1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите како пример

Дискусија во 'Дете' започната од Magnolija, 4 октомври 2011.

  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Мајка и татко! Луѓе со кои можеби не се согласувате, но неизмерно ги сакате. Загрижени души кои цел живот ќе бидат со вас во добро и во зло. Колку и да бегаме од нив, секогаш им се враќаме. На топлото и меко тело на мајка и на милиот поглед на татко, кој упорно се труди да остане строг.

    Не само што ни дале живот, тие на некој начин и не научиле да живееме. Директно или индиректно.

    Што научивте вие од нив?
    Дали вашите родители ви служат за пример во животот?
    Дали се каете што некогаш не сте ги послушале?
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јас па прочитав родителите како премиер :D И се чудам што сега тоа има везе :^) :rofl:
    Јас моите едно време не ги слушав. Мислев дека поим си немаа од животот, дека јас знам најдобро, јас знам која ми е другарка, знам што да правам, абре се знаев. Арно ама, кога некои работи ми се плеснаа во фаца сфатив дека можеби и они знаат нешто. И понатаму се уверував дека секогаш се во право.

    Друго, имам кажано некаде по темите дека сум горда што имам таква храбра жена за мајка, што кога падна на неа да го издржува семејството не се предаде, се бореше со сите сили. Татко ми за нас се би направил. Можеби додека растев односот ни се поремети, јас се оддалечив, но знам дека е еден и единствен и дека секогаш ќе биде тука за мене. Ете можеби не се за премиери, ама за пример секако дека се :)
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Луѓето кои најмногу ми значат во животот и луѓе кои се навистина пример број 1 во мојот живот.
    Правеле грешки, не се совршени како ниеден човек на планетава, но се луѓе кои секогаш и секаде се тука за мене, сметам дека добро ме воспитале и тие ми се узор како треба да биде еден родител. Никогаш не сум се засрамила од нив, а дека сум се покаала во одредени ситуации што не сум ги слушала точно. Секој има пубертетски бубачки во главата кога тој е најпаметен во светот нали, но како раснам како созревам така се повеќе и повеќе ги ценам родителите. Никој не може да го замени нивното место во мојот свет. Не ми забранувале речиси ништо, но и никогаш не ми било дозволувано се, секогаш си имале граница а таа граница се повеќе ја разбирам. Правеле и грешки но и од нив посебно учам. Карактерно и многу личам на нив, дури на моменти кога треба да изреагирам во некоја ситуација си викам како би направиле тие за да не погрешам јас. Ја ценам кај нив посебно нивната добрина и оптимизам а не го сакам инатот на тато и избувливоста на мама. :wasntme:
    На крај излегува она дека сепак мама и тато имале право за многу работи.
    Ги сакам и посакувам еден ден да сум јас родител сличен на тие какви што беа кон мене.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Ги сакам многу.Кога бев мала ке ме прашаа кого повеќе сакам, мама или тато?! секогаш велев-и мама и тато.Навистина!Најдобри се.Ме воспитале.Ми дале се во животот.Можеби не многу луксузи,но..повеќе од доволно.Гледаат прво да има за мене и сестра ми,па после за нив.Мајка ми воедно ми е и најдобра другарка.Таа ми докажа дека не постојат вистински пријатели.Скоро се знае за мене.Можам отворено да разговарам со неа а воедно да знам дека тоа ке остане само меѓу мене и неа.Ја сакам со целото мое срце и со сите други органи.А пак татко ми е друга приказна.Човек што сака да се шегува и на својата и на туѓата сметка.Води грижа за сите во семејството.И со него можам да разговарам слободно,без да се плашам да го прашам нешто или да му се доверам.Имам другарки кои со нивните татковци едвај 2-3 збора изустат во текот на целиот ден.Мојот татко е душа човек.Се шалиме и смееме и навистина не е некој старомоден човек,туку е навистина одличен татко,другар.Единствено тој од машкиот род кој ке го сакам до крајот на мојот живот.Искрено и со целото мое срце.

    Иако некогаш ужасно ме нервираат... сепак тие ми се родители.Луѓето кои се борат и живеат за мојата среќа и моето добро.
    Ма ги сакам бреее.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Моите Родители не можат да ми служат како пример ...

    Повлекле потези кои јас никогаш не би ги повлекла . Направиле и многу грешки , незрелост , избрзаност или не знам што .
    Да постигнале во животот се трудат , творат ...
    Но сепак за да ги земам за пример НЕ . Ги сакам мили ми се многу нормално . Но ете фали нешто поинаков карактер сум со нив . За татко ми имам говорено не сум во најдобар однос . Како плус и минус сме а со текот на годините таа спротивност само расте и станува се поочигледна и понепремостлива . Мене толеранцијата за него се повеќе ми ја снемува а и кредитите .
    Мајка ми е добра личност со неа сум послична имам многу карактерни особини наследено од неа . Но за некои работи нит можам да ја сфатам нит да ја оправдам . Некои нивни криви одлуки и денес се рефлектираат на мене . Тука имам проблем биле несакајќи ти се РОДИТЕЛИ како и сите но јас ја барам правдата а тие одат по тој мајчински инстинкт , па да им се качи и на глава ќе издржат . Епа јас нема ни морам ни сакам .
    Ги земам позитивните работи од нив .
    Совети ?

    Одлуките ги носам сама и тоа СЕКОГАШ . И да се изгорам нема кого да кривам .
    А да бидам искрена не сум побарала некој посебен совет . Средно , Факултет се е тоа моја желба моја одлука ...

    Подобро ми е вака најискрено .
    Подобро ДОБАР КОРИСЕН СОВЕТ одколку некој да ми ја полни главата и да ми соли памет . Не сакам да ми се мешаат безпотребно во животот . Ќе влијаат толку колку што јас мислам дека е потребно .
     
    На Squirrel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Секако дека сум научила многу, но не се сложувам со се што ќе кажат и знам да бидам тврдоглава.Некогаш сум била во право, некогаш не.

    Сепак, битните работи ги споделувам со нив, слушам што имаат да кажат, но не значи дека ќе ги послушам.Но, секако дека ги земам нивните мислења во вид и ги ценам, зашто знам дека ќе ми кажат добронамерни совети како никој друг.

    Неизмерно сум им благодарна за се што ме научиле, но од друга страна сум лута што ми наметнале некои работи во воспитувањето поради кои денес потешко поминувам низ животот-простувај, биди фер, помагај,
    биди културна со секого...не дека сум секогаш цвеќе за мирисање, и јас си имам жолти минути, ама ако бидам некултурна или безобразна со денови мислам дека ме јаде нешто од внатре.И многу, ама многу сум лута што ме научиле да сум таква уште од мала.
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    иако не сум била мн.блиска ама научив многу посебно
    од таткоми -зборот закон е кај него од него научив да бидам воспитана да почитувам и да бидам дисциплинирана
    мајками-херој жена која напорно и чесно работи од неа го научив и наследив тоа кога ќе наумам нешто одам до крај...сепак имам родители од кој сум научила мн.работи но исто така ми недостигаја и мн.работи од духовна страна...
     
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    За моите родители, можам комотно да кажам, дека спаѓаат во демократски тип на родители кои заеднички ме подигнуваа, влијаеа врз мојот развој и подеднакво се чувствуваа одговорни, доколку наидуваа на потешкотии или до несакани последици во моето воспитување.
    Својот авторитет тие го темелеа врз меѓусебното спознавање, почитување и разбирање. Основно средство со кое влијаеа врз мене беше личниот пример. Природно се однесуваа кон мене, без да се притеснуваат да признаат дека нешто погрешиле или нешто незнаат.
    На тој начин јас научив да не се затворам во себе, отворено да зборувам за своите успеси и порази, да влезам во конфликт и да го бранам мојот став на кој цврсто стојам.
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Моите родители неверојатно ми лазат по тенките живци откако влегоа во вториот пубертет :D , но неизмерно ги сакам и ги почитувам.

    Тие се одраз на чесност, вредна работа, снаодливост и труд.
    Некои работи ми се за пример, но не се угледувам целосно на нив и не се каам што во одредени моменти не сум ги послушала и сум пресекла по мое.
    Мој живот, мое искуство, мои грешки.

    Дури сметам дека тие се виновниците за таквото воспитување во тој дух, ама веројатно сметале дека како дете единче не треба да сум цмиздре, плачка или неснаодлива, па на некој начин имав целосна слобода да се обликувам во човек каков што сметам дека треба да сум, со мали посочувања од нивна страна тук-таму.

    Си имаат маани како и сите луѓе и отворено си ги кажуваме.
    Не ти чини тоа, тоа и тоа, јасно и гласно, не заобиколуваат никогаш и заради тоа ги ценам.

    Нешто сум наследила од родителите, нормално, но во поголем дел од работите - немам исти ставови, замисли, очекувања, начин на дејствување како нивните.
    Од нив го земам за пример она за кое сметам дека е својствено за мене и мојот карактер, остатокот останува само да го почитувам, но не и слепо да го следам.

    Ме изневериле повеќе пати, но не гледам ништо трагично во тоа - и јас не сум дете светец, а кога има доволно љубов, може да се прости се'.

    Најмногу сум благодарна што никогаш, ништо не ми било сервирано, што ми вродиле фини навики и што израснале човек што секогаш може да се потпре на себеси.
     
    На rose60 и mysterious им се допаѓа ова.
  10. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Едниот да речеме е пример за тоа како треба, а другиот е пример за тоа како не треба да се однесувам.

    Откако знам за себе, секогаш тука била мајка ми. Да ми пружи неизмерна љубов, да ме прегрне кога гледа дека сум тажна, да ми даде совет, да ми го покаже вистинскиот пат. Секогаш ги кажува вистинските зборови во вистинско време.
    Ме воспитува, помага да распознаам добро од лошо. Става граница.
    Пример е за вистински цврста жена, која што го заслужува мојот восхит - во најмала рака. Пример е за човек кој што е лојален, чесен, решителен, спремен да помогне на секого.
    Ме научи и сеуште ме учи на некои работи. Работи кои што знам дека се` од исклучителна важност за мојот живот и мојата иднина.. кога таа веќе нема да биде тука.
    Пробува да го олесни мојот живот, а тродупло го комплицира со тоа сопствениот..
    Затоа ми е и пример за вистински пожртвуван човек, вистинска мајка.
    Ги сака луѓето. И животот, иако не ја милува баш многу...
    Пример е за човек, редок човек. И учам од неа многу, некогаш повеќе ја следам, некогаш забегувам.. Но, знам дека секогаш има право. Мајка е..

    И, од сиве овие работи, целосна спротивност е татко ми.
    Единствената работа која што ми текнува моментално (иако мислам може веќе едно пет минути), татко ми ми е пример само за љубовта кон животните. Пример за човек кој што обожава животни. Моја среќа е што го наследив тоа..
    Другото се` поврзано со него е ветер и магла. На никој за ништо друго не може да му биде пример.

    Некогаш ми е навистина криво затоа што целосната грижа за моето воспитание и е товар на мајка ми. Но барем знам дека ќе станам човек, со вистински добри навики, силен и свртен само кон сонцето, иако позади мене ветерот дува и ме бутка упорно на земјата.. Таа е тоа.
    Милион работи во едно. Совршена е во моите очи. И ќе биде..
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Ако бидам барем половина од она што се моите родители кога јас ќе основам семејство - ќе бидам пресреќна! Ми се чини дека мајка ми и татко ми се најпожртвуваните и најпосветените родители кои постојат. Најголема потпора и поддршка во животот ми се тие. Успеале во текот на воспитувањето на мене и сестра ми да ни пружат она што сме сакале и она што ни било потребно, без притоа да не разгалат.

    Отсекогаш не учеле на слога, и на тоа дека во рамките на семејството не постои „мое“ или „твое“, туку „наше“. Секогаш се труделе да не бидат старомодни, но притоа да не ни дозволуваат работи кои не се во склад со нашата возраст. Секогаш за се имаат решение и големо трпение со нас.
    Од нив научив многу, и секогаш ќе ми бидат пример во животот затоа што ни пружија прекрасно детство и не изградија во прави личности.
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Ако го земам примерот на мајка ми како сопруга, ништо не сум сторила...Не ја осудувам, ни ништо од тоа, живи луѓе сме грешки правиме. И таа направи грешки кои јас не би требало да ги повторувам.
    НО, секогаш, ама секогаш би го зела нејзиниот пример за добра мајка. Да, таа е добра мајка, таа едно дете од 4кг го претвори во примерна девојка, го воспита правилно, го насочи на прав пат и никогаш, колку тешко да и беше нејзе во животот, не дозволи ќерка и да страда и не дозволи да скршне од правиот пат.
    И иако знам да не ја послушам за некои работи, иако знам и да ја изнервирам често сепак таа е во право. И ако не гласно, ама барем во себе си го признавам тоа.
    И често се каам ако не ја послушам, ама понекогаш е предоцна.

    Татко ми, пак, би го зела како пример во многу повеќе полиња во животот отколку мајка ми.
    Ете, и тој можеби не беше совршен сопруг, ама ако не навлегувам во тоа, многу повеќе научив од него.
    Од него научив како треба да се бориш за своето и да не дозволиш некој да ти го одземе.
    Од него научив како треба да се трудиш да си го зачуваш семејството.
    Ама најважно од се, од него научив никогаш да не се понижувам! Пред никого, за никого и за ништо!
    Успешен во својата работа, полн со знаења, секогаш тука за своето дете. И не ми беше добар татко само мене, туку стана татко и на децата од неговиот брат. Им помагаше дури и премногу, ги советуваше и ги насочуваше. Секогаш се трудеше да им биде втор татко.
    И него се случува да не го послушам, да му речам не си во право, ама пак, ако тој со своето животно искуство не знае како треба тогаш како јас би знаела...

    Сепак, колку грешки и да сум направила, секогаш тие се тука ако можат да ги испават, ако не да ми укажат како треба или како не треба.
    Фала им за тоа што се!
     
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Голем пример :!:

    мајка ми ! се би дала во животот еден ден да ја наследам во сите нејзини особини,значи ме одгледала сама,на ден одела на повеќе работи за да ме изразне и школува,се додека не си ја најде вистинската работа,се жртвувала за мене,и никогаш не дозволила ништо да ми недостасува (зборувам и во сегашно време ) жена борец,и се восхитувам како успеала да издржи и покрај сите удари од животот,
    што би рекле * Вистинската жена е онаа која ќе успее да го замени таткото на своите деца*,да таа успеа :bow:

    е сега,зборот ТАТКо никогаш и не сум го имала во својот речник,не велам дека не ми недостасувал,и да огорчена и гневна сум кон тој човек,некој кој на напуштил сопругата и детето да отиде да си тера кеиф наоколу.. токлу околу тоа
     
    На rose60 и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  14. EffyPink

    EffyPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    Па не сакам и се надевам дека нема да го следам нивниот пример. Мајка ми е премногу попустлива, премногу слаб карактер има. Никогаш не сакам да станам таква. Сепак како родител завршила добра работа, се надевам ќе бидам блиска со моите деца колку што е она со мене. А за татко ми не знам што би кажала, не памтам во овие 18 години ниеднаш да сме правеле муабет ни како познајници а не па како татко и ќерка. Како и да е лош пример како човек и како родител.
     
  15. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Секој би требало барем еднаш да се запраша ова. :)

    Татко ми како еден издржлив човек, строг од надвор, а толку мек и чуствителен одвнатре, ме научи дека за се` во животот треба труд и работа. До ден денес ме потсетува со зборовите: Не е се` подмачкано во животот. Научи се на ред!
    На почетокот ќе го гледав вака |( и се прашував: Што сум му сега крива?!
    Ама како изминуваат годините, се` повеќе ја сваќам неговата поента. Благодарам тато. :bow:
    Со мајка ми сега ја развив повеќе комуникацијата и знам дека според нејзиниот пример ќе одам кога ќе ги воспитувам моите деца и кога ќе сакам да воведам ред во мојата куќа. Претрпела многу воспитувајќи ја мојата сестра, па затоа научив како јас би се справила со семејните драми, со проблематичен тинејџер... Благодарам мамо! :bow:

    А дали се каам кога некогаш не ги послушам? - Секогаш кога ќе го направам тоа. Едноставно ме гризе совест. Знам дека тие така не ме воспитале и веднаш барам начин како да надоместам.
    Се трудам да ги направам горди. Тие мене не ме разочарале, па нема ни јас нив.
     
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.111
    Да ми се живи и здрави уште 100 години!

    Од нив наследив добри гени, ме воспитаа да верувам во добро, да проценам лошо, да љубам секогаш, зошто тоа е движечката сила што ништо не може да ја уништи.

    Ми пружиле дом, разбирање, хармонија.
    Ништо не може да го замени тоа.

    Од нив научив дека можам сама да бидам свој човек, но да имам семеен вредоносен систем.
    Да бидам храбра, кога е најтешко, позитивна кога нештата тргнуваат наопаку.
    Да ја сакам музиката, пишаниот збор, Животот.

    Пример ми се за двојка, што функционира и по 30 години брак.
    Толеранцијата, погодените карактери, проаѓањето низ се’ и сешто во животот, ги направило силни и истрајни, и тоа е во она што јас верувам, таков Дом сакам и јас да изградам.

    Се каам секогаш кога ќе кажам некој грд збор, кога викам по нив. Нормално е да ме нервираат во дадени ситуации, и тие се луѓе со карактер, недостатоци.
    Среќна сум што ги имам.

    Фала им.
     
    На stylishh, ines.h, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ме научија дека не секогаш знам што е најдобро за мене.
    Како пример?
    Би ги земала, но целосно никако.
    Не сакам да бидам нивна копија, а и да сакам не можам. Јас сум различна, а исто и тие и на крај единствената слично ќе биде што и јас ќе им идам на нерви на моите деца.
    Дека можеш да успееш без врски, со учење, труд и никаква помош од мама и тато видов. Дека од беда се стига до цврст просек и тоа видов, ама драги родители, ова е друго време.
    Што не сум ги послушала и те како се каам, но од друга страна како би научила инаку? Да се осврнам на се што кажале и ги слушам за се што ми советувале ни малку не планирам. Еден ден нив ќе ги нема, и тогаш кога ќе немам свое мислење, и ќе се прашувам што би направиле мама и тато целосно ќе се изгубам.
    Во меѓувреме можам да им заблагодарам што сум им и ќерка, затоа што ми биле во одредени моменти role models, особено мама, меѓутоа јас сум јас и онака како што гледам јас на нивниот успех, сакам да гледаат моите деца на мојот, а не на мајка која се направила како што и било кажано.
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Среќна сум што ги имам и се гордеам со нив.
    Ме научиле на толку многу добри работи, ме воспитале.
    Тие се мојата поддршка.
    Секогаш се тука за мене.
    Ги земам за пример во повеќето ситуации во животот и сметам дека се достојни за тоа. Секако, не сум нивна копија, но се огледувам на некои работи... Постигнале доволно во животот, не велам дека се совршени но одлични родители се. Секогаш тука за разговор, совет и прегратка.
    Ги сакам и ги почитувам бескрајно. :l:
     
  19. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Многу сум приврзана со моите родители, и секако дека ми биле и ми се пример во мојот живот...
    За некои работи ме нервираат што е и нормално, имаме различни ставови, но никогаш немало непочитување дури и во тие моменти...

    Многу работи ми биле дозволени во мојот живот само заради таа меѓусебна почит и доверба...

    Не можам ни да замислам што повеќе би посакала од човек во таа улога...

    Само можам да се надевам дека би била како нив во мојата родителска иднина....
     
  20. J.Lo91

    J.Lo91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    14
    Само едно ќе кажам ! Добро е што не сум ни малку метната на моите ! никаков пример од нив !