Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родители кои "пафкаат".

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од GirlRose, 24 јуни 2018.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Дефинитивно не е, и според консултираните истражувања видливо е дека кога се конзумира во форма на џоинт има повеќе штета отколку корист. Реалноста е дека нејзините бенефити од здраствен аспект може да се добијат исклучиво при орална употреба во медицински цели, но, како што кажав - сметам дека легализацијата треба да стапи на законска сила, зошто тоа е единствениот начин на кој би се сузбила продажбата на црниот пазар, и ако ништо друго, бар од прилика ќе се знае што се купува.

    Воздухот и храната исто така не чинат па мораме да ги внесуваме..Марихуаната не мора, но јас, а ниту ти можеме некому да забраниме. Лично не ми е океј, ама во ред е ако некој пуши во мое друштво, нема да му "солам" памет дали треба да го прави тоа.
     
    Последна измена: 25 јуни 2018
    На Joi, Someonespecial и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.087
    Пол:
    Женски
    Јас не сум пробала марихуана, поим немам како би ми делувала или општо како делува, дали се способни луѓето за да се грижат за децата потоа.

    Од пороциве единствено пијам алкохол, цигари не пушам.
    Не оправдувам ништо што има штетно влијание врз децата. Нивното психофизичко здравје треба секогаш да ни е на прво место. Се немам веќе напиено до толку да не знам за себе, ниту ќе го правам тоа додека имам одговорност за друг живот, една-две чашки и толку е. Ни пијанство не оправдувам пред деца, за пушење пак во иста просторија не сакам ни да зборам. И јас пораснав така, во чад, со несовесна мајка за жал. Одвратно е, не им го правете тоа на сопствените деца.

    Исто така не правете нешто што вашите деца не би сакале да го прават. Од примери најлесно се учи.
     
    На Saf, Annath, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Дека може да биде лек за некои болести, не негирам, ама како масло, лабораториски есктрахирано кое ќе се знае што содржи, со што помалку штетни супстанци.
    И змиски и пчелин отров се користат во медицински цели ама соодветно третирани и употребени, а инаку се смртоносни.
     
    На WildMk, Amellie13, Petra777 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Во потполност се согласувам, истата поента ја имам од почеток.
     
    Последна измена: 25 јуни 2018
    На fana и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  5. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Интересно ми е што повеќето, не зборам само на форумов туку оптшо у земјава мислат дека ако на запад е легализирано мора да е добро Ха хА, бев на три месеци у Холандија кај прва братучетка у Амстердам има на секој чекор флаери за можните нус ефекти од марихуана точно дека далеку е подобра од цигари и алкохол но не и сама по себе препорачлива за користење не мешајте масло од канабис со канабис за пафкање.
    Инаку да најмалку на физички изглед делува каде каде поише цигарите уништуваат изглед, марихуана на моторика и на психа делуе со потенцијал и ризик за нус ефект.
     
    На Petra777, makedonkamak, Tan4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.933
    Допаѓања:
    12.445
    Пол:
    Машки
    Или во денешно време edibles/sprays/vapes што ги негира лошите ефекти бидејќи станува збор за пушење то ест инхалирање јаглерод диоксид и секакви додатоци, плус ако користат тутун и тоа згора.

    За психа и остало си зависи и количина и личност, не може генерална изјава да се даде и да бидне општо познато дали е добро или лошо.

    edible:Од путер до што ти не.
    spray:Прскање во уста.
    vape:Електронско согорување со масло, како електронска цигара.

    И постојат 2 разлики, дали е психотропна то ест со THC сосе ЦБД/ЦБН или CBD/CBN уље како што е, спрејови, и така натаму.
     
    Последна измена: 25 јуни 2018
    На fana и WildMk им се допаѓа ова.
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.445
    Допаѓања:
    38.462
    Пол:
    Женски
    Немој да му дозволуваш да пуши во иста просторија со децата. На глава намести му се ако треба. Жалосно толку мали, а пасивни пушачи и тоа во толкава мера. Доста е воздухот надвор што го дишат никаков.
    Не ти солам памет, знам дека исто мислиш ама построго мораш.
     
    На Petra777, blackwave, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  8. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    А јас баш сакав и да прашам, овие родители што користат марихуана ( ако ги има за да одговорат), како ќе реагираат доколку нивното дете почне да пафка мара ?
     
    На Petra777 и honest girl им се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Овде никој не пиша дека пафка пред децата. Дури добар дел дадоа примери дека тоа го прават кога децата не се дома. Родителите кои дома имаат тинејџери треба да се особено внимателни, ама мали деца сеуште не знаат што е мара, што цигара а што алкохол.

    Има примери каде што децата на конзервативни родители пафкаат, а има примери каде што деца на пушачи не пушат ниту цигари.

    Неколку пати прашав, ама оние кои се строго против марата, не ми одговорија, дали со исто толку гадење коментираат за пушење цигари и пиење алкохол пред деца. Кога станува збор за штетни навики, многу поголем проблем се цигарите, затоа што се лесно достапни и има многу, ама навистина многу пушачи.
    Исто така и алкохолот, со свои очи сум видела луѓе кои им нудат пиво на деца, дури некогаш и самите родители го прават тоа. Во мои очи, тие родители се многу полоши од оние кои пафкаат.
     
    На Joi, DAngel, Harper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    43.002
    Пол:
    Женски
    На вереникот мајка му и татко му пафкале како млади и сега пафкаат од време на време и пред да кажете од нив се научил, да напоменам дека додека не го дознаа него дека пуши тој не знаеше, значи тоа што се криеле од него ама баш никаква улога не завршило. Кога дознаа не му рекоа ништо зошто знаат дека ним не им влијаело лошо, еве по 60 год се, живи, здрави.
    Значи се додека детето само не е свесно како треба да се постапува. што е правилно, што не верувајте се е џабе, оти имам многу примери од блиски луѓе кои кога биле млади се им беше забранувано демек ради воспитување и пораснаа во нелуѓе.
     
    На GabyTranceॐ, WildMk, Joi и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Уште во првиот пост спомнав дека психогениот фактор е индивидуална работа, што значи искуството под дејство на марихуана варира од личност до личност. Но, истражувањето кое го посочив, а ги опфаќа влијанието врз дигестивниот, имуниот и респираторниот систем е неоспорлив факт, кои ако објективно се согледа и не е така позитивен..

    Реков, канабиноидно масло е сосема во ред да се користи, дури и за физички здрави лица.
     
    На makedonkamak и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  12. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.933
    Допаѓања:
    12.445
    Пол:
    Машки
    Сеуште се истражува. Не би рекол неоспорливи факти, пари на други места се инвестираат глобално, сеуште нема неоспорливи факти, се менува базирано на докази.
     
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Па, ова се докази со научна поткрепа, Скоти. Сигурно медицински иследувања не се прават од досада. :D
    Да, сеуште е недоволно истражено поле, но не е ниту толку мистериозно за да не можат да се воочат eлементарни работи како наведените.
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.933
    Допаѓања:
    12.445
    Пол:
    Машки
    Секако, само сакав да кажам дека не е конклузивно, има сеуште што не знаеме.
     
    На WildMk и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.087
    Пол:
    Женски
    Секое дете си е посебно. На некое може му одговара таков стил на воспитување, строг, му одговараат граници, некое можеби треба послободно, но со други тактики да се воспитува. Кога станува збор за деца нема црно или бело. Ама ако ти правиш нешто потоа немаш основа да го учиш дека е лошо. Ако почне истото да го прави. И како растат децата гледаат многу повеќе од што мислиме. И ако за некоја ваква навика се криеме од нив, тогаш можеби е и подобро да не се прави.

    Сепак, си знае секој за себе, се додека, како што реков, не е на штета на децата.
     
    На Petra777, blackwave, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.481
    Пол:
    Женски
    Нема да го охрабрам, ама нема ни да го карам. Ќе му објаснам за другите дроги и позитивни и негативни дејства од истите. Исто и за марихуана, други дроги, алкохол и цигари. Би му објаснала во детали ама знам дека нема да ме слуша. Радо би да знам шо прај со тоа шо ќе ми верва доволно да ми се довери, не би да ја изгубам шансата зошто на тој начин ќе знам ако некогаш го фатат бубачки за нешто полошо за да би можела да интервенирам.
    Не можам да го карам за нешто шо го прам и јас во момент кога имам дете, не велам за сум правела зошто дур растиме секакви бубачки не јадат, особено ако сметам дека во нормални количини не е лошо. Мене мајка ми ми вика и за чашка алкохол шо пијам, а никогаш на втора чашка не одам, па не значи дека една чашка на две недели ми штети кузнај како. Исто и со ова. Ама таа не пие и према неа не треба воопшто да се пие. Од друга страна јас со татко ми се договараме шише рум да си земиме понекогаш да маваме чашка. Јас ќе бидам вториот родител, нормално, кога детето е доволно возрасно. Со разговор, пријателски однос, и ќе потенцирам умереност, и размислување пред носење одлука. Нормално ако ми се довери и да знам, а ако дознам дека ме лажело макар и за цигари или мара ќе бидам разочарана од себе како родител. Сакам искреност, и при искреност знам да нудам човечен однос. Не престрого за да не предизвикам инает и тин бубачки, ни прелагано па да немам контрола во иднина. :)
     
    На Rebecca_R и WildMk им се допаѓа ова.
  17. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Од LSD може само да сакаш пак да ја доживееш "магијата", а дека ќе те направи зависник - нема. #ASAPScience
    На темава, децата не секогаш го следат примерот од родителите. Деца на алкохоличари, станале многу успешни. Деца на успешни луѓе, завршиле трагично поради тешки дроги.

    Јас би некои миризливи стапчиња за во соба. Вака во фаза на реновирање сите заедно да се опуштиме. :sun:
     
    На blackwave, dayla, violetblue и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Според мене се претерува во два екстреми општо кога се зборува за марихуана, и не само овде на форумов... Не е точно дека луѓето кои ја консумираат умерено и не редовно се пропалици, наркомани и што ти ја знам, но не е ни дека е сосема безопасна и лек за сè како што некои ја прикажуваат.
    Родителството и децата се чувствителна категорија, кај мали деца нормално е да постојат некои табуа и заштита од некои ствари, па затоа нормално и од страна на послободоумни но разумни луѓе се става акцент на голема внимателност во врска со делот „пред децата“ (и поради чадот, и поради пример).
    Како што кажа некој во претходните страници, јас не верувам разумна личност која умерено „пафка“ дека за време на тие целодневни обврски околу бебе воопшто и ќе помисли на такви дружби и релаксација. Но ако кога детето веќе пораснува, родителот настрана повремено консумира и е спремен да му објасни како што треба што е тоа пред тоа дете - навистина е лицемерно таквите родители да се сметаат за лоши наспроти оние на кои им е најнормално да пушат и пијат алкохол и тоа и пред децата.
     
    На Doozy, lovestoneddd, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.087
    Пол:
    Женски
    Ако ги почитуваме родителите, би сакале да го следиме нивниот пример. Децата раснат гледајќи ги родителите и учејќи од нивното однесување. Понатаму секако дека и околината има влијание, затоа зависи и каква е врската на родителот со детето. И дали ќе сака и понатаму да се огледува на родителот. На нас останува каков пример ќе дадеме и каква врска ќе изградиме. Што сакаме да прават, и што сакаме да не прават, дали ќе имаме образ да им кажеме не го прави тоа, или ќе ни рече, па ти го правиш, зошто не и јас?
     
    На Petra777, makedonkamak, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Јас знам родители(скоро сите), што пушат, а на децата им забрануваат. Тоа ми е смешно. Доколку некогаш почнам да пушам цигари и татко ми да ми каже не го прави тоа, ќе му го поставам твоево прашање. Ако некој се реши да дува пред детето, треба да е свесен дека може и детето ќе сака да го заследи неговиот пример.
    Тие што дуваат се изјаснија тука дека дувањето не го гледаат ко зависност и лоша работа, така да не гледам причина зошто би му забраниле.
    Ко што спомнав, татко ми е пушач, ама еве јас немам желба за тоа. Имам пробано, ама не.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.