Му даваш ап, го носиш на лекар ако има потреба. Пафкање ум не ти зема, само те релаксира. Ништо, апсолутно ништо, страшно.
Имам пробано многу одамна. Не дека комплетно не си свесен, ама јас во таква состојба не би можела да си дозволам да гледам дете. Е сега ова е мое мислење, секој различно. Ако вие успевате во тоа, во ред.
Не .Мислев на факотот дека пример јас ја гледам марихуаната како дрога,ти ја гледаш како средство за релаксација.И не мислев конкретно на тебе или некој друг,туку општо.
Исто како што може да ти се случи да се опиеш или ти или сопругот Како се грижите за децата тогаш? Па е дрога, да не се лажеме, ама дрога е и цигари и алкохол. Фамата кај нас е со марихуаната, оти е нов тренд. Во Западниот свет, револуцијата со дроги и тоа далеку пострашни од марихуаната, се случија уште во 60тите. Рачунај, тие што уште тогаш се запознале со тревата, денес се нечии баби и дедовци.
Сум ЗА , но не за во затворена просторија , значи подржувам конзумација и легализација на мариџуана . но пушењето да биде на отворено ,НЕ за во затворена просторија , истото мислење го делам и за цигарите .
Може да се случи, секогаш постои шанса, ама сега од кога станав мајка припазувам на тие работи. Неможам да си дозволам да се опијам да незнам каде сум... И после, сабајлето што ќе правам? Сум за алкохол ама во умерени количини. А ако се случи пример маж ми да се опие, јас сум со детето...
Можеби.Секако самата индивидуа утре ќе одлучува дали ќе пие или пафка пред детето.Ниту сум за пиење пред дете,пушење ни пак пафкање.Реално,поголем дел денес пафкаат ради тренд.Кај нас ова е табу тема како и се што е веќе нормално на Запад.Мислам дека и да живеам во Норвешка тој ќе е мојот став.За мене квалитетно време како родител е кога ќе имаш убаво време со децата.А,не едвај да чекаш да дојде време да се напафкаш и два часа да се чувствуваш хај поради притисоци или што и да е.
А демек, со душа чекам да си легне за да се напафкам? Те разбирам да не сакаш да експериментираш со трева, ама да имаш претпоставки кои не се точни, не чини. Се' си има време и место. Кога си со детето, си со детето. Кога спие или е некаде, ти со сопругот можеш да се журкаш, да пафкате, да пиете, да имате секс. Една работа не исклучува друга.
Не би можела да си дозволам е клучниот муабет. Ама не дека нема да можеш да го направиш тоа. Во принцип, алкохолот може да ти направи многу поголем проблем, луѓето наивно гледаат на пиењето неколку чашки ракија. Не знам колку треба да си напафкан за да не знаеш кој си, каде си, што се случува, да не можеш да управуваш со автомобил итн. Од друга страна, алкохолот, претпоставувам поради тоа што е легален, луѓето го гледаат во фазон 'Ај што има врска, ништо не ми е од 3-4 чашки ракија, а всушност не гледаат црна мачка во бел ден'.
И јас те разбирам.Секако,ако си родител не значи дека си роб.И секако заслужува некогаш да се опушти.Дали тоа ќе е алкохол,трева или секс не навлегувам. Веќе ако зборуваме за Запад,на филмови како што гледам се е популарно дете влегува во соба,а таа задимена од марихуана.Ете за тоа мислев дека не е здрава средина.
Тоа и јас не го оправдувам. Ако детето е присутно, исто е глупаво да пафкаш со него во иста соба, колку што е глупаво да имаш секс кога е присутно.
Да било така детето да стане се што е родителот, сите ќе имавме една иста професија во семејство, исти навики, исти пороци, иста сексуална ориентација и тако даље.
Се зборело на оваа тема многу, факт е дека марихуаната е дрога иако еднаш коа зборевме на оваа тема многумина негираа дека е тоа што е помодарство секој втор да пафка не значи дека не е психоактивна дрога. Сум пробала, те релаксира но до степен да се чувствуваш dizzy, мрзливо па дури и безволно за извршување акции, мене лично не ми се свиѓа, од медицински аспект во долга употреба може лошо да влијае на психичко здравје посебно ако имате генетски предиспозиции на депресија или шизофренија тогаш знае да биде тригер на тој ген а кога е у прашање родител апсолутно сум против да дува посебно ако дечињата се помали.
Можеби и ќе можеш, зависи колку си испушил. Ама јас не би ризикувала... А за алкохолот секој треба да си ја знае својата граница.
Па секако е помалку лоша од алкохолот, кој е ултра-популарен кај нас од секогаш и е причина за смртност и тешки заболувања кај илијадници луѓе годишно. Од марихуана, никој не умрел.
Кај виде да пишав дека не е помалку лоша од алкохол? Темата е марихуана не мора споредби што е полошо да правиме.
Не умрел ама доста постанале зависници па и продолжиле со други дроги. Знам една личноста која не можеше денот да го започне без да пафне. Цел се тресел. Исто е со пијанството, кое секако не го оправдувам во иста мера. Но секој размислува поинаку.