Родител кој не признава старателство и не плаќа алиментација

Дискусија во 'Правни совети' започната од NovusOrdoSeclorum, 15 јули 2015.

  1. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.170
    Пол:
    Женски
    Сите различно ми имаат кажано во врска со ова па претпоставувам дека овде ќе се најде некој стручен кој може да ме упати на правото место.
    Другарка ми најдобра не живеела никогаш со татко ѝ нејзин, нејзините не биле во брак и татко ѝ ја нема ни признаено (не го носи средното име ни презиме негово). Го има видено неколку пати во живот, тој не се води како нејзин старател и никогаш не ѝ платил алиментација.
    Со мајка ѝ прашувале по адвокати, тие ги упатувале да прават ДНК тест, за кој треба да платат не баш ниска сума и од тие причини никогаш не успеале да го докажат тоа.
    Девојката има сега 21 година и нема пари да си го заврши факултетот, додека „татко ѝ“ се расфрла со пари насекаде. Кога го побара тоа да му го каже, само ѝ рече: Ти не си мое дете, не ме интересира ништо.
    Постои ли некаква процедура за докажување на старателството, без разлика што е полнолетна и да му мавне некаква тужба за затајување на алиментација?
    Се надевам некој се разбира во ова.
    Благодарам :D
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.279
    Пол:
    Женски
    Прво треба да најдат адвокат и да му испратат на дотичниот едно барање на домашна адреса во кое што се бара од него да направи ДНК-тест. Ако одбие да го направи тестот. ќе треба да одат на суд. Во тој случај, судот ќе го натера да направи ДНК-тест и тој ќе мора да го направи тестот. Кога ќе се докаже дека девојката е негова ќерка, таткото ќе треба да ја признае како негова. Значи, девојката со него и со мајка и ќе треба да отиде таму кај што се вадат изводи од матична книга на родени и да се запише како нејзин татко. Што се однесува до презимето, девојката ќе треба да го смени во посебна постапка. Ако таткото го признава детето, не значи дека детето ќе го носи неговото презиме. Мајката на девојката има право да го тужи дотичниот за алиментација и може да земе од него добра сума.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.170
    Пол:
    Женски
    Значи викаш дека нема врска тоа што е полнолетна веќе? Сепак типот не плаќал со години алиментација на која секој родител е обврзан.
    Фала многу на инфото. Ќе ѝ пренесам.
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.279
    Пол:
    Женски
    Презимето ќе треба таа да си го смени во посебна постапка. Мајка и има право да бара да и се исплати заостаната алиментација.
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bad girl

    bad girl Нов член

    Се зачлени на:
    2 септември 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали во Македонија постои закон/ член за плаќање на т.н. ретроактивна заостаната алиментација и од кој период истата се пресметува (од ден на поднесување на тужбата за развод, правосилност на судска одлука или датумот на разделба на партнерите? Од тројца адвокати добивам 3 различни одговори, во дилема сум...а, можеби во најголема мера зависи од судијката.. Thanks!
     
  6. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    4.422
    Неможев да најдам тема за ДНК тестови ако знаете упатете ме. Имено, ми треба информација каде, како и колку кошта ДНК тестот??? Фала однапред
     
  7. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.574
    Пол:
    Женски
    мислам дека е околу 500 еврА а може изгледа по приватните болници или лабаратории да прават,незнам точно прашај си таму.
     
  8. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    828
    Кај нас мислам, го прават само во МАНУ.
     
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.518
    Тој мора да плака алиментација до нејзини 26 год бидејки таа е студент. Односно тој плака се додека таа студира, па ако заврши со студии на 24 год до тогаш плака.
     
  10. mimi****

    mimi**** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Neznaev vo koja tema da pisam,pa zatoa se odluciv ovde.Imam edna komsika,ima 21god i pred 3 meseci dozna deka e bremena.So nejziniot decko se vo vrska poveke od dve godini i koga taa mu kaza deka e bremena,na nego bes togas mu tekna da i kaze deka veke ne ja saka i da go abortira bebeto.Taa ne saka ni da slusne za abortus i e resena da go rodi bebeto,pa makar i bez tatko.Vcera si zboruvavme i nea ja interesira dali koga ke se rodi bebeto,nejziniot decko mora da go prifati i da stoi negovoto ime na izvodot ili toa e negov izbor?Taa saka deteto da ima ima tatko,barem zakonski,stom veke ne saka da se ozeni so nea,barem da plaka alimentacija.Ako nekoj znae da mi pomogne bi mu bila blagodarna,devojceto nema majka,a tatko i i brat i ne ja mnogu podrzuvaat vo ova
     
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    6.276
    Допаѓања:
    29.381
    Пол:
    Женски
    Ако направи ДНК тест и докаже дека тој е татко и ако го тужи на суд, не сум 100% сигурна, но мислам дека тој ќе мора да го прифати детето и да плаќа алиментација.
     
    На mimi**** му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    1 Мора да ја прифати како своја ќерка .Алиментација ке плаќа во зависност од неговите примања..1/3 од платата ама не ме факајте за збор.
    2 Ако нејке доброволно да направи DNK ,тогаш судот после првата покана ке го присили на тоа.(а секако во мегувреме мајка та треба да поднесе тужба.

    Во врска со алиментацијата не сум баш сигурна дали полнолетен човек има право да добива алиментација..прашајте некој адвокат .
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  13. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Постои, познавам ваков случај каде што на 23 години земаа за уназад вкупна сума до 18тата година што требало да плаќа. Со оглед на тоа што се работи за близнаци, сигурно добро го ошуриле :) Сето тоа иде судски и со добар адвокат, ако сакаш да ти препорачам еден, пиши ми порака.
     
  14. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за девојкава, браво за храброста! Инаку по некоја логика мора да стои во извод татко така да нека го гони со сите можни начини за да си земе алиментација.
     
    На okcenzi и mimi**** им се допаѓа ова.