луѓе наскоро е роденден на мојата сакана баба па би сакала да и направам некое изненадување..Ве молам помош:3
Епа вака јас лично го сторив изненадувањето,купив за мојата сестра поклон од 1Д пошто она ги многу сака и поклонот и го ставив во едно мало кутивче,потоа во поголемо па поголемо и се така ставив 5 кутии и и го оставив пред врата, таа отвараше и на крајот беше пресреќна
Во понеделник на мојата најдобра другарка и е роденден. Но поради тоа што учиме во училишта во различни градови нема да бидеме заедно. Сакам да и направам некое изненадување но тоа треба да го направам или во недела навечер (во 00:00) или пак понеделник наутро (во 5h). Некоја идеа што би можела да направам??
За три дена на најдобра другарка и е роденден. Па би сакала да ве прашам некоја идеја за изненадување. Слави 18ти роденден и ќе го слави на базент.
На мојот сакан за 1 месец му е роденден ке ве молам дали ке можете да ми помогнете за неочекувано изненадување ?
Вечер сме на концерт, а на една од другарките и е роденден..Лани купивме од оние што прскаат,круна B-day girl и го дадовме поклонот, сите што беа околу нас и честитаа, но оваа година немаме идеа што да направиме?
Ве молам помогнете за една недела и е роденден на мојата другарка и јас сакам да и направим изненадување со уште неколку деца ве молам кажите некоја идеа., некое изненадување кое сте го направиле или ви било направено. П. С. Таа полни 13 години
Испечатете блузи со некоја содржина,и појдете и точно во 00:00 пред куќа и пеете и ... и сето тоа нека биде зачинето со тортичка прскалици и дрн дрн
Здраво феминки . Сакам да направам вакво нешто, Ми треба вашата помош. Кој може да ми помогне нека ми пише ЛП. Многу ќе ви бидам благодарна. Поздрав,
Мене за роденден другарките ми порачаа ташна од 1D прекрасно.. таму каде што правев роденден полно со балони украсено... прекрасно за тоа им сум благодарна до ден денес
Лaни имaв прекрaсен рoденден. Мислaм нaјдoбриoт. Си дoaѓaм дoмa oд фaкултет кaј нaс тетките сoберaни. Мaјкa ми ми звoни и мњ известувa декa сите сњ кaј нaс a имaa некaквa рaбoтa и велaм ќњ купaм рoлaт јaс. Oдaм дoмa сите тв гледaaт никoј не ми гo спoмњнувa рoденденoт,бaшкa се скaрaв сo дечкo ми. Тaткo ми викa oди види вo фриидер штo имa. Пдaм,тaму ништo биквaлнo. И ете јa мaјкa ми сo рoлaт штo гo прaвелa целo итрo влегувa, тетките беaт Среќен рoденде, менњ oчите пoлни сoлзи. И пo двa чaсa се. Рoди и мoетo внуче. Пoубaв рoденден не сум имaлa,мислaм. Мoјoв не сaкa пoклoни. Зедoв теснo ќесе вo негo чaшa сo сликa oд нaс. Јa стaвив вo ќесетo и вo неa мече и јa пoпoлни целa,тпa беше мaлo мече. А врз нив истурив чoкoлaдцa. Oдaм лaј негo велaм ете ти чoкoлaтцa кoгa.. Не сaкaш пoклoни. И вo тoј мoмент ќесaтa пукa и чaшaтa јa придржи,реaгирaше брзO. Бaш беше oзненaден. А јaс среќнa. Ете чaшaтa стoи бo негoвaтa сoбa. Сo мечетo кaкo штo беше дaденa.
Се ближи роденденот на дечко ми, во врска сме пола година и сакам да му приредам некое изненадување. Многу ги сака минионс и сакам да биде нешто поврзано со нив.. ке сакате ли да дадете некој предлог?
Порачај од некоја слаткарница да направат cupcakes со минионс. Стави ги во некоја кутија или таа што ќе ти ја дадат. Стави машна на неа, а од страната ливче на кое пишува "me ti amo", што значи ТЕ САКАМ на јазикот на минионс. Баш слатко изненадување
Многу убаво ти кажа феминката над мене, и нешто јас да ти кажам дека можеш и маица да му купиш со минионс, сигурно дека ќе најдеш.
Девојки ми треба помош На дечко ми за роденден сакам да му приредам изненадување, од различни места од светот на лист да му напишат среќен роденден и така да направам мини филм од тоа и плус од негови блиски и драги роднини во странство што му се. Објавив на страни по фб каде има по 20000 членови,но само две слики имам добиено до сега. Ве молам,ако некој има некоја идеа или знае некоја посебна страна, би сакала да ми кажете.
Вакво нешто има направено мој другар за брат му, но тој е во странство, затоа и се одлучил за такво нешто. Може да го направиш истото само со пријатели/роднини што го познаваат. Извини што ти се мешав во идејата
Јас оваа година добив многу пријатно изненадување од другарките. Веќе спиев кога беше 12 саат и мајка ми ми кажа брзо да сум отишла позади зграда и паднало нешто од балкон,да сум го земела да не го земел некој друг(беше крај на мај и многу луѓе имаше во паркчето). И јас со цел памет полу успана одам брзо се облакам трчам да и помогнам на жената и позади зграда,трите најдобри другарки ме чекаа на една клупа со колаче и свеќички,балони,подарок,пано со наши слики и спомени,омиленото цвеќе и лист со песна посветена на нашето другарство... Многу ми се допадна посебно затоа што воопшто не очекував и ни на крај памет не ми падна...