Родители кои се каат што имаат деца

Дискусија во 'Дете' започната од Peanut Butter, 18 септември 2021.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.019
    :D
    И после, ако не те ,,чува,, во 2078, ќе се каеш, што друго ти останува(facepalm):rofl:.
     
    На mal.ecka, dunika, Гладиоли и 2 други им се допаѓа ова.
  2. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    713
    Допаѓања:
    1.488
    Јас лично сум сигурна дека не сакам да станам родител. И верувам дека има луѓе кои (повремено?) се каат што станале.
    Проблемот кај мене е во тоа што сите партнери кои сум ги имала до сега, сакале деца, па имам добиено и коментар од еден бивш дека сум "бездушна" што не се гледам себеси во улогата на мајка.
    Е сега сум веќе некое време во врска со прекрасен човек, и понекогаш кога ќе се спомне за нечии деца или за иднината, знам да подуфрлам коментар дека никогаш не сум планирала да имам ... и најчесто нема никаква реакција од негова страна. Но му немам кажано директно дека не сакам, бидејќи се плашам дека ако сме по тоа прашање различни, ќе ме напушти.
    Знам дека еден ден ќе се отвори темата, но себично одбирам тоа да биде подоцна...
    А имам една колешка која ми има кажано "многу е тешко да имаш деца, ти веќе не постоиш, твојот идентитет се губи полека и не живееш за ништо свое, туку за нив. камо да можев да бирам, никогаш немаше да ги имам." Беше многу тажна и разочарана кога ми го кажа тоа, но после некој месец кога мислев и било само период, пак го зборуваше истото... меѓутоа мислам дека многу значи и тоа како ќе се постави некој како родител од самиот почеток и како ќе ги воспитува.
    Имам колега кој постојано зборува со погрдни зборови за децата, велејќи дури и дека "не може да ги поднесе", "не му се оди дома од што не може да ги гледа"... а додека беа бебиња не беше таков.
    Искрено се надевам дека кој каков и да има избор, дека ќе се спои со партнер со кого иднината ќе ја замислуваат на сличен начин.
     
    На Justicija, elenaklasik, Гладиоли и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.183
    Допаѓања:
    14.959
    @littleflower епа тоа се примери кога родителот добил деца, а не ги сакал. За свое дете да каже дека не може да го поднесе и гледа. Тие се поголеми идиоти од таа што свесно решила дека не се гледа како мајка, не се мажи и не раѓа. Таа за мене е помалку себична од твоите колега и колешка. Ако прави нето погрешно, таа само себе може да си наштети. Јас со години немам видено асален родител. Да знае да го вопсита детето, и да трча, да се труди што повеќе да придонесе за него. Напротив, ќе роди дете па ќе го осакати со муабети „заради тебе останав со татко ти“. А демек детето барало да се роди?

    Имам во мојата околина родители кои се перчат дека имаат деца, ама при секое одење во маркет или на одмор, кажуваат колку потрошиле. Себичност и скржавост. Епа детето не е кукла, си има потреби.
     
    На Трагедијаупмм, Sun&Moon, Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Cyclop

    Cyclop Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Интерсна тема, интерсни видувања и искуства ...

    Лично, никогаш не се покаав што имам деца, па и во времето кога ден со ден не можев да врзам, не па денес. Се покаав со кого имам деца, ама и тоа е минато.
    Сега кога би се вратил назад, длабоко свесен за сите предизвици кои ги носат децата, особено додека не потпораснат, единствено би 'почекал' да ми дојде да сакам со некоја да имам деца.

    Ве разбирам сите кои тврдите дека не би да родите деца, не би да го трошите животот на нив ... едноставно го немате сретнато таткото на вашите деца, ништо повеќе од тоа, може да остане до крај на животот така, може да ви се случи наредните 10 години ...
     
    На Трагедијаупмм, H.VAGA, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Е баш ова е главниот проблем во имањето деца, само што ќе го пишував истото.
    Тие што се каат што имаат деца, всушност се каат со кого ги направиле, ама за жал многу ја истураат таа фрустрација врз децата подоцна.
    А мислам дека се ретки тие случаи каде што баш баш детето и е главниот проблем на персоната што се кае.
     
    На WildMk, Tanjamm, NewMama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.587
    Пол:
    Женски
    Поарно да не раѓа/да не прави ич, отколку после да се кае, да ги мрази и да не може да ги поднеси. Не постои жива душа на земјава што ќе му е сеедно дали е сакан/а од родителите или не. Најголемите трауми и психички проблеми во животот се јавуваат како резултат на родителска нељубов. Затоа не треба да се притиска некој што не сака деца.
     
    На Трагедијаупмм, merriel0, elimkd и 8 други им се допаѓа ова.
  7. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    12.407
    Пол:
    Женски
    @littleflower , за колешката со изгубениот идентитет ќе ти пишам мислење.
    Според мене, за таквите кои се осеќаат збунето, изгубено, такви и се, такви се направиле со текот на времето. Зошто? Затоа што се препуштила на улогата на мајка, заборавајќи се себеси. Жена/маж кога ќе станат родители, покрај што се грижат за децата, не смеат да се запуштат себеси : психа изглед, душа, хоби. И на родителот му треба нега, полнење батерии, негување на душата, на духот, да има време за книга/списание, партнерите да си имаат свои ритуали во бракот - гледање заеднички филм, вечера со винце дома, нешто што ќе го храни бракот. Значи функционирање како семејство ама и како поединци. Ако жената си го забатали изгледот и не се осеќа привлечно, нема време за исполнување на душата, тогаш се јавуваат фрустрации, и нормално, децата се виновни. Колешката твоја и да не родела деца, пак ќе се каела зошто не родила.
    Кај неа проблемот е друг, се искажала дека си го изгубила своето лично јас.
     
    На dromka, Splendor., Ljubica87 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Madmozel84

    Madmozel84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Пред се мое мислење е добро да се рсзмисли причината за сакање на деца? Од кои побуди двајца скаат дете и секако добро да се рсзмисли за изборот на партнернерот со кој ќр се има тоа дете. Знам ситуација каде имањето дете од страна на едниот родител е потребата од потомство и тоа во моменти кога чуствата спрема другиот родител не се веќе емотивни. Себична одлука која во иднина е кобна за сите 3ца. Тоа дете секако ќе расте во нездрави услови, гневот од едниот родител кој бил искористен за потомство и себичноста од другиот да се има потомството.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    608
    Јас не сакав второ ,ама се фати и ми беше жал да аботритам ,сега се каам што го родив...
     
  10. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    6.985
    Пол:
    Женски
    Зошто така каење? :?:
     
  11. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    608
    Најголемото затоа е што сум single married mom.
    Премногу се очекува од мене а нема никој да ми се најде.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RinaKa

    RinaKa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш сум сакала да имам деца и сега имам две. Секогаш сум замислувала да ги имам после 30-тата и ми се исполни тоа.
    Но, искрено мислам дека не секој е за родителство — и тоа е сосема во ред. Многу е поискрено некој да си признае дека не сака деца, отколку да има, а потоа да се чувствува несреќно или да не може да им се посвети и да бара начин само да се оттараси од нив.
    Понекогаш општеството наметнува дека „така треба“, но реалноста е дека родителството бара многу време, енергија и желба. Ако тоа го нема, страдаат и родителите и децата.
    За мене лично, најголемо задоволство е времето поминато со нив. Се трудам да ја искористам секоја прилика да сме заедно, затоа што знам колку брзо поминува времето и дека ќе дојде ден кога ќе пораснат и ќе си тргнат по свој пат.
     
    На hermosa, lovely91 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  13. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    608
    Рпа да ,и кај мене испаѓа со кого сум ги имала дека е проблемот.
    Првото го сакав зата и напишав во другата тема надоврзувајќи се на мислењата дали некој се покаал што не отишол на второ.
    Затоа шо после првото се опирав и бракот ми беше пекол... се средивме малку од малку и второто без да се договориме бидна... И детето си е супер и многу го сакам но цела одговорност за двете е на мене. Сега и на работа се вратив,јас сабајле ги носам во градинка додека господинот си спие до 9,бидејќи работи од 9-17 јас сум од 8-16 па трчам и да ги земам ,ручек ,чистење ,ноќни будења... па во заедница сме и со нив проблемите. За ништо не превзема одговорност особено последниве месеци дојди од работа телефонот во раце и ако е заспано малото ќе го чува...
    И за да нема кавги пак си ќутам и собирам...
    Ама секогаш најчесто отпосле се покажуваат ваквите непартнери... или барем кај мене беше така
     
    На JoyJoy, lovely91 и Цобра им се допаѓа ова.
  14. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    2.133
    Пол:
    Женски
    мајката може за своите деца. Психички си истоштена затоа си со такво мислење. Немам ни јас кој да ми се најде,често и таеирите не ми се измиени навреме често не стасувам куќата да ја исчистам да исфрлам ѓубре алиштата да ги здиплам некогаш сум во burn out ама никогаш не се каам што сум родила 2 деца. Иако едното е големо често претерува нема добри манири седи до касно на компјутер итн сепак се трудам разговарам со него се посветувам на нив да излезат на прав пат. Не сум 100% мајка зашто треба да сум растргната на многу страни и никој никогаш не ми се нашол (или ај да не биде се жалам и сум неблагодарна имам некогаш ептен кога е хитно минимална поддршка) не се каам што имам деца.
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.