Не е доволна самоконтрола, зависи до личност но не можеш да знаеш, колега со кој се дружев долг период и се уште ми е другар не може да се откаже имаше таква несреќа да го фатат дилерот па и клиентите ги прибраа на разговор меѓу кои и другар ми он имаше простор од шест месеци апстинација до рокот со цел да се исчисти и да се докаже дека он не комзумирал али он не можеше па си плати добра парична казна на крај значи можеш да претпоставиш дека нема самоконтрола чим он си одлучи да плати но не и да се откаже. Инаку и он почна со по еднаш/два пати неделно знам пошто колеги сме заедно сме дувале само што он продужи до таа мера да не може да се откаже. И не сфаќам зашто како дефанзива одма се оди со споредба на полоши зависности неспорно е дека ете барем од тие што ни се најпознати и најактуелни зависности најбезопасна е марихуаната но ако збориме само за марихуана тогаш искачаат на површина негативностите кои ги сноси.
Никој не го оспоривме ризикот, само правевме паралели. Како што кажа, од друштво кои сте пафкале, само еден станал зависен. Прво се информираш за ризиците, па носиш информирана одлука. Како и за се' друго во животот. И патување со автомобил има ризици од сообраќајна незгода, ама информирано и со свест за посотоечките ризици, одлучуваш дали ќе патуваш некаде или не.
Е, тоа. Имам уште неколку години до 30, а веќе 2 години бонбоните идат. Дијазепамчиња камо среќа, моиве хардкор се користат дури и за PTSD. Професијата ми е таква да знам и деца од 15 години што се веќе некое време на Хелекси и остали лекови за смирување, па марихуанава ми е мачја кашлица кога ќе ја спомнат ко дрога, посебно дека не знам... човек гледа змаеви или доживува дереализација. Ама за волја на вистината, знам луѓе што од два дима повраќаат, им се лоши или стонираат со саати без збор. На тие општо би им залепила шамар што земаат нешто што им пречи, не па со деца ако се. Горе некој што спомнал THC како е објаснето по учебници... Имајте на ум дека учебниците ни се бар 20 години уназадени, и дека once again, локалните дилерчиња и самите не знаат колку (слаб) процент THC има во нивниот производ. Пошто Фиромче, дај му и оригано, ќе се прави авион дека е направен/а. Али don't do heavy drugs, kids. Стварно.
Баш така. Кај нас марихуаната не е баш марихуана. Некој кој пробал марихуана од други делови на светот, може да ја примети разликата. Нашево е повеќе како тутун отколку мара, ама ајде Ефектот на нашата и пр. од Америка/Канада е многу поразличен. Third world countries - third world joints. Бај д веј, 80% од моја генерација редовно користат. Јас не, општо не сакам ни да пијам, ни да пушам, ама за во иднина не можам да кажам. Ако ми ја пукнат главата децата може ќе ми треба да се олабавам.
Очигледно некои личности врска немаат околу некои поими како марихуана и нејзиното дејство, па само лупаат напразно муабети (читај продаваат морал) ко и во сите други теми. Стигнавме до степен да одредуваме кој е каков родител врз основа на ова? (Иритира, многу!) Не е лошо пред да седнете и да расправате на одредени теми, малце да се информирате.
Мене повеќе ми паѓаат во очи оние родители кои дозволуваат детето да седи до 2-3 часот наутро со нив. Така пред некој ден шетајќи со дм пред очи и право на улица ни летна едно детенце од 5 години. Директно на улица чиј автобус ќе го прегазеше, мене срцето во петици ми отиде што не успеав ни да го фатам. Среќа добро се заврши. Но, што бара дете во тоа време будно. Исто така не ни оправдувам дете да биде во околина на луѓе што пафкаат (пушат марихуана) ниту пак тоа го перцепирам како нормална работа. Но секоја индивидуа е различна приказна сама по себе.
Така му доаѓа, ама што ќе правиш. Сега има две нови фарми со марихуана кои се во 'изградба', се ми се чини дека се спремаат за легализирање, па со време да си се направат 2-3 први производители на истата, и да се изналупаат пари.
Редовно пушење во иста просторија со деца, пиење, клукање со апчиња за смирување, паФкање и слично не се примери кои би сакала да ги пренесам на свое дете. Додека се мали може нема да приметат ама на одредена возраст точно ќе знае кога мама се напила од апчињата а кога не, кога тато се напил една чашка или две повеќе од нормално, на бели дробови ќе се видат резултати од пасивно пушење и најбитно, ќе научи дека стрес се намалува со една цигара, џоинт, чашка алкохол или таблета. Што и не е така страшно ако е once in a blue moon, но зошто да не се чита психологија, зошто да не се вежба, зошто да не даваат совети за тоа како да се соочиш и справиш со проблеми на еден здрав начин а не да ги нашминкаш само површински? Зошто инаку возрасен човек би имал потреба од овие работи, не е тинејџер да експериментира, да се вклопи во друштво, да изгледа кул...или е?
Еден е Заев, ама знам и еден друг со 100% сигурност. Тој шо има па да има бабе, тој шо нема, па да нема.
Родители кои пафкаат Па, вака сега да се дечко и девојка ајде нека си пафкаат, и ај нека се во брак, ама родители да се тоа некако не можи според мене, како бе пред децата? Во никој случај тоа, едно огромно НЕ.
Немој да споредуваш нешто што предизвикува зависност ( алхохолот) и нешто што предизвикува опуштање марихуана, од алхохол многу народ умрел а од марихуана нема таков случај
И марихуаната ствара зависност кај тој што е подложен на зависности...А мене посебно толку многу ми СМРДИ таа марихуана и се чудам како ја пушат?? Некој пуши секој ден по неколку џоинта, некој пуши еднаш месечно...но да се држам до темата...ДОБАР РОДИТЕЛ не зависо од тоа дали ке пафка, пие, идр...туку да е во се умерен, совесен, прибран, тактичар, нежен, емотивен, културен и др.
Ма, се е океj, лепота...суперски е да се биде кул родител коj се олабаУе со паф, пуф малкуцка се до моментот коа ке настапи несрека од каков год вид, ко со дете си играло на тераса и паднало, ги заклучиле дур дремелe и пошле у продавница, каj комшика..е, тоаш ке фрламе со дрва и пафкачката средина нв ке звучи прогресивна и чаjлд френдли. Бог нек ги чува децата,оти сешто се дешава и оту треба да се деси за да ни доjде памет. Рече една жаба-неврник.
Не биле напафкани тие родители. Не е убаво да зборуваш вака. И ти имаш деца, па не знаеш што може да ги снајде. Грев е да судиш некому и лажно да сведочиш.