Што да правам ? Мајка ми не ми дозволува да одам гимназија што сакам...сака да ме запише општа но јас не сакам... сакам јазична ....може ли некој да ми каже во кој град ја има освен во Скопје ? и како да ја убедам да попушти...многу сакам да учам такво нешто ми одат јазици...но неможам да ја убедам..
Што да правам ? Срцка вака ке и кажеш дека е обва твој живот а не нејзин и дека сакаш да се запишеш на тоа што со љубов ке го учиш а не по наредба на некој плачи коли веруј дека ке се исплати и јас бев во истиот случај ме терааа гимназија а јас сакав економска и на крај испадна мо пое позз
Што да правам ? Ако немаш желба за тоа што ќе се нафатиш да го учиш само ќе се измачуваш и не верувам дека многу ќе постигнеш. ...сепак тоа е твој избор не на родителите. Само биди цврста и убедлива во тоа штто го сакаш и ќе омекнат твоите
Што да правам ? Има јазична и во Битола во гимназијата Јосип Броз Тито зависи од кој град си, тоа е твој избор не можи никој да ти забрани, па ни родителите
Што да правам ? jas mislam deka treba da razgovaras so majka ti,i da i objasnis deka se raboti za tvoja zelba itvoja idnina,a sto se slucuva so tatkoti,dali barem od nego dobivas podrska...pozzz
Што да правам ? Сите ќе ти го кажеме истото,да разговараш со мајка ти.И мој совет ти е да го учиш тоа што го сакаш,биди упорна,сигурно ке те разбере мајка ти.Секој родител му мисли добро на своето дете и сака тоа да биде среќно!
Абеее ајдее не дозволуваај да управуваат со твојотт живот Ќе си се запишееш таму кај што ти сакаш а не твоите.Твој живот господе боже. Какви родители е не постојат. Разговарај и кажи дека сакаш јазици да продолжиш. Ако не сака да разбере и си тера по нејзино, на крај краева на запишување не бараат родители. Јас сама си се запишаав и на подносител на документи- сама се потпишав. Не бараат родители ниту пак нивен потпис.
Не е убаво ако се трудат да ти наметнат твое мислење,сепак,ти ќе се занимаваш со тоа цел живот,а не тие. Чудно ми е тоа што не сака да те пушти мајка ти да го учиш она што го сакаш. Разговарај со неа и прашај ја зошто не те пушта да учиш јазици,зошто сака да те запише во општа гимназија. Никој нема право да ти наметнува мислење и ти сама треба да избереш што ќе учиш,ти си ученик,не родителите.
Колку што сфатив, не се работи за тоа дека не ти дозволуваат да избереш сама насока, туку проблем е тоа што во твојот град нема јазична гимназија. Ако твоите планирале да учиш средно каде што живееш, а јазична гиманзија нема во твојот град, тогаш треба и ти да ги сфатиш. Не е лесна одлука да пратиш дете на таа возраст во друг град, и голем трошок е. Особено што јазичните гинмазии па и не нудат нешто многу поразлично од општата. И во општа колку што знам имаш два јазика, што не се малку. Ако сакаш трет јазик, запиши се на курс, секаде ги има. Де е нешто специфично стручно, како медицина на пример, би разбрала, ама за јазична гимназија ни јас не знам дали би пуштила дете во друг град, ниту пак јас лично би се преселила во друг град.
Во потполност се согласувам со тебе. Сигурна сум дека родителите би сакале ти да учиш тоа што сакаш но штом кај вас во градот нема треба да се биде реален и да се попушти малце. За на факултет сигурно ќе можеш да избереш што сакаш. А немој да мислиш дека е лесно да живееш во интернат далеку од родителите.
^И мене не ме пуштија да учам во друг град . Не се бунтував многу .. Мајка ми рече - Тинејџер не пуштам сама во друг град да живее Размислувајки вака веројатно и јас ќе ја донесам истата одлука ако се работи за мое дете .. На 15 години сеуште не си зрел да живееш сам ..
Да се надополнам со феминките погоре, не фрлај пари за џабе за средно школо да седиш настрана, чувај ги за на факултет. Напанак тоа, до четврта средно, стопати ќе се предомислиш околу тоа што сакаш да студираш. Најдобро ти е општа гимназија, единствената разлика со јазичната е што во јазичната ги учиш предметите на јазикот кој го одбираш. Да бидам искрена, колку и да сакаш јазици, секако ќе ти биде потешко да се вклопиш со сите тие предмети и ќе ти биде тешко да стасуваш со учење по сите предмети, уште да ти бидат на друг јазик. Сите се запишаа на факултет, и тие најслабите, никој не остана така, не му ја мисли многу околу средново. Оди запиши си се во средно нормално, уживај си, дружби, испаѓања, ќе си ја тупиш главата повеќе за на факултет.
Си гледам по братучедките мои... не е работата што ќе се учи, работата е да се биде настрана од дома... Братучедка ми е 7 одделение, и доаѓа и ми вика дека не знае што да учи средно. Па немаш мака, и викам, учи гимназија, до факултет имаш време, ќе смениш мислење 5 пати... Не, не сакам тука да бидам, сакам подалеку од дома. Дома си е најубаво, тато носи - мама меси, ти нервоза никаква. Кога отидеш на страна веќе е подруго... ќе ти се промени и исхрана и навики и се... А и ја разбирам грижата на мајка ти, така недоразвиена, со уште неоформен карактер, лесно е да се замешаш и во лошо друштво и се...
Ariel sfativ shto sakas da mi kazes ama jas ne sum za opshta bidejki ne mi odat prirodnite predmeti i ke nemam dobar prosek .... fala mn ama nz dali ke mozam ....sepak tesko mi e значи ако не разбравте да ви кажам по јасно.. да нема јазична гимназија овде...не ми е проблем мене градот кај и да е сакам да го учам тоа..неможам да се помирам со тоа дека можеби ке учам општа бидејки јас се губам со овие предмети во основно. но не ме сфатил никој до сега...само еден човек може да ми помогне самата да се запишам без родител а можеби и така ќе биде...незнам веќе што да правам само уште 2 месеци имаме а јас неможам да ги убедам/... фала на разбирањето .