1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите ми забрануваат да бидам со него

Дискусија во 'Канта' започната од viki555, 16 август 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. viki555

    viki555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    ти предвидуваш дека има лош крај? од каде знаеш ?
     
  2. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Јас пак и предвидувам еден КЛУЧ на темава! :^)
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Decapitated.Hanna не сум сопственик на форумот и не осудувам никого. Но додека некоја девојка навистина има потреба од совет во некоја друга тема ние тука се замараме со оваа. Јас верувам дека секој заслужува втора шанса но за ваква работа не. Ако не си знаела луѓето кои продаваат дрога најчесто и ја конзумираат. Тој бил 5 години во затвор што значи дека веќе има и досие. Тешко дека ќе најде работа затоа што бивш затвореник никој не го зема на работа и големи се веројатностите да почне со истото. Од каде таа ќе знае дека тој утре другден и нејзе нема да ја навлече на дрога? Не дај боже, но зборам што би било ако би било. Незнам колку години си но ти утре другден кога ќе бидеш мајка дозволи и на својата 17 годишна ќерка да биде во врска со бивш затвореник и дилер на дрога. Дечкото заслужува втора шанса, но пред се такво време е што никому неможеш да веруваш ниту на најблискиот. Нејзиниот проблем беше како да ги убеди родителите но тоа не е можно. Родителите и се во право подобро е да си стои настрана од него. Башка таа има 17 години тој 28 тоа е преголема разлика, таа е дете спрема него.Освен тоа таа е премногу мала за да се врзува за некого и да вика дури бегалка ќе одела. Прв дечко и бил и мисли дека е најсовршениот но не е така. Кога ќе фати друг дечко, па трет ќе сфати дека згрешила со овој првиот. Затоа јас не судам никому тој својот живот си го уништил, не мојот што би ми било гајле. Но замислите што ќе се случи ако нејзиниот дечко продолжи пак со дрога и ја навлече и неа, размислете за последиците од оваа врска. Намерата не ми е да се расправам, само си кажувам мислење околу целата ситуација.

    Вики јас не предвидувам лош крај и да ти кажам на крај и краишта ниту те знам, ниту те познавам ниту пак сакам да те запознаат оти се гледа дека имаш лесен памет. Се обидов да ти ги објаснам последиците од таквите врски. Прво треба да се размисли на последиците од таа врска па на се друго. И да раскинеш со него по 1/2/3 месеци ќе ти залепат лоша етикета на девојка која одела со дилер на дрога и уште што не ги знаеш луѓето какви се и уште какви имиња нема да ти извадат ќе се засрамиш и самата себе и родителите, но ти продолжи ако бараш подршка ете ти ја давам биди со него и толку крај темата нека се затвори.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    ако viki555 не е трол, тогаш IQ и е во голем минус :wasntme:
     
  5. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Не бе зашто?! така ти се чини! :wasntme:
     
    На feminium и kim.k им се допаѓа ова.
  6. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Го редактирав претходното мислење. Прочитајте на претходната страна за да не се повторувам.

    А во контекст на етикетите што ке и ги ставаат. Нека не се замара за тоа. Сепак тие етикети ги ставаат луѓе кои не и значат ништо. Зошто тогаш нивните зборови би и значеле нешто неа? Зарем зависи од тие луѓе некако? Леб да не и носат, да не седи навечер со нив на маса? Да не спие со нив? Не.
    Ако таа е среќна со него, тогаш никаква етикета нема да и ја наруши таа љубов доколку е вистинска. Ниту па среќата. За тоа дека ке ја навлече на дрога, мислам дека девојката кажа дека прекинал со тоа. Плус никој не може сосила да те натера на нешто ако ти не сакаш и обратно.

    Рече дека бил вработен веќе. Се труди човекот значи. Се труди да започне нешто. Да направи нешто од својот живот. Да се крене од дното на кое бил некогаш. ЛУЃЕ СМЕ. ГРЕШИМЕ. Важно е да научиме нешто од тоа и да гледаме да не го повториме.
     
    На tessie и viki555 им се допаѓа ова.
  7. viki555

    viki555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
     
  8. kika.dragan

    kika.dragan Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    148
    Можеби не си единствена која знае дека е бил во затвор, но си единствена ДА НЕ КАЖАМ (БУДАЛАЛА) што оди со него. Ајде малку размисли. Зошто тој 28 годишниот трча по малолетна девојка со очигледно многу мало искуство во врска со мажи? Зашто не може да најде друга приближна со неговата возраст, бидејки повозрасните не размислуваат така како тебе... последен да е таков не го зимат бидејки со таков иднина н ема, барем не добра. А ти кутра бидејки подобар од него не си ни најдела и сега си мислиш он е THE BEST... ма дај... што ако тој моментално не дила али пак почне и пак отиде во затвор, тогаш што ке правите?? Ќе си пишувате писма? :^) Али свака му част на дилерот успеал да прелаже 17 годишна девојка, кое на денешно време и не е баѓ лесно да се прелаже.
    Среќно! Како што кажав ако мислиш дека е НАЈДОБРИОт. гоуу грл |(
     
    На Nausicaa, okcenzi и eloves им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Тие луѓе леб не и носат, но нејзините дома и носат. Точно дека таа не зависи директно од тие што ке и лепат етикета, но индиректно зависи. Тие истите утре ке ја одбегнуваат, ке ја понижуваат и секаде ке ја зборуваат, а со тоа и потенцијалните идни дечковци ке ги снема ( оние за озбилно) да така е. Ке добива покани за посебни раbоти но не и за нормални врски. Знаеме за малограѓанството наше и тоа е факт. Утре и да има деца, ретко кој ке ги дружи, а искрено и јас не би дозволила мое дете да се плетка во таква фамилија ( нели крушата под круша паѓа). Знам за случај на една сограѓанка која ја бие лош глас, дека за привремена-сезонска работа не сакаа да ја примат, дека не им одговарала на работничките. Тука бев и видов. Жал ми падна во тој момент и тоа многу, но кога заминуваше од објектот дојде да ја земе еден “ типац “и одма тоа сожалување ми помина. И да подобро да не се плетка околу нас, за да не мораме и ние да познаваме “типци“ кои утре ке ме замараат на улица.

    Точно е дека луѓе сме и грешиме, но не секоја грешка може да се прости или да се исправи. Знаете дека само коцката и наркоманијата се еднакви на сидата? Од нив само нема лек. И коцкарот и наркоманот секогаш се вркат на тој пат, а посебно ако е и дилер и знае што е лесно заработена пара ехеее

    Викаш дека никој неможе да те натера ништо со сила, аха да ајде оди во тема силување и види дали може или не. Од кај знае па таа дали типот уште зема или продава? Прв дечко и е а паметот и е во облаци и само тој е единствен на кој му верува. Од каде па знаеме дека ако нејзините ете во знак на револт, се откажат на некој начин од неа, дека тој тоа нема да го злоупотреби?
    Во мојов град имам 1000000 случаи кои ке ми требаат месеци да ви ги раскажам. Имало и случај каде типот ја зема за жена, па почнува да ја тера да дила за него, па и станува макро и на крај цурата на 23 год се предозира.
    Секој заслужува шанса во животот и да заслужува нормален живот, но не заслужува да го сметам за нормален што фатил малолетно девојче кое е цели 11 год помлада од него.

    Да бил навистина променет и да сака нормален живот, ке најде и девојка, која нормално на неговите години ке му одговара.



    А ти вики на твоите најдобро ке биде на смирен и ферски начин да им кажеш. Сепак тие ти се родители и заслужуваат да ја знаат вистината. Ке ги седнеш на маса и ке им кажеш со смирен тон дека имаш врска, дека денес е во ред се со него итн. Друг начин да им кажеш немаш, освен ако не ти отиде ептен можокот па бегалка да одиш ( што ке биде срам најголем)

    И само уште ова да ти кажам, од љубов не се живее. Немој еден ден да се разбудиш и да се прашуваш кој е овој човек, или пак да се разбудиш во келија или на токсикологија. Ајде гуд лак.
     
    На eloves, Daydream и Nausicaa им се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561

    Гледаме дека се согласуваш само со коментари, дека ти си во право а другите не ти се ни читаат.

    Ти немаш поим што значи правилна одлука во животот и дека тоа што денеs ти е праvилно, за 5 год ке биде нешто од кое ке се срамиш.


    Со оваа реченица докажа дека си дете и дека твоите се во право што не те ни сослушуваат. Најверојатно односно сигурна сум дека твоите знаат до кај ти е паметот и мислат дека ако не те сослушаат ке прекинеш со глупирањето.

    Е што сакаш бе да слушнат? Како да те сослушаат? Мамо тато јас имам дечко кој е 11 год постар од мене и на граница на педофилија, но јас го сакам и покрај тоа што е дилер и наркоман, ама нема везе ете откако излезе од затвор после 5 год, многу е опаметен и сега е сериозен и ке ме земе за жена и ке имаме бели деца како снег. И мамо и тато ич да не се секирате, никој несмее да ви писне, дека мојов во затвор си напраи банда и познава едно чудо људи сите магистри и докроти на науки. Само ако некој на криво ве погледне, одма цело идризово ке му ебе пиперот. А и да не се секирате за пари, се дур имаме брашно ке живееме ко Драган Ѓајиќ, па макар и само 5-6 год. А за тоа време ке ви подарам внуци ( цели умни на мама и снаодливи на тато) кои после изминатито рок на брашното ке мора вие да ги гледате. Во меѓувреме драги мои родители, можно е да станам селса певаљка или локална ескорт овај манекенка де и се ке биде супер.



    Ех и јас будала ке учам факсови и ке сервирам по свадби, имајки да си најдам некој ваков типац.


    Вики овде никој не ти љубомори, овде никој не ти завидува на твојата совешена љубов, овде никој не мисли дека си во право. Овде ние ти кажуваме како да не се зезнеш, зошто не сакаме млада девојка да се уништи и дека и ние исто ке постапуваме со нашите деца и ке се бориме со оваа чума наречена дрога. Па ти како сакаш.
    Толку млада девојка а да мисли дека тој е совршен не можам да сфатам. Па ти треба да менуваш неколку дечковци додека создадеш слика за идеалниот и да го пронајдеш.
     
    На eloves, Daydream, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
     
    На luci22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Ти мислиш дека си еднаква со твоите, луѓе двојно постари од тебе кои се мачат да ти донесат дома храна и кои плаќаат сметки за ти да имаш кров на главата? Ама знаеш што- клин со клин се избива! Лесно е да се силиш кога се ти е погодено, лесно е тој да биде совршениот кога ти да состанок ќе отидеш најадена, нашминката и намирисана. Јас да сум на место на твоите, бидејќи ионака викаш сакаш да одиш бегалка, би ти спакувала едно торбиче со најнужните работи и би те пуштила кај него. Кога ќе мораш да работиш во некој супермаркет по цели денови за тажна плата, кога ќе почнат сите да те избегнуваат и да ти зборат зад грб, кога ќе видиш дека господинот `Совршен`не е совршен е тогаш на коленици ќе се влечеш кај мама и тато и ќе ги молиш да те пуштат да се вратиш дома зошто биле во право. Со таквите детишта како тебе само така, зошто со убаво џабе, нема резултат. Ти сега си мислиш дека си некоја голема фраерка, фатална женска која успеала лошото момче да ги изведе на вистински пат, ти си Јулија, тој Ромео, двајцата прогонувани од средината ама ти, златна, не сваќаш колку лошо ова ќе се заврши по тебе! И, да, знам дека ова ќе се заврши лошо, многу лошо, зошто, очигледно за разлика од тебе, разумна сум и си го користам мозокот, а не само срцето!


    Нема зошто да ги гледам работите од друга страна, секако дека моето дете ќе си го ставам на прво место и нема да дозволам некој лузер, кој веќе си го уништил животот, да и ја уништи и нејзината иднина. 5 години затвор, со нашиот лабав правен систем кој им прогледува на криминалците низ прсти, воопшто не е мала казна така да во никој случај не станува збор на непромислена грешка :) Не е тој некое гревче што го фатиле со џоинт, можеме само да замислуваме што срање направил за да ја добие таа казна. Исто така, ништо чудно сега да е пуштен на условна па затоа да изиграва `примерен` граѓанин, да не иде назад на доиздржување на робијата а што ќе биде после, Вики ќе ни каже за некоја година.
    Ако, далеку било, моето дете утре испадне криминалец, тоа ќе мој грев и мој пад како родител, неговата грешка е моја грешка, јас не сум успеала да го научам на добро. Нормално нема да ми биде убаво, но секоја акција има и своја реакција, неговите постапки ќе си ги повлечат тоа што го заслужил и нема лутење ако дојде до `леле не ми го сакаат синчето дилер за зет` ;( А тој, да беше толку реформиран, немаше да заведува девојка која е тооолку помлада од него ама знае дека ниедна друга на негова возраст нема ни да го погледне. Епа кога не него не му е галје што ќе и го уништи животот, зошто па на нас да ни биде галје за него? И во право е Окензи, етикетите и те како може да направат да не може да се вработиш.

    Исто така, да, сметам дека секој заслужува втора шанса во живот но дилерите кој лежеле затвор за дрога нека бидат што подалеку од мене и моето семејство.
     
    На eloves, okcenzi и Daydream им се допаѓа ова.
  13. viki555

    viki555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    океј фала за советите премногу ја преувеличувате не е толку страшно како што вие мислите , јас си стојам на мојот став, може кључ на темата
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.