Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите ми забрануваат да бидам со него

Дискусија во 'Канта' започната од viki555, 16 август 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Прво морам да напоменам дека темава е дупла. Има слична ваква и нема потреба од новава. Може да се спојат. vrski/kako-ke-reagirate-ako-ne-ja-prifakaat-vasata-vrska-t1114/
    Сметам дека ова е доказ за она дека родителите треба да им дадат одредена слобода на децата, посебно во пубертет, а не да ги држат толку строго зашто со тоа се добива спротивен ефект како со девојчево. Кривицата повеќе ја гледам во нив. Не разговарале со неа, и' давале само забрани, не се обиделе да ја сфатат, предизвикувале само револт кај неа, сигурно и ретко излегувала од дома со другарки по дискотеки, кафичи или пак ако излегла тоа било строго контролирано до степен да не може воздух да земе и на крај од сето тоа еве го резултатот. Не е само таа крива. Не научила да проценува ситуации, односно не и' дозволиле, не научила да ги проценува луѓето, била третирана постојано како во стаклено розево ѕвоно, не дозволиле да порасне, па затоа првата личност која малку од малку почнала да ја слуша, да и' посветува внимание, да ја разбира итн за неа е бог. И не може да сфати дека и покрај тоа таа треба да ги сфаќа работите со резерва и дека сето тоа внимание е можеби со скриена намера. Слепа е за се' останато и сите кои ќе ја предупредат за врскава и ќе бидат со доза на резерва таа ќе ги гледа како непријатели.

    Проблемот е што таа го прескокнала времето кога требало да се изгори на безболен начин со дечко и другарки. Она кога ќе се разочараме од дечко зашто му се засвиѓала друга па не' откачил е всушност една од отскочните даски за возрасниот свет. Тие ситници не' учат да ги проценуваме луѓето, да градиме во мозокот еден профил на луѓе кои сметаме дека треба да бидат до нас. Е девојчево тоа го има прескокнато. А секој мора да научи, секој мора да помине низ едно такво разочарување, тоа кога - тогаш ќе се случи, мора да се изгори на нешто за да и' се разјаснат многу работи и да и' кликне нешто во главчето дека не е се' така розево. Проблемот е што наишла на погрешна личност, а баш тој е искусен и многу добро манипулира со неа. Мене лично доволно ми говори фактот што тој има 30 години, а се занимава со девојче кое уште не е излезено од пубертет. Да не збориме па за неговото минато. Јасно е за него се', барем на нас повозрасните ни е јасно.

    Девојче, мој најдобронамерен совет е да размислиш убаво. Иако сега мислиш дека сите се против тебе, сите ти љубоморат, сите сакаат да ти расипат, мислиш дека не сакаат да си среќна, мислиш дека родителите не те сакаат итн. Можеби згрешиле што те држеле строго ама тоа го направиле несвесно од што те сакаат и од што сакале да не бидеш повредена.

    Во ред е да имаш дечко. Скоро ќе бидеш и полнолетна ама треба да имаш нормален дечко, а не криминалец. Сега знам дека тоа ти е интересно, во твоите очи тој е херојот, сигурно ти има кажувано некои негови приказни за тоа што правел, како правел, тебе очите ти светкаат и мислиш дека си во врска со поранешно лошо момче кое ти го промени. Ама верувај дека ова нема врска. Тој нема да се промени. Ќе го прави истото што го правел, за некоја година повторно ќе биде во затвор, ти гарантирам, а ти ќе се влечеш по него и ќе тонеш заедно со него. Наместо да го живееш животот соодветно на твоите години, ти ќе се упропастуваш. Сега ти е период кога треба да излегуваш со другарки, да одиш по дискотеки, кафичи, да шеташ, да запознаваш нови луѓе, да научиш да ги проценуваш луѓето, да флертуваш, патуваш, да бидеш слободна како птица.

    Сите сме го поминале периодот кога сме имале некои несогласувања со родителите, се' тоа поминува и на крај ќе сфатиш дека едноставно само ти мислеле добро. Немој да направиш нешто за што цел живот ќе се каеш. Тргни се од тој човек, не ти ветува добра иднина, може само да те повлече заедно со него во бездна.

    Се надевам дека ќе донесеш правилна одлука. Еден ден ќе сфатиш, тоа е сигурно, ќе ги сфатиш и твоите родители и луѓето околу тебе кои те предупредувале. Само се надевам дека кога ќе сфатиш ќе бидеш во друга врска, ќе бидеш среќна, заљубена и исполнета, а не заглавена во лавиринт од брак во кој немаш излез.

    И каде воопшто ти го најде него? Како се запозна со него? Како започнавте врска?
     
    На Tatjana95, eloves, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Jaс незнам таа што очекувала но ова е форум кај што се дели совет и мислења, не е група за подршка.
    Ако очекувала дека ќе и речеме браво, да тој е човекот за тебе продолжи со него е тогаш многу се излажала. И каков совет може да и дадеме во врска со тоа кога нејзините родители се во право, конкретно за дечкото. А таа има 17 години и мисли дека се што лета се се јаде. Слепо верува дека тој се променил и сега е добра личност. За нејзините родители не коментирам затоа што и тие се луѓе мислеле дека така е во ред и така добро ќе ја воспитаа и така постапиле. Но таа уште малку ќе прави 18 години и треба самата да биде свесна за своите постапки, дали се погрешни или исправни. И незнам кој е тој човек/родител што ќе дозволи неговото дете да биде со бивш затвореник и дилер на дрога. Ајде во ред родителите утнале малку во воспитанието и со забраните но таа зарем не гледа телевизија, не чита по интернет не гледа какви се работи се случуваат од тие дроги и такви глупости. Имам сокласничка чива сестра се дрогира и сестра и и дечко и на сестра и. Лицето и е целото исфрлено, дечко и ја тера да спие со други за пари и уште што не да не набројувам. Го ставам на страна тоа што ги срами сестра и брат и и мајка и, но пред се нејзиниот живот е уништен. Тој бил дилер на дрога, а најчесто тие што продаваат тие и ја конзумираат. Од каде таа знае дека тој не почнал или нема да почне пак со истото? Таквите луѓе тешко се менуваат. Што ако и неа ја навлече на разни работи? Дали помислила на ова? Овде не е работата да ги исправеме грешките не нејзините родители туку да и објасниме дека таа е таа што греши, не родителите. Нема таков родител што ќе дозволи детето да му биде во врска со таков човек. Пред се за родителска грижа се работи. А колку ќе не разбере девојчето незнам нејзино си е. Ама очигледно нема да разбере додека не се изгори еднаш.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. viki555

    viki555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Фала многу на советите,но јас ке продолжам да бидам со него по цена и бегалка.Преска разјаснивме некои работи и се видовме па здравје. поздрав
     
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Pozz back и чекаме покана за свадба.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Вики, ти свесна си дека сама си го уништуваш животот? Јасно ти е дека целата твоја иднина и шанса за среќа ќе ти отидат во неповрат поради робијаш/дилер на дрога?
     
  6. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Е мили мои нормални дечки,заради ваквите девојки сте single. :D Кога ќе го обичате шумот на парите,ќе ги имате на кило :rofl: :rofl:
    Нема што да објаснувам,нема кој да разбере. Очигледно си во некој брутален пубертетски bad boys филм,и од се срце се надевам дека ќе ти помине. Уште повеќе се надевам дека си тролче.
     
    На tessie и luci22 им се допаѓа ова.
  7. viki555

    viki555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Незнам како си го уништувам животот кога тој е сега најнормален човек,тоа што било поминало ,свесна сум дека ке ме покажуваат со прст но најбитно е дека неговото пприсуство ме прави доволно срекна за да не се откажам. И не се работи за пари дека заради тоа сум со него дека бил дилер на дрога, сега си работи чесна работа .
     
  8. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Ех, Вики Вики... Колку само си уверена бе девојче.. :|
    Ние и на глава да застанеме, ти нема да си го смениш ставот, ама еден ден ако се покаеш, нема да имаат мера твоите маки. Знаеш како викаат, Вук длаку мења, али ћуд никада... И јас да сум, и секој здрав човек да е ќе ти забрани да одиш со него.. Па не да му направам НЕШТО, има на месечина да го преселам ако треба.. Знам дека звучи сурово, ама типот да можел да си најде жена, таа ќе имала барем 25.. :fubar:
    Енивеј, ти посакувам стварно да е така како што викаш.. Јас сепак, немам видено таков случај :|
     
  9. viki555

    viki555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    ме немаше да ви пишам бидејки бев да се видам со него
     
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Што убаво и се договоривте ли за името на бизнисот? :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. viki555

    viki555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Е стварно не знам како да ви објаснам дека нема никаква врска со тоа веке дека стави крај на тоа , еј зборувате зашо не го познавате доволно ;)
     
  12. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Па и боље за нас да не го познаваме, побезбедно е! :wasntme:
     
  13. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Viki srcka ti galiba si odlucila da bidis so nego ili pa ne trolas, nie si davame soveti,a ti ne ubedvis kako e on najdobar i sve naj naj... Znacit nemat sansi da imate tolku kompaktibilna vrska..ti 18 on 30 pa nemat sansi ej!! Daj boze da e smenet,pa greota e za negovite,a i za tebe... Ajde pozz
     
  14. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    69
    Не сакам да зборувам за тоа како човек е тој сега бидејќи јас лично не го познавам, и да иако може да лаже и сеуште да биде како порано може и да е навистина променет,а јас верувам дека луѓето можат да се покајат и сменат. Сите ние сме згрешиле некогаш, зар вас не би ви сметало доколку сите гледаат на вашето минато и немаат никаква почит кон вас поради грешките што сте ги направиле. Не сакам да судам некого бидејќи неговите гревови се различни од моите.

    Разликата во години не сметам дека е некој огромен проблем штом сте имале слични размислувања и гледишта кон животот тогаш во ред. Знам за доста врски каде што има разлика во годините,но се полни со љубов и се успешни. Ако некој пар се иста или приближна возраст не значи дека мора да бидат успешни како што и пар кој се на различна возраст не значи дека мора да бидат неуспешни.

    За мене единствен проблем е твоето семејство и тоа што не се согласуваат со тебе. Прво мораш да ги разбереш, верувај и ти да имаше дете не ќе ти беше сеедно дали оди со дечко кој е биден во затвор и е доста постар од неа или оди со дечко кој нема имано проблеми. А вистински се грижат за тебе, штом татко ти веднаш му се слошило и постојано се караат верувај не им е сеедно и вистински се грижат за тебе и го сакаат најдоброто за нивната ќерка.

    Но ете ти дале избор или нив или дечкото, изборот е твој, јас како што гледам ти вејќе си го одбрала него,а овде на некој начин бараш потврда и сигурност. Но никој не може да ти го даде тоа верувај, само времето ќе покаже дали тој е сменет,искрен и добар човек или е некој што само сака да те искористи. Пред работите да станат уште посериозни ти мораш добро да размислиш дали вреди да ја уништиш врската со твоето семејство за човек кој не го знаеш долго време (а исто така и ти е прв дечко, што значи не знаеш многу за врски) Тоа е одлука која само ти можеш да ја направиш и никој од страна не може да ти каже што да правиш, бидејќи ниту го знаат дечко ти ниту твоето семејство. Се надевам дека ќе ја донесеш вистинската одлука и дека нема да завршиш повредена. :)
     
    На angela19 и tessie им се допаѓа ова.
  15. OdbojkarkaG

    OdbojkarkaG Нов член

    Се зачлени на:
    17 август 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво , го прочитав проблемот и можам да го споделам моето мислење со тебе. Најпрво што им велам на моите другарки е да смирено разговараат за било каков проблем со родителите ама тебе нема да те советувам тоа да го направиш. Значи имам искуство со врските и љубовите. Претходно 3 годишна врска сега пак 3 годишна врска .. Имаш 18 години и млада си и убава .. Те советувам да пробаш полека да се оддалечуваш од дечкото и да се дружиш со луѓе кои ти одговараат а воедно заслужуваш подобро а и нема да имаш несакани проблеми со твоите.. може сега се некоректни кон тебе но верувај кога ке подразмислиш и кога ќе се замислиш како би изгледал твојот живот во иднина СО и БЕЗ него ќе ги увидиш причините зошто навреме да се одалечиш.. другото е твој избор.. се најдобро. :)
     
  16. viki555

    viki555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Времето во овие месеци поминати заедно веке покажа дека тој е всушност сменет и дека не му е до корист.А прв дечко па и не ми е,сум имала и други но со него е посебно,посериозно,а родителите за сите претходни исто реагираа .
     
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    ДЕВОЈКИ ВЕ ЗАМОЛУВАМ СИТЕ ПРЕСТАНЕТЕ ДА И ДАВАТЕ СОВЕТИ И ДА СИ ГО ГУБИТЕ ВРЕМЕТО СО ГЛУПОСТИ. ШТО И ДА НАПИШЕМЕ ТАА СИ ТЕРА ПО НЕЈЗИНО. ДОДЕКА ЧОВЕК НЕ ОСЕТИ НА СВОЈА КОЖА НЕМОЖЕ ДА ЗНАЕ КАКО Е. ЗАТОА ОСТАВЕТЕ ЈА ДА ВИДИМЕ ДА КАДЕ ЌЕ ОДИ. ПРОЛИСТАЈТЕ НИЗ ТЕМИТЕ ИМА И ДРУГИ ДЕВОЈКИ КОИ НАВИСТИНА ИМ ТРЕБА СОВЕТ, А ОВАА ПУШТЕТЕ ЈА НЕКА ПРАВИ ШТО САКА. НЕКА ПРОДОЛЖИ СО НЕГО И ГОТОВО. ЈАС НЕ ГЛЕДАМ ПРОБЛЕМ. КОГА ЌЕ СФАТИ ШТО СЕ МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ И ЌЕ СЕ ЛИГАВИ ПАК ТУКА Е ТОГАШ НЕМА ДА И ОДГОВАРАМЕ И ТОЛКУ. ЗАТОА БАТАЛЕТЕ ЈА СЕРИОЗНО ВИ КАЖУВАМ. А ТИ ВИКИ ЈАС И НЕ СФАЌАМ КОЈ Е ПРОБЛЕМОТ ОВДЕ? КОЛКУ ШТО ТЕ РАЗБРАВ ТИ СИ ПО СЕКОЈА ЦЕНА ПОДГОТВЕНА ДА БИДЕШ СО НЕГО, ДУРИ ПО ТАА ЦЕНА ДА ГО ПОГАЗИШ РОДИТЕЛИТЕ. ЗАТОА ИДИ ДАЉЕ И КАКОВ СОВЕТ ВООПШТО БАРАШ ОД НАС? НЕМА СОВЕТИ ПРАВИ ШТО САКАШ, ЧАО!
     
  18. viki555

    viki555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    јас барав совет како да ги убедам мојте да бидам со него а вие сите ми велите дека не треба , чао поз
     
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Pozz back ти кажавме никако неможеш да ги убедиш затоа што тие се во право а ти грешиш. Не сум личност која суди на некого но таквата врска од самиот почеток е осудена на лош крај. Си немала друг дечко и затоа си отрчала кај првиот што си го сретнала и сега мислиш дека тој е најсовршениот човек на светот. И јас пред некое време кога го фатив првиот дечко мислев дека ќе оди но тој не беше за мене не е битно од која причина и не се каам но повторно не би. Утре другден кога ќе бидеш мајка дозволи и на својата ќерка да се влечка со бивш затвореник и дилер на дрога.
     
  20. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Ајде беее.. ти да не си сопственик на форумов? :?:

    Прво толку сте бездушни. Да бездушни. И толку судење немам видено дури и во криминалниве серии. :D
    Зошто човек не би можел да се смени? Прво и основно нели секој заслужува втора шанса?
    Кој од вас е толку безгрешен за да го фрли првиот камен?

    Едит: И кога веке наведувате примери од типот "што ке правиш ако утре ќерка ти си фати таков дечко" , ајде да погледнеме и на другата страна. Што ке правите вие ако утре детето ви западне во таква ситуација во смисла да се погоди на погрешно место во погрешно време и ете се дешава паѓа в затвор. Убаво би ви било да биде отфрлено од цело општество поради непромислена грешка без втора шанса за живот? Без шанса за покајание и шанса за живот од почеток?

    На девојката можам да и речам дека само времето ке покаже дали е тој спремен на живот каков што нели општеството налага и дали е спремен само неа да и се посвети со сите ситници одстрана. Тој да не е хендикепиран во однос на љубовта? Да не незнае да сака? Не го знаете човекот. Стварно. Ако се понаша ко што треба спрема неа и и дава љубов, внимание и доверба и се што би требало да сочинува една врска, не гледам потреба зошто да прекине. Сигурно нема одма да се земат. Ке има време да го запознае во целост. Родителите се тука за совет, но не и да го диктираат животот на децата. тие го направија нивниот избор. Сега треба да остават и нивните потомци да го направат истото.
     
    На tessie, Papillon.Papi, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.