja kniga so prikazni (kako sto kazuvas mali se decata ama domasnite ke im citaat), album za sliki, mozes i nekoja slika da im stavis, moite najcesto obleka podaruvaat, nekoj bluzicki i slicno
Ми треба предлог за подарок за втор роденден за детето на брат ми. За првиот и земавме велосипед, сега не би пак моторни возила ни пари. Што мислите гардероба да и изнакупувам иако би добила доста гардероба од другите гости. Дајте некој интересен предлог ве молам.
Мене многу ми се допаѓаат персонализирани подароци. Некоја голема рамка со името на детето за на ѕид или некоја столна лампа со името за во детска. Јас не сум добила,ама ептен ми е ќеиф и баш за следниот роденден тоа ќе биде. Или евентуално да ги прашаш што им фали,што би сакале,секако ти се ептен блиски
Многу сакам и јас и имам земено ѕиден детски часовник, со нејзината слика и име веќе. Иако предлогот ти е супер, фала.
Можеш персонализирана сликовница да и купиш. Баш пред скоро гледав некој профил на инстаграм што изработува, ако успеам да најдам ќе го постирам тука. Лично јас не сум за облека. Ако не знаеш што, пари. Баланс точак, тротинет, лего коцки, масичка со столче, фотеља за боење во бебе хоум имаш, индијанско шаторче, пиклеров триаголник, баланс даска...
Зависи до колку пари бараш. Прашај ги прво што им треба. Ако имаш поголем буџет, некоја убава кујна, баланс даска, масичка и столче, или некоја игра како магнетни коцки, сет-играчка за поправки (со штрафцигери), возен парк, шаторче со подлога…