Не ми се случило никогаш да не знам кај сум, иако иам правено и двојки и тројки наеднаш. Додека пак од алкохол, многу брзо знам да се исклучам и да не сум во состојба да функционирам. Пострашно е начукан родител од напушен.
Е де, тоа го кажав и јас. Ако немаш само-контрола ќе се пијаниш секој ден, по цел ден, а ако имаш, ќе пиеш неколку чашки за викенд. Ако немаш само-контрола ќе пафкаш секој ден, по цел ден, а ако имаш, ќе пафкаш еднаш неделата за викенд. И каде лежи проблемот? Во изборот на 'дрогата' (условно речено) или во само-контролата?
Абе ајде... А димот шо иде во нивна плуќа како пасивни пушачи, не е нишо нели? Себични родители, само тоа можам да кажам. Би требало да се пријават ваквите и да следи добра казна. Исто важи и за цигари.
Точно така е. Но нели зависноста сама те наоѓа не ја бараш ти? Не сум пробала и не знам како е, па прашањето ми е ако ти решиш да пафкаш еднаш во неделата можеш тоа да го правиш со години? Што ако организмот ти побара два пати во неделата или поретко? Ајде ќе си речеш овој месец 3 пати, следниот 5 и така натака. Или сепак самоконтролата е доволна за да не постанеш зависник? Ова важи и за алкохол и цигари не само марихуана. Од секое може зависност да се постане.
И за марата исто, ништо не е поразлична од алкохолот. Не мора да правиш двојки или тројки како @Sanjichka007 , за опуштање доволна е една партија. Од каде ти е оваа статистика? Ја пример, најголем дел од младите за кои знам дека пробале неколку пати или пафкале од време на време не постанале зависници. Не само што не пробале други дроги, туку едноставно престанале да пафкаат. А знаеш колку починале поради алкохол, поточно поради цироза? Или станува збор за глума или како што велат некои 'се е во главата'. Исто како и конзумација на алкохол, а уште пострашна е зависноста од цигари. Во мои очи, пушачите се зависници во вистинска смисла. Штом им се стресат рацете, мора да запалат цигара. А да не го заборавиме фактот дека за да најдеш мара, треба да имаш луѓе, не можеш да отидеш во продавница и да си купиш. Алкохол можеш да купиш речиси секаде, а неретко и по гости, слави, родендени, првин ти нудат алкохол. Мара, мене сеуште никој не ми понудил како дел од прославата.
Исто како што е ризик алкохолот. Исто не можеш да предвидиш дали ќе те направи зависник. Ако се 'помачеше' да прочиташ на предходните постови, убаво нагласив, дека не пафкам во просторија, каде што е детето.
Не си погодила кај одиш по гости, затоа Од озбилната страна, скроз е нормално на прослави да има барем 5 мина кои се камен пијани, и тоа во присуство на деца, ама не дај Боже, да спомне некој ганџа!
Го затвараш у соба за да ти се опуштиш со мара? Блазе тебе. Нема потреба да се мачам да читам вакви постови. Фуј!
Па тоа викам. Без разлика марихуана, цигари, алкохол. Не можеш да предвидиш а свесно одиш кон тоа. Сите овие пороци водат кон зависност, затоа сум против било кое од нив. Можеби може долги години да имаш самоконтрола но има многу примери што не успеале а сигурно не сакале да постанат зависници.
И јас сум зависна од легални лекови за анксиозност. Не ми се средува високиот пулс и тензијата во главата дури не се напијам. Горе-долу, апчето има сосема ист ефект ко марихуаната (само што е многу поевтино и легално ). Секако тоа не значи дека остатокот од денот го минуваш непродуктивно и без осет кај си, кој си и што правиш. И јас имам другари што денот не го поминуваат без макар два џоинта. Тие делуваат чудно кога не се напафкани, а вака се сосема нормални и не се ни приметува. Навика - дефинитивно, но не ја гледам ко лоша пошто се премирни луѓе. Општо, не ги сакам филмаџиите што се прават „коска браче“, па буљат цел ден во бел ѕид со својата боемска појава и марата им е демек излез од јебењето на системот, ама тоа е веќе психолошки профил и без марихуана или други дроги. За родители... не знам.... дури им држи газот да се способни, а опуштени, што да не. А и попрво би „напафкан“ и насмеан родител, отколку живчаниве мамички и татиња што ги гледам секој ден по град. Е сега, оф топик, знам родител што е зависник од хероин, и иако не е лоша личност, апсолутно е жално да се гледа таа борба на цело семејство за еден човек, посебно кај детето. Тревата е ништо, посебно е слаба на нашиве простори, да бидеме реални.
Реков, прочитај прво, не се бламирај пред сите Пишав: кога спие или кога не е дома. Тебе ако те затворале во соба, додека си будна, за да се плескаат твоите, или ти ако ги затвораш во соба децата, за да се плескаш со маж ти, јас не правам така. Совесен родител сум
Ова го пишува во учебник фармакогнозија за трета година.И скоро по секој предмет што учевме го пишува ова.Во секој случај,има разлика од човек до човек.Многу особини важат и пред се карактерот.Дали единката е подложна на такви дроги,цигари или не и дали ќе продолжи со нив.
Тоа-тоа! Нација сме, во која секој возрасен над 30 години, лапа седативи ко бомбони секој ден, ама тоа, не влијае. Иако во упатство за хелекс, дијазепам, лексилиум, убаво пишува дека ти ја успорува моториката и те прави послабо рефлексивен. Ама, кој да прочита
Се гледа на темава на кој му треба опуштање. Никој не брка деца, ама сите имаме ситуации каде би биле без дете во моментот (детето спие, викендов сакал да оди кај баба/ дедо/ братучетки, екскурзија, поголемо е па е излезено во моментов и го чекаме до касно) и да си дозволиме моментални задоволства, дали било пафкање, секс, алкохол. Јас не сум родител, ама кога би била, легнува да спие дете и после напорен ден би посегнала. Децата легнати, смирени, па да си убрзам сон. Дозволени се задоволства како родител да знам да целам кон родителство?
Никако!! Има да заборавиш дека си човек со потреби и да бидеш само мајка! За што ти всушност постоиш? За да бидеш 24/7 залепена за децата, како жена, друга функција немаш! Ме тревожат предрасудите од некои.. Извинете за сарказмот.
Знаете што? Сум влегла во повеќе домови каде што се пуши марихуана, и го имаат "мирисот", па не знам колку да е луфтирано. Јас сум против и за цигари во дом каде што има деца (освен на тераса или во двор), а камоли за марихуана, што не секој има услови и "храброст" да седне лабаво да си ја пуши во двор. Можеби звучам затуцано, ама имам некое мислење дека марихуаната е "дрога на младоста", некако не ми личи сериозен и остварен фамилијарен човек да седне и да пуши. Што знам... Мислам дека веќе треба да ги имаш надминато тие "бубачки" кога ќе созрееш и ќе создадеш семејство, ама секој си знае најубаво за себе. Во мојот дом тоа нема да е дозволено и нема да се случи, ниту би однела дете каде што пушат. Едит: Ве читам, пишувате дека алкохолот бил лош, а марихуаната опуштала. Познавам луѓе што се агресивни кога ќе се напушат, познавам и такви што се порасположени кога се пијани. Исти к, сé што предизвикува ефект на "Др. Џекил и Мр. Хајд", без разлика во кој смер, не чини.
Постои шанса да сум била на гости кај некои од членовите овде, ептен конзервативни. Ако некој ми понуди мара, ке знам дека си ти. Ретки се и домашните слави, каде што добар дел од гостите не се пијани или барем загреани, а денес не се само мажите изгубени од алкохол, туку и жените. Плус да не ги заборавиме цигарите, а на слави, во исто време пушат по 10тина цигари. Сум била на слави каде што 3-4ца од гостите пушат по една пакла цигари за неколку часа, а не сум била на собиранки каде што во присуство на деца, возрасните пушат мара. Токму така, исто како што и алкохолот може да предизвика зависност, а исто и цигарите. Тоа се обидувам да го објаснам цело време. Лабилна личност лесно може да биде зависна од било што, ама не дека ке постане зависник само ако пафка мара. Поголеми се шансите да пуши штека цигари неделно или да стане алкохоличар. А да не заборавиме дека на упатствата на одредени лекови за смирување јасно е нагласено дека НЕ Е ПРЕПОРАЧЛИВО УПРАВУВАЊЕ СО МОТОРНО ВОЗИЛО.
Немам предрасуди ама со мали деца нема си легна и готово ќе се опуштам, ќе пафкам. По некое правило секогаш креваат тт ноќе, стомачните вируси со дејството почнуваат по заспивање (летото два пати поминав после час од заспивање да се буди со стомачен вирус), па има деца што се будат за вода, мочкање, итн. Е ко ќе се поголеми не знам, вие си знаете.
Кога беше ептен мала, немав време да мислам на личната хигиена, не па на алокохол, марихуана и шетање ноќе.
Не сум пробала мара, ниту пак сум почнала да ја гледам како нешто уау и кул, ама како што се информирам од читање и добивам прилика да запознаам по некој што умерено користи - ставот кон истата ми е полабав од порано. Сум против консумирање од страна на трудници за време на бременост, и консумирање во иста просторија со мали деца - исто колку што сум против цигари/алкохол во бременост и пушење цигари/пијанство на родители пред мали деца. Паѓањето во несвест околу марата наспроти општествената прифатеност на цигарите и алкохолот е ради неинформираност и е маана на општеството. Сè додека е во друга ситуација (без присуство на детето) и да знаат тоа да го контролираат да не им се одразува на родителските обврски - е сосема океј.