1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родители кои "пафкаат".

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од GirlRose, 24 јуни 2018.

  1. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Немој да ме убедуваш дека марихуаната не создава зависност.
     
    На cresa-jagoda, honest girl, IM.TMKQ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Како бе напафкани?
    Да пушат марихуана?!?
    Родител да пуши марихуана?!?
    Бог да чува:puke:
     
    На lilo, cresa-jagoda, mssuniquee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Искрено мене ова повеќе ми изгледка како одлика на несериозни луѓе, но додека лично не ме засега не би да ги осудувам. Ако сметаат дека децата им се безбедни додека тие се опуштаат со пафкање, тогаш во ред.
    Друго е тинејџер, млад пар или брачен пар без деца, а друго е веќе кога имаш деца. Спиеле во соседната соба па ајде ќе се пијанчиме или ќе пафкаме.
    Мислам секој кој решил да биде родител треба да е веќе свесен дека има дупли одговорности. Не си одговорен само за својот живот, посебно кога децата се многу зависни од тебе.

    Не зборувам само за марихуана, туку и за алкохол и цигари.

    Јас се опуштам на други начини и никогаш не сум посегнала да пафкам, па верувам така ќе биде и кога ќе станам родител.
     
    На Mari*, cresa-jagoda, Tan4ence и 6 други им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ваjлд, намали со пафкачки супстанци :D
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182


    Имаш деца?
    Си се опијанила некогаш откако ги доби децата?
    Си имала секс додека спијат децата?
     
    На CameliaMiller и Lolo5 им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Eве јас ќе кренам рака и ќе речам дека не создава зависност. :?:Судам по мене и моето друштво.
    Може да пафкам недела дена по ред па после неколку месеци воопшто да не пробам, не ни осеќам потреба. Еве пред 2 недели имам пафкано од тогаш до сега не сум ни помислила ниту имам желба.
    Исто и со другариве што ми се блиски, знам дека не се навлечени.

    Он топик Мислам темава не е дали родителите смеат да пафкаат ПРЕД очите на децата, туку општо, дали смеат да ја користат оваа супстанца дур одгледуваат дете. Според мене не. Би гледала сите штетни навики да ги сведам на минимум од тип на алкохол и цигари, а камо ли трет опијат.
    Колку и да се сакаме со мара, би и кажала довиџења.:hai:
     
    На oblace1, zhap4e, dayla и 3 други им се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Да
    Не
    Да
    Шо има тоа врска?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Има врска, како не.
    Си правела нешто за твое задоволство, може да не ги чуеш децата како плачат додека ти имаш секс.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Жив сведок сум дека не ствара зависност пошто има периоди подолги каде не пафкам и немам зависност
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Дечки вие само се лажете дека марихуаната не создава зависност. THC е психоактивна супстанца и спаѓа во истата група со кокаин, ЛСД, екстази и тн.
    Е сега вака. Тоа што вие возрасните пушите за релаксација понекогаш е една работа ама страшното е што вашето дете нема така да гледа на тоа. Ќе рече тато пуши зошто не и јас. После некое време во друштвото ќе му речат дај земи си крек и тоа е за пушење ама побрзо ќе те опушти.
    Натаму не би ни да помислувам а не да пишувам:worried:
     
    На Starlič, blackwave, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  11. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.604
    Пол:
    Женски
    Чудо големо, озбилно.

    Многу и од нашите родители сум прилично сигурна дека си пафкале ко млади, поготово тие што биле градски деца во Југославија. Во повеќе примери од друштво, родителите отворено си признале дека пробале како млади, на другар му рекоа ако планира да проба, подобро заедно со нив да сврти џоинт. Во конкретниов пример зборам за многу кул луѓе, големи интелектуалци со јаки позиции. И сите се живи и на број, и сите се далеку од пропалици. :)

    Кај мене дома, за моите не знам, ама брат ми што ми е цел живот пример за остварен и успешен, исто знам дека со друштво си пафкал. Big deal.

    Во иднина, дефинитивно сакам во одредени моменти да си пафнам и со маж ми. Нормално, ако знам дека децата ми се средени и подмирени, никако со нив во близина. Меѓу другото, редовно користам прехрамбени и козметички производи со коноп, што не содржат тхц а се многу здрави. Многу поглема осуда ставам на родители што пушат цигари пред деца, отколу родители што си пафнале кога биле сами и на страна.

    А живеам во земја каде марихуаната е декриминализирана, нит е табу тема, нит па ќе се секирам многу комшиите да не мириснат, а и општо земено, многу веројатно и комшиите си потпафнуваат, било да имале 20 или 50 години.
    Пак ќе речам - чудо големо. :)
     
    На Doozy, Annath, Bender Rodriguez и 11 други им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    38.209
    Пол:
    Женски
    Kaко бе јас досега не сум запознала некој што е зависен од трава? Сериозно. Јас пушам, и дечко ми пуши, некогаш дим, два пред спиење, некогаш со недели воопшто, некогаш во друштво кога како. Не сум осетила зависност и не се притресувам ако не пушам, а исто не се притресува и никој што го знам.
    За кога ќе бидам родител ќе пушам пак веројатно кога децата ќе ми бидат повозрасни, додека се мали единствено ако сум некаде без нив, на одмор, викенд, излезена, некаде на гости, дома додека ги чувам нема од причина што нејкам да вдишуваат чад.
    И да тоа што пушам не ме прави лош човек и нема да ме прави лош родител. И да некој рече зошто да не вежбате, читате, шетате, медитирате, наместо тоа и замислете го правам и сето тоа, заработувам и учам, се грижам за родители, се грижам за животната средина, се грижам за животните, имам свој дом и се грижам за него и ќе имам деца и ќе се грижам за нив и тоа што пафкам и ќе пафкам не ме прави клошар како што си имате зацртано во главата.

    А под апчиња редовно што е 99% од нацијата подобро е, стварно добра слика е за децата и тоа, дека сите проблеми со апче се решаваат. Али нема веза.
    Исто не знам како го замислувате тоа кога си напафкан дека не си способен за ништо, воопшто не е така, можеш да функционираш сосем нормално ако се спротиставиш на дејството и ако е потребно, ама пошто пушам за да си релаксирам мускули се препуштам и уживам.

    На крај децата се посебно битие, колку и да сакате да го насочите на еден или друг пат, колку и да го воспитувате, да му забранувате или дозволувате нешто, тоа на крај ќе порасне и само ќе си одлучи што сака да прави, а што не.
    Ако родител пафка не значи дека и детето ќе го прави тоа, ако таткото е пијаница, не значи дека и детето ќе е оти го гледал дека пие, оти моите пушат цигари страсно со години, па брат ми никогаш не пушел, напротив мрази цигари, пијат алкохол онака чаша две пред спиење и се поднапивале пред нас, па јас од две пива или чаша коњак повеќе не пијам оти не сакам, на крај крај тоа не е ген што се наследува. Ниту миоите родители не се лоши родители, ниту јас ќе бидам.
     
    На JuLleE, sparklie, Doozy и 20 други им се допаѓа ова.
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    А тоа што многу родители се послужуваат со розови апчиња купени од аптека океј ти е? Поддржуваш? Строго си против како што си згозена од луѓето кои пафкаат? Знаеш дека и лековите за смирување создаваат зависност?

    Еве родителите на дечко ми пушат цигари, тој не. Има два примера од кои може да каже 'Еј баш е кул, тие пушат, зошто не и јас?' а сепак не го прави тоа. Другарка има татко алкохоличар и не пие секој ден по еден литар, туку понекогаш пие по една чашка. Познавам луѓе кои пијат АД во комбинација со хелекс долги години, па нивните деца никогаш не посегнале по апчиња за да се смират.

    :drunk: Крек бе - крек??? Можеше директ на хероин да преминеш.

    Инаку, јас не познавам личност која ја убедиле, а уште помалку ја натерале да проба било што. Со сила никој не може ниту да ти сипе алкохол во уста, ниту да те убеди да пафкаш, а уште помалку да се бодеш во вена. Друштвото може да ти понуди да пробаш, а ако детето до толку не може да пресече и да рече дека не сака, тогаш има поинаков проблем.

    Патем, сите оние кои пишаа дека пафкаат, не пишаа дека тоа го прават во присуство на деца. По таа логика, не знам како би можеле деца, кои еве да речеме имаат 12 години да укапираат дека мама и тато пафкаат, па може и тие?
     
    На sparklie, Doozy, Ketchup и 10 други им се допаѓа ова.
  14. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    10.085
    Трудници и доилки што пијат, родители на мали деца што “дуваат”, се е отидено во неповрат... после чудете се зошто секоја генерација деца е се полоша. Најжално е што многу млади татковци шмркаат викендашки па преку ден викендот нормално дека не се расположени за детски активности. Знам дека времето е многу лошо напнато и нервозно ама има и други начини на опуштање и издувен вентил кој ќе биде и позитивен пример за децата. На пример планинарење, тенис, шетање куче, џогирање....
     
    На Starlič, azelea, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Можеби сум старомодна,ама не одобрувам.Не ми се вклопува сликата на родител и марихуаната.Изјавите од типот-кога не е детето тука :puke: Ако било добро,зошто би се заштитувало детето од тоа? Едно е сексот,кој како чин на задоволство,ќе се развие во свеста кај детето(ама нели не е пригодно пред него,бидејќи секундарни полови карактеристики не се развиени и плус родител си му),а друго е ова.Еве јас никогаш не сум пробала марихуана,па не ми дошло во свеста дека морам.И кога веќе детето е важно да се заштити,а вие си се сакате и себе си,зошто на самите себе би си наштетиле? Факт е дека марихуаната предизвикува психотични дејства-можни се халуцинации,бајки...Не ги сфаќам коментарите-нема дејство ако се спротивставиш.Како да се спротивставиш? Ќе го запреш чадот да не оди во крвта? Не дека и пушењето цигари кое ги прави децата пасивни пушачи не е штетно,или дека пиењето алкохол во претерани колични не е убав пример,или апчињата.Ама цигарите немаат исто дејство со марихуаната,алкохолот-во умерена граница освен повеќе адреналин не ефектира ништо (сега ако пиеш многу или секој ден,секако дека ќе има последици),апчињата-од некои си пасивен и убаво е нагласено што не смее да се прави под нивно дејство-ама за здравје се пијат.Не мора да се апчиња за депресија,хелекс не знам што,може да се за болка или нешто.Не гледам како детето е оштетено ако мама пие апче за болка пред него? Плус си стои на апчињата,да се чуваат подалеку од дофат на деца.Забегав малку оф топик.
    Имав другарка која пафкаше марихуана.Секогаш,ама секогаш кога ќе се напафкаше ја сеќавав.Значи се познаваше од километар.Така да не се лажеме дека со пушење марихуана си ист и кога не си пушел.
    Ајде тинјеџер,па си пробал.Ама реализиран човек,со семејство? За мене,само знак на незрелост.Односно само привремен излез од секојдневниот стрес и заборавње на проблемите.Има многу начини тоа да се изрази на поздрав начин.
    Едно е марихуана во медицински цели,друго е марихуана за широка употреба.Ако била ок,ако не предизвикувала психотични дејства,ќе била легална.Ако е во Холандија ок,бизнис си прават од тоа,не зчаи дека е добро да биде легализирана во цел свет.И обрежувањето е ок во Африка,ама не е добро за цел свет,нели?
    Против сум тоа да го прави родител,не е добро ни за него,ни за детето,нити дава убава слика.Како би било вашето дете утре да дознае дека тато или мама зема марихуана?
    Ама се правиме современи,па се што се смета на запад кул,мора овде да претстави како најнормално.Од пуста желба да се следат светските трендови (facepalm),не е битно дали се лоши...
    Не е за мене табу тема,воопшто.Ниту ми смета дека некој пуши,слободно кој сака.Затоа не сакам да ме напаѓаат зошто не мислам како некој друг,секој си има право на мислење.
     
    Последна измена: 24 јуни 2018
    На blackwave, azelea, macysh и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Темата колку што ја сфатив е за редовно пафкање а не -сум излегла еднаш во месец без деца и сум потегнала дим или два дури детето е на спиење кај баба му. Ако е толку ок зошто да се криеш од детето? Не мора во фаца да му дуваш ако ти е за димот, ама излези на тераса, испуши еден џоинт и влези дома. И така редовно. Би?
     
    На honest girl и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Како бре не прави да се осеќаш ко авион? Јас еднаш мислев дека сум глуварче :rofl: сериозна сум :| и другиот ден не функционирам.
     
    На blackwave и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Не ми е ок родител да пафка треФче неодговорно незрело и безвезе е. Примерот со крекот нека не те буни и не преминав на хероин намерно бидејќи зборуваме за пафкање, а хероин не се пафка. Лековите предизвикуваат зависност да ама не би да мешам лекарство со марихуана бидејќи не е исто, лекот доктор ти го дал а твое е да ги злоупотребиш ако сакаш.
    Не разбирам зошто треба да оправдам родител кој пафка?
     
    На honest girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    34.129
    Пафкање не, али пијанчење ко ненаститна стока за секој еден празник, роденден, слава, па и онака со комшиите , и пушење цигари по две кутии ко да ти е последно, тоа да. Може.
     
    На BoyL, An-na, Oxymoron и 29 други им се допаѓа ова.
  20. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Луѓе многу генерализирате како за многу теми. Еден спомнува зависност од марихуана, друг алкохол, трет кокаин, а некој друг лекови. Јас за овие родители кои пафкаат пред децата не сакам да коментирам што сакаат нека прават нивно право е, иако не ги оправдувам и не планирам да бидам џанак тоа е мојот став. Имам пример во фамилија со личност која беше зависна од алкохол. Сите од фамилијата имаат претрпено стрес поради однесувањето на личноста и јас имам трауми ама за разлика од останатите не толку долг период на некои од мојата фамилија тоа им имало големо влијание и со тоа се пренесе на мене по некоја игра на случајот. Последните денови го гледав како страда , но не можев да му помогнам. Имаше цироза и рак на грло поради преголемото конзумирање на алкохол односно зависност. Зависноста потекнува од нашиот мозок . Доколку сме одлучни можеме да престанеме да конзумираме нешто што ни штети ќе го спречиме тоа, но доколку подлегнеме на зависноста ќе се соочуваме со хорор. Истото е со цигарите се наоѓа изговор дека не можело да се откажат бидејќи станале зависни. Да зависноста постои но од нас зависи дали ќе се предадеме на неа или ќе се избориме со неа. Колкаво влијание има мислата односно желбата и волјата да се промени нешто сме виделе во многу случаи .Истото е и со лековите тие имаат плацебо ефект односно личноста е убедена дека и помагаат и доколку ги прекине ќе и се влоши состојбата. А колку е штетна марихуаната не знам бидејќи не сум бил сведок на некој кој подлегнал на зависноста и го лавнала кучката.
     
    На IM.TMKQ и SeaMermaid им се допаѓа ова.