1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роднините од странство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ariel, 12 октомври 2013.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Уште шверцуваме лексилиуми по пакети, па се чудам по земјиве седативи нема или не се квалитетни како нашите? :D
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Не даваат! Челичат народ, а кај сме ние научени да истрпиме нервоза кога има кој да ни скрие пакетче или две во писменце ;) А и инспирација е за добра трговија, ти на мене дијазепам, јас на тебе избери си нешто од асос ;)
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    моите роднини се во Германија и многу ми недостигаат :(
    многу суум блиска со нив и со братучедите
     
  4. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Абе ги обожавам.
    заради чоколадите шо ми ги носат :P
     
  5. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Имам полно роднини во Австралија...надеж ми се дека ќе ме земат од кога ќе завршам средно. :rofl:
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Изгледа единствена сум што немам блиски роднини во странство.
    Така да за носење чоколади и гардероба не можам да споделам искуство. :D
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас ќе загризам на мамката :D
    Може појаснување? Оти јас носам, па со оглед на скриениот текст и јазичето, се резилам ли? :^) :$

    За носење облека, освен на деца испод десет години на своја рака не бирам за никој освен за мајка ми, ама ја знам што носи, на девојки не смеам да помислам да им одберам јас. Замислете донесам чевли со шпиц на некоја матуранка, сурпраааајс, оти тоа се носи тука на големо, а не сум отворила темата да разгледам што никогаш не би облекле. :o Поголема причина да не ме пуштат повеќе преку граница, амин :D
     
  8. Mjauu

    Mjauu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Навистина многу се нервирам ко ќе донесат пакет алишта помината мода од пред 10-15 години(ама буквално) и сега чекет одговор дали ти се свиѓет па да им прајш лице да,да.После ти истите работи чуди се на кого да му ги дајш,да не ти фаќат простор дома пакетот.Па дури плаќет поштарина за то дај ги Австралија во добротворни цели аман
     
  9. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Србија не е така далеку, посебно не Врање, ама оние моине братучетки дури летоска прв пат дојдоа. Тие се срамежливи, па единствен лек е да отидеш да ги спакуваш и киднапираш. Море ништо да не се јадело, не даваат да ги почастиш. Ништо. Донеле се и сешто, а ја коа ќе отидам поклоните ми ги враќаат, спремале ручеци, благо се со ред. Како и да е многу си ги сакам и почитувам, ми се нашле секогаш кога ми било потребно.
     
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    39.692
    Пол:
    Женски
    Моите роднини од странство имаат змии во џебовите.
    Од пусти страв да не им побараш нешто несмеат ни да титнат на телефон, а камоли да се јават :D
     
    На converse.brown му/ѝ се допаѓа ова.
  11. converse.brown

    converse.brown Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    103
    Имам многу блиски роднини во странство и сите се премногу скржави. Значи јас не барам нешто којзнае што но кога веќе тие седат кај нас по 2 недели нели е срамота да не донесат ни едно кафе? За друго ич да не правиме муабет. И уште очекуваат цело време да им готвиш, да ги шеташ бидејќи нели светот се врти околку нив. -.-
     
  12. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    И моите роднини од странство се скржави -_- Да им е тешко една блуза да ти донесат мајка му стара па и да не ми е точен бројот барем се потрудиле да купат нешто. Ќе си дојдат и ќе се прават како да се родени во странство и не им одговара животот во Македонија и ајде сега ќе се жалиме за ова за она. Убаво ми е со нив кога се фини и не се жалат ама многу се макотрпни се сакаат околу нив да трчаме. Ама ајде барем доаѓаат 1 во 2-3 години, ама кога ќе дојдат по 3 месеци ќе седат -_-
     
  13. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Имам тетка во Швајцарија и кога беше сама, се' што носеше беше за мене и за сестра ми. Ама сега има свое семејство и нема толку големи подароци како порано. Мноогу чоколади, ќе ми донесе може 2-3куфери со алишта ама од тие дали 1куфер ќе наполнам што ми се допаѓаат затоа што се со помината мода и само ќе викаш Да, да ми се допаѓаат а ќе си мислиш на кој да ги дадеш подоцна. Оваа година и телефони ми даде, еврички :rofl: Важното се шетам со нив по елитни ресторанти и слично, користам и јас :)
    Тие од Германија се недај Боже, ауф. Братучедка ми не ја пушта вереникот да излегува низ кафичи, и се шетаме ко будали низ Плоштад додека таа разговaра со него на телефон, тетка ми со маж и стално нешто се кара, те болни, неможат да шетат.. |(
     
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Роднините мои не даваат ни еден денар ни поклон ништо, нека им служи на чест. А додека се тука секогаш ги шетаме или ги покануваме кај нас, и како се научени вие имате тука повеќе шетате трошите ние немаме, е тогаш ми иде да ги убијам :devil: таму земаат неделно илјадници долари па се споредуваат со нас
     
  15. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    1.495
    Пол:
    Женски
    Имам многу роднини во странство али мн ретко се гледаме ( само на свадби,матурски) а не па да збориме на моб. :!: Дури сеа кога бев на свадба се запознав со сите..А само еднаш дојдоа од Германија и викам леле којзнае шо ќе ми донесат :lol: ии влегуваат и само едно чоколадо,нц. :?: :rofl:
     
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.006
    Пол:
    Женски
    И јас имам роднини во странство поточно во Америка и тоа доста блиски роднини. Од на татко ми страната сите се таму, мајка му, сестра му, братуцедката. Веке 20 години се таму и имаат дојдено овде само 2 пати и тоа последните 2 години. За скржави да не зборувам колку се. Никогаш пари ми немаат пратено, а алишта ми пракале што ни во сон не би ги облекла( колку да се рече дека пратиле нешто де). Сега баба ми сакала да одам таму да живеам кај неа ( незнам што така и текна ), и ми ги пратила документите и знае дека целата процедура ке ме чини некаде 250 долари а таа ми пратила само 20 долари. |( Јас разбирам некој да нема се е во ред, ама да незнаеш колку пари имаш и да пратиш 20 долари е срамота. :envy:
     
  17. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Имам двајца вујковци во Швајцарија, дедо во Америка, дедо во Австралија, стрико во Италија и тетки во Америка :D

    Најскржави се дедо ми во Америка и тетките во Америка :^)
    А најмногу си ги сакам вујковците, кога ќе надојдат од Швајцарија со еден куфер чоколади. :lol: На пример пред нецела недела беше дојден вујко ми само на 2 дена, и ми донесе еден пакет карамели, а најрадосно беше тоа што симпатијата ми ги пуштил :wasntme: Штета што сум на диета :fubar:

    Порано и тетките во Америка ми носеа се и сешто, ама сега „пораснав“ и не им текнува ништо да ми донесат :D Не дека им барам или ми треба нешто нивно, туку ај роднини ми се :lol:
     
  18. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    Имам баба, дедо и три тетки од кои двете се мажени и една братучеда во Австралија и во русија имам тетка и тетин и двајца братучеди ;)
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Имам, ама не сум во контакт со нив.
    Башка, знае ли некој од вас како оди процедурата за одење во странство? Кои се условите и сл. работи?
    Еве на пример за во Холандија или Финска? :?:
     
  20. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    чист пример е читкоми,кога ќе дое овде се му смета вака онака али он таму е преку 40 год. и кога ќе дојде не ми носи ни милка а јас секогаш очекувам нешто повеќе :^)