Lakrimosa мене грозно ми е да ги замислувам моите старатели како имаат односи, а не па нешто друго ГРОЗНО значи и на 25 и на 30 ќе ми е грозно. Нека си имаат тие секс не мора да знаат сите за тоа...
Пупи, дај малку позрело, па како мислиш дека си ти направена? СО СЕКС. Никој не вика дека треба да разговараш со твоите за нивниот сексуален живот, но мораш тоа да го сфатиш како нешто најнормално на светот, тие се пред себе маж и жена, а после се твои татко и мајка.
Ххаххахаха од кај знаеш можеби вештачки сум направена Добро добро не мора веќе да се дискутира за тоа што сакат нека си прават, само јас да не знаам за тоа
Ги немам фатено на дело но сум им забележала неколку пати кондоми кај нив во спална.. Еднаш мајка ми пред мене, зборуваше со нејзина добра пријателка за нивниот секс и јас искрено се засрамив.. Мама примети и се насмеа а јас само си заминав од соба.. И да ги фатам некогаш, нема за што да се лутам.. Нормална работа е тоа.. Ама знам дека ќе ги зезам долго време
Еден другар со сестра му нашле кондоми во спалната и овие будаливе се договрииле утре порано да станат и да гинаполнат со вода и да ги маваат нивните родители.ТОа и го направи земале кондомите ги наполниле со вода и почнале да ги маваат родителиве мислеле дека се балони
Ги немам фатено на дело до сега, можда како мала ама се ми е избледено. Еднаш знам пред некоја година, одев некаде и сум заборавила нешто и се вратив, ама на врата после 1 минута од ко излегов се враќам и гледам заклученоо си помислив у колку брзо заклучиле. И звонам ја на врата, звонам, звонам никој не отвара, гледам мајка ми ми отвара целата возбудена и ми вика па ти толку брзо се врати? Ја прашувам кај била до сега што не отварале и ми вика во WC бев. И после го гледам татко ми излегува од WC и ми светна што била работата.
Хахаха, темава е закон! Браво за тебе! Додека ги читав приказните на останатите се згазив од смеење. Јас ги имам фатено, не еднаш, многу пати. Кога бев помала 5-6 години спиев во нивната соба само што тие спиеа на спална а јас во малечко креветче, беше ноќе и јас се разбудив видов како татко ми е качен над нејзе, јас плачев мислев дека ја тепа или малтретира, потоа за да истражам побарав вода од мајка ми а таа само ме праша: ти со нас беше разбудеа? Јас и реков дека не, иако вистината беше да. Пред 2 години без да размислам ја отворив вратата од спалната и мајка ми беше качена на него и се бакуваа, ама беа со облека, и мајка ми веднаш како ништо да не било стана. Нивната спална и мојата децка се една до друга и слушнав звуци, станав и тропнав на нивната врата, беше затворено. Мајка ми беше гола и јас како да не знам што се дешава ја прашав: Мамо не ти студи така гола? А таа испотена и со поцрвенети образи: не, топло ми беше. Потоа и викам, леле шо си се поцрвенила во образите? Ништо ќерко, само така. Ако, нека си бидат активни Нека поуживаат
Леле, да, ги имам фатено. Мислам дека имав некаде околку 6-7 години. Не можец да заспијам и отидов кај нив во спалната и ко гледам о.О хахаха Добро мала бев, ама знаев што прават. И пред тоа имав некаде 5 годинки, не знам како ги фатив. Ама им се налутив. Беа целите испаничени и само татко ми, ми рече дека ја масирал мајка ми. Почнав многу да се лутам оти мене не ме масираат... и понатаму не се сеќавамм
Јас имам упаднато несаќајки ииии незнаеја нит они како да реагираат а ни јас богами неможев да си ја најдам вратата да искочам. Многу незгодно им падна, после неможеа да ме погледнат во очи....лоша ситуација
hahah dobra tema.. gi imam slusnato kako stenkaat dvajcata koga vlegov doma a tie ne me setija.. se nasmevnav mealce i odma izlegov pak od doma za da ne go prekinam zadovolstvoto..
Ги фатив и тоа пред 5мин. отидов да си ги земам пижамите во спалната соба ми беа и оп одма почнаа да се местат ..се закочија цели xD му се изнасмеав и си излегов хаха
Па пошто мојата соба и нивната ги дели еден гипсен ѕид ги слушам и некоаш кога ке ми се здосади ке му тропнам малце и се смирува работата...а на 15 год знам кога си завршија лугето работа станаја од креветот и сакаа да одат во вц а јас им дремев пред врата и кога ме видеја така се устрамија што пред да имат секс прверуваат по два пати дали спијам
Само звуци сум слушнала, на дело не сум ги фатила, али затоа брат ми сум го фатила.........можда треба некоја тема да отвориме дали сте фатиле брат/сестра, роднина, другар/другарка.....
кога се во прашање родителите никојпат не сум ги фатила, а пак ниту звуци сум слушала.. тотално ништо.
Родителите не, но верувале или не, ги имам фатено дедо ми и баба ми. Да да, дедо ми и баба ми. Ми идеше уште му речам на дедо ми, ех бе дедо кој е како тебе. А сирот тој скоро неподвижен. И неможев да бидам во соба со баба ми најмалку месец дена, а и не се сеќавам добро како пак ни тргна муабетот со жената.
хахахахахаххаха.....леле смешки се изнасмеав за ова за баба ти и дедо ти,само кази те молам како изреагираа лугево кога ги виде,сигурно се засрамиле
Кога имав 14 години отидовме со моите во Охрид, во куќата на дедо ми и баба ми (Но тие беа во Германија) ...... Нивната куќа не е многу одалечена од плажите инаку нема тоа везе. Мајка ми и татко ми беа во куќата, а ја со уште едно девојче со кое се запознав таму отидовме на плажата. И 2-3 часа подоцна таа си отиде и јас тргнав накај дома. Вратите од куќата на баба ми и дедо ми не создаваат некој голем шум, па така тие не ме слушнале кога сум дошла дома. И што да видам во дневната..... луѓето немаа ни чаршав во близина така да ја излегов веднаш од дома и не се вратив до доцна навечер