Да, треба да се легализира, најмногу ради овие причини. Дури мислам дека најдоцна за година или две од сега ќе стане во потполност легална.
И јас така мислам.. бас пишав пред неколку страни. Посебно, чим Заев прави плантажиче со марихуаниче, сигурно не го прави од љубов кон пафкачите
Про легализација сум, и камен е штетен ако се употреби на некој начин, повеќе би да имав родители кои *пафкале* него ли цигари/алкохол да користат. Што и да пишам ќе биде дел од тоа што го пишав во темата Дрога. Има научни трудови со што колку е штетно, ЛД50 за предозирање.. читнете ако не сте досега и ве интересира. Сега точно дека може да ти прејде во навика, но не сум сретнал *зависници со криза* од марихуана, само пушачи од навика кои имаат анксиозност од претерување. Се што ме дели од *пафкање* е закон, и да знам кај е одгледана, каква е почвата етц.. Затоа треба да се регулира а не на црн маркет.
На мали деца уште од раѓање им даваат да лизнат ракија и пиво. 90% од оваа тема што се против пафкање, со глава гарантирам дека на децата уште во првата година им дале да лизнат пиво. Така од мали нозе се учат дека алкохолот не е ништо страшно, ама пафкањето е. За темава - кој како сака, нивно право. Имам пробано, кога бев студент. Ништо посебно не ми беше. Сега, реализирана како родител, не пафкам. Не верувам дека би некогаш во иднина. Ама некогаш кога ќе си легнат децата, си ставам чаша вино, понекогаш радлер, пијам... тоа не ме прави поголем родител од оние што наместо да пијат, пафкаат.
Мајка многу е лошо пасивен пушач. Татко ми никад нема запалено а плуќата му е ко цел живот да пуши од мајка ми што му чади цел живот. Пушач сум, те сакам, ама качуј му се на глава. Исто ко да ти пушат децата е. Жими се мм да прај вака ќе однесам дете на ртг за да види колку му штети.
Да се надоврзам, сум против да стапи во контакт со мали деца што и да е, родителите што прават додека не се во близина на децата, се додека се одговорни, нивна работа. Прилично сум конзервативен на многу прашања, ама од иста причина од која имам мислење на темава, информираност.
Исто, само јас помлада од тебе, крај на средно, "пафнав" два - три пати... не е тоа за мене, не ми влијае добро, како и алкохолот. Тоа што не пафкам и не пијам воопшто, не ме прави подобар човек, подобра ќерка, или утре подобра мајка од другите.
вчера се карав за ова со мм. Ќе му дал да лизне ракија некој ден. нормално секоја ракија од дома заврши во канализација. Јас сум против деца да лизнат алкохол.
Моментот е - во бременост, при доење итн. мајкиве се пазат не пробуваат ни капка алкохол, за после на 7-8-10 месеци татко, дедо, вујко да му дадат да лизне. Богдачува.
Абе дечки, и јас ретко јадам брза храна и сум прасица, а имам другарка што јаде секој ден и е стапче. Пушев цигари ко луда и ги оставив без никаква криза, затоа што станав едно утро и така ми текна, а има луѓе што се тресат за цигара и не можат за ги остават. Не сме сите исти. Познавам зависници, се тресат и агресивни се додека не запалат, и никој не може да ми каже дека не создава зависност. Мило ми е што спаѓате во оние што не се зависни.
Оправдувам се' додека е во умерени граници, да не е во затворена просторија и да не е пред децата. Исто така и цигарите и алкохолот. Во бременоста и за време на доење сум против, бидејќи тогаш штетно е се', цигари, алкохол, не само марихуана. Јас лично не сум пробала никогаш, не ни сакам, така да не можам да кажувам дали ствара или не ствара зависност. Пафкале луѓе и пред мене, но никогаш не сум сакала да пробам. Ни цигари не пушам, алкохол не пијам често. А инаку и некои лекови се донекаде дроги, бидејќи се за смирување и опуштање. Drugs на англиски ги викаат и дрогите и лековите.
Како не може да се споредуваат? Колку луѓе се зависни од цигари? Еве кажи околу тебе, колку пушачи знаеш? Колку од нив пушат цигари пред децата? Знаеш колку пушачи годишно умираат? Алкохол - знаеш колку луѓе се прават ѓон пијани? Знаеш колку луѓе умираат поради прекумерна конзумација на алкохол? Знаеш луѓе кои се алкохоличари? А сега да видиме за марата - знаеш луѓе кои редовно пафкаат мара? Тие ти имаат кажано или ти си забележала разлика во нивното однесување? Од бес пафкам. Тогаш кажи ми, луѓето на слава, од бес ли пијат и потоа не можат газот да го поднигнат од стол? Докторите кај нас стручни, што да ти кажувам. Многу им е тешко да ти препишат хелексче, првин советуваат медитација и разговор со психолот, а дури потоа даваат терапија. Не ми прави смешки, познавам луѓе кои имаат 30, а поради пропуст на докторите земаат терапија, зависни се и денот не може да им мине без хелексче. Не сакам да бидам безобразна, луѓето си имаат проблеми па бараат лекови, затоа не можам да го наречам тоа бес, ама факт е дека можеле да се обидат со лекови на билна база. Не сме мали деца за да се фалиме пред другарите, а сигурна сум дека и остатокот од родителите не се фалат пред цело маало, туку во некој поблизок круг. Да бидеме на чисто, никој не те тера да пафкаш мара, ама ослободи се од двојните аршини, твоите мислења изгледаат смешно во очите на другите.
Ма колку сака нек делувам смешно заостанато и глупо за мене не е океј да пафкаш и тоа е тоа. Не зборувам дали некој ќе умри и каква е смртноста и сл. не ми е ок пафкањето особено родител. И да, пафкаш од бес во споредба со оние кој земаат хелекс. Или не од бес ете дека досадно ти е на пример не знам. Еве модерен и со напредни сфаќања има кој да биде, мене убаво ми е да сум заостаната и смешна.
Не не, не си заостаната, така ти одговара. Ги избегнуваш моите прашања, кои патем, се многу реални, ама од причина што одговорите не се во твоја корист, си премолчуваш и се дефинираш себеси како заостаната. Не е заостанатост ако ти е океј родители да пушат пакла или две пред децата, не е заостанатост ако ти е океј родители да пијат алкохол пред децата, па дури и да им нудат да 'лизнат', сето тоа се двојни аршини и неинформираност. Пиење алкохол и пушење цигари додека се онесвестиш е бес, а добар дел од родителите го прават тоа пред децата, додека децата се во истата, затворена просторија, многу ти е лоша дефиницијата за поимот 'бес'. Нема што повеќе да кажам, се обидувам да дискутирам, ти упорно велиш заостаната си како тоа да е некој јак аргумент.
Можеби би го направила тоа доколку знам дека детето ми е на сигурно, кај бабите и дедовците... Кога бевме во Амстердам, го правевме секој ден од одморот, 5 дена по ред. Звучеше интересно, пробавме и печурки јер еднаш се живи... Па и хај колач изедов... Појдоме двајцата од таа помисла дека боље сега да пробаме печурки, отколку да чекаме следна таква прилика. Искрено, не се замислувам како повторно “дувам“ затоа што не ми е веќе ни интересно, ни фамозно. Утре ден ќе станам родител, ќе му кажам што сме правеле како млади, како сме гледале наши врсници што го правеле тоа. Нема да се правам Дева Марија пред нив, ама ќе си ја знаат својата граница до она: Ти најде да збориш... Правеле грешки и моите, не велам не... Правам и јас, ќе прават и тие... Ама од нив најдобро се учи. Со прикривањето очи и уши за нашите грешки еден ден може да им се срушат идеалите за безгрешните родители ... Отидов оф топик ама целта е таа.. Експерименти дур децата спијат, ноу веј... п.с. Во оној дел со иделите, мислев кога можеби еден ден децата ќе слушнат од друг за грешките кои биле направени...
Е ок ај сакав да скратам ама не бива. Познавам многу што пушат цигари, но не познавам некој кој пуши во иста просторија со деца. Алкохоличар познавам има над 70 год и уште си пие не е умрен. И сеа дека тој не е умрен треба да кажам дека алкохолот е ок ? Не. Познавам луѓе кој пушат марихуана и знам кога имаат пушено а кога не. Замижани, клапнати, успорена снимка...мислам шта речи. Не не познавам некој што умрел од марихуана што не прави да речам дека марихуаната е ок. НО! Исто така знам голем дел од пафкачите (модерните де ) кој престанале да бидат пафкачи јер је мара веќе слаба и не ги опушта така ко порано па преминале на се нешто шмркање боцкање и слично. Вака школска моја почна да се опушта па сакаше појке и појке да се опушти и сега 2 метри под земја е. Ај сеа тапшајте се по рамо таму дека јаки фраери сте со треФчево нас неколку шо сме заостанати остајте не, не сме интересни ние
Многу сум против пороци. Не пијам, не пушам, ми смета било кој во мое опкружување да забегува со овие работи. Не делам алкохол и цигари, пијан човек е просто мизерно да гледаш, али овие зачадениве по цел ден исто не ги можам. Сега ќе се избаци некој стравствен пушач со глупости од типот на - Ами воздухот глеј го каков е кај нас, не труе тоа 100 пати повеќе, хаха, бла, бла. Не можеме да престанеме да дишеме, али со цигарче во рака никој не се родил, избор е. Пак и трудни пред пораѓање иам гледано како се трујат, одвратна слика, фуј. Ова што секој бил на апчиња за смирување исто не го оправдувам, освен за луѓе кои стварно имаат психички проблеми, па друг начин нема. А овие што се нервознички само, си ги голтаат пошто е најлесен начин, ги мрзи да си најдат хоби, го мрзи да рашетаат, да вежбаат, едноставно да си најдат некој начин за релаксирање без трујачки. Не мислам дека е во ред пафкање пред деца. Во глобала, не мислам дека и без деца е во ред. Не ме занима дали е дрога или не, како за цигарите, така и се за друго. Но мене не ми влијае дали некој пафка или не, само да не е до мене, па што сака може да си прави било кој, потреба од натегање кој е во право не гледам тука.