Родители кои се каат што имаат деца

Дискусија во 'Дете' започната од Peanut Butter, 18 септември 2021.

  1. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Женски
    Јас лично не се каам и ви моето опкружување не познавам некој да се кае( барем никој ми нема такво нешто речено).
    Е сега, дека на моменти е претешко особено на почетокот да. тогаш сме немоќни и викаме леле што ми требаше ова. Бидејќи во немоќ помислуваш такв нешто свесно, вајда и каењето на имање дете е во сосотојба на немоќ и слаба психичка сосојба.
    Исто е каењето на одлуката за имање дете и каењето за одлука за немање дете според мене.
     
    На Cherry333, NewMama, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Женски
    Мојата колешка не е мажена и нема деца, бидејќи не се гледа себеси како сопруга и мајка. Барем си е на чисто во животот.
    Е сега има здраствени проблеми со домашните и она трча за нив по болници.И видно вознемирана она изјави ,цитирам "Јас ако сакав да гледам некој ќе родев деца".
    Што оти неа мајка и ја родила на старост да ги гледа кога она има пониаков став во живото од она што е очекувано од неа.
    Вајда ете она би се каела доколку случајно има дете.
     
    На Justicija и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.808
    Допаѓања:
    14.352
    И јас го почитувам тој став кога некој е начисто со сам себе. Имам и јас познаничка која денес има 43 години, и кажува дека никогаш не се замислила како мајка, дека не сака да биде мајка и тоа е тоа. Го нема тој мајчински инстинкт. Мене ми се смешни осудите дека некој или некоја не може да се ожени, омажи. Секој може. Има луѓе кои на многу глупав и смешен начин, со 3 дена познанство се омажиле или ожениле. Работата е дали некој сака брак и каков брак и партнер сака, а не дека не може да се омажи или ожени.
     
    На Beauchamp, littleflower, Zaljubena26 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    602
    Јас се каам што имам дете ВО МАКЕДОНИЈА!!
    Толку многу сум згрозена од се и последните случувања само ми потврдуваат дека не требаше да раѓам додека не се иселам , знам не е темата за така ама тука можам да се искажам.
     
    На No Makeup, deskarada, Cherry333 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    11.208
    Пол:
    Женски
    Јас уште во тинејџ години бев решена дека во Македонија никогаш нема да родам дете. Дури и имам пишано тука, иако плановите се сменија на 0 деца и надвор од тука. Но имање деца во друга држава не би го доживеала како шок, за разлика од тука.
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    602
    И јас така размислував ,ама мм ме премисли а и некако ми тргна во животов ,убава работа добра плата ама џабе ,ниедни пари на светов не можат да ме замижат...
     
  7. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    11.208
    Пол:
    Женски
    Добро е што можеш финансиски да издржиш додека не се појави шанса за заминување од тука. Детето додека е мало лесно ќе се адаптира на нов јазик и средина.
     
    На Tanjamm и Гладиоли им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.387
    Допаѓања:
    59.107
    Пол:
    Женски
    Не познавам никој кој рекол дека се кае што има деца, баш поради таа стигма која постои во нашето општество дека децата се живот и без нив си никој и ништо. А сигурно има многу луѓе што барем на момент помислиле дека не требало да раѓаат. Исто така како што напиша некој погоре, не значи дека ги мразат децата ако се каат што ги имале.

    Недостаток на сексуална едукација ("се случи едноставно и сеа мора да се роди"), прерана бременост, притисок од општеството, страв од губење на партнерот, "ајде време ти е" муабети, внатрешен притисок дека мора тоа да се направи, сето ова придонесува подоцна да се кае човек.
    Па уште кога ќе чујам муабети од типот "немај деца ама кога ќе остариш нема да има кој чаша вода да ти даде" ми се повраќа. Најсебично нешто што можи да го направиш е да родиш дете само за да не си сама на старост.

    Лично јас никогаш не сум била дечарка, токму поради тоа ми е страв да не се каам доколку родам, како и дали ќе можам да му пружам доволно љубов, разбирање, да му ги задоволам сите потреби, да го изведам на прав пат. Не е играчка имање дете, цел живот ти се менува и никогаш не е исто веќе. Засега сум на ставот "можеби во иднина ама само едно", кога ќе бидам финансиски и психички појака. Но и да се случи да не можам да родам поради некоја причина нема да го сфатам како крај на светот. Сосема нормално би живеела и без деца.
     
    На mode-kristina, Гладиоли, Mantub и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.808
    Допаѓања:
    14.352
    Многу девојки ги плашат со тој муабет „кој ќе те чува кога ќе остариш“. Реално, спомнав дека баба ми при 4 деца израснати, умре сама во четири ѕида. Не дека ја оставиле да се мачи, туку си беше здрава, права, станала утрово, поканила сосетка на кафе, и кога сосетката дошла ја нашла жената падната во соба. Добила удар и починала. Децата си растат, си оформуваат семејства, секој во различен град и по свој пат. И сега има многу стари луѓе чии деца се во странство, па се скроз сами иако имаат деца. Никогаш не се знае во животот. Ама кога би го немало тој притисок, полесно би било за луѓето. Инаку, и јас мислам исто како тебе. И да не можам да имам и да родам дете ( има многу луѓе се мачат со стерилитет) немам да ме мава психа, да бидам очајна, и да мислам дека е крај на свет.
     
    На Гладиоли и Amellie13 им се допаѓа ова.
  10. Poyraz Karayel

    Poyraz Karayel Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2018
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    930
    Пол:
    Машки
    Јас дури би се потрудил да родам деца (нема врска што сум машко :rofl:) само да е што подалеку од Република Северна Македонија :bow:.

    Сакам да кажам овде сигурно би се покајал заради менталитетот и општата ситуација...
     
    На Tanjamm, Nikolina35 и Гладиоли им се допаѓа ова.
  11. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Женски
    Така е, јас неа многу ја почитувам ради воа.
    Подобро вака него роди го и нека трпи цел живот.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.900
    Допаѓања:
    24.011
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не може да биде поразлично. Како е исто...?
     
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Ако се кае некој/а што има дете, ќе страда детето.
    Ако се кае што нема, ќе страда само таа личност.
    Не е исто.
     
    На Guns N` Roses, Tanjamm и Гладиоли им се допаѓа ова.
  14. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Женски
    Мислев на чуството.
     
  15. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Женски
    Мислев на тоа дека исто виновно се чуствуваат и оние кои се каат што имаат дете и оние кои се каат што немаат.
     
  16. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    3.273
    Пол:
    Женски
    Мислам дека има родители што се каат, не знам, не можам да тврдам со сигурност бидејќи јавно никој не се изјаснил на оваа тема.
    Да не грешам душа некогаш знам да осудам кога ќе видам си ги тепаат децата а посебно за ништо, ми мрзне крвов во телово (не оправдувам тепање никако, за апсолутно ништо, нити ме тепале мене, нити си го мавам детето, да не ме сфатите погрешно, ете некој така во околина ги воспитува децата, ама да го измаваш зошто не те послушало кога си рекла ајде за да стане од лулашки, за мене е назамисливо) и во себе да речам што си го родила жено ако детево ти е вреќа боксерска. Дали не знаат поинаку, дали детево е непланирано/не сакано за така да се однесуваат? Не разбирам во тие моменти што е со мајката.

    Лично за мене, имаше моменти кога велев: што те родив сега, што не почекав да знаев дека вака ќе е?
    Финансии беа во прашање во главно па се губев, имав работа, беше планирано бебе, ама ништо не оди по план во животов, па јас на 3т месец останав без работа, и само се стегав како ќе успееме со една плата, и кредит и факултетот мој, и сметки, и најважно дали ќе имаме за бебе да има се, да стигне за неа најпрво.
    После породување мислам имав и депресија или бејби блуз (фала и на сестрата во болница што ми направи уште потешко, како ние што сме биле млади мајки други ни ги гледале децата, затоа и рано сме раѓале), не спиев воопшто, не сакав да го дадам никому бебе дури ни на половина час (иако имав кому, работев со неа во кенгур), па дојде период кога прснав едноставно, и имав пак такви мисли: дали јас заслужувам да ти бидам мајка, дали ќе ти беше подобро ако некоја друга те родеше итн.. тежок период за мене, обврски, притисок од околина.

    Дали беше каење, не, само ми беше екстремно тешко психички. Со сигурност велам така, оти еве 2 години има, немам веќе ниедна мисла таква.
     
    На Cyclop, Гладиоли и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.405
    Допаѓања:
    9.534
    Пол:
    Женски
    Многу големи промени наеднаш..Далеку е од каење тоа, во право сте. Overwhelmed било тоа. Премногу стресни настани одеднаш. Извинете може сум вон темата. Ако треба преместете го коментаров негде. Беспарицата, невработеноста е голем стрес за секој човек, не па за човек што треба да издржува и некој друг освен себе. Психичкиот ефект што го има беспарицата врз човекот е многу деструктивен и може сериозно да го поткопа и во однос на погледот кон себе, светот и своето место во тој свет, самодовербата, емоциите и расположението. А уште потешко е да се живее со чуството на неизвесност во однос на иднината, добросостојбата на себе и семејството. Тешко е да си стабилен кога имаш чуство дека немаш тло под нозете и дека не си безбеден. Од целиот товар луѓе не се способни ниту излез да побараат, преплавени се со анксиозност, страв, разочараност и се трудат себе да се состават прво пред да бараат излез од ситуацијата.. Како магичен круг е. Затоа поддршката од другите во ваква ситуација е многу битна. Не мислам само на финансиска помош туку помош да се излезе од ситуацијата и да му се помогне во напорот да најде работа, да застане на свои нозе. Сестрата џизс! Браво за неа! Ги истурила своите лични фрустрации врз пациентката... баш професионално и човечки од нејзина страна. И мене ми се има случено премногу пати да ми тропне доктор, сестра нешто такво. Си земале за право да ми спуштаат, ничим изазвани (ни со збор ни со гест), да ми коментираат за работи за кои не треба да се интересираат како прво, па дури и да му држат лекции на моето дете, синкир они знаат подобро како да треба со детето од неговите родители. Од старт се поставуваат над тебе, како да се сите медицински неуки и се` што знаат им е од google. Многу его, многу. Секое одење на лекар се спремам за соочување со егото на докторот и да се воздржам од реакции. А за негативните зборови-научив да ги примам од едно уво и да ги пропуштам низ другото. Мислам дека оваа лекција сите луѓе ја научуваат штом станат родители. Ќе го земам она за кое што сум дошла - медицинскиот совет, рецептот, прегледот другото им го оставам во ординацијата штом излезам низ вратата. Не го носам дома со мене. Не дозволувајте да ве те трујат со негативни коментари:muscle:.
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.797
    Пол:
    Женски
    Иако немам деца, за ова прашање ми ствра хаос во главата
    јас сакам деца но не можам да си го трошам времето и животот на нив, сакам да живеам не да седам затворена дома со деца маж свекрва и итн, јас не сум за тоа родена
    Па и брак, ако не би била во современ брак тешко дека би издржала...
    сметам дека овие се мизерни затупани сваќања однашиот народ кој ни ги наметнуваат сосила, а погледнете како живеат во Германија, Шведска, Америка и итн
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  19. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.241
    Исто.
    Не, не сме себични ние што сме одбрале да немаме деца. Јас никому не наштетувам со мојата одлука.
    Ама од ова нешто посебично нема...

    Време е да престане стигматизирањето на луѓето што не се родители.
     
    На littleflower, mode-kristina, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.368
    Допаѓања:
    28.282
    А сериозно во 2021 раѓа некој дете за 'да има кој да го чува на стари години'?
     
    На mal.ecka, dunika и Biljarkata им се допаѓа ова.