Оваа што ја спомнав во Веро Џамбо не е класична игротека. Играат фудбал на пример (има екран сензитивен на допир), може да се качуваат на карпа (мала е и безбедна), има базен со топчиња ама со топчињата се гаѓаат чудовишта на екран и се собираат поени (како видео игра) и такви слични работи. Слична ваква има и во Дајмонд ама е мнооогу поскапа. Имаш и играчници со Playstation тоа заборавив да го напишам како опција. Иако ако е летен роденден мене ми е најубава опција на отворено со аниматор. Големи или мали се толку колку што ние ќе им дозволиме. Ние на 14 години уште ластик игравме по улици. Нашиве деца на 8 се големи за слободна игра. Сами им скратуваме детство.
И јас мислам дека од нас родителите зависи колку ке им дозволиме да се 'детињести' или пак веќе голеи и во детско диско! Ние 7миот го славевме во игротека,Play. Меѓу игротекиве има разлика според возраста,да не ептен 'бебешка' што би рекол син ми..Но,сепак иготека планирам да терам уште некое време или оние креативни работилници ко JumpingClay,Bibiuniverzum,она со ексшеримемтите Thinkerlabs....
Добар простор за училишни деца е и Детски Креативен Центар со посета на Планетариум. И на таков роденден сме биле и супер беше.
Мислам дека сега не функционира, јер Бени за директор на МКЦ. Штета. Ние викендов бевме во Кинотека и ок беше, фино поминавме. Исто и ЗОО ми е многу ок за роденден. Сме биле во она Едукидо, со Лего играат-градат, освен што се ко во затвор децата, друго не знам. Сме биле и во Тинкерлаб, на синко досадно му било, жити експериментите, боење вода со бои за јајца, ама добро. Имало 3 задачи, едната боење вода, другата да лепат делови од човечко тело за првачиња, некако несоодветно и трета задача им била нешто текстури да откриваат. Ништо посебно за тие пари. Според мене жали боже парите е само она Едукидо, премногу за услугата. Диско диско тип е Нест диското, ама претерале со цените, 6000ден простор со 350ден од дете за сокче (2 по дете), парче пица и чипс, премногу е.
@AngelOfArh мојов кога беше во Тинкерлабс баш правеа експерименти. Нешто со чад излегувало, па нешто претекувало и нер знам уште што. Баш убаво му се виде. Он секако оди во Тинкерлабс во лето за летен распуст и супер му е таму. ЗОО е исто супер опција за пролетен/есен родендени. Во ЕдуКидо еднаш беше и не беше нешто посебно воодушевен зашто мал е просторот а со Лего и дома игра.
Moze li nekoj predlog za 8 rodenden sred leto? Site deca od oddelenie slavat vo planetarium, kino, dzamping klej, laser tag i slicno, mojov zapnal igroteka Gledav nesto so play station da igraat pa moze ke go ubedam saka igrici. Ok li e za 8 godisni toa? Mada imame i mali deca bratucedcinja... Se mislev i ovoj Vojo so zivotnite da go viknam, imate li iskustvo so nego?
Мојот беше на неколку родендени во Играчници ама во зима/пролет. Лето има многу повеќе опции надвор. Во лето најчесто одиме во некој локал со двор или во некој парк и имаат аниматор. Супер си поминуваат. Некогаш и без аниматор им е супер.
Можете и зоолошка летно време. А ако ептен запне за игротека, најдете некоја за поголеми дечиња, на пример во Дајмонд мол, во Џевахир исто е за поголеми деца, ќерка ми беа на роденден таму, а она е 10 години. Друга опција ви е исто така Веро Џамбо новиот интерактивен дел. Летно време исто така е убаво на базен. Јас прашував за ќерка ми во Џевахир базенот, 700/1000 денари од дете им се пакетите.
Предожете отворен простор со нешто реквизити или слично за 8 роденден? Сакавме во тениското кај Александар Палас ама претерале со цените ко божем свадба правиме не детски роденден.
Nest карши Сити Мол. На неколку родендени по ред таму одиме и ОК е. Децата прават 9 години и има нешто реквизити ама генерално сами смислуваат веќе игри. За цени не знам какви се. Или Хиподром има убав простор за играње на деца.
Мајки некој идеја за роденден, во градов каде што живееме нема игротеки, куглана нема ништо, ќе слави во кафич 9 год, шо да се занимаваат децава?ич немам идеја. Ај ве молам некој предлог. Дома немам услови за толку деца.
Дали некој бил во киното во К.Вода? Какво е? За роденден ме интересира, ама и вака воопшто какви се условите...
До 8 години се игротеките во Скопје, така и пишува на нив. Од 9 почнуваме на други места. Се кани цели одделение, праќаме порака во група на вибер, од 25 идат 20 деца. На пример сме биле ласертаг, тинејџтека, тикерлаб, едно кај клуб на пратеници исто за правење со раце нешто, кугланите двете, Синеплекс, џампинг... Годинава сме ние во ласертаг, цената е 15000 за два и пол саати, со пица и сок, плус тортата е 6500, плус за родителите кафиња,сокови. Како помала, сме правеле во игротеки и дома. У просек еден роденен е околу 500 евра. Има и полкусузни родендени, на пример во игротека викаат и плус аниматор или прават маса со балони и колачи екстра, или плус тие што се дома музика, диџеј, огномет, некои имаат келнери за родителите, едни имаа викнати луѓе на базен да ги учат да пливаат... Секој спред желбите на детето и буџетот.
Мене најскап роденден по игротеки,без торта и храна 11000. Никогаш не ме фатило 500 евра, а стално е со 25+ деца. Оваа година на отворено, деца 33, родители 10тина со два аниматори. Пици пијалок торта ни 10000...следен сака пак на исто место. Сакам ако имам пари дџ Боно или слично... А сме биле:куглана, џампинг, тоа виртуел инфинити, џамбо тоа новото, научна кујничка, еве денес некое кај зебра среќна куќа(не сум сигурна за имево), па цртаа.. И така.... Искрено прескапо ми делува... По 15000 за 25 деца само. А не ме собира никаде со 50 деца поканети. Секое дете, секој роденден различно го доживува. Нешто ќе им се допадне нешто не. За нашиот имаше коментари дека било прејако нешто... А играа рандом игри со едното девојче, а аниматорката зошто беа еден куп, едвај стигна да ги нацрта сите, зошто сите беа у колона, и играна со шлаг. На крај малце караоке и диско. Уморни беа после едне саат...
Fairy.animator на инста Има доста игри, само кај нас стварно беа премногу деца... Сите сакаа да се цртаат, сите сакаа да ја играат таа играта. Другото девојче не работи тоа, ми беше колешка па ми направи услуга, јас секако си ја платив. Им ставив, топки, ластик, јаЖе, онакви како куглање, уште една игра со кругови да фрлаат во мета, и стварно излезе супер.