Сега ја видов темата сакав да споделам со вас едно изненадување на 21.12 и беше роденден на мојата другарка со другата другарка купиивме торта мала и свекичка прашалник , (прашалник ставив за сите да се прашуваат колку години е ние сме повозрасн).пред нејзината врата почнавме двете да пееме,Срека ,радост изненадување видов во очите на мојата другарка во текот на прославата најмалку десет пати се заблагодари за изненадувањето.Колку само јас бев срекна што и приредив таква радост и допринесов таа вечер да е срекна и роденденот да и е забавен.Многу убаво си поминавме.
Здраво девојки.На најдобрата другарка и роденден на 14-ти за стара нова прави 17години,па планираме да и наравиме некое изненадување,но немаме никаква идеа.Предложете нешто
Јас приредив на дечко ми ...за неговиот роденден : Купив листови оние во боја што се по 2денари и ги исеков,и пишав околу 50 причини зошто те сакам го видов на јутуб видео има..На пример : Те сакам поради ..начинот на кој ме сакаш,начинот на кој ме држиш за рака,чувството кога сме заедно и слично.сето тоа дојде спакувано како книга со корица,и наша заедничка слика и плус купив чоколади,вино и парфем..хах смешно ми беше тогаш,затоа што кога го виде тоа пишаното отиде во другата соба и 5мин потоа излезе со солзи во очите..дууша моја..Нема врска некои што велат машкото не се радува на обични ствари..Секоја девојка си го знае мажулето..потајно секој трепери..на било каков подарок ..
Женски/машки, ми треба мала помош. На дечко ми му се ближи роденден, имам месец и повеќе време, ама уште од сега мислам за да припазам на буџетот. Имам некои идеи што планирав и лани да направам, ама не успеав, па затоа сега, имам прилика. Прво, сакам да изнајмам апартман/соба во хотел (зависи од тоа колку пари ќе соберам), да ја украсам со ружички и свеќи, на креветот да ставам торта на која ќе пишува среќен роденден и подарокот на кревет. Е проблемот е што не знам што да му купам? Сакам да е нешто поефтино а убаво. Некој предлог?
Во Џамбо имаш многу убави дрвени сандачиња, не се баш мали. Наполни го со нешто што мислиш дека го сака. Јас тоа го наполнив со многу ливчиња со пораки на убава хартија, во средина вино кое го сака. Не e многу скапо, убав поклон според мене.
Здраво феминки, Сакам да прашам за некоја идеја. Дечко ми има роденден наскоро и сакам да го изненадам, но немам никаква идеја! Не знам ниту што да му купам, ниту какво изненадување да подготвам. Живее сам периодов, но јас немам клуч за да спремувам. П.С не е многу романтичен тип...
Размисли што сака, што му треба,еве сега има убави новогодишни пижами, долен веш, ако ти спомнал дека нешто треба да си купи од гардероба превари го, сепак ти најубаво го знаеш.... ако не е романтичен една торта нарачај му свеќички, пица , појави се на врата и готово
Здраво девојки дали може да ми предложи некој креативен поклон за другарка Значи девојчево несака поклони од типот ланчиња белегзии парфеми блузи или некој работи прескапи повеќе сака некои работи рачно направени креативно(нешто од типот причини зошто ми значиш ко другарка и напишано на ливчиња хамер со слики така нешто) е сеа проблемот е тоа што мене ич не ме бидува за та работа не ми текнува ништо а сакам да направам да се осеќа убаво на тој ден...дали некој има идеа некаква?
@ShineDiamond https://www.facebook.com/Forest-stories-1795570634065382/ Разгледај ги овие рачни изработки, можеш да си нарачаш да бидете претставени вие две со тематска позадина... она што вас ве поврзува и некоја порака на пример.
Мене годинава за роденден ме изненади групата од балет. После часот јас делев крембанани (зашто ми беше роденден) а неколку деца отишле до соблекувлната каде ја криеле тортата за да не ја видам, ставиле свеќи и ја донесоа во сала. Почнаа да ми пеат happy birthday. Земаа и детско шампањско и чаши за да пиеме. И едно од машките го отвара, и нели како секое шампањско, капачето лета, почнува да тече. Но тоа беше над мојата глава. Додека да земат чаша за да тече во нејзе, цела коса ми беше шампањ. Ама нема везе. Тоа беше најубавото изненадување. Никогаш нема да го заборавам овој роденден
Многу сакам да изненадувам луѓе за роденден, ме исполнува нивната среќа. Мене не можат да ме изненадат пошо одма приметувам дека нешто планираат.
Еднаш на моја другарка и купив торта баш таква каква што сака,на друга другарка и купив се и сешто лакови,мириси,парфеми