Мајка во ред е. Родив дете 4 ипол кила, се поправив вкупно 9 а не се замарам многу со тоа како излгедам зошто знам дека има многу поважни работи од тоа. Секако не е ова натпревар. Треба да се даде поддршка на секоја мајка во нејзината одлука да има едно, две, пет деца. Само муабетов за телово не е баш пријателски кон сите млади девојки кои сакаат да станат мајки, а се плашат заради телото. Зошто во голем дел тоа и после пораѓај не е уништено телото на мајката. Голем дел жени изгледаат и повеќе од одлично, а килажата не е резултат само на бременоста
Во моментов сметам дека едно ми е доволно. Не е некое проблематично и тешко бебе за гледање ама не би можела второ за брзо во никој случај. Изгледот ни најмалку не ми е битен, не се ни поправив во бременоста нешто многу. Е сега финансиски во овие моменти не можеме, не се само алишта и работи имаме од првото, па ајде второ. Друго е што ми се јавија одредени проблеми во бременоста што со втора може да значи и лежење, а ќе нема кој да се посвети на првово дете баш додека е вака мало. Е сега ако почекам години да поминат за првово да потпорасне тогаш ќе наближам и 40 скоро што не дека е некој проблем ама не знам дали би се нафатила повторно низ истото да поминувам.
Па немав намера некого да плашам. Кој како решил така. Изнесов мои причини. Мене ми смета лично мојот изглед. Бидејќи не сум од оние што промовираат self love и не можам да лажам дека стриите, несовршеностите ми се светост најголема и други дрн дрн муабети. Реална сум, можеби малку повеќе самокритична. Точно некои мајки изгледаат како тинејџерки. Јас сум вака после само едно дете. И не реков дека е страшно, ама ќе го решавам. Ми смета. Ќе ме кошта колку еден автомобил на старо. Сум варирала во килажа и пред бременоста, но никогаш толку многу како во бременост и после породување. Не ми е телото главна причина, не сум пејачка/глумица/инфлуенсерка, но солзи ми идат при секое погледнување во огледало. еве ако е попријателски, и да знаев дека ова ќе ми се случи ќе го родев. Среќа најголема ми е. Но бидејќи знам и колку мачно беше слабеењето и затегнувањето не планирам повторно да ми се случи. Баш за да не плашам многу жени не произнесов и не наброив какви се здравствени проблеми се јавуваат пост породилно. Само пишав дека и од тоа се плашам. Дека имам читамо студии. Не напишав намерно кои дијагнози, компликации и последици. Ете јас знам неколку жени со тешки дијагнози.
@DarkStormm сè што сподели од А до Ш исто мислам и се осеќам. Премногу притисок прават од секаде, до степен да се осетиш виновен како да му штетиш на сопственото дете. "Е што само ли ќе биде?!" Ми се крева косата кога ќе чујам. Работата испаѓа дека ако сакаш да си родител, по дифолт треба барем 2 деца да имаш. Или неколку или ни едно. Мене пута два ме притискаат зошто ќерка ми нема да има ни братучеди од ниедна страна. А дали тоа треба да е вистинската причина да родиш уште едно дете? Само за да има потенцијален пријател? Нели е себично? Ме потсеќа на она да родиш дете само за да има кој да те чува во старост. И мене не ми се проаѓа низ истото пак. Неопислива анксиозност осеќам само од помислата на бременост. А тек па од пораѓај... буквално понекогаш не спијам кога ми се враќаат спомени и не можам да ги спречам мислите. И јас јако тебе имам деформиран стомак што само пластична можеби би го средила. Џабе дисциплинираност со храна и физичка активност, не можам сама да си помогнам. Не можам да замислам каков би ми бил после втора бременост?! Едноставно не ми се проаѓа низ промената на телото. Не ми се проаѓа низ измешаните хормони. Нервозата, хаосот и неспиењето со новороденче. Повторно борба за воспоставување редослед. И јас како тебе се мачев со доење 3 месеци кога конечно целосно снемав млеко и се откажав. Не ми се проаѓа пак низ таа мака. Таман сме при крај со откажување на формула на малава, не ми се приаѓа финансиски пак низ 100+ евра само за млеко. Таман се олабави малце буџетот, не сакам пак да го оптеретувам со бебешки потреби. Не ми се седи дома, со новороденче и откачени хормони. Башка со тодлер?! Нема шанси, сигурна сум дека ќе се мрднам. И која е поентата да се мрднам? Ко што викаш ти, ментално и физички едвај сега издржувам, како би било со плус уште едно битие?! Па за 10 години ќе пијам терапија и за анксиозност и за депресија и за несоница и за тегоби во желудник, а можеби и за уште нешто. Едноставно ја немам потребната енергија за сето тоа, а искрено со тодлер и трпението ми е при крај. Моментално сè ми е битка со времето. Што попрво? Работа? Ручек? Садови? Анимирање и дружење со малата? Дружење со сопругот? Дружење сама со себе? Кого попрво да го избањам, малата? Себе? Сè е постојана битка со времето. Како би било со уште едно? Па дефинитивно ќе се мрднам. Да живеев поблиску до сè, можеби ќе имаше повеќе простор за сè. Едно одење до маркет ми одзема бајаги време. А има толку нешта од кои се откажав, и не ми е жал, ама не можам да се откажам и од тие неколку кои ги задржав. Без некои активности и мали задоволства не можам да функционирам. И така сума сумарум, не сакам второ дете. А да го родам само за да не биде само, иако ни тоа не е гаранција, дали е правилно? Што ако го направам тоа од таа грешна причина и никогаш не го засакам? Што ако цел живот се каам и поради тоа несвесно не го третирам како што треба? Тоа ми е искрен страв, дека ќе се претворам во чудовиште и ќе уништам живот кој не ни морал да постои, ама постои оти сум потпаднала под туѓи притисоци дека греота е ќерка ми да биде сама. Сметам дека треба да сакаш да имаш дете за да го имаш, без разлика дали е прво, второ, петто.
Па тоа е тоа. Не сакаме. А од страна притисоциве и разубедувања воопшто не ми прават чувство на вина. Но едноставно ми пречат, еден вид задирање во приватност е тоа. Замисли роденден на детето ми честиташе пријателка со зборовите што побрзо на син ми да подариме братче и сестричка. Толку ме изнервира, што не ја ни поканив на торта. абе куче не се зема за дете да усреќиш, а камо ли деца да раѓам за да не бил сам. И навистина глупа констатација. Ако го родам за потенцијален пријател на детето дали јас сум нормална ? Нели деца се раѓаат од желба и чиста љубов ? Или ако имаш едно не важи, не си комплетен ? Зошто секоја втора жена после 35 год има проблем со тироидна ? Од деца раѓање не, но индиректно е поврзано. И онака сум преморена, истоштена, и кога ќе кажам на некој,викаат нормално е, и јас сум така, ај ќе помине ќе пораснат, гушкај ги додека можеш... и слични констатации. НЕ ! НЕ Е НОРМАЛНО! Не треба да е така, ама некогаш си земаме сами преголем товар на грб. И сами си го бараме стапот по газ. Другарка роди второ оти машко фалело, наследник. А и не биле комплетни со едно само. Е го роди, ама сега се влечка по болници. А со првото едвај се снаоѓа, нема кој да и помогне. Првото едвај 2 годинки, јака и душа. Ама не е за жалење, и рекоа да не ризикува, запна да раѓа. Па ми праќа стално апдејт каква терапија прима, како и е состојбата. Јас знаејќи си ја својата состојба, здравствена, психичка, физичка, финансиска и буквално од секој аспект гледано ниту сум спремна ниту сакам да родам повторно. Да не ги повторувам причините, убаво ме надополни и ти. Се што рече се сложувам. не сакам да се мрднам од умот.
Кога веќе знаеш дека си решена и дека тоа е тоа, нит вина да чувствуваш нит притисок. Другите нема да го носат, родат и гледаат другото дете. Ти знаеш колку можеш во секој поглед, све друго од страна е само бучава.
Тие што не се спремни и не сакаат да имат второ дете, треба да си останат на тоа, за нивно добро и добро на цела фамилија. Јас имам близнаци, добиени со ин витро, кај нас враќаат по два ембриони за секој случај нели, за среќа се фатија и двата кај нас. Но не сум добра психички жени, до сега издржав некако, малите направија 7 месеци, ама се полошо сум, не бев спремна за две деца, плус родени пред време. Деновиве преживеав уште еден дополнителен стрес и еве неколку дена не можам да си дојдам при себе. Зборот ми е дека ако нема желба и не си спремна, многу малку ќе треба за да попуштиш психички и да се изгубиш. Ги разбирам жените што категорично не сакат второ и во никој случај да не дозволат да и влијае мислење на стринки и баби. Подобро здрава мајка на едно дете, отколку изгубена и пореметена на две деца. А тие што си чуваат по повеќе деца, секоја им чест, за пофалба се, дај боже да се повеќе такви.
Сум пишала на темава пред 2 години Сеуште сум со 1но дете и секој ден си викам дека тоа е најдобрата одлука што сме ја донеле со сопругот. Девојчето ни е веќе во училиште, самостојна е, права другарка ни е. Заедно патуваме, разбрана е, можеш секаде да ја носиш, веќе оди на гости и преспивање кај баба и и дедо и. Драмите со сакам брат / сестра поминаа, во градинка немаше единчиња и мислам дека тоа и влијаеше, меѓутоа во училиште има доста дечиња сами како неа, така што веќе ги прифаќа различностите. За финансискиот аспект да не зборам, искрено сме многу покомотни со 1но дете, можеби е глупо да зборам, но сепак подруго е кога плаќаш Росица, храна, ужина, да не зборам па за други трошоци за едно дете. Секој со своите желби и можности, но јас сум многу среќна и исполнета со моето трочлено семејство и баш не ми фали ништо Муабетите од типот лелееее сама ли ќе ја оставиш веќе не ме допираат, секој треба да си го најде својот пат, со или без брат/сестра, нит е прва нит последна.
И ова не иде. Не се за пофалба, сами си одбрале и си прават што сакаат. Дел од притисокот е само, ко овие супер способни, другиве никакви, што да кажеме па за оние што решиле да немаат деца. Моево како е поголемо, повеќе прашуваат, рандом луѓе бе, чудо како се нема ни срам ни перде, јас не знам што е со луѓево. Ама, почнав подрска да станувам во одговорите, или некогаш се заебавам чисто, и одам со контра прашање неугодно.
Редовно разговарам со психолог, среќа имам, моја блиска е тоа по професија. Ама треба многу време. Поентата ми е дека друг да слушаш за тоа колку деца да имаш или пак детето ќе посака па ајде желба да исполните, дефинитивно не треба, зошто многу е поважно психичкото здравје на жената.
За пофалба се зошто да не се, како и жените со едно шо се. Размислиле, одлучиле што е најдобро за семејството и тие и тие. Секако секој што сака да има деца го прави среќен тоа што ќе има дете, дали едно или три, според можности и желба. А за прашувањето што да кажам, седум години немав деца и се случуваше исто рандом фаци да ме прашуваат и совети да ми даваат.... Така да се знае народот во денешно време се прави, освен што си го живее животот свој.
Јас па не мислам дека се за пофалба тие со три, четири деца, така си одлучиле и нека си тераат. Јас не сакам толку деца, и што? Неспособна сум?
4 год ќе направи, сеуште е 1 дете. Тешко го добивме и го фативме последниот воз. Господ е голем. Прашањата и желбите од типот ајде кога второ, не ме замислуваат, само им одговарам да си имаат тие што немаат и сакаат, а за нас здравје, имаме 1 дете да е живо и здраво. Секој со својот живот во уста, мојот живот е мој нема потреба да се правдам. Изодивме тежок пат до дете, пак да го поминувам истото и ова душиче дома да го запоставам, не фала. Психички и физички и од тешко породување се немам оправено, а на дете му треба здрава мајка. Кичмата ми е фатена од анестезии, се движам ама ми се кочи нога рака.
Ако сте се одлучиле за едно дете нема потреба да се правдате и со тоа да се подсмевате на тие што имаат 3 или 4 деца . Ваше право е колку деца ќе ставите на овој свет. Намалете со емоциите . Кој за колку е способен.
Каде виде потсмевање? Само кога ќе слушнам некој: леле, алал да и е, три деца роди, ги чува, а некој со едно се по... Е од вакви изјави коса ми се крева. Зошто да се тие со три деца за пофалба? Еве не ми е јасно навистина. Демек со едно, две не се признава ли? Смешно е некој што вака мисли и го кажува тоа, а не се за потсмев тие со три, четири деца.
Незнам што ви смета тоа што со три деца биле за пофалба , ви фали тапшање по рамо за едно родено дете и негова грижа . На едно дете му се посветуваш само на него . Со две или повеќе е веќе друго , имаш повеќе работа . Секое дете бара внимание , грижа , работа со него ... Вака со вашите мислење што ги пишувате за едно дете се правдате за вашата одлука за "само" едно родено и според мене се подсмевате на тие со повеќе. Ако сте задоволни со вашата одлука за само едно тоа е во ред .
Не е за пофалба ниту за тапшање по рамо зошто сами си го одбрале тоа. Сами сакале да имаат повеќе деца, никој не ги терал, нивен избор. Исто ко што и ние сме избрале да имаме едно дете, од било кои причини и не сме за тапшање за рамо, ама нити сме за осуда дека сме неспособни. Децата се желба и избор, толку.