Родителите и децата - родител vs. набљудувач

Дискусија во 'Дете' започната од anina, 14 декември 2014.

  1. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.224
    Пол:
    Женски
    Еве една тема каде збор би имале и мајките и оние кои доаѓаат во било каков контакт со нив и нивните деца. Како го воспитувате своето дете? Како се однесувате на јавни места? Кои деца „пречат„? Кои деца ги сметате за добро воспитани? Што подразбирате под невоспитано дете? Кои мајки го злоупотребуваат родителството? Како би ги воспитале своите деца?
    Мислам дека одбрав добар наслов. Ако не ви се допаѓа, слободно сменете го.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sasha-Fierce

    Sasha-Fierce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Во сево ова те пронајдов тебе Анина, со сите твои глупи ставови околу децата!!!
     
    На BoneMachine, jovanovska94 и anina им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.841
    Допаѓања:
    56.598
    Пол:
    Женски
    Па мислам тоа е и поентата на темата, кажи кои и се тие глупи ставови на Анина и како твоите ставови се пообри од нејзините.
     
    На eloves, cresa-jagoda, danichap и 7 други им се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.511
    Јас пак сакам да кажам нешто за татковците. Ми се случило да татко со дете во количка во слаткара да ми се пушта. Прво почна со детето и лажичката и заврши со барање на тел бр и време за кафе-мафе. Ајван.
     
    На cresa-jagoda, bubamara12345, Daleron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.282
    Mene instituciite mi go odgledaa i vospitaa deteto. Koga ke dojdeme vo Mak. site me prasuvaat za recepta, receptata e vo ovdesniot sistem.Od cel svet, site deca umeat vo eden kolosek da gi stavat, Bravo.
    Jas sum rabotela o gradinka, sum imala kontakt so razni nacii, razen nacin na vospituvanje i mozam da ki kazam razlikite. Site imaat prednosti i nedostatoci.Maski kinezcinja mi ostavile vpecatok na dilajli, i toa najgolemi dilajli, bas zatoa sto verojatno gi tretiraat kako carevi doma, a devojcinjata vo sprotiva se slika i prilika, kade gi ostavis tamu gi naogas, se sto ke im dades zadaca da napravat, perfekno ja pravat, so celo vnimanie, posebno nekoja minimalisticka, precizna zadaca. Cudo e potoa kako zenata kinezkinja e dominantna vo domot, na rabota, a mazot poslusen, moze i najposlusen.
    Ruskite deca se posebno intelegentni, maski zenski isto. Maskite se svoeglavi, pokazuvaat muzensvenos od mali, vikaat, trcaat ako treba ke pokazat sila za igracka, dodeka devojcinjata sekogas se tretirani kako princezi, i se princezi.
    Ruska majka ostava dete vo gradinka i deteto place, se vrti i vika:"prestani, moram da odam", go podbutnuva so raka, zatvara vrata i odi. Vo sprotiva kanadskata majka, guska, miluva, kazuva tocno koga ke dojde, pa duri i crta saat na kartonce za da moze deteto da prepoznae koga na saatot vo gradinka ke se poklopat strelkite, stvarno ke dojde. Ako e taze deteto vo gradinka i slika od familijata mu ostava:"koga ke ti dojde tazno za mama i ostanati vidisi ja slikata". Onie od severot, Germanci, Poljaci, Cesi i sl., nema mnogu objasnuvanje, nitu pasuvanje. Tie deca se kako programirani, ni a ni b, ni guskanje ni drami, cao prietno, rabotata e zavrsena.So niv mozes da zboruvas kako so vozdrasen.Boze moj, pravat se kako vozrasni luge, samo vo malo izdanie.
    Deca od Caribi, niv sonceto gi udrilo vo glava i olala. Ako fatat kinez drugar, interesno stanuva.
    Fala bogu na kukniot red, za nekolku dena site se ok. Mirni, srekni i veseli.
     
    На Rose96, Espadrila, okcenzi и 14 други им се допаѓа ова.
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    24.078
    Јас овде сакам да го кажам само моето искуство околу она: “Кога ќе станеш мајка (родител) ќе видиш што значи таа улога“. Мислам дека темава е соодветна од аспект на набљудувач => родител.

    Многу сакам деца воопшто, отсекогаш сум сакала и свое да имам и фала му на Господ ја имам таа привилегија. Пред да станам мајка сум имала шанса да чувам повеќе деца: имам доста помал брат, братучеди, внуци од братучеди, па бев и бебиситерка. Бев сигурна во моето искуство со бебиња и деца. Признавам дека мојот став беше претежно критички за мајките околу мене за се некоја ситница: „јас со мое дете нема вака или ќе правам онака...„ (хранење, облекување, воведување ред, воспитување...)
    Тоа го мислев и „планирав“ се до денот додека не се породив. Кога се породив и кога ми го донесоа во соба сето досегашно искуство исчезна. Како никогаш да не сум фатила бебе во рака. Ми беше страв дури и да му сменам пелена. Одеднаш исчезнаа и сите „планови„, не се ни сеќавам што сум мислела за тоа како ќе го гледам кога ќе го имам.
    Едноставно не можев да сфатам дека сега тоа суштество буквално зависи од мене и ако заплаче нема кој да му го бере гајлето освен мајката т.е. јас.

    И да не тупам многу, моето дете е сеуште бебе, не е дека немам идеја како ќе го гледам во иднина, само сфатив дека не секогаш плановите стануваат реалност. Затоа се воздржувам да коментирам за останатите мајки околу мене оти и јас сум мајка и можам да се споредам.

    П.С: Ова е само искуство на една тазе мајка кое не мора да значи дека е правило.
     
    На Espadrila, green.eyes, bambusce и 4 други им се допаѓа ова.
  7. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.224
    Пол:
    Женски
    Како родител, се ставам, во групата на претерано строги. Имам две деца од кои едното е бебе и нема смисла да го споменувам. Син ми кој има, 5.5 години, сум го научила што е правилно а што не, ама мислам дека сум претерала. На моето дете му се скратени многу работи кои на другите деца им се дозволени.
    Станува од кревет и ги дипли своите пижами а најново го мести и креветот. Ја крева масата после јадење. Го треси чаршафот и го дипли па го става во фиока. Играчките смее да ги растура само во својата соба и тоа под услов истите да ги собере. Хиперактивен е физички и му купив мал душек за да прави егзибиции во својата соба, бидејќи претходно ги правеш на гарнитурата во дневната. Ме прашува дури и каде да седне, што страшно ме иритира. Некои работи не го терам јас да ги прави ама мислам дека, сум му дала некоја слика за светот, како место каде треба се да има ред, а тој не може да го разграничи тој ред.

    Кога одиме на гости, не смее да се помести од местото каде седнал, се додека децата кои се домаќини не го викнат. Не се тепа со деца. Од масата не смее да земе ништо без моја дозвола, затоа прво ми шепнува на уво дали смее да земе колаче. Го носам со мене секаде и речиси е наезабележлив. Поточно секаде го забележуваат бидејки е премногу мирен за разлика од други деца. Знае кога ми е тешко и доаѓа да ме гушне и не ретко ми вика „мамо се ќе помине„. Ако сум нервозна ме прашува дали ми треба нешто.

    Ова е реалната слика на моето дете кое изгледа вака или така сум му го скратила детството (барем јас така се чувствувам)

    Јас како родител сум крајно пристрасна. Не можам да речам не. Можам неконтролирано да реагирам во одредени ситуации кога ќе ме пецне нешто за децата. Очи вадам во секунда. Не сум била таква пред да ги родам, а и сега сум крајно смирена во сите ситуации освен во оние во кои се повредени моите деца. Не ретко ми се случува да дојдам во допир со луѓе кои едноставно нема да го забележат, на пример при отварање врата и сл, па знам за момент да почнам да урлам.

    Ми пречат родители кои не обрнуваат внимание на децата. Не ми сметаат децата на јавни места. Ама децата на нашите пријатели се крајно невоспитани а родителите крајно неодговорни. Ме гледа во очи и ми го крши стаклото на малечката маса а родителот мирува. Удира со пластично столче по телевизорот и ми доаѓа да му залепам шамар. Моето дете не смее така а не па туѓо. Е арно ама мајката седи смирено додека детето не ги изџвакало сите кикиритки за да не се удавело ако му се равика (facepalm) Прво не ни дозволувам да јаде кикиритки ако не е способно да џвака. Мразам кога дома јадат како на улица да се. После нив само кокошка фали за да ги исклувка сите трошки. А моето па, уште се навалува на чинијата да јаде. Е тогаш ми иде да му речам издроби ја кифлата цела на земја. Ми пречи кога некој ми ја уништува кожната гарнитура а едно 10 пати ми била шкртана со пенкало, и тоа од туѓи деца. Ме нервираат кога ми роварат по фиоките. По се изгледа дека ме нервираат многу работи.
    Додека работев во маркет, доаѓаше една мајка со двегодишно дете. Секој ден пазареше. Го одвикнуваше од пелени. Детето па како да добиваше инспирација и на секое влегување, се мочкаше. Се нервирав, не можам да речам не. Јасно ми е дека мора да пазари и дека нема каде да го остави. Јасно ми е дека го одвикнува од пелени ама и јас моето го одвикнував, па не се измочкало никаде. Нејмногу што ми бодеше очи е тоа дека воопшто не земаше да исчисти сама туку јас и колешките чистевме секој ден. Јас не би можела така. Доаѓаа деца кои намерно ги пикаа прстите во шеќерот за да истече.
    Заклучок, јас имам одредени работи кои ми пречеле пред да родам а ми сметаат и сега. Тие работи не му ги дозволувам на мојот син. Можеби сепак моето дете прави нешто што за други не е нормално, а јас го ставам во границите на нормалата на детското однесување
     
    На CameliaMiller, Miss.Sweet, okcenzi и 8 други им се допаѓа ова.
  8. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    4.450
    Пол:
    Женски
    @anina Внимателно го прочитав постот. За некои работи не се согласувам со тебе, но за други сме на слична бранова должина. Самата го даде примерот со невоспитаните деца. Тука вината ја гледам во родителот, кој на време не им кажал што е во ред, а што не. Токму за такви несовесни родители зборував и во другата тема и немаше потреба да дојде до навреди и огорченост. Во секое жито има и плевел, така било, така и ќе остане. Овде сме само да дискутираме за темите кои не' засегаат и да се обидеме, ако можеме да ги промениме нештата. Затоа што утре кога ќе станам родител, не би сакала да покажуваат со прст кон мене. Верувам дека и други ќе се согласат. Поздрав и имајте убав ден. :)
     
    На Mishela и anina им се допаѓа ова.
  9. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    73.687
    Пол:
    Женски
    ме насмеа со делот за кифлите...пред 3-4 години ми доагаат пријателки на гости сосе деца.керка ми 4-5 год.имаше, од мала е педантна и воспитана за тоа каде и како треба и смее да се јаде -што не е случај со сите мајки и деца.послужив лиснатици мегу другото и децата земаат да јадат.на едната другарка син и неколку месеци помал од керка ми оди и јаде низ дневна. јас:@,мајка му 8) и керка ми ми му вели- а бе се јади над маса, стави во чинија и земи си салфетка избриши се... и почна трошките да ги собира...
    од неа сум задоволна во полед на воспитание ,хигиена и однесување...со исклучоци кои ги оправдувам со жута минута и фактот дека е сеуште дете...ама ова малово какво што е сега ке ми ги расипе сите принципи и погледи на воспитание:D...строга сум и премногу што не мислам дека е секогаш позитивно
     
    На anina, TIGARCE86 и Glasna им се допаѓа ова.
  10. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    Мојот став околу темава е дека невоспитано дете е она дете кое, кога ќе отиде некаде прави ршму, се сака да фати, само вришти и незнае дали му се оди или му се седи, дете кое мораш се да го држиш за рака да не направи беља..... Изговор кој ме вади од такт па макар да е и од родена сестра е кога ќе каже, па што да му правам дете е.
    Е, тогаш стварно полудувам. Ако е дете и немаш што да му правиш чувај си го дома а не да го носиш кај лугето само да се нервираат со него.
    Што се однесува до децата во колички навистина немам ништо против, воопшто не ми пречат без разлика дали во автобус или во марќет и мислам дека е тоа неопходност. Неможе мајката да го носи во раце и да пазарума. Па дури и да створат некогаш гужва не ме нервира доколку детето не вришти како да го колат а мајката не реагира воопшто. Јас не ги наогам децата криви туку родителите кои ги попуштиле уште од мали и не се знае кој е родител а кој дете.
    Исто така ме нервираат мајки кои мислат дека се само они трудни или само они родили или е тоа нешто многу ретко па се издигнуваат себеси на ниво на божество дека се треа да се врти околу нив. Според мене во одредени ситуации треба да имаат привилегија но доколку детето е здраво и си седи во количка не гледам причина зошто би и отстапила ред на каса или било каде. Со тоа што ќе постои и детето го учи на ред дека неможе да добие се одма и сега и дека за одредени работи треба да почека. Една од нај големите грешки на родителите е тоа што настојуваат да им дадат се во секунда што и да посакаат само да не плачат, како да ако ќе заплачат ќе им се случи којзнае што.
    Една моја роднина пред одредено време ми вика, дај му го мобилниот на малиот да се поигра па ќе ти го врати, затоа што почна да плаче сакал да го земе. И викам Што? Што не му купиш мобилен ако сакаш да се игра или дај му го твојот јас не давав џабе 300 евра за него.
     
    На SV1911, cresa-jagoda, anina и 4 други им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    4.628
    Допаѓања:
    35.357
    анина се слагам со твојот пост да не се повторувам моите се поголеми 12 и 8 години сето тоа што го наброја го правати они плус ми помагаат во генералка едно фрла кеси ѓубре ,друго менува нови кеси,едно мети со правосмукалка друго полни вода да поминам со џогер и така му задавам обавези ем да се учат ем да имаат занимација оти во спротивно ке се закачаат само
    Знаат да постават маса да кренат да изтресат чаршав,знаат да ми помагаат кога правам ручек сечкат мешаат се чепкат ,знаат да разредат садови ,да средат чевли ,да изпазаруват од маркет големото го пречекува помалото од школо го носи на курс ,и мислам дека сето тоа ке им биде само од полза во животот Сакам да ги направам способни од мали нозе не сакамда бидат неспособни возрасни особи да не знаат парче леб да си извадат ако бирам јас би одбрала да се измачат па да добијат јас наготово не би дала
    Страшно се нервирам од мајки кои мува не ги лазе си пијат кафенцето а детето нивно ми ја упропасутува куката Само што изреновиравме и доага другарка да види како ни е деее ај на кафе нели со две машки деца едното со табуретката ми го изгреба штотуку лакираниот паркет,другото со рака цела растопено чололадо запали сијалица у детската соба резултат лилаков зид со чоколадна рака Имало премногу ситуации кај што она пие кафе ја едвај чекам да си оде искрено и ставив крај на ние дрштвувања си живееме пак али поседенки не ако сакат у град на кафе
    И ке речам не е до децата до мајките е
    Спрема моите сум доста строга и корекна знам да ставам казни и ич не ми е грев дали некое ке оди без пари на школо и ке остане гладно цела ден ако си ја заслужило казната На баби и дедовци не им дозволувам мешање во воспитувањето си имале они прилика да воспитуваат коа им било време
     
    На SV1911, cresa-jagoda и anina им се допаѓа ова.
  12. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    105.037
    Пол:
    Женски
    Aferim majkicki stom ste uspeale da im steknete navika da vi pomagaat.

    @toogood moram za iskrenosta da te pofalam.Obicno nasekade a i niz temava ke citame deka se sto e pozotivno kaj nivnite deca si go prepisuvaat samo za svoja zasluuga.A se sto ne im cini ili sistemot ke im e kriv ili gledal od drugarcinjata.Si ja sakam drzavava i narodot no ova e itekako poznata makedonsko tipicna karakteristika.
     
    На tessie и toogood им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.646
    Допаѓања:
    108.604
    Како го воспитувате своето дете?
    - Немам дете ама имам 9 год. брат. Нормално сите имаме ефект врз него и неговото воспитување и јас малце се држам кон „книгата“ додека мама си знај на некој нејзин начин. Преферирам се да му објаснам со добро. Да го гушнам, да седнам со него на кревет и да збораме зошто дошло до некој проблем. МНОГУ е тврдоглав и јас МНОГУ лесно губам нерви ама сериозно се обидувам ... Кога разговараме колку - толку се свестува за тоа што прави и за тоа што е исправно ама не секогаш функционира.
    Како се однесувате на јавни места?
    - Сакам многу да шетам со него, да го носам на места, да му угодувам и се тоа, ама кога сме некаде излезени е неподносив ... не за тоа што нешто сака, туку пример ете бевме во зоолошка и нема продавница во близина и неможам да најдам сок и тој буквално се тегни и плачи зошто нема сок ... не ги ни разгледавме сите животни зошто излеговме од зоолошка за да земиме сок. Требаше да имам спремено од дома, ама зошто испадна на брзинка немав ама ете ... друг пат се тегни по улици или трча и се тоа ... Ама и тогаш гледам колку толку да му удоволам зошто моите не го шетаат често, немаат време па на мене е и тоа малце шетање што го прави со мене сакам онака угодено да му е ..
    Кои деца „пречат„?
    - Баш и не го сфаќам ова прашање ... детето да, можи да пречи на пример кога учам ама сепак дете е, не е стрпливо, што е нормално, неможам од сега да го учам да сфати дека се во свое време зошто е дете, и морам да го трпам ...
    Кои деца ги сметате за добро воспитани?
    - Оние кои знаат и да се срамат, и да се насмевнат и да бидат добри и понекогаш лоши, и да растурат играчки некаде, и да не кршат кога се на друго место, редовно пишуваат домашно и веќе сфаќаат што обврски имаат.
    Што подразбирате под невоспитано дете?
    - Хм .. пцуе, мислам тоа иди со тек на години колку и да е воспитано ќе запцуе некогаш ама да не му стани навика, и да се степа некогаш ама да не е тоа кое се гиба, ако не пишува домашно и не ги сфаќа своите одговорности, постојано гледа да наштети. Зошто сепак овие се карактеристики кои треба да му се дадат од мало, зошто ако од мало е „невоспитано“, да, можи да се смени ама најверојатно не.
     
  14. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    здраво мајки,
    јас имам 17 месечна ќеркичка,
    откога бев бремена се трудев да си се обучувам во врска со одгледувањето и воспитувањето на децата и бев сигурна дека нема да имам проблеми,
    ама
    не било така лесно. Мојата ќерка како бебенце беше многу мирна, мила, ја носев со себе секаде, уживав со неа, се додека не почна да оди кога наполни година. Лека полека почна да стане многу немирна и непослушна а јас се наоѓав премногу немоќна во неколку ситуации. Знам дека е уште многу мала за да донесам некој заклучок, ама јас во некои моменти знам дека нешто не треба да и дозволам, ама сепак и дозволувам за да биде среќна, многу ми е мило кога е задоволна, кога ми се смее, кога ме гали ме сака и кога е решителна и се бори да го добие тоа што го сака.
    Јас имам прилично тешко и строго воспитување од страна на мајка ми, она бараше совршенство од мене, не дозволуваше грешки, и ако некогаш нешто такво се случуваше ме казнуваше недолично за еден родител. Дури ми недостига нејзината лјубов. И мислам дека сум под влијание на тоа да не бидам како мајка ми, да и пружам многу лјубов, да мижам пред некои „неважни„ грешки, да и овозможам некако „послободен“ едукативен систем... Но знам дека се што е претерано не е во ред, ни престрого ни преопуштено, но дефинитивно, толку се плашам да не бидам престрога со ќерка ми што попрво би одбрала да грешам трудејќи да сум либерална него спротивното. Погрешното воспитување на мајка ми мене многу ми кошташе во животот. Дефинитивно од лично искуство никако не подржувам строги родители.
    Изгледа ќе треба уште многу да научам, да се обучам, но понекогаш не можам против себе, зависи и од карактерот на детето, како ги прифаќа и како ги доживува работите, казните и наградите.
     
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.319
    Δ

    Vidi vaka zlatna. Jas pominav terapija kaj psiholog za anger management, poradi sindromot neabortiranoto a trebashe da go abortirame dete. Tvoeto vospituvanje shto si go dobila od tvoite roditeli ke si go stavish na strana, ili ako imash problem da se soochish so chuvstvata koi gi imash e da si barash svoe chare za tie chuvstva. Ochigledno e deka znaesh svesno kade popushtash vo vospituvanjeto, i toa e dobar start. No ne e reshenie kompenzacijata koja ja pravish koga popushtash i koga znaesh deka ne treba, samo zatoa shto nekoja bolka od tvoeto detstvo te tera taka. Ti si vozrasna, i nikogash nema da go dozhiveesh toa shto si go propushtila kako dete. Vo nikoj sluchaj. Nema zamena tie chuvstva koi si gi sakala, gi sakash, i cel zhivot ke ti se vrtat, i ke sakash da im barash nachin da gi dozhiveesh, nema da gi dozhiveesh. Ok. Pominalo. Si porasnala kako si porasnala. Sega na tebe e red. Vo tvoja mozhna sposobnost da gradish lichnost od dete, da pokazhesh deka e sakano toa dete, no i da go nauchish dobro/losho. Ne go zhivej tvoeto detstvo preku tvoeto dete.
     
    На Trnche, MacenceEna, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  16. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.224
    Пол:
    Женски
    @Linda.A твоите родители не се причина за твојата пропустливост, како родител. Се зависи до личноста. И јас израснав во строго семејство. Татко ми, би го ставила до Хитлер. Ама мајка ми беше тука да балансира. Поточно, татко ми беше строг и офоцијален кон сите, освен кон мајка ми. Таа ни дозволуваше се што немаше тој. Таа ја сечеше лентата, со својата одлука кој е во право, дали јас и сестра ми или татко ми.

    Никогаш не го обвинив својот татко за строгоста. Не беше човек кој можеш да го обвиниш. Ме седнуваше пред себе и 100 пати ќе прашаше дали е јасно. И да не беше, се ќе ми се разјаснеше. :D И зошто ми е забрането да излезам, зошто нема џепарлак...
    Јас воопшто не сметам дека моите родители згрешиле или јас сум патела. Во моментот, да, ама сега ако погледнам, се смеам на сето тоа. Кога пијам кафе со тато, му викам - „А бе диктатор невиден беше, внуциве малку те опуштија инаку... Туку сега да палам цигара пред тебе или планираш да ја згасниш од мене„. Тој сега се смее на своја сметка ама сигурно тогаш, само, се трудел да си ги истера децата на прав пат.
     
  17. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    11.955
    Пол:
    Женски
    Растев со многу патријахален татко и патев многу,немав ќеркинска љубов кон него,всушност цело време кажував дека го мразам.Овој збор не би можела да го поднесам од моите деца.Ги растев и ги воспитувам во духот на малку строго,повеќе пријателски ама последен збор е мојот .Имаме дебати и дискусии и во глобала се трудам сето она што било лошо кај татко ми јас да не го применувам.Ретко давам строги забрани,најчесто гледам да се постигни целта без да осетат многу диктаторство над главата.Имало и казни кај растењето ,со големиот дури и ќотек(повеќе поучен водејќи се од онаа народната:Ќотекот е од рајот излезен) а со малиот син тоа не беше случај-мирно си беше детето и политичар:)Растеа не разгалени и без екцеси кога сме оделе на гости,по одмори значи сосема солидни деца и ден денес се осетливи на луѓе,внимателни,услужливи и воспитани(така ги опишуваат другите луѓе ама дома посебно големиот не е цвеќе за мирисање сега кога го дрма пубертетот).Со мм во времето на нивното растење имавме потполна слога и хармонија и единство во одлуките(што за жал не е случај сега;()но,печатот на солидни деца е удрен:)И за крај да не го должам постот љубовта со татко ми оживеа кога се омажив и го родив првиот син.Човекот видливо се опушти и почна нормално да дише-ете се мажи ќерката без екцеси(а бев паметно,послушно дете)немало потреба од толкав страв во него но,тоа си е негов пропуст на негова штета само имам лошо чувство дека мм истото ќе го доживее од синовите.
     
    На Bridget и galapce им се допаѓа ова.
  18. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
    На joy1 и Winter Lady им се допаѓа ова.
  19. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е соодветна темата ама не можев да ја барам соодветната за ова што го слушнав денес од една блиска која учествувала во неа за толку големо невнимание од страна на родителите.Толку многу ме потресе случката што се десила денес негде на улиците кај соборна црква. Еден татко со 3-4 годишно детенце и со бебенце од прилика 1 година кој поминувал на главна улица и тоа не на пешачки , притоа бебето во количката држело балонче во рака кое го испуштило; кој незнам со кој мозок таткото го оставил бебето во количка на сред улица и тргнал по балончето додека другото ја поминало улицата и таму на тротоар ги чекало. Толку замлатен тргнал по балончето кое го дувало ветер , но од кај црквата толку брзо била улетена кола кон количката, што за среќа женичката која ми го кажа ова ја здогледала количката а притоа и колата која толку брзо возела и почнала со ташната да му мавта на возачот да застане приближувајќи се кон количката за среќа возачот ја видел и нагло застанал до самата количка која притоа кажал дека воопшто не ја приметил и да не му мавтала жената немал да застане. После тоа родителот бил како изгубен кој веројатно и пред тоа бил кој чим за балон го оставил детето на улица што може да се очекува добил толку многу пцуење од возачот како и од жената но тој останал занемен и несвесен што се случува. Значи толку не одговорни родители има да можат да сторат такво нешто жалосно и за двете деца :punch::(|(
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.