Родители на едно дете

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 18 април 2021.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.872
    Допаѓања:
    54.024
    Пол:
    Женски
    Не знам дали воопшто има на форумов родители кои решиле да имаат само едно дете, ми се чини дека не сум сретнала до сега, но еве, можеби ќе се најдат некои. :)
    Па би сакала да си поразговараме, како стигнавте до одлуката, дали од секогаш знаевте дека сакате да имате само едно дете или тоа дојде откако го имавте првото?
    Како се соочувате со притисоците?
    Патем, да напоменам дека темава е за оние кои баш сакаат и одлучиле сами да бидат one and done, по своја желба да имаат само едно дете.
     
    На KuklickaSk, Bozica1980, 24.07 и 17 други им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.966
    Допаѓања:
    32.212
    Пол:
    Женски
    Желбата за само едно дете од кога го родив. Не би можела уште еднаш да минувам низ стресот во текот на бременост, контроли, пораѓај, а и немам нерви и трпение за уште еднаш да минувам непреспиени ноќи, ужасен замор, кога е болен психички брзо паѓам и преголем паничар сум.
    Нека се здрави и живи и секој кој посакува да си се оствари како родител
    Тие што имаат 3+ деца стварно им се дивам, лично не сакам
     
    На Bozica1980, Vojdana, 24.07 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    6.235
    Допаѓања:
    55.308
    Пол:
    Женски
    Ја сум на пола тука.....
    Пред да имам дете сакав 3.
    Сега повеќе сум на тоа да остане едно.
    Ама не сум решена. Сеуште, ама натака одам.
    Зошто едно дете?
    Зашто така сакам.
    Зошто се мислам?
    Само и само поради тоа да има брат/сестра низ животот, што не е гаранција нели ама убаво е. Мене ми фалело. And yet, не доволна причина да се решам. Ниту пак е добра причина.

    Имав периоди кога сакав, сега не сум во тие.
    Убава тема.
     
    На Lunar, eli25, mimiiiii и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Love 83

    Love 83 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    27.158
    Пол:
    Женски
    Јас и маж ми уште на почетокот на брак и додека бевме во врска ,двајцата со тој став бевме дека сакаме само едно дете.
    Маж ми можам да кажам од себични причини со тој став,едно да биде здраво право и да можел се да му обезбеди за разлика од неговиот татко кој не можел да им помогне на сите 3ца браќа ,колку што сакал .
    Јас ... едноставно без некоја посебна причина така сакав.Во секој случај бевме усогласени во ставовите .

    Кога се роди дете ,многу проблематично бебе,јас во депресија ,бев 100 % сигурна во таа одлука .

    Меѓутоа после 5тата година почнав на моменти да се запрашувам дали е правилна одлука ,а и дете почна да си бара братче .Еден неуспешен обид кој заврши како што заврши и толку беше од моето двоумење.
    Сите што сакаат им посакувам да се оставарат како родители едно,две ,три колку и да сакаат ..Сега веќе знам дека јас ќе останам само со едно .

    А за притисок и те како имав и се уште имам ,последно ете зашто земавме куче да чуваме ,наместо да родам уште дете .
     
    На Bebac, Peperutce1115, Vojdana и 16 други им се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    4.283
    Допаѓања:
    8.298
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште сум во дилема. Од себични причини. Не знам дали сум спремна за уште едно темпераментно дете.

    Синко е темпераментен, откако е роден скоро и да немам мирен период. Сите скокови ги помина екстремно, она што е напишано да се очекува, кај синко беше манифестирано а јас очекував дека ке е помалку бурно.
    Проблем со нејадење голем имавме и имаме, па слабокрвен беше, па сируп за железо, па за апетит.
    Скоковите завршија, па сега тантруми на најјако, дури и порано почнаа.
    Спиењето не знам како да го дефинирам. Релативно лесно заспива ама зезнато е што умее да заспие и по 30 40 мин да се разбуди и до 12 1 ноќе журка.

    Пред да родам, посакував две деца, со поголема разлика меѓу нив. За поголема разлика уште сум решена, ама не знам дали можам и сакам пак да поминувам преку истото одново за 4 5 години од сега.
    Бременоста не ми е проблем, уживам ама неспиењето и нервозите ми се премногу.

    Едно знам, исполнета би била и да останам само со синко, љубов безгранична е ова. :l:

    Маж ми се повеќе е сигурен дека не сака уште едно дете. И тој не знае дали може уште едно дете да гледа со ова темпо, а некогаш вели дека не е сигурен дали може уште некого да сака како синко.

    Ке се вратам на темава за 3 4 години и ке пишам повторно.

    P. S. Кога би имала некаква гаранција за мирно бебе, би сакала уште едно. :angel:
     
    На eli25, Bebac, 24.07 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    2.315
    Допаѓања:
    8.256
    Пол:
    Женски
    Ние остануваме со едно дете бидејќи и до ова дојдовме прилично тешко (на крај со ИВФ, ама после процес низ кој јас поминав низ еден Missed abortus, хистероскопија, лапароскопија, инсеминации, витамини и се што доаѓа кога ќе се најде дека и двајцата партнери имаат проблем во одреден дел кој отежнува забременување). Пробавме пак со замрзнати ембриони и јајце клетки и не успеавме и решивме дека е побитно да можеме да се посветиме на ова едно дете што го имаме и да бидеме не само физички туку и ментално/психички здрави за него наместо да се бориме да добиеме второ и да поминуваме пак низ стрес кој детето сигурно ќе го осети (имав една колешка на работа која се бореше за второ дете кога јас се борев за прво и знам дека нејзиното веќе пораснато дете сигурно осеќаше што се случува и тагуваше заедно со неа за секој негативен тест).
    Маж ми е единец и тој е многу посигурен од мене во одлуката, зашто не гледа негативности во тоа да си единец. Јас сум можеби заради хормоните поемотивна, ама одлуката е донесена и си живееме со тоа.
     
    На Nadja_22, eli25, KuklickaSk и 20 други им се допаѓа ова.
  7. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    12.380
    Пол:
    Женски
    Јас сум одлучна за едно дете , сите мислат дека сум тазе породена и така зборам, ама не таа одлука ми е од претходно.
    Порано како помала сум сакала 2 машко и женско, некој свој филм...демек братот ќе ја чува сестрата мислев.
    Прво финансиски не знам дали би можела и второ да родам, не е само роди го ќе си порасне.
    Второ ми зборат само ли ќе го остабиш, ќе му треба брат/сестра не биди себична, и јас така мислев ама еве кај мене па само лошо видов од брат ми така да не е никаква гаранција ништо во животот.
    Ги гледаме како се караат за станче од 20 000 евра муабет не прават браќа и сестри смртно скарани.

    Така да секој има право да си одлучи, јас така сметам.
    И не треба никој на никого да му се меша, ама пуст балкански менталитет наш.

    Јас сум среќна што се остварив воопшто како мајка и доволно ми е.
     
    На eli25, Meckicja, Vojdana и 20 други им се допаѓа ова.
  8. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    771
    Допаѓања:
    8.146
    Претходно уште пред да останам бремена имав желба да имам 2-3 деца.
    Сега имам едно од 2ипол години и се повеке сум на ставот дека ке останам само со едно. По порагајот бев во постпородилна депресија, непроспиени ноќи, потребата да си достапен 24/7 во било кое време за детето, плус што моето е толку темпераментно што чуствувам дека имам 3 деца,психичка изнемоштеност, плус борбата со анксиозност ми е дополнителен проблем.. сите овие работи се причина за тоа да останам само со едно дете.

    Од една страна пак, јас имам помал брат со кој што сум многу поврзана, буквално за се си помагаме, во секое време имам некој за да ме ислуша, моите родители да се одлучеле само за едно дете јас би се чуствувала многу осамена. Оваа е причината поради која некогаш размислувам да имам барем уште едно дете.

    Искрено не сум сигурна, односно моментално сум со ставот дека ке останам само со едно дете, можеби понататаму ке се предомислам.

    Притисокот од околината е друг ствар, не дека нешто ми влијае ама како некој може да си дава за прво да ти каже ајде што чекате време е веке, со тоа и другото ке порасне, заедно ке ги израснеш нема ни да осетиш, баш со овие зборови. Ех, да беше толку лесно и едноставно.
     
    На eli25, Bozica1980, Meckicja и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Mnik

    Mnik Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    677
    Пол:
    Женски
    И јас во овие "недоодлучени", ама се повеќе сметам дека несакам второ. Може ќе ми се смени мислење, незнам.
    Син ми има 2 години, мм е на нешто повеќе од минималец, јас на минималец, со кредит, со некои недосредени работи на спратов, некако не сме финансиски спремни за второ. А и башка што сум таков инает што несакам помош и мешање, едноставно коса ми се крева од помисла дека некој (мајка/свекрва), ќе треба да ми се плеткаат низ куќава на почетокот зошто знаеме дека со две деца е тешко првите месеци. Кај што ја гледам снаа ми тазе породена, внук ми 5 години има, цел ден е со баба му, снаа ми по цел ден со бебе на цицка и да сака неможе многу внимание да му посвети, незнам..... Не сум спремна на ова.
    А иначе за притисок од околина имам итоа каков. Тетка на маж ми дури се караше со мене, дека сум била себична и дека детето само ќе си порасне, некој ќе донесел 100 ден, некој нешто алишта, алишта сум имала и од првото.... Ко само до ова да е. А тоа што на прво немав млеко и е голема веројатност дека и на второ ќе е така, дека минимум 8000 во месецот ќе ми одат за бебето, тоа не се рачуна. Фактички ќе треба да живееме една година со една плата, зошто една ќе оди на кредит и за бебе. Уште и ме убедуваше дека можело и брашно да му печам/пржам што ти ја знам место ад да купувам, можело и кравјо од 3 месеци, што им фалело на тие деца во минатото еј. Мислам жена без осет, а образована, медицинско лице е. Као јас знам дека немам доволно финансии, ама од што "морам да имам повеќе од едно дете", ќе го осудам да расте како пред 100 години, само за да го имам.
    Незнам, од повеќе аспекти не сме спремни, можда ќе се смени нешто во иднина.
     
    На eli25, Meckicja, Coco31 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.872
    Допаѓања:
    54.024
    Пол:
    Женски
    Мислам дека доволно бев јасна во воведот. Тие што се двоумите отворете нова тема, ако нема, како се решивте на второ дете, на пример и дискутирајте таму.
    Оваа е за оние со едно и што завршиле тука и немаат никаква намера за второ.
     
    На Meckicja, Bella*, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.066
    Допаѓања:
    35.440
    Пол:
    Женски
    Od sekogas znaev deka ako nekogas imam deca, toa ke bide samo edno dete. Moze ima vlijanie toa sto i jas sum edna ama ete nikogas ne sum imala zelba za povekje.
    Seuste sum na toj stav iako normalno sekogas ima "pritisoci" za uste edno pocnuvajki od maz mi doma pa nadalje. Toa ti e neso kao koga pocnuvaat muabetite -Koga ke se mazis, pa koga dete pa koa ke dojde toa edno dete koga vtoro i taka nataka.
    Jas licno bremenosta mnogu lesno ja pominav osobeno so ogled na toa sto beshe vo ekot na ova vreme-nevreme so korona a poragjajot uste polesno iako bev so carski rez. Na noga bev odma posle den dva bolki nikakvi posle toa se osekjav bukvalno ko da nemam rodeno, no ete iako nemam trauma od bremenost i poragjanje ne sakam uste ednas da pominam niz toj period.
    Od finansiska gledna tocka sme i povekje od dobro situirani so dobri i stabilni raboti i dvajcata iako rabotime vo privaten sektor, stanovi imame i dvajcata bukvalno so moznost da birame kade sakame da ziveeme taka da toa ne ni e precka da go prosiruvame semejstvoto ili da se sekirame dali ke patime za leb i dali ke gi platime smetkite.
    Mene licno ne mi falelo da imam brat ili sestra ne osekjam praznina i neispolnetost radi toa. Naprotiv bas mislam deka sum povekje samostalna znaejki deka nemam na kogo da se potrpram od taa gledna tocka normalno osven majka mi i tatko mi. Fala bogu sekogas sum imala bliski licnosti vo mojot zivot sto vo semejstvoto sto od drugarkite taka da nikogas ne sum se osetila sama.
    "Bonus" mi e toa sto imam 34 godini i kako minuva vremeto mislam deka na "stari" godini uste pomalce ke sakam uste ednas da proagjam so site pateshestvija sto gi nosi bremenosta.
     
    На eli25, Bozica1980, Doozy и 13 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    24.942
    Допаѓања:
    194.170
    Кога бев тинејџерка си замислував дека ќе имам три, и тоа две двојчиња и едно момче.
    Кога пораснав не сакав ич.
    После година и пол брак, посакав да имам дете со него.
    Ене ја желбата... спие :inlove:

    Не посакав вистински уште еднаш... иако ми беше 'отворена опција' уште 5-6 години после нејзе.
    После сфатив дека не сакам повеќе.
    Некако се погодивме со маж да размислуваме исто низ цел тој период.
    Знаеше уште пред да стапиме во брак дека може и да немаме деца воопшто.
    Со тоа немам проблем.

    Е сега... надвор луѓето си зборуваа.
    Не сите, тие кои ме знаат и ме почитуваат, не... обично подалечни и рендом луѓе.. Во локалното дуќанче, роднина или пријателка што ја гледам еднаш на 5-10 години...
    Си кажувавм директно дека “Така сакам“
    Ако некој се запни да ме убедува, имам една фраза што ја користам и ја повторувам на таквите:
    “Кога дечко? Кога сопруг? Кога дете? Кога второ? Ако родам и второ, што ќе ме прашувате после? Кога ќе умрам?“

    Притисок има.
    За среќа, не ме 'здоболел'.
     
    На koritsaki, firequeenn, Peperutce1115 и 19 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    24.942
    Допаѓања:
    194.170
    Да појаснам една работа.
    Себично е и да сакаш да имаш 5 деца и да не сакаш да имаш ни едно.

    Раѓаме/не раѓаме оти ние така сакаме
     
    На Meckicja, Doozy, Осе и 9 други им се допаѓа ова.
  14. No Makeup

    No Makeup Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Женски
    И јас имам една ќерка и тука застанувам.Здравје Боже ако ми е добар резултатот од пап тестот,спирала ќе ставам. Едноставно депресија и анксиозност не одат со полудени хормони во бременоста. Башка финансиски ,башка што немам никаква помош од никого. Фала му на Господа,едно имам , доволно за да му се радувам. А, луѓето? Секогаш ќе зборуваат и прашуваат.;)
     
    На Cka, Vojdana, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    1.416
    Допаѓања:
    5.656
    Пол:
    Женски
    Сега сум на тој став дека ќе останам со едно дефинитивно, се надевам нема да ми се смени мислењето.

    Моментално син ми е многу мал 6 месеци има и јас сеуште го учам мајчинството, секој ден е нешто ново, нов предизвик, гледам и учам дека за дете треба премногу трпение, љубов, внимание, буквално целото време треба да му го посветиш него, бидејќи од тебе зависи толку мало човече, па ова се повеќе ме одвраќа од помислата за второ дете, а тек назад ми се новите предизвици и со него, тек ќе почне да лази па да проодува, па да беснее и ни во лудило не сакам уште еднаш да го преживувам истото.

    Како што рекле, ако е за аир доста ми е едно, само нека ми е здраво и живо, а Господ нека дава таму каде што нема.
     
    На cresa-jagoda, elimkd, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  16. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    Сакав порано да имам 3 деца. Арно ама, се омажив, го родив синко, се разведив и тука запрев. На повидок немам некои реални шанси за втор брак, имав една врска, заврши како заврши (така требало да биди). Дали би имала второ? Не знам. Секако, не сакам да е прекасно за раѓање. Инаку за време на бременост имав страшни проблеми, неспиење, нервоза, несоница. Буквално пропаднав. Па и синко е премногу темпераментен - што се однесува до мене. Не знам. Ќе видиме. За уште едно стои опција. Ама и да е сам, здрав жив.

    А за осуда од средината - секогаш ќе има - посебно од жените. Сватив дека мажите се покул на оваа тема. Ама ние ќе си ги извадиме очите, меѓунас, жените.
     
    На Interrupted Girl, Осе, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    23.571
    Пол:
    Женски
    Имав замисла дека ќе имам две деца, машко и женско. Овие замисли ми биле уште пред да се омажам. Откако се омажив сакав исто две, по можност близначиња машко и женско, за еднаш да раѓам и наеднаш да ги растам.:) Ама нема музичка желба.
    Бременоста лесно ја минев до кај 7ми месец, прелесно и многу убаво се чувствував. После 7ми ми се појави висок притисок и одев на многу испитувања, следење напоредно тука кај матичната и во Скопје на државна. Пиев терапија за притисокот.
    Го надминав терминот и завршив на патолошка поради притисокот. Таму лежев 4 дена и оттаму само дополнителни кошмари си добив и веќе тоа можеби и беше пресудно дека јас повеќе нема да раѓам.

    Една вечер на ЦТГ приклучена доаѓа сестра проверува, нешто не беше во ред, вика по докторот оттаму се договараат итно да ме спремаат за во сала.
    Не знаев кај се наоѓам, само страв во мене за него за моето душиче.
    Во друга просторија ме ставија на друг ЦТГ излезе се во ред, ме следеа се беше ок. Претпоставка претходниот апарат не бил во ред или сестрата превише испаничи.
    Другиот ден ме породија со царски, се беше на крај во ред. Многу брзо се опоравив и застанав на нозе, не седнував.

    После дешавките немам сили за друго и некако преќутно ко да се договоривме со мм да останеме на едно.
    Од детето не можам да се жалам во глобала беше мирно бебе и дете и сега е. Најмногу ми е криво што немав млеко и не го доев.:( Веројатно стресот си го направи своето.
    Околу помош имав само од моите родители кога беа слободни и не се на работа.

    Притисоци од најблиските сум немала. Други сосема небитни луѓе знаеле да ми искоментираат ама само :) и од небитни ми е сосема небитно што рекле. Не ме допира.
    И тој муабет “не го оставајте само”, абе стварно многу убедлив.
    Главната одлука се знае кој ја носи.
    Секој за себе нека си гледа.
     
    Последна измена: 23 април 2021
    На Love 83, Dust, dunika и 10 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.872
    Допаѓања:
    54.024
    Пол:
    Женски
    Јас се мислев дали воопшто сакам деца. Некако немав воопшто потреба за деца, никаква. Со маж ми пет години живеевме заедно пред да се решиме. Он го знаеше моето мислење по прашањето, дека не сум сигурна, он пак сакаше деца. Јас бидејќи бев ни натаму ни наваму се согласивме на едно дете. Ќе биде едно и толку. Потоа, по некое време, не почнав да осеќам психичка потреба, желба за бебе, повеќе беше како физичка, некако телото како да имаше потреба да помине низ процесот. Па, тогаш се решив дека е моментот.

    И, фала богу што се решив на едно. Барем знам која среќа, радост и љубов е. Ама, останав на мислењето дека ќе е едно, во ниту еден момент, никогаш, не помислив дека ќе се смени. Во бременоста уживав зашто знаев дека ќе е еднаш, исто и во пораѓајот, бев превозбудена зашто знаев дека ќе е Once in a life time experience. Всушнот, затоа посебно го ценам секој момент со нејзе, еднаш поминува и готово, нема повторување. И маж ми не сака веќе друго, ќерка ни беше баш захтевно бебе, не бевме спиени со години и едноставно никогаш не би се подложиле на тоа пак.

    Притисокот е огромен и некогаш неиздржлив. Секој се дрзнува да коментира, секој. На лулашки мајки, ова едно ти е, или имаш и друго? Едно ми е. Ауууу зарем само ќе го оставиш така? Без братче или сестриче? И фаца прават како да сум го направила најголемото злодело.
    Можам да бидам и јас дрска, со уште подрзок одговор, ама едноставно не сакам да спаѓам на тоа ниво и не можам со секоја една да се замарам. Само кратко велам моја работа и толку. Ако продолжуваат седнувам на друга клупа. Истото е и во продавница, секаде и секој коментира, не разбирам зошто мислат дека можат да имаат таква слобода? Зошто?
    Од моите блиски никој веќе не коментира, на сите јасно им имам кажано како стојат работите и сите некако се помирија дека ќе е така и готово. Никој не спомнува ајде второ, толку е.
    Ама ова другово бре, стварно е напорно. Посебно што детето е големо и разбира. Некогаш само им викам си ја погодивме од прв пат, совршенство, друг пат не ни ни треба. За да се заќутат. Тоа е.
     
    На firequeenn, Bozica1980, gjoker4e и 16 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    24.942
    Допаѓања:
    194.170
    Гледам не е само кај мене... изгледа пракса е 'комшиите' да прашуваат такви глупости.

    Сигурна сум дека на форумов има такви, па да ви кажам:
    Ај глејте си ја манџата.
    Да не ви се истури, па да се попарите.
     
    На Vojdana, Mnik, dunika и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.772
    Пол:
    Женски
    Имам прекрасно синче, 6 месеци има...
    Тоа е моето прво и последно дете и никогаш нема ни да помислам да раѓам второ. Причините не лежат во мојата возраст(ќе полнам 36 ама имам редовни овулации и здрава сум), ниту причина е мојата тешка прва бременост, пеколниот пораѓај, непроспани ноќи со син ми, моментот кога отидов на операција на жолчката како резултат од бременоста и лежев 8 дена на интензивна нега, психичкиот напор, а богами ниту уништената коса...
    Ништо од ова нема да земам во предвид доколку сакав второ дете...
    Едноставно не сакам и никој жив нема да ме предомисли. Звучи сега ова себично ама времето што треба да го посветам на второ дете сакам на себе да го посветам и на активности што ме исполнуваат...Имаме ете и финансии за уште деца...
    Тоа е лично мој избор и мое тело и не дозволувам никој да го коментира мојот избор...
    Сакав син со плава косичка, плави очи како бадеми и бела кадифена кожа и добив таков син. Мојот сон е остварен.
    Не сум должна на тетки, комшики и свекрви што ги пикаат носевите во туѓите животи да се правдам зошто нема да раѓам веќе...
    И не сакам некој да се навреди ама тие изјави од типот "останав бремена неочекувано, се шокирав и не знам како се случи..." тие изјави да ги оставиме за приказни кажување бидејќи не можеш да останеш бремена ако маж ти не свршува во тебе. Штом свршува во тебе значи му дозволуваш и свесно одиш кон тоа да останеш бремена.
    21 век е и има начини на контрацепција...Ако не сакаш да раѓаш нема да дозволиш да забремениш.
     
    На Chuchanov, firequeenn, KuklickaSk и 17 други им се допаѓа ова.