Живееме во ера во која буквално се е дозволено.Марихуаната е легализирана во Холандија.Денес во светот,па дури и во Македонија секој втор тинејџер конзумира марихуана.Мислењата се поделени.Некои се за, некои против.Но,скоро бев сведок на дискусија во која се зборуваше дека млад брачен пар "пафка" иако имаат две мали деца.Наречете ме старомодна,но ова за мене не е нормално.Тоа не е здрава средина за израснување деца.Вие што мислите,дали го поддржувате овој стил на живот и со деца?Дали ова се применува во државите каде е легализирана истата?
Исто како и пијанчењето и пушењето у иста соба со дете. Ако се сами на викенд, ок. Ама ако децата се со нив...не е ок
За во други држави не знам. Овде знам родители што го прават тоа. Никогаш не ми било јасно како функционираат наредниот ден..
Се дур не е во иста просторија со детето не гледам проблем. Кога се децата на викенд некаде, на училиште, кога спијат - нема зошто да не се опуштат родителите и зошто тоа да се смета за нездрава средина кога децата абер ќе немаат. Да, абер ќе немаат, зошто два часа дали трај дејството, а веќе до следниот ден никому ништо.
Можеби ќе ме сметате за ненормална, ама јас сум против вакво нешто. Цигари не пушам, а не па марихуана.
За мене ова не е ок. Јас разбирам да правеле такво нешто порано, кога немале деца, некогаш да се опуштат, на журки и слично. Но веќе кога си родител е подруго. Прво и да не е детето со нив, утредента ќе биде. Родителите треба да бидат пример за своите деца. А ако го прават тоа , па и пред нив, каков пример ќе бидат?
Јас некогаш пафкам. Пијанството ми е помачно, отколку пафкањето. Плус ако не претеруваш, за 2 саати, како што рече @theowndemon , си фул ок. Нареден ден, немам никакви симптоми. Алкохол, избегнувам. И секс имаш, а не е за пред деца. Не значи дека ако пафкаш, со децата, заедно го правиш тоа.
Да прашам нели е штетно тоа и за нив и за децата? И што кога децата ќе пораснат, тие повторно ќе го прават истото, па сигурно тогаш и не ќе можат толку да се кријат. Јас мислам лош пример е за децата. После и да сакат не ќе можат да ги спречат ако и тие почнат да ги следат нивните постапки. Од марихуана може ќе следи некој друг вид на дрога, па назад тешко. Не знам можеби старомодно размислувам но никогаш не сум го прифаќала ова. Исто и кај млади лица, не ми е јасно кога ќе речат од забава го правиме тоа. Но забавата лесно може и зависност да постане.
Мислиш нема родители што го прават тоа и пред своите деца? Не реков конкретно за тебе, ама секакви родители има. А и да не е пред децата, јас сепак тоа не го оправдувам.
Ајловју, сите имаме работи кои ги криеме од децата, ама тоа не не спречува да ги правиме. Нели? Ако имаш анален секс со сопругот, и го правиш тоа без да знаат, не те прави лош родител, те прави човек.
Во ред, ти ја разбирам поентата. Но еве замисли кога детето ќе стане тинејџер и почне да ги следи твоите постапки. Како ќе постапиш? Ќе му браниш, а и ти го правиш тоа? Да не зборувам за другите "дроги" што можат да дојдат со тоа...
Од сите ситуации има родители кои се исклучок и не вервам да некој ги оправда исклучоците. Ама дејството трае два часа преку сила и да речиме имаме совесни родители во спална кога децата се во своја соба си пафнуваат, си гледаат филм и легнуваат. Абер немаат децата, ни пак ќе имаат. Симптоми следен ден нема. Алкохолот е далеку погаден па е прифатен дури и за пивнување пред деца.
Па не можат туку-така да дојдат други дроги. Исто како да речеш, дека ако пиеш по 2 пива за викенд, дека ќе станеш алкохоличар. Тоа зависи од личноста и неговата само-контрола. Ќерка ми знае дека има разни дроги и знае кои се последиците од конзумирање на истите. Кога ќе биде полнолетна, нема да и' бранам, само ќе ја научам да си ги контролира нагоните и да не оди во екстреми. А и не ни значи дека ако родителот прави нешто, дека и детето ќе го прави. Кога бев мала, моите пушеа и дедо ми пушеше цигари, пред нас, во иста соба. Јас пушам, брат ми во животот нема запалено. Зависи од човек-до човек.
Пафкањето не е криминал, ако се сами родителите, ако жената не е бремена или не дои, не гледам проблем. Пример, децата на одмор или на викенд кај баба и дедо, родителите сами - зошто да не? Марата не прави да се чувствуваш како авион, тоа само на филмови го има. Не предизвикува зависност, ниту пак ке ти се намали IQ-то ако пафкаш. А уште помала е веројатноста да те навлече на тешки дроги. Лабилна личност има потенцијал да постане зависна и од алкохол, и од коцка и од дрога. Ама, Балканот ко Балкан, нема да е интересно ако нема двојни аршини. Пушењето по една пакла на ден пред децата, дури и кога децата се во соба никој не го коментира, ниту пак нудењето пиво на бебе кое сеуште носи памперс. Јас лично сум видела бремени жени кои пушат, мажи кои пушат во ист период кога се обидуваат дa го прошират семејството. Тоа вам не ви боде очи? Друго, мажите се главата на куќата, како каже мажот, така ке биде. Нема врска што он пуши, битно децата не смеат да пушат, добар дел се кријат од родителите, иако и тие самите се родители. Да не го заборавиме и феноменот дека ако жена има секс со повеќе мажи е ороспија, а маж ако има секс со повеќе жени е Казанова. Кога веќе сме кај семејството, многу често, жените трпат психичко и физичко насилство, тоа децата го гледаат, ама тоа не е лош пример, јер не пафкаат?
А еве замисли само што си "пафнал" детето се разбуди и недај боже качи тт. Што ќе правиш? Треба на се да си спремен во моментот. Инаку за алкохолот, да се напиеш една чаша вино ништо страшно. Не збориме за пијанчење пред децата. Но како и во се, и за ова има исклучоци.
Замислете ситуација во една куќа на горниот спрат во спалната родителите се кријат од децата и пафкаат, а доле во детска соба децата исто се кријат и пафкаат. И после сите идат во дворот и прават скара такви насмеани, весело смејство
Мене моите дома ми биле отсекогаш пример за родител кој сакам да бидам во иднина.Секогаш ми велеле да внимавам со кој се дружам и да не западнам во друштво што се доргира и слично.Ако тоа е бил нивниот совет,а утре истите да се дрогираат по дома нема ли да е спротивна ситиација.Мислев нездрава средина за случајот што ме натера да ја отворам темава.Има многу детали во ситуацијата пошто мислам дека не е соодветно да спомнувам на форум.Можеби дејството трае два часа,но едноставно не ми е прикладно родител да пафка.Тинејџер како тинејџер можеби доволно не е созреан па пробува,ете не знам.Додека,родител е веќе некој што е подготвен за создавање фамилија.Во секој случај,можеби мислењава се како резултат на тоа дома што ме учеле на некои морални вредности што сите не ги гледаат исто.
Абе, не си 100% нефункционален ако си напафкан. Како замислувате не знам? Си пробала некогаш? Свесен си за околината, знаеш каде си, што ти се случува, чувството е слично како хелекс да си се напил.
Не реков дека ако родителот прави такво нешто по дифолт и детето мора да го прави, туку наведов како пример што ако и детето почне да го прави. За другите работи ммогу зависи и од карактерот на личноста, и во денешно време од друштвото.