Некако постов ми личеше како отварање на дискусија па затоа ќе цитирам да се наодврзам и да дадам совет на некој начин. Причината: детето да не биде само - не е доволна причина за ти да се жртвуваш и да раѓаш повеќе деца. Ти сама ако мислиш дека нити физички, а уште побитно ниту писхички не си спремна за друго тогаш: не ти треба друго. На детето повеќе му требаат стабилни и здрави родители, него другарче за играње. Плус, да родиш само од причина да се имаат еден со друг децата е ама баш никаква гаранција дека ќе биде така. Коа се мали е многи тешко да се дружат како што сите мислам поради разлика во години. Секогаш ќе се во некока различна фаза и различен период. А коа ќе пораснат е прашање дали ќе си кликнат како што сите замилскуваат. Всушност повеќето случаеви ако ги разгледаш околу нас се браќа и сестри кои не се блиски. А посебно пак нашиов балкански металитет е дека се скарани Значи ова го кажувам од аспект на таа само една причина што ја наведуваат за раѓање. Да не се најдат навредени оние со повеќе деца, кои секако ова не им била единствена мотивација и си имале желба и планови и ментално здравје за повеќе деца.
Многу убаво кажано! Јас имам сестра. Пресреќна сум што ја имам. Ама мојата е таква, ми помага за дете чување, ми се наоѓа кога имам проблем, ја користам како психолог, издувен вентил. Секогаш и се јавувам и едноставно си рачунаме една на друга за се. Ама некои други не можат да го кажат истото за нивните браќа и сестри. Барем од мое блиско опкружување познавам многу различни приказни, кои се скарале за имот, кои си љубоморат, некои не контактираат. Баш една другарка додека пиевме кафе ја оговараше сестрата дека била напорна, често ја лажела дека е зафатена за да не се дружат. Еве јас не се осмелувам да родам другарче на син ми. Не се гледам како мајка на две или повеќе. Не се плашам дали ќе биде сам, едноставно се надевам дека ќе биде близок со детето/децата на сестра ми во иднина. Дури и кога би знаела дека би бил неразделен со сестра/брат не знам дали би се нафатила пак да раѓам. За влакно се спасив во бременоста да не закачам 2-3 дијагнози, од ППД се спасував година ипол. Не ми треба уште еден таков период. Кога се потсетувам на тоа некогаш си мислам подобро е утре да умрам ама пак со таква тежина да не треба да живеам и да се справувам со тешки психички проблеми. Едноставно со раѓањето на дете на некој начин си го изгубив идентитетот. Останав без работа, останав без слободно време (а цело време дома), останав со хроничен замор, од некој што не се шминкал воопшто, сега морам секој ден да прикривам подочњаци. Дома остана хаосот, енергијата ми се смали, силата не е таа. Живците се потенки и послаби. Трауми еден куп. Не велам дека не е за мене мајчинството, има и убавина во сето тоа. Преголема. Љубов најголема ми е детето. Но после него на второ место решив да се ставам себеси. Он ќе биде најаден, облечен, анимиран, задоволен. Секогаш се трудам се да му приуштам. Но после неговите потреби сакам да ги ставам МОИТЕ. Не на брат/сестра негови, не на сопруг, свекрва, тетка, комшивка.
Jas imam edno I zasega ke ostanam so edno . Ne sum psihicki spremna za uste edno dete. Sama go porasnav, ne rabotev 5 godini do deka trgna na uciliste. Nemozam da se za mislam pak doma da sedam da izrasnam uste edno. I da, neznaci deka ako ima brat ili sestra ke bidat bliski.
Ова прашање веќе околу второ дете секој ден не ми излегува од глава, сите некако почнаа да ми вршат притисок со прашања ајде кога второ, ако се изјасниш дека не сакаш, одма па како само ќе го оставиш и слично. Исто и со сопругот разговаравме, и он сака премногу и пробува да ме "разубеди" како ќе му биде подобро на детето да има некој во животот, вака ќе било скроз само. Ама јас воопшто не сакам второ дете, некогаш ете пробувам се замислувам со уште едно дете, и мене само од помислата ми е неубаво. Некој имаат трауматични искуства со пораѓај, некој со ппд и од таа причина не сакаат, јас фала Богу ништо од тоа немав, ама едноставно не се чувствувам доволно способна дека можам две деца да гледам. Сега кога конечно малку порасна детево почна да разбира, да зборува, кога имам слобода да излезам и да направам некој работи, јас да направам уште едно дете и пак да се врзам дома 24/7. Едноставно не ми треба таква обавеза во животот уште еднаш. Можеби ова ќе звучи сурово и себично ама така е, детето е стварно преголема обавеза, и тоа обавеза за цел живот, и поради тоа една таква обавеза ми е доволна, дури како што е премногу темпераментен синко и повеќе од доволна. Он нека ми е здрав и жив само, друго не ми е потребно.
Нема ништо погрешно, суров или себично во тоа да имаш свои желби. Не дозволувај никој да ти врши притисок, туку како се чуствуваш ти така.
Убаво си кажа, не се чувствуваш спремна и не сакаш обавеза. Не е себично. Рационално е според мене. Освен ППД што ми е кочница, истово како тебе го мислам. Таман почнав да спијам, да мрдам лево десно низ град, да наоѓам пола саат за серија некогаш и цел саат. Дури и со 4 годишно дете си го пцујам животот кога ќе се разболи или деновиве кога станува и плаче навечер. Сакам да кажам, премногу фази поминавме, одвикнување од пелени, го одвикнав и од цуцла, го научив сам да заспива. Не ми се врви тој пат пак одново. Адаптации во градинка, молби за јадење уште правиме. Се ми е Но Но. Кога ќе се сетам дека додека да почнам со работа бев попиздена цела и плачев секој ден од немоќ... не ми се верува и мене, но секој ден со радост одам на работа. А не дека си го сакам работното место или да сум платена којзнае колку. Но сакам да се тргнувам од дома. Еве не знам дали си духовна. Според Ведските списи абортус е голем грев, но има еден уште поголем а тоа е раѓање дете без љубов. Според нив за да се привлече душа од повисоките нивоа процесот на правење дете треба да е обострано посакуван и навистина силно да се медитира на тоа. Па и Ошо ако го читаш и он истото го вика. На светот не му треба бројка на луѓе. Заради тоа што се раѓаат деца без љубов меѓу сопружници или без желба за стварање нов живот имаме толку наркомани, деликвенти, криминалци. Ќе звучи како оговарање но познаничка роди второ иако едвај излегува на крај со првото. Со мажот имаа расправии, он работи во Данска и ај дај друго дете. Додуша она секогаш кажуваше дека сака 2 деца за да не биде само првото. Ама она си знае. Секој трет ден е на клиника да прима дијазепам инекции и да и го симнуваат притисокот. А млада е. Децата и двете болни во исто време, се мачи, плаче. На заболекар оди со двете деца од кои едното е бебе. Се гледа дека е истоштена. Не сакам да сум таква. И не е само она, знам многу такви. Е сеа знам и некои што имаат 2 деца ама имаат цела армија помош, мајки, тетки, стринки или кеш за дадилки. Јас помош едино имам од свекрва (на која треба малку да и се клањам) и од сестра ми. Но океј, и они се луѓе, имаат свои обавези и животи, не можам во секој момент да рачунам на нив. На крај се имам само себе, а јас се помалку сила и нерви имам и едноставно едвај чекам да порасне да не го молам веќе за јадење, да не трчам за секое мочање, какање итн. Ситни работи се ама кога работам нешто многу ме нервираат. Пишував и во другите теми колку е во последно време размазен и лигав. Тие разболувањата мислам најмногу ме трошат. А да не набројувам дека дома ми е кокошарник. Вчера и завчера правев генералка. Ништо не се познава. Се е расфрлено, огледалата и прозорците пак имаат рачиња залепено.
Мене ме прашува само мајка ми, и баба ми, ама стара е веќе, па не и земам за зло. Не се гледам како мајка на две деца. Синко порасна и се е полесно. Разбира, јаде, си шетаме, уживаме. Помош имам за чување ама кога ке треба да одам некаде. И помош за ручек. Се останато со маж ми. Секој ден не го чува никој освен мене и маж ми. И на гости кога ке одиме кај нив, не одмарам, ме бара за игра. Мрак на очи ми паѓа од помисла царски и грчеви, заби, проодување, нејадење. Не сум таква, се пронаоѓам во улога мајка на едно дете. Дали е себично? Не. Себично е да донесам некого на овој свет како резерва, друштво итн. А не сакам длабоко во себе.
Брат ми е со едно. Им вршеа притисок, снаа ми беше децидна дека не сака. Со тек на време престанаа да зборат. Колку можеш игнорирај, како поминува време ќе престанат со ступидните коментари. Башка секогаш има некоја друга роднина на која ќе удрат фокус .
Со мм сме родители сме на 5 годишен син. До лани бев 100% сигурна дека не сакам второ дете од мои себични причини. Со синко имав бременост како по книга, исто и он беше бебе и тодлер по книга растен, и уште е така. Значи не осетив некоја поголема тешкотија па да речам дека сум истрауматизирана од првото дете. Едноставно не сакав пак да минувам низ истото, грчеви, неспиење, заби, каши, пелени итн... Мм отсекогаш сакал второ дете, но ми ја почитуваше одлуката дека јас не сакам. Лани имав еден краток период кога ненадејно ми се јави желба за второ и неколку месеци (2-3) не се пазевме, ама не останав бремена. После тоа пак се предомислив и разговаравме со мм, дека не сакам второ поради тоа што би биле голема разлика со синко, и ќе му го наруши цел ред и мир на него бебето што би го имале. Мм се разочара мн тогаш, имавме криза во бракот неколку месеци поради таа одлука, ама мислам дека ја поминавме. Убаво ми е што синко е самостоен, спие сам во детска од 2.5 год, одамна јаде сам, имам време за себе да читам книги, гледам серии, одам да вежбам, почнавме да патуваме со мм сами без него на некој ден, да излегуваме почесто.. Во меѓувреме синко почна да прашува зошто он нема брат или сестра да си игра/да се гушка и ми дојде тешко на душата дека заради мене нема никој, јас сум таа што го оневозможува тоа. Јас имам брат, мм има сестра, и двајцата сме многу блиски со нив. Ако претходно причините ми беа себични, сега причината зошто не сакам второ е големата разлика која би биле. Синко од септември здравје ќе биде прваче, не можам да замислам каков хаос ќе биде ако има и бебе тој период дома. Мисливе не ги споделувам со никој, ни со мм оти не сакам пак да му давам лажна надеж. И така, во зависност од периодот во месецот, од циклусот ми се менуваат и мислите ама сама со себе се 'борам' секој месец за ова прашање. За коментари, имаше на почетокот ајде кога второ, од најблиските, ама кога видоа дека немаме намера за друго дете се откажаа и веќе со години никој не ме прашал
Ќе можеш ли да ми кажеш како ја надминавте кризата во бракот поради тоа што маж ти сакал второ дете а ти не? Се пронајдов во твојот случај, само што кај мене не е проблем големата разлика во години туку тоа што не сакам повторно да поминувам низ истото. Порасна, веќе има 5 години, чуствувам ослободување, може полесно да се комуницира со него. Психички знам дека не можам да издржам пак. Маж ми откако му кажав дека не сакам, дека не сум спремна за второ дете се разочара, скоро цел месец е намрштен, му се гледа во лицето дека е разочаран. Се плашам дека ќе ни се распадне бракот ако вака продолжиме. Ако сакаш пиши ми во порака ако имаш како да ме посоветуваш да излеземе од кризава.
Со ППД ,како јас да се читам.Тоа ми е една од причините кои ме плашат.. Не сум спремна пак за таков период, тоа беше хорор ( буквално )
Имам сестра, си ја сакам најмногу. Ама не сме блиски. Поблиска сум со втора братучедка. А они две се генерација, помали некои 6 години од мене. Се решив за едно и останувам на тоа. 2 години е. Си се погодивме, шетачки двете. Не би да ја запоставам ни малку. Има финансии, станбено уште малку решено, додуша живееме во наше, ама ни треба поголемо. Притисок од сите страни, посебно од баби на улица. Ама тажна фаца, и не можам да раѓам.. Нив им е повеќе незгодно. Мајки како сакате, колку сакате, и најбитно колку можете раѓајте. Имав другар сам,а најнесебично човече. Другар на место, друштвен, гледан од мајка и татко. Со се во животот а превоспитан.
И јас би сакала да знам како се надминува таква криза. Уште не е дојдено до тоа, ама ќе дојде. Затоа што знам дека и мојот сопруг сака уште едно дете, но јас цврсто сум решена дека не сакам и тоа му го кажувам директно. Он се надева дека за неколку години ќе се предомислам. Ако не се предомислам ќе биде криза !
А ако родиш второ нема да биде криза од твоја страна? Па не рагаат тие мајку му стара туку жените и сметам дека жените имаат поголемо право во одлучувањето колку деца ке имаат.
За кого ќе биде криза? Сакав трето, ама сега ми се лоши само да помислам, а не да го имам. Сакал/не сакал маж ич не ми чуе, треба да сум читава за овие две што ги имам. Вие што сте се решиле за едно сте царици, ем имате притисок од околина, ем од дома. Таа што е сигурна во одлуката, жива сила не ја предомислува.
Па јас ако родам ќе имам лична криза. Гајле ќе му е на него. А ако не родам он ќе е незадоволен оти сака дете. И кризата во бракот пак јас ќе си ја носам на грб. Криза ќе имаме во бракот. Пак јас ќе си патам. Реално и во двата случаи ќе биде криза. Треба да си изберам само каква криза полесно ќе поднесам. Дефинитивно уште едно дете не можам да чувам.
Баш ми е жал што си во таква ситуација. Ние уште пред да имаме деца зборевме за тоа, јас бев јасна дека ако имаме деца ќе биде едно. И да не се надева дека некогаш ќе си го променам мислењето, зошто тоа нема да се случи. И маж ми сакаше две, зошто нели, тоа е нормата, ама после сфати дека ни е подобро вака. Ама на крајот, сите имаме избор во животот. Ако се помири со твојата одлука, го прифати тоа, не е фер натаму тоа да ти го префрла, или ти да се осеќаш виновно. Треба он да одлучи што му е приоритет, семејството што си го има, или да оди натаму и да трага по нешто теоретско. Јас не дозволив никаков притисок едноставно, знаев и знам што сакам, што можам да поднесам, што не. Преиспитај се убаво, ама немој да родиш уште едно само за да му удоволиш, децата бараат многу и кога ги сакаме најмногу на свет и сме ги родиле со најголема желба, а не па да ги родиме чисто од притисок и зошто некој друг го барал тоа од нас. Размисли со што можеш да живееш полесно.
Ќе ти зачука и тоа на врата за жал. Да ми кажеше некој пред година-две дека вака ќе се однесува немаше да му верувам. Не можев ни да замислам дека НЕГОВАТА ЗАМИСЛА ќе му биде поважна од она што сме го створиле до сега. Како поминуваше времето последнава година така се почесто ја отвораше темата. Ми кажуваше со психологот да сум разговарала на темава. Психологот стои на ставот дека уште не сум подготвена и дека ќе бидам исфрустрирана. Тогаш кога почнав да заживувам да се ослободувам на некој начин од грижата кон детето, тој сака да ме врати на 0. Кога и да ја отвори темата ме вознемирува и плачам. Плачам затоа што не ме сфаќа, и затоа што многу сакам ќерка а знам дека не можам да издржам се од почеток. Ми прави да се чуствувам неспособна (знам дека не е со таква намера но таков е резултатот). Разговорите веќе ни се на минимум, постојано е намрштен мислиш му се срушил светот. Последниот пат кога имавме односи дури се почуствував грозно си мислам како ли му е кога треба да се тргне на време, и тука настанува некоја тишина, некој пораз. Му кажав дека е неблагодарен кон тоа што го има. Да немавме ниту едно ќе го разберев некако, ама вака при живо здраво право дете да се однесува вака и се друго да му е неважно ме боли. Не знам до кај ќе стигнеме ако продолжи да се однесува вака ладно. Инаку да, и мојов не сфаќа што значи не сакам, ми вика знам дека ќе се предомислиш ама не сакам да ни се голема разлика децата...убаво рече членката подолу, само ние знаеме која тежина ја носиме што кај трпиме притисок од околината, па треба да трпиме и од дома, од партнерот.
Дами не сте сами во оваа ситуација. Не сакам ни јас второ дете. Кај мене ппд ме докрајчи ,претходно имав но не толку изразена ,па се јави анксиозност и панични напади и се. Лошо е само ако немаме поддршка од партнерот а за сите други нека си зборуваат ич ама ич не ме тригира. А и ќере е голема 8 год и самата вели не сака ни брат ни сестра. Јас се затворив дома се со неа,кај мене лошото е што немам никаде никаква поддршка па се со мене е била од маркет до лекари болници. Не велат за џабе да се чува едно дете потребно е цело село..
Јас пред бременоста си викав сигурно ќе имам 2 или 3 дечиња, ама еве една година од како се породив, и денес си стојам на фактот дека на второ не би одела, барем не во наредниве неколку години. Среќна сум, имам прекрасно детенце, ама се друго околу ми е хаосно, бракот, обврските, во трка со времето сум, хормоните ми се за никаде, се осеќам под стрес и 70% од времето сум нервозна. Ми треба нормала, ми треба време да се вратам како што бев, се плашам дали ќе успеам, дали со мм ќе бидеме повторно како порано. Многу прашања во глава, многу товар. Факт е дека има и позитивни страни, мало прекрасно суштество, не може да е посовршено, но кај мене моментално надвладуваат негативниве. Не сакам свесно да се ставам во ситуација каде ќе станам најлошата верзија од себе, и психички и физички, а и не смеам поради детето. Која е поентата да имам повеќе деца ако знам дека нема да бидам мајка каква што ке им е потребна? За сега едно е доволно, се трудам да му се посветам колку што можам. Среќа моментално и маж ми се сложува со одлуката. Си ги истурив мислите