1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роденден на фирма

Дискусија во 'На работното место' започната од martina.kostoff, 29 мај 2014.

  1. martina.kostoff

    martina.kostoff Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво, да ве прашам, одам утре на втор роденден на фирма на партнер на мажот ми, па дали се носи нешто?? Прославата е во ресторан.

    Фалаааа :D
     
  2. Theodora2014

    Theodora2014 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    23
    Секако дека се носи. Кој сака да слави, а гостите да му дојдат со празни раце ??? Бомбоњера или пијалок би било најприкладно, со посвета, односно честитка во која се објаснува која фирма поклонува, т.е. честита. :)
     
  3. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    3.419
    Ја пребарав цела категорија и не најдов соодветна тема во која можам да пишам.
    Се се сведува на негативизам (љубомора меѓу колешки, неправди, мобинг на работно место)... кај мене ситуацијава е следна - поради унапредување заминувам од фирма во која бев како претпоставена.
    Сега ми требаат предлози што да им купам да им остане онака од мене, за сеќавање... Слики веднаш да кажам дека отпаѓаат, цела канцеларија ни е полна со заеднички од прослави и слични собиранки.
    Ви благодарам однапред :*