1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родители кои "пафкаат".

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од GirlRose, 24 јуни 2018.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Марихуана е озбилна работа, може да те направи да сакаш да имаш секс со животни :rofl:
    Не сум љубител, сакам кога имам контрола врз себе и од проба не ми се допаднало. Но може добро ќе им дојде на моиве :)
    Се додека ова не влијае и со ова не се занемаруваат родителските обврски, нека си пафкаат луѓето. И родителите се луѓе, не се совршени битија и во ред е, се додека не ги загрозуваат своите деца.
     
    На An-na, Doozy, Ketchup и 11 други им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.826
    Допаѓања:
    38.394
    Пол:
    Женски
    @SeaMermaid знам многу родители кои се совесни и зрели, веројатно многу позрели од тебе, успешни, образовани со деца за пример, а знам дека пафкаат, така да ова не ти држи вода ама никако, ако јас пафкам кога ќе бидам родител далеку од тоа дека сум незрела личност.
    Гледам оти сакаме да го следиме светот сме уствари толку затуцани, неинформирани и '' успешни'' на секое поле. Светот е милион години пред нас, Холандија која го дозволила тоа, која има луѓе што пафкаат замисли возрасни зрели особи, гледам многу неуспешна земја е од секој аспект.
    За контролирањето не во смисла да спречиш дејствието да влезе во крвта ама ако сакаш можеш да работиш, да учиш и да вршиш други активности без проблем, дечко ми работи некогаш со земен некој дим зошто има многу стресна работа и тоа му помага и е меѓу најдобрите во неговата професија и си ја врши работата одлично. Брат ми е уметник, кој црта неверојатно, а најдобрите дела ги има кога цртал малку напафкан, значи може да функционираш нормално, тоа дали ќе кулираш е твој избор, ако се сконцентрираш на тоа да се релаксираш така и ќе биде.

    И обрежувањето не е ок во Африка, противзаконски е и ги крши човековите права, тотално надвор од контекст.

    @Bridget не темата е родители кои пафкаат, никаде во првиот пост не е напоменато колку пафкаат, каде пафкаат и зошто пафкаат. Пишува знам пар кои се родители и кои пафкале, така да развиваме тема во тој контекст. За муабетот зошто не би пушела со децата, зошто како што кажав тоа сакам да го правам кога сакам да се релаксирам, а ако децата ми се околу мене, ако треба да вршам оврски со нив нема да пафкам оти не можам да се релаксирам.
     
    На Doozy, Ketchup, Joi и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.894
    ^
    Додека се мали ок, ќе потпораснат малку и нема да имаш толку обврски околу нив па ќе можеш слободно.
    И не мора да им наштетиш физички, доволно е што ќе ве гледаат дома летаргични, со полузаспани и црвени очи, без целосна контрола и некои нагли реакции во обични ситуации.
     
    На elimkd, kim.k, blackwave и 12 други им се допаѓа ова.
  4. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    А би му дала алкохол на дете? Од истата причина де, ако е и добро и легално меѓу другото, тогаш зошто е ограничена конзумацијата само на полнолетни лица?
    Кога ќе го одговориш ова прашање, ќе го добиеш одговорот и на твоето.

    И не се работи само за тој фактор, како што спомнаа погоре, повеќето го прават тоа за релаксација.
    А ако пазам или ако сум во близина на деца, нормално дека ќе правам се' за да ми е моториката на најфункционално можно ниво. Во такви околности, не гледам ни една причина да конзумирам марихуана.

    И сериозно, ама сериозно со споредбава на легализација на марихуана со физичка мутилација на жени? :fubar:

    Сe' додека кај нас дискусија за марихуана нема да поминува без спомнување на хероин и крек, ама истовремено ќе мислиме дека ич не е табу тема кај нас, океј ќе си е.

    И а да, конкретно во Холандија која е спомената, во која на улица имаш coffeeshops наменети баш за продажба на марихуана, од старо до младо колективно се навлечени на крек, дека нели марихуанава веќе не ги дига.
    Аха.
     
    Последна измена: 25 јуни 2018
    На Joi, tirkenbal, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  5. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Сум читала дека не е кој знае што, ама кога ќе видам како изгледа некој што пафка, ми се гади. И се тргам подалеку од таквите.
    Јас стварно не знам која би била причината за дрога, и сигурно сега следува: џоинтот не е дрога, ама е. Кој пробал еднаш ќе проба пак, кој пробал пак ќе проба и друго итн.
    Ја оправдувам за медицински употреби кај што е потребно. Ама за тепање досада јок.
    И да, паралелно со ова што пишав, сум против и родителите да пафкаат, пошо јас се ставам на место од дете на пафкачи и не би сакала да ги гледам моите надувани, а ниту сакам да бидам ќерка на оние што пушат џоинтче.
    Строго сум против, и никој не може да ме разубеди.
     
    На cresa-jagoda, fana, iloveyou29 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl: Никогаш не би ми текнало така да го опишам ефектот кој го дава пафкањето.

    Муабетот ми беше дека марата не е толку силна како што го гледаме она на филмови. Претпоставувам дека треба да пафкаш цееееела вечер за да си како поле со глуварчиња и да не знаеш како ти беше името.

    А зрело е да пие алкохол и да пуши цигари? Јер е легално?

    Не ме збуни за крекот, ама можеби си ти збунета бидејќи споредуваш пиво и ракија. Е овде за пиво правиме муабет.

    Значи докторот ако го препишал, тогаш е сосема океј? Што правиме со оние луѓе кои не ги злоупотребуваат лековите, а сепак се зависни од нив? Еве да речеме, дали знаеш колку е тешко да престанеш да користиш АД и хелекс а си анксиозен? Или еве, само за хелекс да правиме муабет, препишан од доктор, ама пациентот зависен, иако има 30 години?
     
    На Joi, Annath, Harper и 4 други им се допаѓа ова.
  7. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Тоа што ти си против тоа си е твое мидлење и јас тоа го почитувам.
    Но да ти кажам дека јас пред да почнам да пушам трева си дадов самиот на себе ветување:
    Даворе ова ќе трае 3 месеци и завршува.
    Поминаа 3 месеци и јас повеќе не пушам.
    Од тогаш поминаа 3 години јас само тутун (цигари) пушам и ништо друго.
    Ниту сум пробал нешто друго во меѓувреме ни ништо.
    Се е до мозокот и до самиот себе.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.728
    Пол:
    Женски
    Не бре цела вечер какво цело поле ја бев само едно глуварче поред патот оставено. :D Не се работи за количината туку за колку е јака. Ама тоа е веќе друга тема на муабет. :x
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.848
    Пол:
    Женски
    Збунета си ти ако споредуваш дрога со алкохол и цигари. Бидејќи не не е исто и не може да ги споредуваат никогаш како што не може баби и жаби.
    Ако некој е анксиозен и треба да прима терапија хелекс значи дека треба да прима терапија хелекс исто како што ти треба да пиеш антибиотик за некоја инфекција.
    Значи хелексот го пиеш (секако дека може да станеш зависен неспорно е) поради медицински цели а пафкаш од бес. Не не е исто и никогаш нема да биде, колку сакате правдајте се и споредувајте со други работи али ако вие си сметате дека е ок да си пафкаш јер је врло веома шизички и ако пафниш ќе бидеш најбољи фраер у маало, терајте(fingers)
     
    На mal.ecka и makedonkamak им се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Kako тоа изгледа човек што пафка? Некои посебни карактеристики да ни издвоиш да може да ги препознаваме во толпата, па да бегаме и ние од нив??
     
    На molikaMk, Rebecca_R, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.826
    Допаѓања:
    38.394
    Пол:
    Женски
    Девојче ај ако сакаш прогуглај малце и види статистика дали некој умрел од пафкање, а колку умреле од алкохол и цигари па после ќе правиме муабет.
    И не можеш да збориш у мое име дека пафкам од бес, оти единствениот бесен во приказната си ти очигледно. Дај никој не те тера да пушиш ама олади малце до филмањето кој каков е, оти да не знаеш лично ќе си речеш стварно не сум била у право.
    Немојте како коњи само бе луѓе, едуцирајте се и за медицина и џа алтернативна медицина, читајте па после дискусија, вака не оди.
     
    На Matotheja, Gosh, JollyGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Ќе се воздржам од коментар околу пафкањево. Само интересно е и што ми падна во очи е што во други теми секогаш зборувате дека однесувањето на детето зависи од родителот и дека сe' што прават гледаат од родителот. А овде тоа го негирате.
     
    На Hellobeautiful, elimkd, larrachi и 7 други им се допаѓа ова.
  13. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    72.930
    Пол:
    Женски
    Не сум пробала, од мои лични причини, ама не сметам дека е страшно. Се дружам со луѓе кои тоа редовно го прават и кои не се различни од мене по ништо. И мм не користи ама па затоа пуши 3 кутии цигари дневно, во дневна, кај што ми седат децата ( 3г и 6м)
    Да можам да бирам, повеќе би сакала да излезе на тераса и да испуши1,2 џоинта дневно него што се труе и себе и околина со толку цигари.
    Ама, повторувам, ова е лично мое мислење.
     
    На Joi, Gosh, Плавуша123 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    5.440
    Не мора да се оди толку во крајности, темата е општа и мислам дека не беше поентата за родители што пафкаат секој ден, туку онака понекогаш од време на време, како што некој сака да се опушти со чаша вино или ракиичка и салата така можеби некој сака со џоинт. Се додека си ја знае мерката и границата според мене е ок. Полоша слика ми е пушење цигари во присуство на деца отколку родители на само џоинт или цигари. Значи според мене акцентот е на колку ке испуши, се додека е во рамки на функционалност е ок, исто како што е дозволено да управуваш автомобил со 0,5 промили алкохол,а не повеќе така некако и со пафкањето.
     
    На Joi, Amellie13, Nigredo Odor и 6 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.186
    Ти си збунета. Цигарите и алкохолот се полоша дрога која предизвикува зависност, него ли марихуаната.
    Годишно умираат милиони луѓе низ светот од цигари и алкохол, а од марихуана, никој ни се разболел, ни умрел. Ни еден, во целата историја на човештвото.

    Аман прочитајте прво некое истражување на интернет, после дебатирајте на теми.
    Филмови не се референтни, се е преувеличано и нереално.

    Точно Тане, децата може да се научат да имитираат однесување од родителите.
    Затоа совесни родители не прават глупости пред деца: Не се расправаат, пијанчат, сексаат, пафкаат, соблекуваат голи.. пред деца.
    Се знае кои работи се за во интимност, а кои за пред децата.
     
    Последна измена: 25 јуни 2018
    На Amellie13, DAngel, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.848
    Пол:
    Женски
    Одбирам 'неедуцирана' да живеам, полесно ми е (fingers)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.186
    Слободно. И носи ги децата на бајач, кога ќе дигнат ТТ.
     
    На Lolo5, Gosh, Monna.Monna и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.894
    И ти ова го дозволуваш? Белите дробови на пасивни пушачи страдаат како и на пушач. Бебе и дете во соба на пушач кој пуши 3 кутии цигари на ден? Закон за ова треба да има.
     
    На Avery, makedonkamak, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    261.188
    Немам ништо против консумација на марихуана.

    Ама имам многу против во консумација на марихуана, а и алкохол, додека се возрасните околу деца.

    Само не знам, еве зошто - сосема е океј да се пие и опијанува, дури не се ни прави муабет за тоа - околу деца, ама не е во ред да се консумира марихуана.
    До таму што во игротеки, на детски родендени, се нуди алкохол.

    Не е алкохолот ништо побезбеден од марихуаната, исто човекот не е 100% “свој“, па не се крева џева.
     
    На Joi, ane.bella, blackwave и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Марихуаната е билка, и како "чист" производ, без додавање други психоактивни супстанции кои би ја синтетизирале нејзината вредност, е во ред.
    Меѓутоа во нашата држава, ретко може да се најде таква на црниот пазар. Затоа е потребно да се провери квалитетот пред конзумација. Но, проблемот е во тоа што не можат сите да бидат експерти во областа, па така не секој аматер купувач без оглед на старосната граница ќе знае да препознае што му е продадено..

    Дека е толку здрава апсолутно не се согласувам. Можеби нема да наштети на телесно здравје, меѓутоа по менталното може да остави последици. Особено синтетизираната, која поради законската прохибиција не е контролирана според соодветни стандарди и услови, а како таква не знаеме што содржи во својот состав.

    Особено е важно луѓе кои имаат психотични или невротски проблеми (како анксиозност, депресија итн.), да бидат внимателни поради можност за влошување на веќе постоечката состојба. Факт е дека сеуште не е утврдено како точно THC влијае врз мозочните рецептори кај секоја индивидуа поединечно, затоа и искуствата под дејство на оваа супстанца се разликуваат.
    Имало луѓе кои долго конзумирале и немале негативни ефекти, па одеднаш им се влошила состојбата. Имало такви кои веднаш после конзумацијата добиле депресивна "eпизода" или паничен напад. А од друга страна ги имаме и оние кои конзумираат цел живот и не им е ништо..

    Конкретно на темата, ниту цигарите ниту марихуаната се здрави доколку секојдневно се користат. Цигарите не треба воопшто да се конзумираат, додека марихуаната ако веќе ептен сака некој, "нормалaта" e еднаш или два пати месечно максимум. Сешто е повеќе од тоа преминува во навика која доведува до потенцијална зависност.

    Родител кој често пуши пред своето дете во затворена просторија не само што го загрозува своето здравје, туку и здравјето на детето, и таквите луѓе не ги сметам за родители, без оглед дали она што го пушат е цигара или џоинт. Моите родители биле активни пушачи на цигари, но во текот на моето растење, секогаш излегувале на тераса. А и воопшто кај нас дома не е дозволено да се пуши внатре.
     
    Последна измена: 25 јуни 2018
    На Hellobeautiful, makedonkamak, Joi и 11 други им се допаѓа ова.