Малце каснам, ама ве прочитав сите. Се согласувам со сите вас. Никако не сакам уште едно дете. И од ППД страдав и здравствено се пореметив, и општо нервна станав, пишав и во други теми кариерата ми се урниса сега тек се стабилизирам и на тоа поле. Не викам дека сето тоа е побитно од мајчинството, ама едноставно јас едвај со сево ова на куп се справувам, кај ќе најдам сила за уште едно дете ? Па еве сеа скоро пак беше болен малиот, и мислев ќе умрам од грижи и маки, а да се две или три ? Што ќе правам тогаш ? И не е само ради тоа, не е само од себичноста моја, точно има и доза на себичност, не сакам пак да ги минам тие стресови и мачења. Но не е само од тие себични причини, туку едноставно НЕ се гледам како мајка на повеќе деца, уште сега на син ми му се обраќам со син единец на мајка. За сопругот знам дека сака норма да исполни и две да има. И сега за сега ме чека да се стабилизирам со работата па да се предомислам. Мисли дека кога ќе ми се смалат обврските дека ќе посакам сама, ама јас сум сигурна дека нема. Побогу едвај чекам да дојде до тоа смалување на обврски па малку да здивнам, абе не смеам да се разболам или да ми искрсне нешто надвор од планираното, одма големи проблеми искачаат. е сеа јас се плашам он да не си заврши работа кога ќе му скисне да ме чека да се предомислувам. Оти многумина така имаат направено, и му имам кажано дека е тоа многу долен чин и нека не пробува, затоа што џабе бракот после вечно ќе сум разочарана и ќе се осеќам како најголема глупача. Он на тоа вели дека никогаш ништо со сила не ми правел, па нема ни такво нешто, но да не сум се надевала и јас на брак ако сум абортирала случајно ако се деси непланирана бременост. И некогаш на шала ми вика ти ако не сакаш ќе најдам некоја што сака. Мене планот ми е следен: без негово знаење да почнам со орална контрацепција, и така имам ПЦОС, препишани ми се, но не ги пијам за да не се здебелам. И така он нека си прави што сака јас да си бидам заштитена, па нека се чуди после неколку месеци обиди да не е случајно некој од нас неплоден. Јбг злобна намера, ама тоа ми изгледа најлесно решение.
Зошто не му кажеш дека ќе почнеш со контрацепција? Воопшто не е здраво за вашиот однос ти да се криеш со апчињата, или да се плашиш дека он намерно ќе направи нешто што не сакаш. Плус, му го кратиш изборот со лагава. Го правиш она што не сакаш да ти го направи, само во обратна насока. Поразговарајте, возрасни сте, ова се незрели игри од кои и двајцата ќе излезете повредени.
Мене тоа ми е јасно, дека се незрели игри, но нема начин да се најдеме на средина ако еден е ЗА друг е ПРОТИВ. Не може едноставно, еден мора да попушти, а не е мала работа, и не верувам дека он би ми удволил, а јас за ништо не би се предомислила.
Не е само бременоста. Членката, а и многу други може не се спремни за обврските што дете плус ги носи. Повторно неспиење, настинки, вируси, бактерии. Да бидеме искрени не е исто со дете од 4-5 години, што барем во Вц знае само да оди, знае да јаде само, што знае да се заигра само. И дете од 12-18 месеци што не разбира од опасност и трчаш без прекин по него.
Да,така е,ама големко е првото ќе помага,ќе си играат заедно,е сега има и конфликти детски,и јас имам едно,трчкам по него,и децата како растат тие,растат и обврските...ама ако не сака членката ,тоа е...секако треба заеднички јазик и решение....е сега има и за тоа решение,имаш пари и дадилки се опција...ама....едно големо ама....
Реално зборовиве се само празна утеха. Ништо нема да помага поголемкото, само ќе носи вируси дома од градинка/школо и ќе биде уште потешко се. Да имав пари за дадилки може и поинаку ќе размислував, ама кога ти се болни децата не се остава на дадилка, грижите се преголеми.
Прво сами себе треба да се увериме дека сме спремни на дете плус, одговорности плус, па натаму се останато. Некаде видов слика и под неа пишуваше идеално семејство, а на сликата маж, жена и три деца. Исто погоре што е споменато некој стандард е демек две деца, првото да не е само. Е сега кога ќе сфатиме дека и семејство само од маж и жена е идеално, и со едно дете е идеално, за некој и со 8 деца е идеално, тогаш може и поинакви ќе се работите. За раѓање со сурогат и гледање од дадилки барем јас сум далеку од тој свет, така да не ја коментирам таа опција. Познаничка е со состојба од која секоја следна бременост може да значи дека таа или детето или двајцата нема да преживеат. Може и супер да заврши ама ризикот е преголем. Знаејќи го тоа, таа е помирена дека ќе си го одгледа тоа едно дете што го има. А нејзините блиски знаејќи го тоа постојано се со коментари како на детето му треба братче, оти нели првото е женско. Да не сум покусо и јас имам коментари дека морам на маж ми да му родам син, оти маж без син, не чинело. Значи ќерка ми, не се важи за дете.
Колку повеќе игнорирате, толку побрзо ќе престанат коментарите Ќерка направи 2 и пол години, од толку што ги сечам сите во корен за тој муабет, сеа да останам трудна ќе ми се онесвести пола фамилија
Секаде е полесно со пари,ама кога ги нема човек,потешко е....искрено,Ви посакувам успешен договор со сопругот и да ти ја почитува твојата одлука,иначе сосема те разбирам,го поминував овој трнлив пат комплет.....и ние сме со едно сонце сега за сега....
@DarkStormm, @Martka или си спремен и сакаш второ дете или не сакаш. Ниту една дадилка нема ви чува дете 24/7 некогаш ќе мора да останете сами со две деца. Или ова ви повеќе како филмски. Имаш пари како на филм и имаш дадилка како на филм и сите си живеете среќно и весело. И таак оп одеднаш децата имаат 18 години, дадилката си оди, си одат и децата од дома и вие продолжувате да живеете среќно и весело. и не ви е гајле кога се прибрале децата дома, дали јаделе/спиеле, дали нешто ги боли и слично јер дадилка има. Утопија ви е ова со дадилкиве и париве. Приказни за мали деца. @DarkStormm ако толку си решена дека нема второ дете искрено и отворено кажи му на маж ти. Со лажење и криење ништо не постигнуваш освен да си го расипеш бракот.
@DarkStormm ти сакаш едно дете, маж ти две. И тоа е ОК и тоа е ОК. Тоа што не е ОК е скришно правење деца,или скришно пиење контрацепција. Вие треба да разговарате сериозно и да дојдете до решение. Значи без глупи коментари од типот, ако не сакаш ти, друга ќе ми роди. Тоа не е ни мајтап, ни шала. Ако не можете да дојдете до решение или компромис, не знам како би живееле двајцата, ти со контрацепции скришни, а тој да свршува намерно во тебе, и двајцата да правите нешто безвезно, без никаква доверба или почит. Ако не бива, не бива... Постои и развод во такви случаи, тој ќе си имаш едно, тој нека бара друга за второ, што да речам друго, не знам. Јас имам две деца.... не дека е толку страшно како што мислиш, да се разбереме, ама се сложувам, кој сака едно, негово право и не може некој да наметнува желби. А и тој сака две, значи мора разговор и решение.
@DarkStormm некако во слична ситуација сум и морам да ти пишам. Не мораш да правиш детски игри и да се криеш и да пиеш апчиња, разговарајте и кажи му на мт дека си 100% сигурна дека нема да се предомислиш никогаш, а понатаму што сака нека прави. Јас сум премногу сигурна во себе и знам дека нема да се предомислам никогаш, и нема да ми се роди желба за второ дете од нигде никаде. Му кажав на мм најотворено, дури му реков и ова ако можеш да најдеш некоја што сака дете направи и, од мене второ не добиваш, ако сакаш стварно толку многу друго дете Јас не сакам да те спречувам во таа желба само затоа што не можам да ти ја исполнам. Јас најискрено и на развод бев подготвена ако продолжеше да ми врши притисок. Сега за сега гледам ми делува како помирен со тоа дека ќе имаме само едно дете и не ми ја отворил темава веќе долго време, односот ни е по ладен од претходно, ама што е тоа е, јас против себе и на сила не можам ништо. Колку сака нека звучам себично.
Mom's Го читам внимателно секој пост на темава бидејќи баш ме засега. Речиси сум одлучна дека девојченцето мое ќе ми биде едно и единствено. Маж ми едно време знаеше да пушти муабет но гледам дека и тој оладува бидејќи ја согледува нашата ситуација. Ако ме праша некој прва причина ми е дека немаме помош ама баш никаква од никој. Сами носиме, земаме дете, ручеци, шетање, одмори сами, чување болно дете, немање на кој да го оставиш да завршиш работа некоја буквално не одиме некаде ако гледаме дека со дете не би можеле или носиме секаде каде што можеме. Две години седев дома да си ја израснам па се вратив на работа. Маж целосно беше посветен на работата со цел нели да ме покрие. Откако почнав да работам се бориме да најдеме време да видиме дете, да се видиме меѓусебе. И скопчавме дека да се биде родител значи да имаш успеси секој ден но имаш и неуспеси кој прават да се осеќаш ко г...о. Друга работа е што ми фали маж ми, едноставно си фалиме и си го кажуваме тоа. Ние сме заедно повеќе од 15 години, израснати заедно, прави другари а сега некогаш пропуштаме да си кажеме многу важни работи. Секогаш велам ќе порасне за 8,9 години нема ни чао да ни каже кога ќе излезе а ние ќе останеме сами. Е тогаш сакам да си го имам маженцето и да се надокнадиме а не да станеме странци по дома. Да бидеме среќни и присутни за сите нејзини падови и успеси. Сега малце кога е поголема 2 г и 8 м веќе можам да украдам време и да се посветам на себе и на маж. И знам дека како што ќе расте ќе имам повеќе и повеќе. Не би сакала чекор наназад. Тоа би значело повторно да дадам отказ затоа што пак ќе кажам немам опции за чување , кога би се вратила на работа веќе би била блиску 40....не е исто. Трето имам многу блиски што се едници и никој никогаш не кажал дека осеќа некоја потреба од брат/сестра. Целото внимание било на нив, секогаш имало за нив... Јас бев второ дете...како да ви кажам од што немаше не научив ни точак да возам ни ролерки. Други се сега времињата и фала богу финансиски сме одлични ама никогаш не се знае. И можеби загубата на првото бебенце остави некој белег па се осеќам како мајка на две. Не ви знаела да кажам ама знам дека некаде ќе ме чека и таа. Затоа што сум и нејзина мајка. И морам да кажам дека темава не е да проба некој да ме предомисли. И ако имам едно дете не сум полу мајка, јас сум мајка на целосно дете. Мојата ситуација е таква.Би било убаво да се се има брат/сестра не велам не но тоа нема да го направи детето посреќно, по пријателски расположено, по дарежливо, по емпатично, по независно итн
Брзо почнале твоиве Мене дури сеа почнаа 4 има моево ,јас сакам ама се осеќам неспремна... Од друга страна ко да каснам и така
Ааа мене ме почнаа од првиот роденден, наеднаш да сум ги растела. Ко мислиш они ќе ми ги растат , не ние
Точно ! истово го мислам. Јас останав без работа не по своја волја кога се породив. И година ипол седев дома. И ужас беше. Кај поминаа фазите на грчеви, плачења, ноќно неспиење. Па после тоа колку вируси и температури, па уште не сме завршиле со тоа. Само стресови.. За чување имам свекрва, ама треба да и се клањам, да покажувам почит на чудни начини. Од моја страна сите се заминати странство, за син ми ја имав сестра ми, сега и таа замина. Мојата баба има 73 год, некогаш го носам и кај нејзе, но не е тоа решение. Околу вашите муабети за дадилките. Не викам да го тупнам на дадилка и да си го шетам газот. Туку едноставно многу пати требало да одиме сами негде со маж ми, па сме останале дома, на две свадби не бевме оти немаше кој да го чува. Моите колешки (немаат деца, или се пораснати) одат на службени патувања. Јас не одам, знае шефот дека не може да ме испрати ни во соседен град, а не пак во странство. Ако одам негде, до вечер дома морам. Па колку пати ми требало да излезам на неколку часа да завршам нешто, немало можност. Работата си ја мразам, ама сакам кога сум на работа, имам изговор зошто не сум дома. Додека сум на работа гледам до град да завршам работи, а некогаш и кафенце да испијам на раат. Премногу значи, малце самотија, малце тишина. Затоа викам, убаво е да можеш да си платиш дадилка кога ќе осетиш дека ти треба пауза. Додуша мене ресет ми треба, ама тоа никогаш...