1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роднините од странство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ariel, 12 октомври 2013.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.745
    Допаѓања:
    130.780
    Сите имаме роднини во странство. Некои поблиски, некои подалечни, некои подолго време се таму, некои се уште се навикнуваат... но често се случува културните разлики во земјите во кои живееме да повлијаат и на нашиот однос :D

    Каков е вашиот однос со роднините во странство? Ви изгледаат ли променети, па некогаш и малку „чудни“, како да заборавиле од каде дошле? Ве опсипуваат ли со приказни за прекрасниот живот таму? Очекувате ли да ви донесат подароци затоа што доаѓаат од земја богата и прекрасна земја?
     
    На MacenceEna и cecilia им се допаѓа ова.
  2. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Oд најблиските роднини што ги имам во странство се вујко ми, вујна ми и братучедите во Австралија. Братучедите се родени во Македонија, ама на многу мала возраст се заминати, така да скоро никаква врска немаат со тукашното. Многу малку зборуваат македонски, многу ретко лично контактираме со нив (најчесто со посредство на вујко ми и вујна ми), скоро сите другари и пријатели им се не Македонци (Австралијанци, Кинези, Јапонци итн.) со исклучок на оние кои се деца на пријатели на вујко ми и вујна ми кои исто како нив заминале во Австралија, и да и нивните партнери се Австралијанци. Значи нив скоро и ништо да не ги врзува за Македонија. На вујна ми скоро сите најблиски роднини и се во Австралија. Вујко ми не' има нас и баба ми (негова мајка) и повеќе го влече накај овде, се јавува често (скоро секоја недела) да не слушне. Прилично добро се ситуирани (со оглед на тоа дека отишле со 2-3 куфери од овде) и можат да си дозволат релативно често (земајќи го во предвид фактот дека авионските карти не се баш ефтини) да доаѓаат на гости кај нас, отприлика на 2-3 години. Во однос на подароците не ни носат подароци со оглед на фактот дека патуваат со авион, ограничен им е багажот, ама ни оставаат по неколку стотина долари на секој да си купиме по нешто. Најсреќна сум што присуствуваа на мојата свадба која не беше планирана, се случи што се случи испадна истата да ја направиме во периодот кога тие беа дошле на гости (а и многу други роднини од странство од мојата и од страната на сопругот, кои по неколку години претходно не доаѓале во Македонија :) Јас многу го сакам и почитувам вујко ми (и вујна ми и братучедите) многу сум приврзана за него иако поголемиот дел од мојот живот го поминавме далеку еден од друг :(

    Имаме и други роднини во странство (Германија) и од моја и од страната на сопругот. Тие доаѓаат скоро секоја година или неколку пати во годината, затоа што се нели поблиску. Моите роднини се во мешан брак Македонка - Германец и кај нив многу се приметуваат разликите, едната тегне накај Македонија, другиот накај Германија, ама интересен е фактот што Германецот перфектно зборува македонски, многу го интересира историјата на Македонија (ги знае сите факти), ги знае сите стари македонски песни. Децата им се веќе возрасни и мажени/женети со Германци, така да немаат никаква допирна точка со Македонија, порано почесто доаѓаа со нив, сега веќе не. Роднините на сопругот доаѓаат неколку пати во годината кај нив најмногу се чувствува "носталгијата кон тукашното", децата веќе им се големи, таму се родени, ама по ништо не потсетуваат дека доаѓаат од Германија. Доаѓаат многу често, имаат многу другари тука, и секогаш кога заминуваат се чувствува тоа дека не сакаат да си одат. Многу претеруваат со подароците што ги носат, секогаш им велиме дека нема потреба од толку подароци, посебно за малиот еден тон ствари носат, поради што е и најрадосен и најнетрпеливо ги очекува кога треба ќе дојдат :D

    Ниту еден од роднините што ги имаме во странство не ни ги продаваат своите приказни за тоа колку се' е совршено во странство, колку куќи, автомобили имаат или колкава им е сметката во банка.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.745
    Допаѓања:
    130.780
    Брат ми е во странство и тој ми е посебно интересен. Првите 2-3 години го маваше носталгија, се мислеше за враќање, па ај ќе остане додека добие пасош...

    И следна сцена, ете го брат ми 5 години после заминувањето. Шетаме низ град, а тој не престанува да коментира - како кучињата без маски ги шетале, како тревниците не биле средени, како се бутале луѓе преку ред за се... му викам - Извини брат, ти каде живееше 30 години?!? :D
    Не дека не е во право и разбирам дека лесно е да се научиш на поубаво, ама многу ми беше чудно од човек што сепак тука живеел 30 и некоја година, да заборави се по само неколку години.

    Инаку многу е реален за мааните на земјата во која живее сега, за разлика од братучетка ми, која живее во истата земја. За неа таму се е супер, а тука не чини ништо. Барем мило ми е што не се разочара од животот таму, затоа што имаше многу големи очекувања.

    Некои од роднините од странство кога доаѓаат носат еден куп подароци и ова е феномен што не можам да го разберам. Тоа главно е облека која се гледа дека си ја купиле за нив, па после решиле дека не им се допаѓа и доаѓањето во Македонија им се гледа како одлична можност да се ослободат од неа. Супер е тоа што донеле по нешто, но да донесеш цела кеса облека на роднини кои и не ти се најблиски (ова не се однесува на братучетка ми и брат ми, туку подалечните) и ништо од тоа да не може да се употреби, за мене нема никаква поента. Или тотално демоде, или погрешен број. Последен таков бисер беше еден навистина прекрасен фустан, што ми е 3 броја помал, со број во кој не можам да влезам поради мојата конституција, макар и да гладувам една година.
     
    На crazylady, ozbilnazena, Waka-waka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Интересна тема ;) .Моиве роднини во странство ги има секаде ... најблискиве се по европскиве земји .Отидени во фази, 1во едните па после тоа и младинава .Очекував дека баш младиве ке се прилагодат подобро но ЈОК бре си сакаат МАКЕДОНИЈА а не странција :D (да се нашалиме малце ) .Океј ми се ,ги гледам како роднини што се успешни секој на свој начин соодветно образовани со убави работни позиции успешни и веќе сериозни личности .Не се за мене само роднини што во 1та прилика финансиски би ми помогнале ,се однесуваат природно и единствено нешто што не ми се допаѓа (од постарата генерација ) е кога ке кажат НЕМА РАБОТА |( (од навика тоа им останало ).Мислам океу не сум од марс паднат но дај не се жалете (си мислам ) ,секој со својата среќа дали во странција или во Македонија тоа е :emo: .Ги разбирам кога ке дојдат посл хХХ време во Македонија и не им се допаѓа нечистотијата ,нередот,собраќајот па тука посебно во главниов ни град сме како во африка [​IMG]
    Единсвено неможам да им опростам кога со 4-5 год ми фаќаат неко акцент на англиско-германско српски ПРИЧААТ па тука малку ги разумемо СФАЌАШ (бидејки 1ви комшии им се срби :fubar: :talk: )
    Би сакал да имав роднини (блиски ) во Австралија или Нов Зеланд :$ (барам да имам добра причина да ги посетам и да поуживам ДАЛЕКУ далеку од балканштинава што ке ми фали :!: :lol: )
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Мене кај родниниве што се отидени по странство ме нервира што се жалат и кукаат колку им е лошо таму, па викаат седете си деца вие тука, не си ја барајте бељата, баш убав живот си живеете. |(
    А тој се опрчил со огромно куќиште и кола за секој член од семејството и мене ќе ми кажува седи си. Па што си отишол ако ти било убаво, или пак ајде, врати се и живеј си тука, не мене да ми продаваш празна слама.
    Кога веќе ќе отидат некако се губи билизината и се менуваат луѓето. Зборам за кај моиве барем. Си тераат некој филм и тоа е.
     
    На gingerchild и Dvolicen им се допаѓа ова.
  6. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Прв братучед имам во странство, ама исти се останати, кога ќе дојдат гледаат да се видат со нас најблиските и не зборуваат воопшто како е таму дали е убаво или не и слично. Никогаш не купуваат за никој ништо, туку ако имаат даваат пари, ама таму се само неколку години и сеуште се под кирија и не вадат многу пари така да не им замеруваме, а и не ни е до поклони и пари. Мене ме сретна во дискотека и ми тутна 2000ден да сум поминела убаво :D ама му ги вратив, па следниот ден ми рече да одиш во тој и тој бутик и да си земиш што сакаш јас ќе платами не отидов, па ми се налути и и кажа на мајка ми дека криво му е оти не сум ги земала парите, затоа што кога имал сакал да земам и ме караше, ама бргу му помина. :D Инаку многу го сакам како брат ми е и има фамилија, а таму не вади којзнае колку пари и не сакам да земам од никој најмалце од него, најбитно ми е да поминам што повеќе време со нив кога се тука.

    Имаме едни пријатели, моите каде што се кумови, заминаа Шведска доаѓаат секоја година, се фалат убаво им е, ама не го тупат многу со такви разговори, едноставно ако ги прашаш си кажуваат дека нема споредба со тука и дека вистина успеа таму и детето кое не сакаше да си оди од Мк на почеток, а и тие си научија и јазик и се и кажуваат дека е многу средена држава и тоа е тоа. Мене секогаш ми купува нешто од таму и секогаш е нешто што се гледа дека го купувала за мене, а не како што рече Ариел си купиле за нив не им се допаднало, па ајде ќе ти го даде колку да се речи. Еве пример претходната година ми донесе преубава H&M сукњичка. Едно ама вреднно и купено баш за мене.

    На мајка ми прв братучед е во Канада, јас прв пат го видов пред две години кога дојде тука, не кажа ни збор за таму, само ми рече ако посакам некогаш да одам, можам да престојувам кај нив, а ми рече ако сакам да работам можам исто кај нив, во ресторан, додека да се снајдам за нешто подобро. Ова беше муабет на врата пред да замини и на сите во рака ни стутка по најмалку 100 евра, како што му се фати така ни даваше и пред воопшто да видиме колку дал си замина. Ми се допадна затоа што не зборуваше што постигнал, како постигнал, ниту колку е убаво таму и сл туку гледаше да праша за здравјето на повеќето, за децата на останатите роднини итн.

    Имаме и други подалечни роднини, но не вреди да се пишува, затоа што кога ќе дојдат не прашуваат ни како сте туку одма почнуваат да се жалат за тоа колку е лошо и грдо таму, па немојте никогаш да замините од Мк, а тие таму со по две куќи за секој член од семејството и ако им е толку грдо нека се вратат овде да ги видам. Ме нервираат такви, на другарка на мајка ми, ќерка и живее во странство, а таа на сите им се дери како не биле патриоти, па ако си толкав патриот довлечкај го газот на ќерка ти овде, а не 20 години да си го прчи таму.


    И најрезил досега што сум видела. На комшивката моја, тетка и дојде од Австралија после 10-20 години. значи блиски роднини, јас се погодив тогаш кај нив. Прво почна да кажува како таму е премногу грдо и лошо се живее, како немаат пари за луксузи, немале одмор земено цели 15 години, постојано работеле, а можат да земат одмор, ама луѓето се толку алчни што навистина немале одмор земено од работа цели 15-20 години колку што се таму од што се алчни за пари и работат на неколку различни места. Значи имаат една работа каде што земаат висока плата која би била доволна за секој нормален, ама не и за нив, па затоа работат по 3-4 работи и дома се немаат видено еден со друг, ама битно жената има две куќи на нејзино име, мажот две куќи и имаат две големи деца, една куќа му направија на синот и потоа тој се жени и си направи уште една, исто и за ќерката една куќа и направија, друга куќа таа си направи откако се мажи. Го кажуваат сето ова на долго и на широко и се жалат како нема пари за одмор, за луксуз итн, па како да имаш жено со 10 куќи за што ти се? Во гроб ли ќе ги носиш?
    Овде дојде после толку време на сестра и и внуките и нивните деца не им купи ништо. Седеше тука два месеци, бараше да ја шетаат, да ја носат во други градови и тоа со кола, не сакала да оди со автобус, бараше да ја носат да јаде по ресторани на ручеци и вечери...луѓе за сето тоа еден денар не даде. НИШТО, а комшивката тогаш не беше вработена со една бедна плата беа, се позајмуваше за да не дојди во незгодна ситуација и си велеше дека можеби ќе се сети еден ден, ако не даде пари, барем да не бара ручеци во ресторани. И кога бегаше ги гушна децата (две големи ќерки) и им остави на маса 5 долари...ПЕТ долари еј...за ДВЕТЕ да си купеле нешто. Најверојатно на мастики мислеше...И комшивката рече подобро да не се срамеше, во искушение бев во уста да и ги напикам...Засрамота.
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.759
    Допаѓања:
    32.141
    Пол:
    Женски
    Тетка на татко ми живее во Германија. Во Македониај доаѓа еднаш годишно, во лето. Додека конктактиравме често ни носеше облека и ни даваше пари на мене и на сестра ми. После одреден период изгубивме контакти. Друга тетка на татко ми (сестра на претходнава) живее во Австралија. Со таа не сме имале контакти. Не ни знам како изгледа. Маж ми има тетка (сестра на татко му) која што живее во Австрија. До пред 2 години доаѓаше во Македонија, а после тоа престана. Оттогаш маж ми не контактира со неа.
     
  8. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    ИМАМ РОДНИНИ ВО АМЕРИКА КАНАДА и АВСТРАЛИЈА. Доаѓаат на по 2-3 години и тука ги пречекуваме како цареви, а само тетин ми од Америка ми плати пат да одам на гости и таму убаво ме прошетаа.Не ми се допаѓа животот таму, многу се луѓето изолирани, по цел ден на работа, ама имаат пари. Убаво би било тамошните плати да се трошат тука, стандардот да ни е повисок. А кој оди во Австралија станува циција, незнам зошто.
     
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Јас имам тетка и братучеди во Австралија. Воопшто не сме блиски, тетка ми се јавува само за да се прави паметна од време на време, доколку начула нешто од татко ми. Кога ќе дојдат или не носат никакви подароци, или нешто што би можела јас тука да си го купам со мои пари од кинеска продавница. Не ги чувствувам за своја крв. И дааа, животот во странство премногу го менува човекот.
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Јас можам да кажам од најблиските роднини што ги имам не можам воопшто да се пожалам, а ги имам доста. Моментално сум кај бато :) ... Уживам!
    И многу е по средено во секој поглед ... за стандард не ни коментирам. Релативно е од индивидуа до индивидуа. Никој и не е должен да не финансира и храни, облекува само затоа што живее и работи во земја со повисок стандард. Не чекајте од нив, ако ви се пружи шанса одите, заработувајте и видете како се живее.
     
    На Doozy, Annath, pikolino и 2 други им се допаѓа ова.
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Популарните реченици на нашите роднини од странство "Арно е во Македонија, тука е тешко ич не идете", "Не е веќе Америка/Австралија тоа што беше, други времиња се сега" и сл. ги кажуваат како од пушка штом малку осетат дека се интересирате за преселба. Не сакаат обврска, мислат дека ако побарате помош од нив сет товар врз нив ќе е...оти ти кај можеш да се снајдиш во една таква држава, не си доволно способен. Тие се друго, тие биле амбициозни, истрајни, упорни и се по ред, па затоа се снашле...ама ти...кој ќе те носи на грб.
    И не се чудете кога викаат дека пари не стигаат а штотуку купиле нов автомобил. Колку повеќе има човек толку повеќе апетит му се отвара и повеќе троши. Точно дека заборавиле што всушност значи немање, ама кога си во друга земја далеку поразвиена од нашата, немањето има сосема друго значење. И веројатно вистина немаат како што имаат оние кои се родиле во таа држава па сега брзаат барем малку нив да ги стигнат.
    Поклоните скоро секогаш се облека затоа што купуваат на попусти. Не се радувајте на "марки" како H&M оти за време на попусти поевтино е и од Шутка, а ниту квалитетот не е нешто многу подобар.
    Поклоните се небитни, нивната надменост е обично она што иритира, ама ајде, нека се початалат малку во Македонија, каде инаку? :D
     
    На De-lovely, midnight.flower, Mama25 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    MSkoprpionka во право си.
    Но навистина успехот во странство е многу тежок ако немаш таму некој свој. А тие таму се толку оттуѓени и исплашени од иднината, што не ни помислуваат на тоа да носат на товар уште некој од МК.
    И ние кога бевме во странство, не се ни обидовме роднините да ги контактираме ниту да ги молиме за престој, и онака ќе се разочаравме. Некои од нив знаеа каде сме и дека сме блиску од нив и буквално се трудеа на секој можен начин да не стапат во контакт со нас. Се осеќаат како инвазија да ќе им направиме и ќе им го загрозиме опстанокот. Чудно ама вистинито.
    Оние роднини кои ги имам во преку океанските земји, се слична приказна. Знам дека кажуваа дека се почнува од нула, но сепак добро се снајдоа, живеат некоја средна или повисока средна класа, ама не им се враќа во МК. Нивните деца ен зборуваат Македонски воопшто, велат дека тука во Македонија образованието е скапо, нема стипендии, нема сигурност. Па дури и не сакаат децата да си ги омажат/оженат со некој од тука...мислам зет/снаа која има наше државјанство и која за прв пат би отишла таму.
    Роднините од странство ретко доаѓаат тука, се отуѓуваме комплетно.
     
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Ај малку од другата страна како е. :lol:
    Ние за семејството на снаата што дојдоа на туристичка виза моравме да ставиме во залог на државата $50.000, по $15.000 за братот и сестрата како помлади и по $10.000 за родителите, ако не ја напуштеја државата во предвидениот рок, парите отидоа во неповрат, мислите дека некој има толку пари за фрлање, во случај да не се напушти државата?

    За работа има колку сакаш, ако сакаш да работиш, само треба да се почне од нула, ако имаш факултет да се полага повторно, не се признати факултетите ама и со плата од фабрика добро се живее, нели за почеток.
    За тоа дека е тешко итн, обично тоа го зборат тие што дошле тука од помалите места, села, што потекнуваат од сиромашни средини, што да им зборам јас на моите роднини така кога сите се релативно добро финансиски ситуирани и скоро сите дошле кај нас на прошетка, виделе сами како е, ако сакале да останат сигурно ќе сме им помогнале.

    А тоа за попустите, што има срамота во тоа, па јас и за себе купувам на попусти зошто да не им купувам на роднините, попустите тука се и до 70% зошто да плаќам повеќе кога можам со помалку да поминам?
    Имам и најдобра другарка која работи во козметички гигант, купува од таму за смешни цени, зарем треба да ги купувам парфемите од продавница кога можам за смешни цени од кај другарка ми да ги земам?
    Моите роднини знаат за какви цени станува збор и затоа цела козметика им ја праќам од тука, цените на гардеробата и кога не е попуст е пак поевтина од таа во Европа, да не зборам за во Македонија.

    Не дека ги бранам само давам мало појаснување, не дека ги нема такви што даваат по $5 и мислат којзнае какво богатство дале или што купуваат буквално партали а за истите пари можат марка да купат ама толку им сече, има многу такви ама повеќето се од постарата генерација што потекнуваат од такви средини, помладите ги гледам малку по саглам се, има и од нив такви ама и на нив толку им сече.
    И во Мк не секој се рабира од мода, пушти било која повозрасна личност зарем ќе знае да одбере нешто саглам или ќе си гледа нешто поевтинко, такви се и тука.

    Јас имам 16 први братучеди и 11 внуци од нив, мислите дека можам на сите да им погодам подарок, сигурно и од нив има некој незадоволен, што ќе вика лелелееее овие родниниве мои од Австралија какви сељаци се. :rofl:
     
    На JuLleE, Mama25, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  14. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    Се согласувам со твоето мислење воопшто не е лесно да се снајдеш во странство и да немаш никој свој од нула да почнуваш сам кој не осетил на своја кожа неможе да знае што значи мака поразлично е да се коментира без да се види кој не излегол од мк не знае што е мака и колку солзи се пролеваат :sweat:
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Подобро функционираме со пријателите од странство отколку со роднините :D . Повеќе одиме кај пријателите (исто така и тие доаѓаат кај нас) отколку кај роднините :$, уствари кај нив уште и немаме отидено :) можеби некогаш онака уз пат на кафе 8) . Сигурно така сме се поставиле и така функционираме. Мразам да слушам од роднините како на нив им е тешко, како се тешко заработува и преживува и бла, бла, бла....знам, и јас и мм го имаме осетено на наша кожа со раб. во странство и затоа одлучивме да нашите деца раснат во МК а после нека биде нивен избор дали сакаат да одат надвор.
    Си ги почитувам како роднини и не очекувам ништо од нив.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^^
    Повеќе мислев за ставот Битер кој го имаат кога носат облека од по неколку долари/евра парче. Обавезно кажуваат цена на парчето помножена со 10, па како таму се е квалитетно, нема како во Македонија кинеска роба, а тие уствари баш од такви продавници купуваат за поклон. Нека, небитно е, поклон како поклон каков и да е не се загледува, ама нека не не фарбаат :!: :D
    Мене па ич не ми е по ќеиф кога некој ми купува облека за поклон. Мајка ми нема да знае да ми погоди не па друг. А кога тие идат со ќесињата партали прават да се чувствувам како изгладнет Африканец на кој му стигаат пакети со ориз :D Како да треба да сум среќна што ми донеле оти нема да имам што да носам. Поарно ништо да не донесат, ама облека навредливо ми е, ете не знам..
    Можам да разберам поклон парче облека ама да е едно, посалам, поквалитетно. А торби со алишта не е културно воопшто, не сме до толку за жалење.
     
    На ivancekitty, imelda, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Се изваде битеееееееер, во последен момент :rofl:

    Да, генерално така е - сите кукаат, ретки се тие што искрено ќе ти кажат како им е. Ама па од друга страна, знаејќи го нашиот менталитет и секогаш присутната потреба за повеќе пари, гарант со умисла го прават тоа :D

    Ние имаме најблизок во NY, настрана други по светот - брат на мм. Никогаш, ама НИКОГАШ, нема дојдено со вреќи облека. Море, кога ќе подразмислам, во 1 кесиче ги собирало поклоните за сите :D
    Ќерка ми им е единствено внуче сега за сега во фамилија, и пак не носи вреќи алишта за неа. Го почитува мојот вкус, знае дека како на мајка може нешто нема да ми се бендиса (мада до сега не се случило тоа) и затоа купува по 2-3 работи, ама секогаш марка и скапи, зошто тој е таков, за себе и за сите такви работи купува. На нас ни носи по 1 работа, вредна нормално, и толку. Ниту ние му бараме, ниту тој нешто се пренамага за нас, сигурно не отишол таму за шопинг да ни прави. Не` гледа - здрави, прави, работиме, имаме, си купуваме - нема потреба да ни фрла 30 партали кои може ќе ни ги погоди, а може не.

    Не знам да кажам дали е сменет, кога го запознав веќе беше далнат по светот со години, ама дека е талкач и open minded - Е, и многу сакам такви луѓе, нив целиот свет им е како дом :)
    Уште да одиме кај него и топ ќе е :rofl:
     
    На Mama25, Annath и imelda им се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ај на моја сметка.

    Ќе излезев на некаде еднаш, и мајка ми вика ладно е сине облечи нешто. Јас грабам бодивормер(нели ова, тато што е гребула работа :rofl: , како се вика? елек со пердуви? :^) ) и женава со иронија ми вика, аха, пази да не се испотиш, абе дете земи облечи се, ти викам ладно е ќе испомрзнеш. - Мамо ма, овоа е елек на Норт Фејс!
    |( :D :D

    Едно нешто за кое знам и сум свесна дека правам, отпосле, заборавам да земам кафе или наполитанки/стрволинки или двете, за кога одам на гости, ако не е мајка ми да ме потсети ќе сум се усрамила повеќе пати. Таму каде има деца им носам чоколади без да ме потсетат оти за нив сум ги донела, ама тоа кафе, ќе треба да си го запишам на раката кога се симнам на петровец :D
     
    На Mama25, Doozy, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Точно е тоа што го кажуваш, не го негирам тоа, лично познавам еден куп такви ама пак ќе кажам кога ги слушам што зборат тие сеуште мислат дека Македонија е на тоа ниво кога тие ја напуштиле, таму биле бедни тука не станале подобри, исти си се.
    Не можеш на тие луѓе да им објасниш и дека во Македонија се возат мерцедеси, ауди, поршиња кога тие немале ни коњска кола, толку му дал Господ.
    Тие се тие што помножуваат со 10 цени, тие се тие што купуваат нешто посаглам само кога одат во Македонија еднаш во 20-30 години и што се фалат и со што имаат и со што немаат.
    Има една што ја знам од црква што ги лажи роднините во Мк дека е докторка а работи како чистачка во болница, и викам добро бре ако му се слоши на некого дур си таму и барат лекар што ќе правиш?
    Ми вика ќе им речела дека е на холидеј :rofl: , ај сега како ќе се разбереш со некоја таква?

    Инаку ние им праќаме пакети со облека и козметика, сами бараат, тука знаат дека е многу поевтино, плус кога завршува пример летната сезона таму тек доаѓа и се е претерано евтино, нешто сами си плаќаат, нешто од нас, си кажуваат точно што сакат, тоа и го добиваат, не ги понижуваме со тоа, им олеснуваме да не се трошат толку.

    Еве само мал пример, гледала снаа за прв братучед патики за малиот Nike, таму биле 4500 денари за едногодишно дете, тука истите ги купивме за $22 што е помалку од 1000 денари, за истите пари таму што ќе купи од тука 4 пара ќе им пратиме.

    Aaa Moira не се вадам само кажувам од моја гледна точка, јас не се фалам ама ако кажувам така како што е сите мислат дека се фалиш и затоа повеќе молчам него што зборам, не сум јас крива што е стварно најдобра земја за живеење во светот. :lol:
     
    На JuLleE, Glasna, MSkorpionka и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Стварно Е, ќе те контактирам за селење, да си знаеш :bandit:
    И кажи си ти, остај ние што се заебаваме тука, дај ни надеж дека и за нас има светло на крај од тунелот :D

    На свекор ми сестра е кај тебе, прекрасен живот си живеат, и тие и децата. Сега имаат и внуци, куќи, станови, коли, бизниси, се` по ред, како што работеле - така си создавале и браво за нив! Е тие никогаш немаат кажано дека е лошо...

    А кажуваа за македонци чија жена теткава ја запознала на работа, и од која дознала дека во овие 30 години, колку што се во Сиднеј, немале отидено до центар на градот, не повеќе од тоа. Страв им било да не се изгубат, па се движеле само во населбата, каде имало само македонци :?:

    Од нив не можеш да очекуваш Норт Фејс имелдеееееее, не можеш, џабе се таму, ич не се од корист :rofl:
     
    На Doozy, MSkorpionka, Annath и 2 други им се допаѓа ова.