Направи му букет од чоколатцата кои му се омилени, а уште подобро букет од омиленото пиво. Ќе ги стокмиш така повеќе на некој сладок и смешен начин и подари му ги. Немора пиво, може било кој алхохол, се зависи што преферира тој највеќе. Можеш да му направиш спот од тебе и бебето како му пеете некоја негова омилена песна - може да биде навистина откачено. Сега побарав на нет и еве неколку идеи:
Кога спомна букет од пиво ми текна на ова. Сепак не ми е некое изненадување за по возрасен човек, до душа зависи и што си љуби. Како и да е, може на некој ке му се најде како за идеја.
Секогаш тука е опцијата ролекс часовник. Плус феминката кажа дека скапите поклони не му се важни и дека бара интересна идеја. А види сакав да пишам и пиштолче на вода за да се прскаат ама и тоа не би било за повозрасни. Но доколку тие повозрасни знаат како да се забавуваат ите како може да испадне интересна идеја. И плус смешни ќе му бидат на бебенцето, ќе го развеселат. И плус на жешково ќе се разладат, ем ќе бидат целите така полумокри . Романтики.
Сакам да приредам изненадување на кров на зграда, се ми е смислено само ми треба слободен кров на зграда. Некој таков низ Скопјево се наоѓа?
Мене другарките ми имаат направено изненадување за роденден. иако не беше баш изненадување оти јас дознав за тоа ми рекоа да отидам до паркот да сум пречекала другарка демек и се слошило и кога стигнав имаше наредено свеќички, еден мал ковчег наполнет со железни парички и честитка. аа имаме направено и изненадување за 3 другарки.
Не знаев каде да прашам но еве овде затоа што е поврзано со изненадување. Да ве прашам од каде можам да најдам големо платно за пишување?
Идната недела една од најдобрите другарки има роденден. Ке го прослави во домашна атмносфера со 6 -7 најблиски другарки, онака баш опуштено во Недела на денот на роденденот. Саботата вечерта сигурно ке сме излезени и после 12 би можеле да и спремиме неколку другарки изненадување. Некоја идеја интересна. П.с девојчето што слави е уништено периодов , раскина долга врска и скроз онака тажна и многу би сакале нешто посебно. Фала.
Следната недела на мојата најдобра другарка која е од друг град и е роденден.. Јас бидејќи одам таму секој викенд, за нејзиниот роденден сакам да и спремам изненадување.. Планирам со спреј на зид на некоја зграда да напишам Среќен Роденден, да ставам свеќи во форма на срце, да и дадам подарок убаво завиткан и колаче со свеќа на него.. Сакам уште нешто, но не знам што да направам.. може некоја идеја? Иначе мене за мојот роденден, моите другарки бидејќи знаат дека сум огромен фан на ФК Барселона, ми подарија дрес,чаша,слика,прибор за во школо и ланче со Барселона, и дефинитивно тоа беше најубавиот роденден до сега.. Многу ме изненадија со поклоните, многу ми значат и сеуште спијам со дресот до мене, а ланчето секогаш го носам со мене
Може да купите балон со хелиум, да урамите слика како колеџ што се тие сите другарки кај што сте со неа, ии може да и направите хамер со некој текст,цртежи,слики... Иначе за сликите, може да однесете во некое фото студио да ви направат, јас така направив за моја нај другарка и многу ја израдував
Баш сношти бев на роденден и на славеничката и направивме преубаво изненадување! Беше многу возбудена и за изненадувањето не знаеше како да ни се заблагодари, сепак тоа беше само едно изненадување за неа кои и го приредивме од срце
Здраво.Вечерва и е роденден на мојата најдобра другарка,па не покани на торта кај неа.Јас и уште неколку другарки сакаме да и направиме изненадување но ништо не ни паѓа на памет.Некоја идеа кажете ви се молам.Стварно ништо не ми паѓа на памет.Ако ви текне нешто пишете. Фала ви однапред.
Како оваа година што моите дома ме изненадија за роденденот никој така до сега ме нема изненадено. Значи беше вака.... Вечерта точно во 12 , јас седам кај брат ми во собата , а тој , девојка му и мајка ми ги слушнав нешто спремаат , и само се насмевнав во себе и си помислив дека ќе влезат со торта во собата и тоа . 1 минута пред 12 брат ми , ми звони на моб и ми вика излези дојди во кујна , и јас одам ... кога да ја отворам вратата има што да видам , ... тие ги изгаснале сите сијалиции на патот од неговата соба до мојата , цел пат го украсиле со свеќички и цел пат беше постелен со слики од мене , од бебе па се до специјалистичката, сликите беа залепени на лист хартија и за секоја слика имаше нешто напишано .. Потоа на вратата од мојата соба имаше исто така залепено два листа на кои ми го честитаа роденденот и кој се е заслужен за идејата , и во мојата соба беше тортата со свеќички и прскалици , ги издував свеќичките , ми пееја happy birthday и така , после сите заедно ја пробавме тортата .... Бев стварно занемена од целото изненадување
Rodendensko iznenaduvane za nepodvizen Devojki za 5 dena i e rodenden na mojata drugarka koja pred nekoj den imase sobrakajka pa ja skrsi nogata . sega e vo depresija i mora da i napravam nekakvo iznenaduvanje za nejziniot rodenden. Aj pomos malce ke ve molam
Лали, можеш да најдеш слики од вас и едно ЦД од омилениот пејач /пејачка/бенд. И напиши и некоја честитка од срце.
Ќе може ли малку помош за изненадување Па вака утре односно во среда и е роденден на мојата најдобра другарка што ја сакам како сестра но не живееме на исти места за да одам кај нејзе би сакала многу ама нема да можам имам братучетка на гости .. :// ке може ли да ми кажете некој начини како да ја изненадам сакам нешто + од тоа до сеа бидејќи 1 год више од коа се запознавме и се сакаме толку многу ја ценам многу најмногу во мојот живот тинејџерка е па на пример ке и направам видео друго пишував на листови на на секој посебен HAPPY BIRTHDAY така да ке се сликам со нив.. не и го знаев домашниот тел но ке и го дознаам и ќе и се јавам на роденденската забава потоа мислам да и се јавам во 12 саат точно на полнојќ прва да и честитам др идеја можете да ми дадете ?? Фала ви однапред многу ќе ми значи ако ми помогнетеееее
Мене досега никој ми нема направено изненадување, можеби не сум заслужила (освен оваа година откако ги отрув мајка ми и татко ми дека сакам изненадување што всушност и не беше изненадување бидејќи знаев). Како и да е.. Секогаш ме прашуваат што сакам и ми го купуваат тоа што ми треба или што го сакам. А не сум многу практична личност. Јас се трудев да му правам изненадувања на најблиските до пред некоја година, но, како што поминува времето губам мотивација за да му посветувам толку внимание на некој. Најчесто им давам пари на повеќето.
Па сите за роденден обично подаруваат нешто за облека,некој украс и слично.. Јас би подарила нешто што никој не го подарува.. На пример некое папагалче,маченце,кученце..