- Некој ранец или ташничка? Во Македонска Книга има интересни. Ако има некој филм/музичар шо го сака можиш и да си порачаш рачна изработка, побарај на Фб има профили можат да ти испечатат или нацртаат. - Или ако не сакаш чанта, можи шоља за чај исто нацртана. - Некое венче за коса како додаток, во Дуки Дасо гледав евтини. Таман и за на школо можи да го носи. - Есен иди, можи некоја јакна тексас или шушкавец.
Во Офис плус има едни сетови како дневник со пенкалца итн... многу се убави. Исто има и музички кутии кои се вусшност кутии за накит. Јас сум купувала ова за роденден, и секогаш биле полн погодок.
Тренерки адидас/најк. Баш и на попуст се сега. Види во Спорт вижн, Спорт М.. Јас за 5годишното што се мислев, тоа земав. И тоа ми е блиско.
Хелп. Дали некој видел нешто со соник (блуза, ихрачка или слично) со соник. На роденден сме и славеничкат е опседната со него?
ист ми е поблиску, ама некако не ми се влага, а роденденот е утре. Ништо ќе смислувам нешто друго утре
Може ли некој предлог за поклон за девојче кое ќе полни 5 години. Ептен ми е блиска јас ја крстив До сега и купував се што ќе ми кажеше другарка ми ( мајка и) и што нејзе и се допаѓа. Оваа година се што ја прашав ми рече има се од облека, има се од играчки.... Немам идеја а се наближува роденденот... Инаку наредна година ќе виде прваче па си мислев нешто едукативно да купам.. Искрено немам искуство и немам идеја.. Плс Хелп
Предлог подарок за 13 години девојче??? Белегзии, обетки, ланчиња, ранци, ташнички, облека се е поминато. Шминки не сакам, дајте некоја креативна идеа????
Баланс точак, тротинет, шаторче, играчки со улоги (кујна, супермаркет, работилница, шминкернкца...), едукативни игри (имаш избор во книжари, последно гледав во просветно дело), кукла со количка, сложувалки, сет сликовници..
Мојата ќерка е 5 години, џабе имам искуство кога и јас немам идеа што за НГ да и купам. Некако годините се ниваму нитаму. Овај пероид веќе не игра со играчки воопшто, или гледа цртани на тв или нешто сечи, лепи, бои. Можиш некој персонализиран сет за јадење чинија длабока, плитка, чаша, прибор. Ако има своја соба нешто за неа. Постелнина, слика за на зид со детски мотив од тоа што сака, лед светло од стиропор што изработуваат во каја сакаш форма, мотив и димензија. Прашај што сака, кој цртан. Пример мојата ги сака Стела и Сани, Боби и Биби, Ренџери на виножитото. Каква ќе биде тортата веројатно тоа го сака.
https://www.facebook.com/bukviodstiropor/?mibextid=ZbWKwL Разгледај имаат разни изработки со светло и без, за ѕид, стоечки секакви.