Родителот последен дознава

Дискусија во 'Дете' започната од snegulkata, 12 октомври 2015.

  1. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.658
    Допаѓања:
    24.420
    За да ја отворам темата бев инспирирана од секојдневните случаи околу мене, кога сите знаат само тој што треба да знае не е во тек со проблемот- конкретно за родителите чиј деца тргнале по лоши патишта а нивните родители не ни насетуваат што се случува.
    Дали сте се нашле во ситуација да знаете дека детето на ваша блиска другарка,роднина или било што си го загрозува животот а неговиот родител не е во тек со настанот. Сметате ли дека е поправилно да се каже или да се премолчи?!?! Зошто е подобро да се каже и каква реакција очекувате од родителот...или пак од кои причини би премолчиле? Дали навистина родителите последни дознаваат или тоа не може вам да ви се случи?
    Мене понекогаш многу ме загрижува слободниот живот на денешната младина па се запрашувам како ќе биде понатаму и како јас ќе го заштитам своето дете од пороците на современиот живот. Дали и јас последна ќе дознавам и дали ќе се лутам ако ми премолачат некој проблем во врска со моето дете. Искрено, најмногу се прашувам дали ќе знам сама да забележам дека детето ми западнало во проблем или ќе бидам слепа како многу родители. Сега е малечко моето дете и знам кога го боли нешто, насетувам кога ќе настине, знам кога е гладно...ама кога ќе порасне дали ќе остане толку силен тој инстинкт?
    Дали како родители ќе ја имаме моќта да го познаеме проблемот и да реагираме или последни ќе дознаваме?
    Многу прашања... се надевам дека темата ќе покрене дискусија, во спротивно нека лета во канта!
     
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    4.999
    Допаѓања:
    24.824
    Пол:
    Женски
    Според мене само оние родители кои имаат преголема доверба во своите деца и поради таа доверба не ги контролираат своите деца, тие родители последни дознаваат за грешките на своите деца.
     
    На sugarlips, srcence1607, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.881
    Допаѓања:
    279.847
    Лично јас немам некое страшно искуство, но имав комшивка која се шлогира кога дозна за ќерка и.
    Патем комшивката многу знаеше за сите од зграда да збори...киснеше на прозор и знаеше која девојка кога си дошла, кој ја испратил, која пуши цигари....
    Никогаш не рзмисли дека има две ќерки и дека не треба да се плеткаш со такви муабети.
    Ќерка и фати дечко, ама постар од неа едно 15 години
    Таа поим немаше.
    Девојчето остана бремена,оваа поим немаше.
    Цел град збореше, оваа пак поим немаше.
    Почнаа заебанции на нејзина сметка, во врска со стомакот на ќерка и, но таа пак имаше одговор ,,многу јаде, поправена е,,
    Кога девојчето напрви 7 месеци бременост конечно откри и го прати некаде (никој не откри каде).
    Се роди бебе, се остави во Битола
    Мајката се шлогира.До ден денес е со искривена усна.
     
    На Nausicaa, theowndemon, Wahnsinn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    20.048
    Пол:
    Женски
    За жал, Рефка е во право, зошто комплексно е да им соопштиш на родителите дека нивното чедо скршнало од патот и оди во погрешен правец. Родителот е најчесто заштитнички настроен и мисли најубаво за своето чедо, па ако кажеш нешто негативно за него, им ја нарушуваш претставата и сликата кои ја креирале.
    Според тоа, треба да се измери 100 пати пред да им се каже било што на родителите.

    А дека тие родители кои имаат најголема доверба последни дознаваат е и точно, ама и неточно.
    Еве, моите родители имаа огромна доверба во мене ( а имале причини да немаат, зошто од секогаш сум била troublemaker ), но на 14 год бев западната во лошо друштво, a и доживеав многу непријатни работи. Но самата си се извлеков од неволјите и проблемите, а истите им ги соопштив на моите родители за да не слушнат од други луѓе, туку од мене.
    Така да, зависи и од децата.
     
  5. christinnn

    christinnn Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    13.867
    Пол:
    Женски
    Зависи до децата, а и до родителите.Од една страна, некои родители имаат преголема доверба кон нивните деца и сметаат дека нема потреба да чачкаат и да ги прашуваат бидејки нивните деца се светци, мислам нема шанса да направат нешто лошо.Од друга страна, може да знаат и да насетуваат но да не им е грижа, едноставно децата си се оставени сами на себе, такада ова е баш дискутабилно.
    Имам и пример од реалниот живот во врска со ова.Дете 20/20 и нешто години станува хроничен коцкар, кисни по коцкарници и на машини и се задолжува кај лихвари околу 20/30000 евра.Е сеа, сестрата на најдобиот другар на таткото на детето работи во коцкарницата, го гледа детето и му кажува на брат и за ова.Брат и не верува, но кога го видел со свои очи веднаш му кажал на другарот.Овој за жива глава не веруваше.Абре никако.Со триста молејнци замина во коцкарница да види со свои очи и ете до ден денес се занимаваат со лихвари.На човекот за недела дена му побеле цела коса, за џабе живее.
     
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.140
    Допаѓања:
    85.530
    Убaвa темa.
    Секoгaш кoгa сум вo друштвo сo мaјките нa другaрките нa ќеркa ми, ќе слушнaм нештo штo незнaм декa се случилo, ќе кaжaм нештo штo немaaт пoим декa билo... Честo се шaлиме нa темa декa децaвa кaкo дa не учaт вo истo oдд. Едни вaкa, други тaкa.
    Генерaлнo секoјa мaјкa викa, aкo имa нештo зa мoетo дете Ве мoлaм кaжете ми. .. Нo, јaс дo сегa ни сум кaжaлa, ни ми кaжaле.
    Личнo, пoзнaвaјќи се, вo прв мoмент мислaм декa би бaрaлa oпрaвдувaње зa пoстaпките нa дететo, нo пoкaснo би јa нaдвлaдеaлa ситуaцијaтa.
    Убaвo ми е штo ќеркa ми е oтвoренa пред мене. Кaжувa мнoгу рaбoти штo и се случиле, нo сигурнo имa и нештa кoи ги крие. ..И oк е, секoј си имa свoј свет. Пoстoјaнo пoвтoрувaм, пaмет вo глaвa. Е сегa дaли oд еднo увo влaгa, oд другo излaгa, времетo ќе пoкaже.
    Ме имa и излaжaнo. Бaнaлни лaги и сoсемa непoтребни, ниту пa нештo вaууу стрaшни. Амa ме излaжaлa. Билa кaзнетa зa тoa, нo знaм декa пaк ќе де случи. Децa се, нoрмaлнo е.
    И...кoгa пушувaм oд тел. немaм прегледнoст, пa кoјзнaе кoлку се зaнесoв и имa ли целинa пишaнoвo :)
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.803
    Пол:
    Женски
    За да можам да кажам некои работи што ги правеле сите на одредена возраст мора да сум блиска со родителите. Јас не сум многу блиска, ни со мајка ми ни со татко ми. Никогаш не сум собрала храброст да им кажам кого сум бакнала прв, дали сум пробала да пушам цигари или такви некои работи. Единствено што можам да им кажам и што треба се работи поврзани за учењето, другарките и професорите и не знам тоа дали е доволно, но сепак ќе речам родители си и таков однос имам со нив, не ги гледам како другари, како многу други девојки што викаат дека со мајките се како со другарки.
    Исто така сметам дека не треба премногу да се форсираат децата за да прават некои работи кои тие не ги сакаат, како на пример со сила да се занимаваат со спорт. Тогаш кај секое дете би се јавило револт, а со тоа намалување на блискоста :)
     
    На Paolita, peperutche21, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Necromanta

    Necromanta Нов член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Да почнам од тоа дека најчесто најголемите проблеми ги прават оние адолесценти кои немаат доверба во своите родители и притоа не би се консултирале со нив кога ќе наидат на некаква пречка во животот.
    Добри 70% од тинејџерите се психички лабилни, поводливи и умираат за внимание од околината што е природно и нормално во склад со годините, хормоните и психичките промени без разлика на тоа каква им е семејната ситуација. А во случај на сето тоа да му се додаде недоволно внимание и грижа од страна на домашните се доаѓа до доста напната ситуација. Дали навистина, во тој случај, адолесцентот е виновен? И да и не.
    Најголемиот проблем е што родителите ги воспитуваат децата подготвувајќи ги за свет кој веќе не постои. Наметнувајќи им ги моралните норми кои важеле пред дваесет години им попречуваат да ги сфатат денешните. Кога нивното дете ќе сфати дека тие размислувања се контрадикторни на денешните, нормите се поништуваат една со друга. Проблемот е што родителот е растргнат помеѓу традиционалното и модерното. Да се биде или да не се биде? Мора да се најде баланс. Жалам, повеќето од нив се премногу своеглави и со затворен ум за да се обидат да го дофатат истиот. Затоа многу често пеперутчето на мама и тато кое го научиле дека е „срамота’’ да излезе со момче и да го држи за рака пред комшиите, и пред родителите го разбира и применува тоа, надвор од дома слетува од цветче на цветче.
     
    На Spidy, srcence1607 и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.901
    Пол:
    Женски
    Dali da kazam ili ne,ova e mn teska odluka.Ako kazam odma bi se stavila na mestoto na deteto kako bi se custvuvala pa makar sto e i za negovo dobro,ako pak ne kazam tesko e za roditelot,ne sum se nasla vo vakva situacija nitu pak sakam za vas neznam no za mene bi bilo mn tesko da klevetam dete,a znam za negovo dobro e.Bi mi bilo tesko zasto i jas bev naklevetena no toa bese laga za sreka se sredi,no go znam toa gadno i loso custvo.A da tie sto imaat sto da kazat za site na kraj gi snaoga toa sto go kazale imam mn primeri za toa no na tell sum eee OZBORUVACKI GI IMA SO LOPATA DA RINES
     
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.466
    Допаѓања:
    7.758
    Пол:
    Женски
    Па во скоро сите случаи кај тинејџери/адолесценти е така.Тргнувајќи од себе, не можам на некој 30+ години постар од мене да се исповедувам, не дека немам доверба, повеќе ми е страв од реакцијата.Еве, никогаш немаше да кажам дома дека пушам цигари, да не ме осетеше мајка ми, и ден денес уште ми мрчи за тоа, а и таа и татко ми се пушачи.За дечковци, симпатии, било што немам намера тема да отварам, срам ме фаќа искрено, дали дека таков однос имам, или такви луѓе се едноставно.Повеќето другарки што се сексуално активни не ни помислуваат да кажат на мајките (не дека не знаат, ама ниедна нема признаено).
    Вакви работи можат да се премолчат, има и луѓе кои не се отвараат пред никој, ама за сериозни проблеми (дрога, алкохолизам, коцка, бременост) подобро да се дознае од сопственото дете, отколку од трети особи.
     
    На Paolita, butterfly* и Janina им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    117.353
    Пол:
    Женски
    На ептен блиски што ги знам како дишат и како би изреагирале ако им кажам нешто за нивното дете би им кажала инаку не. Како родители треба да си го знаат детето како самите себе, да ја анализираат секоја негова промена во однесувањето, да пробат да откријат од кај доаѓа. И без разлика дали се работи за дете, за брачен партнер, за брат/сестра, ако си постојано со тој човек ке ја приметиш секоја негова промена, ке знаеш дали тоа што моментално го прави е или не е типично за него. Посебно родител дете треба да прочита како селски буквар а не да чека да не стане зависник од дрога па тек тогаш да дознае дека неговото дете се дрогира.
     
    На cresa-jagoda и butterfly* им се допаѓа ова.
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    45.417
    Пол:
    Женски
    Скоро имав една ваква ситуација.
    Девојчето(девојка е 15-16 год.) на едни наши пријатели ја видов со цигара и шише од пиво мислам дека беше.Она не ме виде мене.

    Не знаете каков немир имав.Си викав,ако кажам-не знам како ќе ме разберат.Секакви луѓе има,ама кога им чепкаш во деца,незнаеш како кој ќе реагира.
    Ако не кажам,ќе си осеќам грижа на совест.Во тие години се се пробува и паметот им лета.
    Девојчево е ученик за пример и гордост на своите родители.

    После собрав храброст и и кажав на мајката на посуптилен начин,за да внимава.Таа беше шокирана.
    После некое време и мајката си ја фатила ќерката и девојчево признало.

    Јас сум за тоа да се знае.Поготово ако е нешто лошо.Тие се деца.Ние како родители мора да се потрудиме да ги вратиме на прав пат.Секој родител е осетлив за детето,ако му чепнеш не знаеш како ќе те сфати.
     
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.626
    Допаѓања:
    5.341
    лелее исто само што сега кај нас девојчето е самохрана мајка а родителите и се исушија од нервози... ..а стомак многу немаше девојчето кај се криело бебенцето коој знае хх...Бог да чува и да брани...
     
  14. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.617
    Допаѓања:
    107.998
    Ова мислам дека не е резултат на некоја „недоверба“ туку едноставно недоволна комуникација. Ако јас сум решела да го скршам патот (предвремена бременост, тешки дроги, алкохолизам, коцка и што уште не), моите никогаш не би дознале, не зошто многу веруваат или не веруваат во мене, туку зошто никогаш сум немала некаква цврста врска на родител и дете, поќе бев на формалности. Мислам дека недоволна љубов и внимание ќе резултира со тоа родителот да дознае последен зошто ако јас бев блиска со мајка ми таа ќе знаеше дека одамна сум посегнала по цигари, џоинт, алкохол, дека имам излезено со поќе од двајца за кои таа знај итн. Од друга страна, за пороци сум се осеќала послободно од страна на татко ми зошто знаев дека нема за врат да ме фати и да ми речи „зошто“ туку можеби ќе ме советува, ќе ми кажи дека е лошо, ама и ќе знај дека кога- тогаш јас ќе морав да пробам и дека поарно тој да знај него да не знај.
    Накратко, по мое мислење е дека блискоста меѓу родителот со детето резултира дали родителот ќе дознај последен или не. Дали родителот желно ќе проба да воспостави некаков замислен „авторитет“ врз детето, а во глобала тој само се присилува како некој супериорен врз него место да му дај на знаење на детето дека го сака, дека нема да го кара и дека за секој проблем има морална поддршка.
    Моралната поддршка секогаш од страна на родители (со чесни исклучоци) е на зборови од типот: „Јас ти сум фамилија никогаш нема да те оставам“, „Јас ти сум мајка/ татко/ чичко/ вујко/ тетка и никогаш нема да те осудам“, а уствари ретко кога детето има каде да се довери зошто ќе биди осудено. Тинејџер со разработени хормони кога ќе се сретни со осуда резултира со фрустрација. Прај непромислени работи, не кажува, накратко - родителот последен дознава. Неможам да речам дека децата не се виновни, се на еден начин, но неможиме од дете да очекуваме зрелост (пак ќе речам, со чесни исклучоци), а знајме дека ставот и воспитувањето идат од родителите.
    Погоре споменато е како на тие трачарките, имате безброј примери како им се вратило исто или полошо од тоа што зборуваат - мене јасно ми е, детето е растено во таква средина, низ тие муабети и ја гради личноста на тој начин.
    Исто и преголемо форсирање и барање на перфекционизам од детето следва со фрустрација и недоверба кон родителите и на еден начин страв. Барем према мене детето не смеј да се плаши од родителот ама реално гледано - се плашат поќето само ради тој лажен и „свет“ авторитет кој повеќето родители го милуваат. Авторитет, барем према мене, не е кога детето се плаши од тебе, не сака да ти се довери зошто ќе се сретни со осуда и строгост, према мене авторитет е кога детето ќе најди личност во која ќе верува, постара личност на која ќе можи да се потпри (мајка/татко), мислам дека дури тогаш родителот постигнал вистински авторитет врз детето, кога детето нема да се срами ни да се плаши од одредени последици од страна на родителот за некои недоумици кои ги правел или планира да ги прави.

    Малце се загинав низ текстов, не знам колку пати истата работа ја повторив ама се надевам е доволно сфатлив.
     
    На blueeparadise, Spidy и Mariangel им се допаѓа ова.
  15. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.470
    Пол:
    Женски
    Mnogu ubava tema :)
    Vo detstvoto moe imav drugarka sto se druzevme od samoto raganje bevme razlika samo 3 meseci , i taka ona vo sredno ja udri pubertetot vo glava , i pocna da izleguva so eden decko koj imase 28 godini a ona imase 16 godini ! Nejzinata majka idese doma ja falese mnogu ucela , mnogu cistela domae , bila za primer a jas sum pusela cigari sum bila vakva onakva , i sto se sluci : -Ona namesto vo uciliste odese da se gleda so decko e , imase izostanoci mnogu ,kazuvase deka izleguva so drugarki a odese kaj deckoto doma mu (patem deckoto si imase devojka od U.S.A. , A NEA SI JA IMASE ZA PROVOD ) edinici site ocenki , a na majka i i kazuvase deka site i se 5 , i dojde toj 10 juni i ona padna , izgubi skolska godina ! I deckoto normalno si ja otkaci bidejki mu dojde devojkata od Amerika ! Nekoi roditeli od nivnoto falenje na nivnite deca i pregolemata doverba gi doveduva do vakvi gluposti , site ogovaraat a ne znaat doma im sto im se desava , ama sepak koga togas Gospod im ja pokazuva vistinata i na kraj se zaprepasteni ! Do site majki na forumov nikogas ne ogovarajte tugi deca , toa nee vasa rabota , gledajte gi samo vasite deca sto pravat kako pravat i bidete strogi so niv !
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    7.568
    Пол:
    Женски
    Јас уште од малечка се си кажував дома, кој ми е симпатија, со кого се дружам, со кого излегувам секогаш после излегување имавме дома сеанса да кажам како сум поминала, кај сум била што сум правела, мислам секогаш со пријателски пристап и самата осеќав потреба да им кажам се на мама и тато. Се случуваше да скријам послаба оценка или некој изостанок за што подоцна срце не ме држеше и ќе кажев. Дај боже да бидам и јас родител како тато и мама, тогаш ќе знам дека сум успеала. За ништо на светот не би ги повредила.
     
    На victoria и Victorian им се допаѓа ова.
  17. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    i jas i sestrami sme ubavo vospitani,dodusa malku postrogo,no do sega nikoj nisto nema receno za nas ,niti pa ne pokazal so prst,a za prikrivanjeto da sme kriele nesta od nasite roditeli,sto i ne bile tolku strasni,tocno e deka roditelot treba da znae za svoeto dete,no ne bas od A do S.