1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите како пример

Дискусија во 'Дете' започната од Magnolija, 4 октомври 2011.

  1. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Не благодарам..!!! Ке ми бидат пример за тоа што ке се случи ако сум како нив.!
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Па да, секако дека ќе ми бидат пример. Пример за тоа каков родител не треба да бидам.
     
    На rose60, honest girl, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Многу учам од мајка ми.Секогаш ја слушам кога зборува со другите,како не сака да озборува не мисли зло на никого,секогаш помогнала кога можела.Мајка ми ми е пример каква жена треба да бидам и јас во иднина.
     
  4. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Од татко ми еднаш кажувам вторпат не повторувам . :talk: уста пења да ми фаќа ааа НЕ
    Од мајка ми к*р те боле за другите. ;)
     
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Хах! уште татко ми да го земам како пример за понатака во животот сум свршила работа.. ,,Светла'' иднина гледам пред мене ;)

    Мајка ми е жена за пример. Ја обожавам.

    исто имам сретнато родители кои не би послужиле за ама баш никаков пример за своите деца. Пропалици.
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Женски
    Сум видела и чула многу тажни приказни од мои блиски пријатели за тоа колку нивните родители не се грижат за нив, не им е гајле дали се облечени, најадени, како им поминал денот, дали нешто ги мачи, дали им требаат пари...Среќа е што моите родители отсекогаш си ги ценев, уште пред да видам каков е светот околу мене. Макар да многу ми влијаеше една реченица кажана од бивша другарка, во момент кога мајка ми ме праша како сум поминала во школо. Девојчето само ми рече " Биди среќна што се интересираат".
    Сум имала убаво детство, не сум добивала се што ќе посакам, иако можеле тогаш да ми овозможат и благодарна сум им за тоа. Можеби не се совршени ко луѓе, но ко родители, нема подобри од нив. Се надевам дека знаат колку ги сакам, зашто слабо изразувам чувства. Денес сум културна, чесна, воспитана личност благодарејќи на нив и посакувам Бог да им врати за се што сториле за мене. Посакувам и кога ќе остарат да можам да им овозможам убав живот како тие мене досега. И забележав дека можеби други работи не ми одеа во животот, но ги имав нив како најголема поддршка и тоа ми е доволно. Се понатаму може да се постигне, но семејството не се бира. Мамо и тато, нека даде Господ да бидам добар родител како вас. Ве сакам!
     
    На rose60 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Пааа...штознам. Некаде се покажале, некаде потфрлиле, за нешто сум им многу благодарна, за друго сум префрлала вина порано, сега веќе не...Колку можеле-направиле...
    Дека ќе ги имам за репер како родители на годината-не, ниту пак можам да кажам дека биле нешто посебно лоши...Можам само да ги почитувам и со сигурност да кажам дека ме сакаат и ме сакале, без разлика што не биле секогаш перфектни родители...
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не би ги зела како пример туку гледам да бидам подобра од нив.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.073
    Кога бев пубертетлија ич не се сакавме....они инат јас инат :lol: После некое време почнаа работите пак да се враќаат во нормала.Во принцип сите дома сме малку тешки карактери и некогаш тешко излегуваме на крај,но покрај се пак ги сакам.Пример дали ми се? Па зависи....од нив сум ги научила сите морални вредности,затоа навистина ги почитувам иако мислам дека во денешно време не треба толку слепо да се фаќаме за се.За некои работи не ми се добар пример,ама еве како памет од нив се обидувам јас да ги оправам.
    Како и во повеќето семејства имаме недоразбирања,си газиме по нерви од време на време,ама тоа е тоа.Ќе ги почитувам секогаш затоа што ме воспитале да бидам човек,затоа што ми пружиле максимум од она што можеле,премногу жртви направиле за да бидам среќна,а најмногу се радувам што ме терале да бидам самостојна и сама да си ги завршувам обврските....еее порано колку се нервирав за ова,плачки и расправања...сега сфаќам дека вредело.Тешко е да бидеш родител,особено во времињава будали што доаѓаат,за некои работи ми се добар,за некои работи лош приер...правеле грешки,сигурно ќе правам и јас кога ќе ми дојде времето.
     
  10. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Ќе бидам пресреќна ако во животов постигнам барем дел од тоа што постигнаа моите родители.
    Ме научија дека само со работа и посветеност се постигнуваат резултати. Ме научија на чесност, иако денес е реткост и не секој ја заслужува, мене совеста ќе ми е чиста и ќе можам навечер мирно да спијам. Секогаш ни посветувале внимание, не поддржувале во се, и мене и сестра ми.
    Не сум била задоволна од нив во секоја ситација, можеби заради разликата во години, но кога ќе погледнам назад знам дека се што направиле направиле за мое добро.

    Можеби не баш иста , но во најголем дел сакам да сум како нив, да бидам исто толку посветена на семејството и работата, да бидам успешна и среќна колку нив :)
     
  11. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Ги сакам?Да..Пример?НЕ!
    Татко ми е починат, секако тој ке биде засекогаш жив во моето срце.За жал не го запознав доволно за да можам да кажам дали би го земала за пример или не.

    Мајка ми е личноста која ја сакам најмногу, ја почитувам.Но за пример не би ја земала.Има толку многу грешки направено, сите сме грешници но сепак после 3пат повторување на грешката, свакаме дека сме згрешиле и се поправаме.Она не толку е наивна, секогаш ке ти дава нова и нова шанса за на крај пак ја разочараш.Незнам како да и кажам со кој зборови, не го заслужува тоа.Ама сама си е крива.Коа не се разбира нема што да и правам.
     
  12. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    - Што научивте вие од нив?
    - Па научив многу нешта, секако.
    Ме научија на многу работи кои верувам и знам дека ќе ми бидат потребни во животот.
    Среќна сум што ги имам двајцата и што се со мене :)
    - Дали вашите родители ви служат за пример во животот?
    - За пример, па..можеби :)
    Има работи кои се за пример, но има работи кои не се.
    - Дали се каете што некогаш не сте ги послушале?
    - Па да, се имам покаено, но сепак, така требало да биде, што да се прави, времето неможе да се врати.
    Иако не сум направила некоја којзнае каква грешка. Повеќето пати ги слушам затоа што мислам дека низ се што поминувам и се што правам го имаат и тие поминато и знаат како треба. :*
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    -Научив многу работи, работи кои треба да се применат, но и многу рабои за кои они мислат дека не влијаат на децата,всушност мене ми дадоа знак што не треба утре да им правам на моите деца.
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Од моите родители сум зела пример каква јас НЕ треба да бидам. Прво, тие двајцата си се непријатели еден на друг. Постојано викаат, се расправаат, користат секакви грди изрази. Потоа, мајка ми отсекогаш мене и на сестра ми ни забрануваше многу нешта, ги навредуваше нашите другарки, не требало да се дружиме со нив, наместо да не бодри и поддржува таа само мислеше дека се на лошо ќе оди. Разбирање немаше воопшто, не смееше ништо да и се каже, затоа и со се во животов сами се боревме и се бориме сеуште. Знаеше и да чепка по наши дневници и приватни ствари.
    Татко ми може е малку поразумен но и тој е некој чуден човек. Постојано се жали за се и сешто. Порано многу пиеше. Цело време е нервозен. Моите деца дефинитивно нема да поминат низ она што поминав јас. Сепак, покрај овие негативности, да наведам и нешто позитивно. Барем си ја извршуваат својата должност, знам дека сепак сакаат да ме заштитат и се грижат за мене, на некојси нивни начин. Крателе од нивни потреби за да задоволат мои и тоа го ценам, меѓутоа зборот родител е нешто со многу повеќе и поголемо значење.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Од старт предвидени ни се родителите да ни бидат пример во животот без разлика дали сакаме или не а во текот на адолесенцијата примаме највеќе влијанија за градење на личноста, конструктивна или деструктивна зависи од родителите и од самата индивидуа.
     
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.690
    Допаѓања:
    322.267
    Многу ги почитувам.
    Кога бев тинејџерка им пркосев,и сега се каам за тоа.

    Пример ми се:
    -Како треба да изгледа еден брак (искрено кога се разведов ја имав онаа доза на позитивно завидување према нив)
    -Како се одгледуваат деца, како се школуваат, како се дели од уста за да децата се испарват на пат.
    -Како се штеди за да се опстане, а подоцна и како се штеди за да се има на страна денар
    -Нивната простодушност и чесност е з возвишување
    -Никаде должни, со никого скарани...

    Да не набројувам веќе.
    Јас не успеав да бидам како нив...можеби и времињата се сменија.
     
    На rose60, Annath, MilaP и 4 други им се допаѓа ова.
  17. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Моите родители можеби немаат идеален брак, ама СЕ идеални родители.
    И јас и сестра ми имаме безрезервна поддршка и безусловна љубов од нив.
    Нормално знаат нервите да ти ги качат сто на саат :lol:, ама не би ги менувала за ништо на светот.
    Сега кога се далеку уште повеќе ми фалат (и сестра ми нормално :l:)
    Ве сакам и фала Ви :l::l::l:.
     
    На rose60, MilaP и referentka им се допаѓа ова.
  18. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    29.842
    Пол:
    Женски
    Во целост се согласувам со ова,κога ќе ни дојде над глава го сфаќаме ние значењето.
    На жалост,се плашам деκа ние многу тешκо ќе остваρиме се ова набρојано за нашите деца,посебно издвојувањето на стρана паρи и штедењето.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.690
    Допаѓања:
    322.267
    Одамна се откажав од такво штедење.
    Нели стан треба да се купи, нели мебел да се опреми станот, нели деца да се школуваат....се е скапо..
    Еден одмор ќе си овозможиме и по некое зимување и толку.
    Ами каде се свадби за деца, каде е финасиска поддршка додека се осамосталат ??
    Мене и тука ме поткрепија...додуши не во целост, ама сепак фрлија некоја пара.
     
    На rose60, ph.orhideja, LaDyDoLl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    29.842
    Пол:
    Женски
    Моите ρодители да,посебно татκо ми(од стρана на виспитување) и мајκа ми(од стρаната на штедењето),сеκогаш ќе ми бидат пρимеρ κаκо тρеба да се живее,да се доведат децата по вистинсκи пат(што е сега многу тешκо) и да се воспостави хаρмонија во бρаκ и поκρај "нагρизувањата на цρвите" од стρана κои ги имаат и ден денес.
    Но,ρодителите на мм,ниκогаш нема да ми бидат пρимеρ κаκо се живее. Да имам две деца,да заминам κај девојчето(во стρанство) на 50год да оставам добρи ρаб.места туκа(κои ние денес не можеме да ги сонуваме,а κамо ли да ги имаме) да почнам нов живот,со κуќи,ρабота,κоли и сл,се затоа што ќеρκата била сама таму,а пρитоа синот туκа да го оставам на милост и немилост κаκо посвоен,на 30год да мисли за две κуќи,сметκи,земја,фамилија и без ниκаκва нивна финансисκа поддρшκа Е ФАЛА МНОГУ,ама таκов пρимеρ не е за споменување а неда го следам.
     
    На rose60 и MilaP им се допаѓа ова.