Една цигара. Еден кец, поточно. Двојка е дупло поголема цигара. Можеш еден кец да го пушиш 3 месеци ако сакаш Ако е многу јака, од еден дим може да почувствуваш реакција, а и зависи во моментот какво ти е расположението, кој дел од денот е, каков ти бил денот итн..
Повеќе сум загрижен за родителите и тинејџерите зависни од дијазепам и лексилиум него овие шо пафкаат! Ве канам 1-2 дена во аптека, да се уверите во изговорите за купување и земање на овие лекови... ЗАСТРАШУВАЧКИ. Родителите е потребно да обрнат малку внимание во информирањето на своите деца во однос на оваа ТАБУ тема #1 за разговор, потоа шокирани се како детето им било инволвирано! Секоја супстанца сноси одговорности, но се е до самоконтролата, колку повеќе знаеш толку си повеќе свесен, едуцирајте се, прочитајте некоја студија, be open-minded, баталете рекла-казала, дестигматизирај! #420
Како и обично, се оди во крајности. Едните ја напаѓаат марихуаната од чиста причина што е нелегална па изгледа страшна, а бранителите прават сè што е во нивна моќ да ја оправдаат. Реално, марихуаната е многу помалку штетна од цигарите и алкохолот, но тоа не ја прави во ред. Сепак, проблемот е што поборниците против марихуаната не се залагаат ни пола од тоа против цигари и алкохол, а треба кога веќе решиле марихуаната да ја прават баба рога. Што се однесува до легализација, сметам дека сè додека цигарите и алкохолот се дозволени, треба да биде дозволена и таа. Не сметам дека е во ред сите три да се забранат, бидејќи тоа нема да смени колку луѓе ги конзумираат, туку како доаѓаат до нив. Затоа, подобро да си купиш трева од трафика отколку преку шејди дилери. Што се однесува на темава, одговорен родител веројатно треба да му каже на своето дете кои работи се штетни (а тука спаѓа големата тројка), па соодветно на тоа и да постави пример. Ама, многу поважно од тоа е да го едуцира за сите нив и да го научи да носи сопствени одлуки кои нема да бидат под влијание на навиките на мама и тато. Нема сигурно сите да се претворите во совршени фигури откако ќе родите деца, па затоа подобро научете ги да го следат својот разум, а не вашиот авторитет. И не, не мислам дека родителите кои се напиваат алкохол или дувнуваат одвреме-навреме се неодговорни пропалици. Мислам дека се обични луѓе, тоа е сè.
Родители и "пафкање" не ми одат во комбинација. Тоа би требало да биде минато, искусено во младоста. Истото важи и за алкохол и цигари. Како страствен непушач голем противник сум против цигари. Внука ми, 4 годишна, ја гледа мајка и како пуши цигари и вика - јас кога ќе пораснам ќе пушам цигари.
Па да според новите одредби, треба рецепти и за на “приватно”, но како што напиша некој погоре, тоа не е баш случајот во сите аптеки, се даваат на секој, со изговор “па како ние ќе заработиме ако правиме рестрикции”... Јас сум про легализација, бидејќи тоа повлекува стандардизација и се избегнува неисправност, исто како маслото, капките. Со тоа би се поттикнала едукација на младината но и на целото население за предностите и негативните страни, за разликата помеѓу канабис и др дроги. Кога знаеш механизам на дејство, ефекти и сл, работите ги гледаш потрезвено. Се соглсувам дека дека во форма на чад е можеби лоша варијанта на внес и не се препорачува во терапевтски цели, но е подобра алтернатива на цигари кои патем се консумираат 3-4х повеќе во текот на денот. Канабисот не е овошје или зеленчук да се разбериме, ниту негирам несакани ефекти при пушење, кои се минимални. Ама луѓето ја гледаат како најопасен порок и мост кон опасност, а притоа земаат седативи “препишани од лекар” за секое потресување, еден ден несоница, опуштање после работа... не тоа не е зависност.
Да, и многу поефтино те фаќа ако им извадиш нож или пиштол. Честопати бесплатно ти даваат, многу фини луѓе. Темава ја претворивте у дилерски маркет.
Добра тема, респект.Моите дека не дуваат, не дуваат, а и да дуваат не би ми сметало.Мали деца не се, секој си знае за себе.Имам другар што си пафка со татко му и двајцата се живи и здрави. @IM.TMKQ во 3че има грам тоа е веќе туфче, ќецот и двојката немаат скоро ништо.Јас дури и не знам некој да продава за толку малце.Зрнце е тоа
Познавам многу луѓе корисници на марихуана, и тоа не е причина да ги гледам како чудаци. Не дека ги оправдувам, туку ги разбирам. Сите си имаме причина за нештата кои ги правиме. сите бараме нешто што ќе ни го одвлече вниманието од проблемите.
Тешка работа да дојдеш до рецепт , не бараат од матичен, а приватно било кој доктор може да ти пише така да контрола над купување седативи во државава 0