1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителството - предуслов за менување одредени мислења и ставови

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Nigredo Odor, 19 јули 2019.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Поради големиот број спротиставени мислења за ставовите на мајките пред и после родителството, читајќи ја категоријата семејство дојдов до идеја за отварање на една ваква тема.

    Многу пати сме биле сведоци на тоа како млади мајки (во зависност од степенот на семејната и општествената ,,прогресивност" и интеграција), пред станувањето родители имале одредени ставови и мислења, додека потоа сосем други.

    Ставови и мислењата варираат, како во однос на важност така и во однос на интензитет.
    Така на пример, постојат мајки кои ако во минатото сметале дека е во ред зимно време јадење сладолед, сега откако станале родители поради страв од настинки на своите деца им го забраниле тоа. Како и малку по радикални ситуации во кои имаме примери на мајки кои пред раѓањето тврделе дека нивните идни деца ќе имаат право на избор за одредени општествени и егзистенцијални прашања, (вероисповед, родова улога, сексуална ориентација, етички и професионален развој), а наместо ветената толеранција, разбирање и слобода сведочиме сосем спротивна ситуација во која тие самите прохибирачки одлучуваат за идните избори на детето.

    Овде не може да се оспори фактот дека постојат и онакви мајки кои следејќи го психо - физичкиот развој на детето, вклучително курсорот на динамичната средина, со тек на време ,,омекнуваат" станувајќи по афирмативни и толерантни кон некои од овие и други прашања.

    Заклучно ова, прашања кое имплицитно се наметнуваат е дали можеби за ваквото темпорално радикално менување став и однесување се одговорни бројните биохемиски (ендокрини) процеси кои се случуваат во телото на жената во текот на бременоста и перзистираат кратко после породот, или сепак се тоа потсвесно усвоени традиционални шаблони и поведенија кои се научени за време на живототот, а подоцна при првата прилика само се инкорпорираат ,,на дело"?

    Или пак, дали можеби воедно и ,,умствениот склоп" на жената е биолошки предиспониран ,,по заштитнички" - мајчински и ригидно (ограничувачки) да се однесува по остварувањето на,,репродуктивната функција/должност" или пак и тоа се должи на претходно споменатите свесни и потсвесни навики кои се користат како алатки при справувањето со предизвиците што ги носи родителството?
     
    Последна измена: 19 јули 2019
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Некои ставови може да ги смениш, затоа што се соочуваш со ситуација која бара од тебе обврски, кои претходно не си ги земала во предвид...
    Како сладоледот во зима.
     
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    35.985
    Јас еволуирав спротивно на ова погоре. Од поригидни ставови за воспитување и нега пред да имам дете, станав полиберте откако имам. Со мал исклучок кога беше многу мала, тогаш паничарев и за ситници.
    Се сменив и јас донекаде со текот на вррмето и сватив дека моите проекции, престроги граници и нереални очекувања си се само мои и нема потреба да ја гушам со нив.